Овие кај мене во зграда ептен на штедење се фрлија, сегде ставија светла на сензор, па летово и парното го исклучија... А поладно беше од лани памтам. Едвај до 27 се качуваше температурата, 32 коа ќе фатеше дамла ме маваше. Таман си имаше ептен млакичко, па ја си ги сушев алишта на него преку лето коа е зафатена сушарата... Сеа да ме прочита некој од Зелениве, одма ќе ме депортира... Мрчи си, ич не се стегај. Ја мрчам увек, али понекад сакам и за небитни работи како времето за да се релаксирам.
@Yowannty е крива што ми стави 10ти лајк и му реков нели дали има планови за четврток и понатака е мистерија А што значи тоа сина месечина? Немам слушнато до сега, а сакам да знам.
Син ми е прво одд.оваа година . Знае германски, можам да кажам 80%, некои деца 5-6 од неговиот клас, и тоа да напоменал срби се тие деца го нарекувале смотан и незнаеш да зборуваш. Сето тоа на спорт при соблекувањето. Реагирав, наставничката разговарала и како средено, разговарам дека така не треба и толку. Но тоа пак се случува. Ваше мислење. А јас го учам дека не треба да се тепа, не треба да навредува, да употребува такви зборови што деца на 6год ги употребуваат. Значи неможам да сватам каде одиме... ваше мислење доколку некој имал слично искуство.
Јави се закажи термин кај директорката и кажи му дека секој е тоа што го зборува. Се што зборуваат за него се тие самите всушност. Пиши на јутјуб Kinder affirmationen слушајте. Смисли приказна. Јас до сега успешно ја научив мојава дека секој што збори е тој самиот па така и за фамилијава за секој знае кој каков е. Ама секако не смеат тие така да зборат. Секој ден оди во школо се додека не престанат децата. Па и Срби викаш што се досадни ама сигурно така од дома ги учат. На еабота нов колега Србин имам од 1.9 ама среќа сам отказ дал 30.9. Сите го мразат. Се однесува многу лошо.
Син ми исто е прво и вчера ми кажува дека кај него почнале да се тепаат, некој го удрил овој со камен по глава, некој го удрил оној. Среќа мојот е стварно мирен и се уште се држи на страна ама не знам до кога. Јас верувам дека јазикот не е проблем такви деца ќе најдат причина да го закачат без разлика што е. За јазикот да не бил спремен ќе го прателе во интернационален клас, чим го пуштиле во нормален значи ок си е ама сепак ако имате можност работете со него побрзо и полесно ќе се вклопи. Што да превземеш немам идеја евентуално ако имате некоја вацап група со родителите да пробаш со нив да разговараш?
Морген, неработен ден, Сакав да искористам маж да посредам низ дома, па да шетнеме негде за викенд. Ама! Сите тројца виросани. Вчера се чаталев дека ќе ме одмине, ноќеска ме зграби. Сега ќе пиеме лимони и чаеви. Наздравје.
И јас мојот го учев биди мирен не се рчкај бла бла дојде до степен да му се потсмеваат почна да враќа. Сега па од него се жали учителката дека многу зборувал на час . А стана главна фаца у оделението дели бонбони на сите како мајка му да е банкарка . Мораш да разговараш пак и со класниот и со мајките на тие деца . Јас прво на родителот се обратив кога видов дека пред мои очи го шутираат . Пошто тоа дете а малку мамина маза и омилено на класната се познаваат и приватно . Туку дојдов друго да прашам има некоја мајка што детето и оди на ерго и логопед? Морам мојот да го пратам бидејќи концетрација нула има и има малку мана со С и Ш при изговор. Како до најбрз термин да дојдеме до тоа веќе година време неможам да најдам термин...
Јас го учам мојот да враќа ама он сега за сега е упорен дека он нема шанси да удри некој или да каже нешто лошо. Дури ми кажува како Ник сакал да си игра со него он не сакал зошто Ник е закачко. Строго со мирни си игра, иако има од градинка другарчиња од тие закачковците поголеми се они. А ќе мора да враќа зошто гледам дека во школо не пазат баш, со кажав на учителката обично ништо не се постигнува. Ние одевме на логопед едно 6 месеци пред школо, за да ја повежба граматиката, не пратија од градинка дека му недостига малце граматика ни рекоа едно 6 часа на крај одевме 6 месеци два пати неделно според мене тоа што го учеше беше премногу ама штета ваљда нема да има. Он ги научи тие работи на хартија ама колку ги користи во секојдневен говор не знам. Ние брзо најдовме термин.
