Јас мислев дека е боље ама не било се таложил калциум во артерии/вени според гугл.Предизвикувал артритис.Со еден збор зголем ризик за срцев и мозочен удар. Ама немој сеа ти да се уплашиш во друго стање си.Гугал лаже често. А ти не треба да си на диета туку за двајца да јадеш што би рекле старите. Туку јас во бременост повеќе бев на диета отколку сега поради шеќерот па момите нормални ми се родија не беа мали ни пак големи.
Лелееее Ај може сеа качен ми е кој да го знае. Ма да ништо мрсно не јадам. Гугл не читам секогаш ми дава најстрашни можни дијагнози.
@Ava.84 друшке ти треба ленено масло, риба и јатки. И на благце да се намали нормално. Ја ја имам нели рецептата за топ крвна слика, само уште да јадев како што треба. Ама нема више, сакам неќам збогум глупости, се враќам на режим. Си знам дека мене уморот ми е од лоша и нередовна исхрана. Порано искчував 200+ степеника во вис со трчање и тоа по два пати на ден. Сега на рамно се запишувам, е не може. Меѓудругото знаете дека нели не ни е потребно толку многу храна за да можеме да функционираме, туку битно е што внесуваме. На пр. Тие 2000кал што на моја висина и тежина треба да ги внесам, јас не успеав со мојата исхрана. Оти уствари кекси и чоко имаат по 500+кал на сто грама, а канче урда не.
Ева супер . Ја изнајмувам и јас. Уште да кажеш колку време треба за да се исуши. И дали остави капар нешто ? За холестерол знам јајца, мрсно, авокадо. Него кажете ми мене лек за вртоглавица , ја имав и во првата бременост. Тогаш хемоглобинот ми бил на граница , во 6 ти месец ми препишаа апчиња за железо. И сега сигурно ми е ниско. Оваа недела имам контрола па ќе видам. Но докторот ништо не ми кажува .
Дури сте на муабетот јадење- ај идеја, што да давам за јадење при дијареја? Поминува пополека, ама секој ден само ориз и двопек. Денес првпат тестенини. Страв ми е, што да дадам следно а да не ја заебам работата. Овошје, зеленчук, кога здравје и што? Нив само свежи ги јаде. Компири не јаде, евентуално печени со кашкавал?
Неам деца, али на баба ми и иам давано, и ја јадам до денес ептен дробен двопек со една, две лажички сок од портокал да се истопи малце, и додавам пасирана банана, како густа каша да дојде... Тоа иам читано дека банана помага, и кај мене делува...
Пробај со лажичка вода, ако не, или чајче. Компир исто знам дека помагал... Друго освен со лекови не знам чаре..
Тестенини ако јаде ок е. Тврдо варено јајце. Млечни не, ама јогурт е дозволено. Печено јаболче, ако го јаде така, или испасирано ко каша. Мармалад на тостирано лепче. Варени моркови, цвекло, тиквичка. Житарки со јогурт. Ама ако пребира… немаш избор.
Чај од нане, ким, фенхел. Банана, компири, ориз тоа е, препечено бело лепче на тост, ама убаво препечено онака малку накај подготенко. Нели би требало помалку влакна да внесува, храна што не е тешка за варење. Ама ако поминува помалку, со полесна храна може да се почне. Благ компир, тиква, цукини. Супа од моркови, компир, зеленчуков бујон, за електролити. Е за ова ќе ми каже фала, утре за доруок: Една јаболка излупена некоја блага сорта, една банана, 1 јајце, мн малку вода 50 мл, овес 3-4л блендаш и додаваш бело брашно ти( рецептот ми е со цело зрно и малку млеко место вода) да биде смеса онака густа, ама сепак да можеш со лажица да црпнеш. Значи смеса за пенкејк. Во нелепливо тавче, премачкано само со кујнска хартија со масло. На средна температура ги пржиш. По околу мин од страна. Ако те мрзи, ставаш дупла доза од горе наведеното, 50 мл масло, малку пециво и печеш мафини на 180 пола саат. Испаѓаат тамам 12. Ја ставам и две лажици рамни брашно од бухвајцен, оти ја собира остатокот од течноста. Кога ги вадиш мафините од печење, изгледаат како не допечени, ама уствари се ок, откако ќе се подоладат, од јаболкото и бананата се такви внатре.
