Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Луѓе реално драми за тоа дека грб и завртила или дека била скиснета не треба да се прават, ако една тетка е отсутна од градинка станува хаос, кај нас на пр моментално една е на боледување, една иде талцајт, трета е на трудничко. Среќа што сега доаѓа практикантка па обично она ги прима и испраќа децата.
    Јас да сум на пр нема да се испозамарам за таква ситуација што нема да биде ни прва ни последна, ни мене секогаш не ме пречекуваат насмеани а ни пак јас секој ден сум расположена да се смеам од сабајле.

    @Yowannty во Кауфланд знаат да донесат мамас, ама јас секогаш зимам од турски дуќан или руски:)
     
    На arontt, Dancewere, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dea85

    Dea85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    268
    dve nedeli odi vo gradinka,
    2 ipol godini e ,,,
    Istata taa vrabotena uste od prv den e so odbivnost prema maloto,

    isto postapi ne ubavo koga bese vreme da si odi doma a placese da ostane taa so sila go odvlecka i so tie zborovi: Mora da nauci koga e vreme za doma!!!!
     
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Кога има хрватска недела во Лидл има убав ајвар мислам хрватски е многу е сличен на мамас.Треба да следиш или некој да ти каже кога ќе има.
     
    На Biljarkata, јolene, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Има кај мене во реве иво нашиот балкански ако сакаш пиши ми адреса у инбох ќе ти купам и испратам утре. Знам како е кога си труден и ти се јаде нешто наше. Со задоволство не е проблем ќе испратам.
     
    На Yowannty, Ava.84, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    7.001
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако го земеш покасно од што е време за земање плаќаш казна. Не тргната мојата уште, два пати на средба што бевме и во правилник е напишано.
    Ако е до 2, јас треба 15 или 10 за 2 да ја земам. После тоа, ако недајбоже се случи нешто со дете, дете нема осигурување и е комплицирано од повеќе правни причини.
    Исто кога родител е присутен во градинка, ако нешто се случи е одговорност на родител.
    Две недели е премал период. Јас за две не дели не ни очекувам да се адаптира ни па дека ќе остане повеќе од пола саат сама.
    Искрено може ти се чини дека се сурови, може и нема симпатии. Ќе следите.
    Ама овде воспитувачките не ги гушкаат и галат децата, туку ги учат да се заигруваат сами и со другарчиња. Ако едно дете не биде прифатено од другите деца, исто не ги силата да си играат со него, туку мора сами да научат како да се поднесуваат.
    Верувај и јас сум со страв, оти имам џамбаз дома, ама истовремено се радувам да научи малку ред.
    И инаку не знам дали ви кажав, едниствено не дојчовско дете ќе биде нашето дете во групата. Е затоа мајкава ќе мора да покаже заби на привикнувањето изгледа ептен. Ај здравје само.
     
    На arontt, SummerGirl, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    36.139
    Пол:
    Женски
    Епа гледаш за само две недели што се си заклучила.

    Имаш право да се пожалиш кај главната на градинката. Пожали се одма да не ти е после криво. Не можеш секој ден со такви мисли да го носиш.

    Кај нас до скоро 3 години на врата ги земаат, не влегуваат сами. Ги учат сами да влегуваат кога ќе е време да се префрлат во група од 3 до 6.

    Кога е време за дома мора дома.

    Ние знаеш какви сме како мајки, ги чуваме како во стаклено ѕвоно, се им удоволуваме и после се чудиме што згрешивме. Е во градинка затоа школо учеле и децата се независни и полни со самодоверба, знаат да почитуваат граници и слично.

    И знаеш нашиот менталитет каков е. Маж ми пред некој ден ми ѕвони нервозен ќе се враќал во градинка ќе се карал! Викам почека што се случи. Врсботената му рекла на малиов дека не смее со мечето да влезе во групата. :D До 3 години смее и првите неколку месеци над 3 години додека да се прилагодат. И ништо лошо не рекле ама едноставно наш менталитет таков е, ние не пробиваме да сфатиме, ние одма се караме. :D
     
