Ок, онлајн нормало не прават проблеми при враќање и рекламација , како во продавница што се обидуваат понекогаш . Како и да е, пиши и на кунденсервисот, објасни што како.
Од градинка ни дадоа sprach fit programm, организирано од школо. Секој вторник и четврток по 1 саат, арно ама термините се само од сабајле и нормално не ми одговара заради работата. Можно е некој последици да има дека не може Н да присуствува на тој програм, ма да и учителката рече дека многу од родителите се жалеле за терминот. И денеска учителката пак ме праша зошто не отишла Н, и реков дека само прва смена работам и нема кој да ја носи и зима
Ауслендерки! Поздрав Имам проблемче, поточно глупо прашање. Брат ми доаѓа во ноември, е сега сакал да ми купи нешто што го немало во Македонија. Може и домаќински работи, мање битно Ми треба идеја, нешто што сте го виделе и сте си рекле "Е ова го нема кај нас долу" Е фала ви, и извинете на сметња
Нема такво нешто. Освен централно топла вода, ама тоа не може да ти донесе. Робот правосмукалка побарај си ако немаш.
Штом го нема овде значи не е ни за носење. За мене е само книга на македонски и турското кое го пијам. За мм мајонез витанез. Друго не знам. Скроз обратно разбрав извини. Јас пари би рекла. Другото горе долу исто е само тука е попотенцирано односно мислам дека само тука имам видено некои работи ама ги има и во мк само дека поскапи па затоа не се гледаат често. Ако ми текне нешто ќе пишам. @Ava.84 чекај ме со реферат затоа сеуште ме нема. Морам да средам прво се дома.
Супер. Искрено мислев дека не можам да вратам ако нема оригинал кутија. Ќе им пишам и ќе пуштам назад утре. Прати го во Тк махх нек ти пушти камера и одбери си чанта. Или види си некоја козметика во Даглас. Во Талија има убави кутии со англиски чај. Во Müller има убави сетчиња на Тера Натури, гел за туширање, млеко за тело и крема за раце. За овој период од годината Ванила и бромбеер, лилавата колекција е топ. Или отвори Депот.де и сигурно ќе најдеш нешто.
На почетокот кога заборавивме клуч и спиевме во хотел перниците беа сон, поубава перница сум немала во животот ама ни на крај памет да прочитам од каде се. Треба пак да платам за кратко само да влезам да видам од каде се перниците. Прво провери дали си наместила по грешка ноќе да не ти праќа известувања. Сите наши камери имаат таква опција. Штом работела првите денови можеби после тоа по грешка сте го исклучиле.
@gjoker4e, не знам...ја коа си заборавам клуч, си провалувам сама себе дома со картица... Не идам по хотели. Мала шала. Кој како си ја наредил...
Јас провалувам низ вратата од балконот Рипам на балконот, а вратата секогаш ми е кипирана, ја протнувам раката внатре и ја отварам без проблем Апашка.
Досега ми се нема случено да излезам без клуч од дома ни на секунда кога правиме муабет со комшиката пред врата си го држам клучот у раце. Сега па насабајле прво шо правам е клучот од надвор го ставам па тек тогаш излегуваме надвор .
Јас дојдов да ја споделам мојата среќа со вас, мислев дека ќе умрам а нема да ги видам аурорите никад. Не ги видов со голи очи, ама ги фатив на камера.
Не успеавме со картица и мораше хотел, а утредента купивме нешто ко штрафови ли не ми текнува зборот и со тоа ја отвори мм вратата односно ја скрши тука кај што се затвора па ја потполни со едно бело и тоа не ми текнува сега како се вика дека ми се спие многу. Се отселивме, никој ништо не примети, а мислев од кауција ќе ни одбијат за нова врата ама не приметија.
А ја будала, викав клучар за 100 миљарди После се преселивме и имаме таква врата шо не можеш да ја затвориш без клуч. И тоа ме нервира некогаш, оти за дете е комплицирано баш. Крај не ми се наоѓа
Ние купивме брава да може клуч да има и од внатре и од надвор и плус имаме на таван скриено резервен клуч па и да се затвори врата имаме горе резервен. Иначе во прошлиот стан кршевме брава и другиот ден само нова брава купивме. Ние тогаш имавме клуч во нас ама од внатре беше останат другиот клуч па немаше можност да отвориме. Затоа после брава да може клуч од двете страни
Ме насмеавте со бравиве. Кај нас само од надвор може клуч, од внатре не, имаме такво што се врти за да се заклучи. Од помислата клуч на врата и мало дете, оти мисли дека клуч е играчка, коса ми се крева. Ставивме горе и како катанец поради параноја дете да отклучи и само да испдне надвор. Вратата ми е поврзана со телефонот, па преку АПП отварам најчесто.
И јас имам отварано врата со картичка. Си дојдов од продавница и не можев да отклучам. Децава излегле надвор и го заборавиле клучот на врата.