8ми октомври термин кај забар којзнае кој по ред ми е На гинеколог 4-5-6 години не сум била за пап тест. Ајде сега и таму да закажам ако не. А брис се прави само по потреба? Кога и да речам брис едни вагиналети ми дава демек за се биле, јас ги чувам во фиока и така… уствари не за се ама ниту еднаш не бев сигурна дали ми прави пап или брис… за брисот да не е добар мора да имам некои видливи симптоми или можно е да имам некоја СПБ и без симптоми? Отсекогаш медицина ми е слаба страна.
Немаш СПБ, при секоја бременост прават торч и тестираат се. Ако имало ќе ти кажеле за време на бременоста со малиот.
Јас цело време си имам во главата дека имам. Не знам што е тоа торч ама ако е задолжително сигурно ми правеле, ги имам сите документи дома ќе проверам. А СПБ и вагинална инфекција исто е? Пред 10 години правев брис во Мк и тука стоеја кандида и уште две работи, првите три на списокот фактички и затоа си мислам дека сеуште ги имам тие две. Ми дадоа вагиналети тогаш ама дали ги ставав не се сеќавам. И тоа ми е единствениот брис во животот фактички.
Не е исто. СПБ е сексуално пренослива болест. При утврдување на бременоста тука не тестираат од СИДА, кламидија, херпес, цитомегаловирус, сифилис… така да немаш. Вагинална не е исто, не е ниту страшно, со вагиналетки ќе се среди ако се појави.
Ха ха. Море ако е стварно уринарна ќе плачеш и на итната ќе отидеш да молиш за антибиотик. Штом вака се чаламиш, не е. Ти си помалку од 30 год, не ли ти прават ПАП секоја година или ти не одиш уствари? Исто и некоја мака да имаш со инфекција таму доле, и за тоа ќе отидеш и ќе чекаш. Така да здраво си моме. Терај.
Купив нешто од дм со брусница и лабело за устата. Пап треба секоја година ама во овие шест години тука само еднаш бев за пап, а Мк еднаш или ниту еднаш. Еднаш една колешка имала уринарна и рече многу страшно било. Јас три саати во шопинг бев еве. Може сум само преладена дека дома немаме тепих, само ламинат и залади сега, а малиов период му е вода секаде истура па јас згаснам соблечам чорпњи и така боса гасам додека да ми текне дљ облечам чорапи. Ама на крај краева гледам дека имунитетот ми е опаднат и можеби сето ова е само заради тоа. Пишав дека и непцата нешто ми сметаат ме болат. 12:58 е сеуште немам јадено, вода немам пиено, така да знам барем од што ми е сето ова, сега ќе јадам.
Ништо Џоки, инвалидска пензија да бараш дури не дошле афд на власт Ај јади таму мандарини и не изводи
Прв пат кога добив уринарна мислам најстрашно нешто на цел свет.Нели уште ја викаат меден месец оти се добива најчесто после секс. Бев студентка 1 год беше со крв ,хорор.Ѕвонев на итна и докторката од итната ме смири ептен оти беше фина кажа не е страшно оди утре сабајле на доктор.Пошто немав др во Ск отидов кај студенскиот др, од таму ме отераа у п.м па нели гледам колку студенти на систематски имаат ,а јас сум дошла за ваква за банална работа . А јас рикам од болка. Па си подбрав опашот и си фарив одма бус за дома.Дома имав најдобар др што е во пензија веќе .Ме сакаше за синот за снаа и беше секогаш префин.Одма ми даде терапија и веќе од 2рото апче бев подобро. После тоа сум добивала уште милион пати и секогаш е одвратно ама не како тогаш. Значи без терапија не мине чудото. Инаку да сме блиску Џоки со задоволство би дошла децата да ти ги причувам.Многу те разбирам како ама мораш повеќе за здравјето да се грижиш оти болестите не бираат по возраст.
Која ќе дојде кај мене на пола саат само да ја проучува? Многу ќе сум среќна. Нема такво нешто како само прозирно мрсулче нели? Нешто закачила? Тече едната ноздра само, синоќа не спиеше добро, вајда вирус во најава е . Јас сум капут. На Џоки и велам, а ни лекар ни гинеколог имам овде. Не смеам да се разбирам секако, а на преглед лани ова време бев , се е у ред. Менопауза нема да ме фаќа наскоро, ќе ни се поклопат со на ќеќе пубертетот.
