Јас вратив на мејл дека ќе отидам на родителска. И смисла нема, на 5 мин ми е. По вика @Dancewere да видам барем кај ќе биде дете пола ден. Е сега дека два саати им се планирани, малку многу ми е. Маж ме праша преска кој ќе одел. Му реков зависи утре планетите како ќе ми се поставени. Дали ќе сакам да бегам од ѕверов или да си го гушкам. Мојата моментално нема конкуренција во помагање по дома. Ако најдеш слободно место на подот, еве на . Ама многу ми е убаво вака шарено низ дома. Што знам некоја топлина дава .
Срце бе, загинав. Иначе да не спамам у МЈФ, @јolene и @Biljarkata Земав сеа на дигитрон рачунав коа сум била млада - пред едно 10 до 12 години. Мислам, ја сакам да бидам млада, али коленцево и кичмава не се слагаат со мене, мме. За дешавкиве ми искачаат реклами на Фејсбук и објавуваат на нашине групи за гасарбајтери што се. Од сега све коа ќе дознаам, тука одма ќе ставам, да си знаете. И за странски дешавки исто ќе известувам, знам во близина беа Џипси Кинг и Лорд оф д денс, никој не сакаше да иде - тоа за стари било. Мех. @јolene, како си ја утнала Адел, па цел месец пееше жената у Минхен... Ма да сигурно картите биле година дена унапред распродадени... Може да се отиде некогаш заедно, само да ми помине рецесијава и оскудацијава... И ако се пресрамам... Никад више arbeitloss, сакам одма чим заврши курсов работа да барам, само ќе пуштам брзо дипломата за признавање пред да потпишам договор да ми платат од биро за вработување, и ајт! Суши неам јадено у омилениот ресторан 4 месеци...
@gjoker4e мене ме остава во шок колку само може да биде образовниот систем различен во земјава. Оти не само јас, и други кажуваат, спремање за писмени, додатни настави, тешкотии со читање… а кај вас толку лабаво. Во која Бундес земја си? @TutiFuti кај нас во школото нудат deutsch plus, за деца со потешкотии. Прашај дали има кај вас таква можност, пред да даваш пари за приватен професор. Кај мене големата со логопедот си правеше убави вежби и по германски. Сега не оди веќе она, оди само малата, ама не прекинувам баш ради тоа. Не само од логопедски аспект, туку помагаат и околу совладување на материјалот од школо по германски. Ако треба и ерго вклучите за концентрација. Имам отидено еднаш на Роби. Беше роденденски поклон од ексот… во еден друг живот.
БВ ама од школо до школо различно е изгледа. Следното школо е до 12:00 на пример, а во соседната населба за после 14:00 се плаќало 200 евра. Толку знам од разлики. Мене ми одговара вака како што е па се немам распрашано како е по другите.
За логопед незнам како побрзо да добијам термин. Бидејќи сите се зафатени веќе година дена барам. Инаку он одеше на hausaufgabenbetreuung прво одд лани 3пати у неделата и доаѓаше дома со недовршено домашно. Сега почна еднаш недлно за жал не даде никакви резултати позитивни ми кажува како си играле игри ... го отпишав вчера пошто он за тие 20/30мин дома дојде јаде и пола напише домашно од школо до дома со кола ни 10мин. Барем знам нема да губам време да поправам грешки пак. Кажете ми од кои книги вежаат во второ одд вашите деца ?? Сакам екстра нешто за математика. Германски пишав на некои девојчиња за приватно.
Дали во општина имаат формулари за нов Aufenthaltstitel и пасош? Или можам да ги најдам и онлајн? И дали имате поднесено за детски пасош по новиот закон, освен формуларот што друго ќе ми треба?
За децата бевме таму само однесовме дека имаат мкд пасоши и наште пасоши јикакви формулари немаше да потполнуваме таму се средиа сега ги чекаме уште не се готови. Зборам за Германски. Бидејќи се пишани бугарки германки. Не сме хи одјавиле од бг амбасада незнам што треба ако има некпј искуство каков документ се вади за децата дека не се бугари од бугарија .
Друго е тоа Hausaufgabenbetreuung. И кај нас во бетројунгот пладне ниту пазат дали е напишано ниту дали е точно. После, кога ќе си дојдат дома и капнати, на ново требаше да пишуваме. Ова е баш настава, додатна. Математика работат со овој сет, па и за дома го купив. Од catlux принтам секогаш тестови за различни теми. Antonapp e исто добар. Од hausckaverlag и Fit für, Tessloff имам супер искуство. И по германски и по математика. За читање е добро liesmal heft. Со кои теми има тешкотии, дел можеби се во вежбанките за прво?