Супа од морков нешто најдобро.Банани позелени малку. @јolene без енергија се сите мајки првата година,баш ради целата промена на организмот,недовплно спиење,неправилна исхрана ,многу потрошена енергија при заби , болеси итн.Постепено ќе ти се враќа енергијата ама сепак мораш повеќе на исхрана да внимаваш. Ама и возраста има улога.Приметувам јас кога првата на 31 ја родив ја шетав на 1годсекој ден.Оваа вторава 1месечно сега.
@joana18 преку ноќ пишува или 12 саати отприлика, ќе видам сабајле колку е суво па ќе пишам пак 200 евра капар и средството 20-25 евра, за поголеми флеки спреј има од истата марка
И јас да прашам, за напролет секако планирам де. Кога переш, врз паркетот переш? Не ли се наводени подот? Ќе мора и ние нашите да ги освежиме, кај капнало се залепило. И за сушење, треба да ги кренам некако теписите или? Вода сигурно не се цеди де, ама така влажни ако ги оставам да не се оштети подот.
Над паркетот ама од креветот на предниот дел ни истече вода, а од тепихот на задниот, ако контролираш точно го стискаш тоа за вода нема никаде вода истече. Тепихот е само од горе мокар и се суши на паркет па сабајле ќе ти кажам дали се кренал паркетот. Парно пуштив на најјако за секој случај за ноќва за побрзо и подобро да се исушат. Сигурно во лето е најдобро да се прави ова. Сеуште убаво мирисаат и креветот и тепихот. Мене ми е страв само на мокро да не замирисаат дека пишува се влече накај нас ама мм сто пати и натака и навака го стискаше тоа и има повеќе вода од што треба. Точно според видеото нема гајле. Ние како за прв пат со една грешка добро е. слободен термин два месеци треба порано, во поголемите градови може и мн подолго се чека. Може онлајн на дм да провериш на пример кога е следен слободен термин да знаеш отприлика за април кога треба термин да направиш dm Waschtrockensauger Termin така отприлика пишав
Абе имаше и тогаш кога гледав, од прилика 2-3 недели однапред. Овде дека поголем град, вајда во повеќе дуќани ја има, или повеќе машини имаат. Не е проблем на пример и на балкон да ги изнесеме да се сушат, и во ходник на плочки да ги испереме. Едниот е многу тежок, некаде 35кг мислам дека беше, другите не се толку страшни за кревање. Само теписи имам сега за сега, нова е софата,таму до пролет ќе ја умачка цела. Не поремети значи со спиењето, нека излаваат заби, нека почне да оди, што и да е тоа што ја мачи, умрев веќе. Еден час не сме спиени ноќва. Секогаш ќе си речам, еве утре ќе расчистам, средам и сл и нормално цела ноќ дежурни после. И на крај по цел ден плачки, оти нели и се спие. И ко пишувам сега сфаќам колку ми се мали проблемите . И уствари среќна треба да сум, бар не плаче ноќта, само е будна. Уште тон кафе и се ќе биде во ред, вечер порано ќе легнеме. Сакам ваучер за спа да дадам, не знам од кој сака, и решив убава картичка и паричка ќе ставам една исто така убава . Па нека прај што сака. Вчера купив реген јаке од алди, утре ќе го вратам и за дете зедов, да го пробаме и нејзиното, може и тоа ќе го вратам.