Кај моиве има такво нешто ко прозирно мрсулче од ладново. Од градинка позитивен случај на корона. Којзнае колку има позитивни ама ретко кој прави тест веќе и ете ти пак настинати, малку болни деца дома да седат… Малиов по скалите од зграда лазеше и викам да не заборавам одма раце дома му измијам и заборавив и јадеше! Носев ранецот од малава, неговото ранче, елечињата на двајцата, мојата ташна и не можев да кренам, а немав ни сили да се расправам и го оставив да лази ама ете утнав заборавив раце да измие… Септември немав ниту одмор ниту неработен ден имаше и цел август бев под стрес како ќе помине септември и еве 30ти септември се помина во најдобар ред! Сега е октомври на ред. Последната недела имам одмор. Значи само три недели. Оваа недела само вторник може да настане проблем така да и оваа недела е решена. Сега гледам чудесно четири недели има месецов и петтата имам 4 дена одмор, 1 е неработен и 1 мм е дома. Прееска жена дава лев жмигавец, а вози на десно, и мм вика ова само жени го можеле вика не знам зошто вака возат како е можно да не се присутни, и му викам е сега ќе ти објаснам, викам ти што мислиш во моментов? Вика ништо! Викам епа сега јас ќе ти набројам што се мислам во моментов и зошто жената не е присутна.
Не ќе да е едно само. Кива зачестено и вади и пошлајмиви веќе. Гледам ја исфрла и дерматит, плунка тече ко чешма, четворки во најава. Вака до колку е? Една година помина, мене дете до година може и помирно спиеше отколку сега. Сега знае да стане ноќе и да не искара ако не е кај нас во кревет и директно иде и легнува меѓу нас. Колкови уште ме болат, мислев после пораѓај проаѓа, ама сега се повеќе боли оти сум укочена постојано во некои чудни пози. Зе згрбавив ептен. Време за фитнес се нема. Ме мрзи и кујна да средам, а не па фитнес. Во главата да, уште што немам у моментов. Короната нели е умрена веќе? Треба да добијам, во мене вријам, се ме нервира. ПМС се полош и полош ми станува. Гнетам глупости ко невидена, кај ми отиде контролата што ја имав да му е да знам. Смоки Стоби и тие грицките со кикирики прима, не знам дали ги знаете. Епа ја ги знам. Најдов турски маркет уште првата недела. Стоби ги има кај нас и во Едека. Супи наши исто. Моја кравица и компани, тие благите сите ги има ама тоа не купувам секако. Доста е и ова. И босански кори, маж ми вчера бурек со сирење и спанаќ правеше. Е спанаќ супер имаше во Лидл некна, многу убав. Имаше едни кори за пита од хрватскиот дуќан во Штутгарт. Од спелта или интегрални ли беа, најдоби од сите беа. И кислело млеко убаво имаат бајерци едно, ама само во Едека го наоѓам. Апла наше си е. И тоа. Да видам ноќеска ќе треба ли кромидите да сечкам или ќе поминеме без нив. Од сега натаму и така ќе биде, да се живи и здрави само, ситни вируси да ни се маките. П.с трудниците ако ги настравив со јадење, нека пишат ќе им пратам што треба или нека дојдат ќе им направиме.
Пред да почне школска година имаше гратис шултуте во нето, јас на работа моиве го земале и кога си дојдов мм вика еј имаше агрета во шултутето и јас таква среќна каде е он ми вика ја изедов, а ни јас ни он јадеме паштети, може на 3 години така да ни текне. Сабајле сакав до норма да одам за линолада ама мрзата победи. Од турската купувам травничко сирење и некогаш кајмак само незнам што фирма беше, кори за пита, Ајвар 2-3 тегли годишно и турско кафе, уште не се одвикнав најубаво ми е.
@јolene Колкаво е твоето? Изгледа назад ти е зимата. Најтешко е на 2 години. Најнеподносливо и неиздржливо е на 4. На 4 е исто како да имаш 2 годишно дете само бетер. Па на 5-6 се стабилизира веќе.
Дали некој знае како може дете да се префрли од едно во друго училиште? Што е се потребно? Се работи за ученик од 2 одд.
И кај нас од градинката пратија известување дека има многу болни и деца и негователки. Да не праќаме болни деца. Имало нешто Mykoplasmen-Pneumonie појма немам што е тоа и шарлах. @јolene периодот кога излегуваа 4 ки ми беше најлош, се будеше на 15 мин буквално , тоа беше околу првиот роденден уште цицаше. Па и бевме тогаш во мк. На непознат терен постојано плачеше. Па одма коментаторите од страна. Ја одбив веднаш кога излегоа. За 5 ките ме спаси метилинско плаво и давав и парецетамол навечер , мислам дека и темп ми качуваше. Јас за спиење неможам да зборам го одетивме секој скок, секој заб, секоја регресија. Еве сега се е поминато уште се буди барем 3 пати. јас во турска продавница не ни влегувам премногу е тесно, премногу роба. А и со количка е неизводливо. Кога пиев турско кафе влегував. Супи купувам од едека , некогаш аргета, цевитана има и во кауфланд. Ајвар , грав , ориз, јуфки ни праќаат од дома. Неможам да најдам убав ориз не ми е вкусен. Е само го замислувам маж ти како оделува кори и прави бурек
Готова сум веќе, преморена сум. Ноќеска пак не спиев нели, очекувано. Се наполни секрет за два саати, не може да спие. Држев пола ноќ врз мене, на кај ставив капки и заспавме кај 5. Предходно бевме два саати будни, се разбуди раздразнена, и предходно нели држев да спие. Денес плаче цел ден, сака само во раце. Како да и направам и да јаде, не дава да ја преоблекувам, плаче за нос да и избришам. Кога чистев нос, мислам дека зградата у вис ја крена. Ако не ми викнат социјална служба, еве на. Во слободно време вади и расфрла од сите можни места што се отклучени. Дома се е по земја. Декор. И од горе ќе се јави мајка ми и ќе ми каже како треба. Абе вријам. Дете ко што знаете никој ми го нема причувано. Едино еднаш во сина месечина, ќе дојде братучетка ми и со неа ќе се заигра малку, ама јас сум тука. Муабетот што ти беше пред некој ден со мајките од мк, точно знам за што збориш. За маж ми, он е профи со готвење. Некое видео имаше за бурекот, по тој рецепт го прави, супер излегува. Ама мора да е така, инаку гладни ќе си седиме.