    На Ava.84, Dancewere, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    16.720
    Пол:
    Женски
    @Yowannty некоја балканска продавница да не има во близина?
    Кај нас во град има таква продавница, имаат цел рафт со такви производи ајвар, малиџано, пинџур и има од повеќе производители. Ако не се лажам теглата чинеше околу 6-7 евра ама јас не јадам и не ме ни толку интересира. Таму одам за кочански ориз, тетовски грав, наш јогурт, сувомеснато итн. Ако ти треба може и по пошта да ти пуштам. :D
    За градинката нема да се жалам, иако воспитувачката од јасли во срцето ќе ми остане, оваа новата е босанка и е поладна ич не ми е симпатична ама па ни ќерка ми се нема ништо пожалено, мене не ми смета понекогаш да се строги со неа, се знае како треба да се однесува.
    Кај нас ако е градинката до 13:30 сите деца излаваат за раче, спремни во 13:30 точно а родителите чекаат во двор. Можеш да го земеш детето предходно ама ако имаш некоја причина инаку се знае сите заедно. Се случувало некој родител да доцни неколку минути не правеле проблем. Ама мене ептен ми се допаѓа тој начин на функционирање, се спремаат сите заедно, пеат песнички за чао и излегуваат и ниедно дете не мора да се чувствува лошо оти прво ќе ја напушти играта или последно ќе остане.

    За ќерка ми купувам и ново, носи и старо поклонето. Мене ми е важно да е убаво и да не е шкарт и неудобно. Еден куп играчки доби од комшиите над нас, исто и облека. Мене не ми смета, тоа што не ми се допаѓа го носам во пунктовите за стара облека. Акцион и Тк макс кај нас се едно до друго :inlove:
    Мене засекогаш омилена продавница ќе ми биде тк макс, за ќерка ми чизми од geox кои инаку чинат 70 евра јас за 25 евра ги купувам, од штернталер, петит батеау работи за џабе ги продаваат.
     
    Последна измена: 13 октомври 2024
    На Yowannty, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски

    Ако имаш Famila,таму секогаш има..
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dea85

    Dea85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    268
    @gjoker4e Sakav da razgovaram no od prijateli dobiv sovet demek edvaj ti go primija nemoj da ne go izbrkaat Si plakjam korektno, zosto da go izbrkaat!!!!
     
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    36.139
    Пол:
    Женски
    Советов…
    Како прво не е “едвај ти го примија” како со сила да го примиле туку го примиле кога се ослободило место.
    Зборот “избркаат” не постои. :D
    Се што ти лежи на срце треба да си кажеш.
    И тоа едноставно така е од културата на врата се насмеани кога викаат морген, било каде не само во градинка, се поздравуваат љубезно. Не дека после одма го покажува вистинското лице.
     
    На Dea85 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    15.418
    Не знаеме какви времиња идат искрено. Колку толку добро е да имаат барем некоја подлога за старт. Ее камо среќа на нас да ни кажеа дека ни имаат собрано барем по 10 - 20.000 еур немаше лошо да ни дојде ама пак од друга страна нашите граделе куќи цел живот, кои сега празни стојат за жал. А парите секако се трошат како ги имаш, така барем тие 250 да се ставаат на страна ќе им се најдат утре за нешто. 8-|

    Може. :)
     
    На TutiFuti, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.640
    Od moeto bogato iskustvo so gradinka samo ke ti recam deka ova e najmal problem sto se slucil i bi go zanemarila nastanot.Bidi podgotvena ponataka na predizvicite sto ke se soocuvas.
     
    На Dea85, јolene и joana18 им се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.640
    I jas sum za stwdenje za decata, dali na obicna stwdna dali na drug vid na stedenje tie ne ni mora da znaat. Ne se znae kakvi vreminja idat, pa barem za vozacka, kaucija i prva kirija sto se vika da ima
     
    На јolene и joana18 им се допаѓа ова.
  14. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    762
    Ние прашувавме во шпаркасе за штедна , да и ставаме месечно нешто минимално 50-100€ секако за 18 год ќе се исплати . Барем да има за возачка. Вака нема шанси да заштедиме, киндергелдот е убава сума да се штеди но во моментот не можеме да си дозволиме толку многу.
     
    На јolene и mKdevojce им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    36.139
    Пол:
    Женски
    Штедиш ти на тоа Junior invest? Мене страв ми е на нешто што не ми е познато па најсигурно ми е во банка. Ама ако знаеш повеќе за Јуниор и ако штедиш таму би почнала и јас.
     
    На SanelaS и joana18 им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    36.139
    Пол:
    Женски
    Јас одма после пораѓај отидов сметка отворив и штедна книшка со дауерауфтраг Шпаркасе. На 18 години да може да ги извадат. Камата годишно е 0,001 или 0,003 или 0,03 нз сега. :D И 20 евра подарок од банката не знам дали за контото или за штедната и тоа имам заборавено.
    На шалтер можеш и до 18 години пари да извадиш ама изгледа треба со потпис од некоја таму поглавна или на точно како ама возможно е.