Ние најдовме брзо термин, отидов на неколку места и го запишаа и немаше месец одма не викнаа. Зависи во кој град сте, ние каде што живееме има многу и можеби затоа најдовме брзо термин. Скоро една година одиме, и има подобрување во концентрацијата и фината моторика, така да нема да има штета.
Термини имам петок, понеделник, вторник и среда. Едвај чекам четврток да дојде! -рече џокерче што илјада книги прочита за тоа дека среќата е патот, а не целта…
Здраво Дали може некој да сподели искуство или било каков совет, мислење.. Со мм сакаме да аплицираме за визите за неквалификувана работна сила. Знаеме јазик иако треба уште да се учи, имаме и работено во Германија на кратки периоди.. Баравме сега решение за подолг период и со оглед на тоа што на двајцата факултетите ни се такви така што во Германија не може да бидат признати, единствено решение ми се гледа со овие визите.. Проблемот е што, ако ова е долгорочно решение, доколку во иднина сакам да останам бремена и нормално искористам породилно и се тоа што следува со закон, ама дете ти нема доволна возраст за градинка или ете не го примат, мора да напуштам работа додека не потпорасне.. А штом напуштам работа,логично би било и да губам виза и да мора да се вратам за МК затоа што нели визата ми е врзана за работата Втора опција, едниот е да си замине со виза и другиот да го земе преку спојување на семејство. Дали имате искуство колку би траела оваа постапка? На страната на Амбасада стои околу два месеци, ама како што читав искуства, трае и година дена Извинете на долгиот пост и благодарна би била за било какво искуство или мислење Убава вечер
Ако сте во брак би требало да мора едниот виза, а другиот спојување на семејство. Ќе земеш породилно една, две или три години и до тогаш ќе најдеш градинка. Или ќе земеш породилно две години, па една година ќе работите различни смени, па на три ќе тргне во градинка. Тоа најмал проблем е, уствари не е ни проблем. Трета опција, кога ќе се вратиш на работа ќе останеш одма бремена и пак на породилно ќе си.
Хахах фала ти на одговор Породилното кај нас нели е 9 месеци, во Германија е нешто различно или? Како е платено?
Јас имам пријатели спојување на семејство чекаа цела год. А имам и пријатели што добија визи за многу брзо време . Значи се е до среќа. Породилното можеш да земеш на 1,2 или 3 год. Детето можеш да го запишеш на градинка кога ќе наполни 1 година. Сумата на породилното е просекот од последната год од платните листи 65% , ако немаш работено 300€ зимаш и 250€ киндергелд за детето. Нема да ја изгубиш визата ако си на западен балкан , тогаш може да ја префрлиш во спојување на семејство. И не е тоа воопшто проблем , дај боже да забремениш во моментот кога ќе сакаш … ти посакувам среќа
Ако работиш работа која не смеат бремени да ја работат тогаш земаш 100% плата и седиш дома па породилно ако земеш една година земаш 67% плата, ако две 33%, плус месечно 250 евра детски додаток за детето. За почеток можеш на пола работно време да работиш и плус мини џоб по потреба, после породилното.
Јас сум со виза за западен балкан дојдена. Откако дојдов во Германија, работев година ипол и останав бремена, скоро две години бев на породилно и после почнав да работам на пола работно време, визата ми ја продолжуваа без проблем, за таа цел додека бев на породилно платни листи и од брачен другар бараа, оти помалку средства имав. Визата не ми ја сменија во фамилијарна. Градинка е тешко да се најде ама не и невозможно, јас откако ја пријавив за 4 месеци добив место, а ако се пријавиш одма после пораѓај скоро и сигурно ќе добиеш место.
Ако има друга будала што пие кола кола пред спиење нека ми пише да размениме мислења. Не знам како ќе заспијам, не знам како ќе станам за на работа. Од стрес, сончоглед па кока кола… па вежбав… и сега овци бројам…
Кока кола не пиеме, нема по дома. Уствари никаков сок не пиеме, на гости нудиме алкохол, вода, чај и кафе. Вежбањето навечер мене ме разбудува и не можам после да спијам. Исто било каква активност навечер, чистење на пример. После не можам да заспијам секако. Кажете мрсолите ако се згустат поминува веќе нели?