Суво е се сабајлево! Сабајле суво беше се. Не мора да ги креваш само од страните стави нешто пешкир или било што за во случај да прсне вода, инаку од доле ич не е мокро. Тука 5 машини имаше за дента за земање и ме прашаа кои сме ние. Пред Велигден на пример може потешко е за термин. Или пред Божиќ. Туку трета ноќ по ред сум будна, сега кога те сфаќам читам ама фактички тебе акцентот на тоа ти е ставен (затоа и ти е потешко), а јас имам поголеми проблеми во животот (симпатијата). Тоа на што ставаме акцент, се зголемува, расте, па така и неспиењето на твоето дете не е до толку некој проблем колку што е во твојата глава, и сега пишувајќи сфаќам дека и ова со симпатијата можеби и не е до толку голем проблем колку што е во мојата глава. Секогаш кога пишувам се чувствувам како никој да не ме разбира дека овие размислувања се повеќе за поновите генерации, постарите некако не го сфаќаат ова, ама можеби грешам. Носот му тече, претходната ноќ ушето и главата викаше, ама немајкава ни педијатар ни ништо, дека сирупите за кашлање нели за џабе биле, и еве го супер е денес, изгледа ноќеска ќе спијам конечно. Дали е па навика, не ми менува дали спиел или не, плус на работа одам без спиење. И секако дека ако видев дека е бронхитис ќе отидев на педијатар, пред да ме нападне некој. Уште сакав да пишам дека затоа после со трето е уште полесно, а со 4то исто како дете да немаш. Се што ти изгледало тешко со првото, со секое следно дете е веќе и неприметно, не постои во нашите глава. Фактички ние самите ги правиме нештата да изгледаат мали или големи. Планирам одмор за 2025 и мали мали и до 41 ден стигнав одмор, а само 36 имам. Уште само 5 дена да скратам. Утре кога ќе им стигне известување на работа дека еден ден јули пишав слободен и во октомври 2025 ќе се чудат ама до утре цела 2025 ќе ми биде успешно испланирана. 2024 супер помина со план градинка е шест недели затворена, школо 12 недели, за помош немам никој, само јас и мм. Значи прво во нашата глава па во реалноста!
Немам ниту еден килим во куќа. Во едната детска имав, демек роза, виножито, бла бла. Само работа плус, па сега и без него. За чудо дете не ни примети дека го нема. Вака се прашувам, за што му се на човек килими. Гарнитурата е кожа, па само пазење и забришување. Е столовите за на масите де нечисто бели и текстил. Едните се лом, и другите лом да се до прават па да ја земам машината. Со другарка да делиме оти за 10 стола гарант бргу ќе поминам. Кај нас секојдневната рутина со пишување домашни и подготовки за некој тест исцрпува. Почнуваат да идат 11.15, па 12.15 па 13.00. Со првото домашно, па со второто, па со третото. Барем кај едно “гори” и мора да се спрема за тестови и писмени. Другата недела третооделенецот има три писмени, второоделенецот една. Во ОГТС реков дете не запишувам. После се што кажаа, што се дешава, со вулгарности, насилност и некомпетентни кадар( без ерциер сертификат, обичен мини џоб прават). ХОРТ е на кај кај повисоко ниво. Ама 1000 еу за три деца да си ги дадам, плус на градинката на Конте 284… Плус ќе биде напишано домашното и ништо плус, дома во 17.00 часот кога се капнати ќе треба да корегираме, вежбаат и учат а концентрација нула. Едно на едно запишано, друго на друго. Спремај, товарај, носи, таман си дошол дома, пак назад, земај. Некогаш се поклопуваат термините па бетер од таксист натаму наваму. Не знам што сакав да кажам. Од понеделник почнува малиот со градинка, едвај чекам.
Немав и јас. Ама откако се доселивме овде и некако во станов премногу ехо се прави, а и башка нели дете тропа, секако се жалат комшиите, ставивме. Само што она е сегде, освен врз тепих. Ете сега на плочки на балкон игра, фрла капачиња од тегли. Толку сум уморна што нема ни да ја спречам.. За колку време ви се адаптираа деците во градинка. Многу сум среќна што кај нас не мора да спремам јадење, гледам сите спремате. Во вторник елтернабенд, а ние не сме ни почнале уште. Два саати ќе трае. Да го пратам маж ми или да одам да одморам мозок ми е. Уствари што замара повеќе?
Кај нас до 16:00 е школото и дома ниту домашни има ниту книги дома, сите книги во школо се. Затоа никаква мака не видов до сега од школото. Знаење се без грешка и е и многу брзо решавала се, секогаш прва предавала. Се надевам дека нема ни да видам книга дома. До 16:00 имаат и нормално часови, не е само колку за престој. Од 12:15 до 14:15 е ручек па пауза, па од 14:15 до 16:00 час. @јolene На ниту една Елтернабенд не сум била до сега. Одам само на нешто на кое што ќе примети детето дали сум била или не. А Елтернабенд не е во нивна корист, досадно е, се едно исто кажуваат на широко. Некој како да премногу слободно време да има па уште му треба и со други родители да се види. Не, фала, не е за мене. Па уште и некој со просто прашање кога ќе се одвали… е ова знам од што е задолжителна по ново пред да тргне во градинка.