    Шпарвохе е сега во октомври кога се носат пари на штедните книшки од децата заедно со децата и се избираат подарок. Ние ги носиме касите прасиња што се земаат бесплатно од Шпаркасе и само тие таму може да ги отворат со клуч.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.753
    Допаѓања:
    175.472
    Пол:
    Женски
    Лелее фала ти!
    Исто како да си ми пратила. :f:
    Еве не сум поминала се очигледно. :wasntme: Неделава ќе проверам и во турскиов во близина што ми е.


    Исто како да сте ми пуштиле. :f: Имам 2-3 балкански во близина, ама само така ги имам приметено од кола уз возење никогаш не сум била. Сеа ме настрви за јогурт. Ќе проверам и тоа деновиве.

    Леле на штернтелер едно бебешко комплетче што го начекав за син ми. Па таков убав материјал, такво едно меко, мислам тоа беше нешто најдобро што му имав земено, не ни знаев дека е некој бренд. Го дадов на внук ми сега ми е криво. :tmi: Немам начекано пак од нив во тк пак за жал. А два ги имам. И јас си го почитувам тк, се наоѓам на едно место.
    Носени работи што сум добила ретко нешто ми се погодило, обично биле перени, преперени излитени. Да е фино зачувано не би било проблем. Обувки не би им носела од други, ради што секое стопалче се оформува индивидуално.
    Ама каква убава огромна куќичка за кукли наследивме од комшиите, не знам кој беше по возбуден дали ќерка ми дали јас. :D
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.533
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека се прави драма од ништо .
    Уште не е поминат периодот на навикнување , за да може да се створи некое мислење за тоа каква е градинката , какви се учителките .
    Не е работата одма да одите и да се карате . Пробајте да отворите некоја близина до учителката која го прави навикнувањето на детето .

    Незнам која кажа ама да не е како во Македонија, каде учителките ги гушкаат децата . Ова е точно .

    Во школото кај големата , мм е во советот на родители и имаа состанок пред една недела . Бил и директорот . Се повеќе има родители кои не прифаќаат дека нивните деца прават проблеми во школото и стојат зад своите деца.
    Денеска е тешко да се даде критика , зашто родителите не гледаат дека нивните деца не се така како што се преставуваат дома. И при Видео снимка , родителот демантира дека тоа е негово дете .
    Друго нешто , не прифаќање дека своето дете има некој проблем .
    Во градинка имаше еден случај каде на детето со виден дефицит ми се нуди место за интеграција , со работник кој би бил со него во текот на денот , родителите се решиле да ја тужат градинката и да ја тераат работата на суд.
     
    На SummerGirl, TutiFuti, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    36.139
    Пол:
    Женски
    Имаше во фб групата Македонци во Германија родител што го тужи школото и отишол неколку пати сред час да се кара и добил забрана за пристап до школото дека прекинал настава, децата се исплашиле… и во групата родителот го криви школото и бара адвокат, а уствари само родителот е виновен ама ете не сфаќа… а на крај само детето пати…

    Инаку кај нас ги гушкаат до 3 години и многу во раце ги чуваат посебно помалите. После 3 ги гушкаат и чуваат во скут ако е болни или ако не им е денот и не играат со ништо и никој. Вработената од кај малите сеуште го гушка малиов кога ќе го види низ градинка.
     
    На Neda997, SummerGirl, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.533
    Пол:
    Женски
    Да ги земаат во прегратка кога тешко се испраќаат од родителите , кога се тажни и слично . Тоа да . Ама не ги бацуваат и сл. Онака усилено .

    За давање облека , продавање или слично . Некој пиша, тоест повеќе дека не сакате носена облека за деца. Или играчки .
    Сите играчки кои ги продадовме беа пластични играчки од ерата кога двете деца беа мали , пред 12 години и 10 години .
    Продавав и други , ама дрвени Screenshot_2024-10-13-16-58-03-51_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg
    Од облека што продавав ништо не беше искинато или излитено.
    Screenshot_2024-10-13-17-00-12-77_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg Screenshot_2024-10-13-16-59-52-90_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg Screenshot_2024-10-13-16-59-40-45_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg
     
    На TutiFuti, јolene, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.