Девојки имам прашања: 1. Сакам да обновам сет тенџерчиња. Длабоки. Имате некоја идеја кај да разгледам? 2. Ми требаат перници за спиење. Стварно добри. Некој совет кај да видам и за нив? 3. Дали знаете дали книгиве за деца “Never touch the…” имаат можеби и германски верзии? Моиве и двајцата многу ги сакаат. Имаат можеби 10тина, секој ден ги читаме по неколку пати, па ако имаат германски верзии би почнала нив да ги купувам.
Prime days има на Амазон, погледни да не има некоја акција. Ако не ти е итно можеш и блек фрајдеј да почекаш. Јас wmf најчесто земам работи за кујна. Последно зедов и од mebel Höffner. Перници каде се купува и душек, да легнеш, да пробаш што ти одговара.
Во хотел, ако се наспиеш убаво, исшпиунирај од кај им се. Инаку хххлутц имаа(т) добар избор и квалитет (сигурно згрешив некоја буква, ваљда ме разбра). И да пробаш првин нормално, ко што вика Дани.
Слика биометриска и формуларот. Подобро од дома да го пополните оти и двајцата родители треба да се потпишат за дете. На страната на општината ги имаш формуларите. Ова за германски пасош за дете нели? За ауфентсхалт кога ми беше истечен они ми пратија нешто документи што треба да им однесам. Сега не го сменив со промена на пасошот, оти теоретски важи се уште. До немам поима која година ми важи пасошот. Ама ако најдам слободно време ќе гледам да оправам и тоа. Во кој хотел бе си се наспала на перница . Мене тоа досега не ми се случило. И во ИКЕА може ќе ти се погоди некоја @Yowannty. Јас користам од тие што никој не ги може, анатомски што се демек. Ок е. Маж ми он некоја исто со мемори пена најде. Порано од тие со пердуви користевме. Зависи нели што сакаш. За тенџерињa Zwilling можеби, јас од rösle сум многу задоволна. WMF што рече Дани. Некогаш во тк макс имаат, така може да си споиш сет. @joana18 едни пријатели го имаат. Они се задоволни и го користат. Ама постарата верзија. Мене не ме убеди тогаш. Кога бевме на презентација, дојде таа што продава и ги донесе сите зеленчуци исчистени и насечкани, и правевме многу храна за демек кратко време. Ама моето искуство е дека уствари, дека баш чистење, миење , сечкање највеќе одзема време. Е сега имало некоја нова и поскапа верзија, демек и лупела сечкала... А и садот за готвење едниот е од пластика и тоа ме разубеди. Тој како тавче што е.
Да да, за германски пасош, јас најдов на министерство на страната, сега ќе проверам и на општината на страната. Спремни и се и биометриските слики, уште документите да ги средам и толку, ваљда нема да испозамараат да им праќаме и други документи Фала многу на одговорот
Во многу бе. Мада во еден го сликав наддушекот што марка е пошто наддушек ми фали, перниците не ми се лоши, од некои здравствени потреби се купени. Уствари, само во Хрватска во резортот се немам наспано оти перниците отров.
Или перниците дома не ми ги бива или хотелите сум ги утнуела. Ја додека стасам да одам по хотели пак, којзнае колку ќе поскапат. Малку се шлогирав од цените за одмор за во октомври. Ама секако нема да може да се отиде, џабе филмови си правев. А на родителска татково го пратив. Не бев за пред луѓе, не ме остави ни коса да измијам денес.
@јolene да не те разочарам ама Aufenthaltstitel-от треба да го смениш ако е променет пасошот. На картичката стои број од пасош кој веќе не е важечки , можеш да имаш проблем пример ако негде патуваш авионски и сл. Треба да закажеш термин за нова картица . Инаку од сабајле неможам да се начудам какви се родители има . Влегуваме со мали во градинка, јас гутен морген кажувам , еден татко ме гледа само и си продолжува, друга мајка ме одминува . Како така надркани од сабајле бре . Мада тие се така преку цел ден верувам . Незнам кој праша за термомикс, јас имам од Лидл таква поефтина варијанта. 4 година веќе , со рецепти и плус од време на време се актуелизира и стигаат нови рецепти . Од намази , до доручек , главни јадења и десерти . Многу го користам , правам супи во него , гравче со колбаси , болоњезе и ред други работи . Помфрит сол правев во него и најубав е . Можеш да вариш, готвиш, пржиш и слично . Ако е поефтина варијанта имаат иста функција. Овој е неколку секунди поспор од оригиналот ама што ми значат тие секунди . Плус таму плаќаш годишно або, овде не . Сите од фамилија имаат оригинал термомикс , ние двоиме само . Ама ние и највеќе го користиме . Свеќи е многу по марките . Кај нејзе мора да е се Миле. Дајсон, термомикс и слично.
Како функционира ова со е-рецептите во аптека? Само даваш здраствена картичка и ти даваат одма апчињата или?