Црвен кромид и ќе спиете цела ноќ. Еве јас да те подучам во случај свекрва ти сеуште да не те изнервирала. Штом вади се од секаде значи е здраво дете. Супер! Викај браво! Колку ми е жал едно мирно девојче што се чудев како е толку мирно, а мојава не се трпеше, сега оди во посебно школо. Значи радувајте се додека се немирни! Не дека секое мирно дете има проблем ама сепак подобро немирно! Јас па нит нос им бришам нит ги пресоблекувам додека се мали. Ако сака ок, ако не пак ок. Ќе пораснат секако. Малава почна гола од горе спие и носот и тече вика бе можам дњ заспијам и еднаш само кажав облечи блуза ако не ќе ти тече и еве една недела веќе без блуза спие па сабајле во 4:00 ми вика уште едно ќебе и требало. И си викам може таков е периодот нека спие како сака.
За детенцево што пишав жал ми е фактички дека цело време се чудев колку мирно дете и родителите ги прашував како им е мирно, а јас едвај издржувам со мојава. А они кажаа од прв ден спиело во креветче во друга соба и се чудев како сите бебиња мирни само моево плаче без престан. Инаку сеуште заедно спиеме 7 години има со таа разлика што од 6 години спие во креветче спиено со мојата спална. И малиов креветче до нејзиното креветче он од 2 спие. Една вечер решив да не спијат со мене и ете успешно беше. Преку глава ми дојде едниот ме гура од една страна другиот од друга па спиев од пола спална надоле и секој ден ненаспана на работа. Сега сум наспана. Значи деновиве ако не ме стегнат бубрези не сум ни имала уринарна инфекција. Сабајле пола саат се шминкам со стапалата на плочки па сабајле ми текна дека може од тоа е дека почнав да кивам па ставив нешто под нозе. И устата ми помина одма од лабелото. Еден шеф беше кај нас три месеци на размена со друг шеф и ништо не му реков и ништо не му купив некако незгодно ми беше и сега криво ми е ептен…
Ахх, уринарна инфекција... Ко вчера да беше, ја фатив од катетар носење две недели... Едвај ми го извадија, и после два дена се молев да се измочам додека да спадне инфекцијата, у стомакот ко трудна бев... Коа се измочав, мислам и ја и мајка ми, и сестрите и цела болница заедно плачевме од среќа... Од тогаш за секој случај нит седам на промаја, нит на цименто, нит се онадам без кондом... Од тогаш, мислам пред 15 години... Коа сме кај инфекции, треба матичен ваџајнаколог да барам... Пап демек ми правеше една Хитлерка пред две години, али ја не верувам оти ништо не осетив... Мене на брис ми личеше... Небитно, палете парната, не се стегајте влеговме у грејна сезона!
Нема Џоки, свекрва далеку од очи, далеку од срце. Не се јавувам и нема кога да ме нервира..така го терам маж ми еднаш неделно да и се јави, смисла нема, ама ја тогаш нешто работа си имам. Затоа мајка ми сите копчиња знае да ми ги притисне и да ме изнервира. Ама ќе почнам и за неа да имам работа нешто, само да престане малата да го мава телефонот кога ќе го види. Ти имаш проблем секако со меморија и си заборавила дека деци си преоблекувала и мрсоли си чистела. Арно си знаеш ти, ќе си измислил небитен проблем и се друго заташкуваш. Кажи што бидна со симпатијата? Ада се пофалам, после не знам колку време, конечно направив манџа што се јаде и се беше тамам. Спанаќ, мелено месо и ориз. И имам уште еднаш да зготвам од спанаќот, некоја паста вајда и толку за овој месец спанаќ. Гош ја имам чувство дека годинава парното не го ни изгасивме. Без врска времево годинава ептен. Бар порано знаеше октомври да е убав, сега и он тиња. Брр.. Не дека нема побитни работи у светот, па ја за времето најдов да мрмчам.