Ја шкртнавме првата недела во градинка со малиот. Првиот ден таа што беше како “надлежна” за него, сама заклучи дека немаат хемија. Очигледно беше дека усвет фаќа од нејзе. И се смешкаше на една друга, па она го презеде. Двата дена она беше таму и беше ок. По еден час седевме таму, си играше. Среда четврток и петок не ја видов веќе. Го “презеде” една Србинка, ок вака. Средата беше 15 минути сам внатре, со липање го зедов. Четвртокот пола час беше сам, пак ред солзи ред мрсули. Петокот 45 минути беше сам. Кога влегов си беше занесен и не плачеше. Со исклучок на Србинкава другите не го опулуваат многу, ниту он нив. Возбудена како ќе биде од утре. Мене ми е ок и нормално. Пола ден поминавме во принтање материјали, вежбање германски, учење стихотворби напамет…е папсав. Едит: @TutiFuti вакви материјали онлајн може да се најдат, според темите кои ви се актуелни. За првачето на пример ова беше За второодделенецот ова.
Jas 50 evra mesecno uplakam tamu do 18 godini, a na Sparkasse imam obicna stedna so kartica na maliot ama jas samo mozam da gi podignam parite po 18 godina tamu odi ostatokot
Сум заборавила. Мене само такви ме влечеле отсекогаш. Секогаш викав идеален маж за мене е плав, со плави очи, малку асоцијален, не мора да е романтичен, не мора да е хумористичен, не мора да е муабетчија. Така лев и темерут. Со лепота и карактер се привлекува со вкусна храна се задржува .
Сакаш да кажеш дека првачето на 12 ти септември што тргна во школо знае да ги напише зборовите? Тоа ептен многу ми личи, мојот нема шанси се уште ова да го пише сам. И мојот тргна на 12 ти и Сега учи да чита и тоа со 4-5 букви колку што имаат учено или да допишат буква која фали. И воопшто не ми делува дека не учат ( математиката им е баш сега за сега како за градинка нема потреба да му проверувам, ама германски морам да проверам и грешки евентуални поправаме и највеќе време на читање поминуваме). Еве пример од домашно
Се гледа дека има грешки. Mauer и Fenster грешно ги напиша. Buch и Sofa се без грешки оти се полесни. Второто прашање има исто грешно, Ratte не го прочита точно а третото не го сфати прашањето. Доле кај Mond наместо d имаше напишано b. Само втората страна добро ја совлада. Читањето и нејзе и е многу полесно од пишување. Да, на 12 септември.
Видов дека има грешки, ама пак многу ми е еве кај нас на пример сега за сега пишуваат по една буква која фали, не цели зборови и само со неколку букви кој ги имаат учено. Синко не ги ни знаеше сите букви да ги распознава, сега гледам дека веќе ги распознава скоро сите од една песничка што ја научија ама официјално само 5 букви имаат научено.
Викаат дека до Божиќ мора да знаат да читаат и тогаш почнуваат и со писмени по ХСУ, каде има и пишување. На децава ХСУ им е најтешко. И лани, од сите писмени во прво, ХСУ беа најтешки.
Баш ќе видам како ќе биде, веќе не прашувам од околина за искуства од кога прашав една мајка како е задоволна со хорт па ми се испофали како ќерка и сама таму пишува домашно и дома не работи плус за после неколку месици да каже дека ќерка и одела два пати второ одд. Јас го фатив дека на хорт некој му покажувал одговори, му реков друг пат ако не знае да им каже дека јас сум рекла дека дома ќе напише, да му објаснам убаво не само да напише и пак да не знае. Знам само дека нашата наставничка е малце построга, ама тоа ми е подобро одма построга него понатака да неможе да совлада зошто не е научен да учи.
И кај нас го фалат хорт. Јас немам искуство. Е тоа огтс беше средната лани и никогаш повеќе, ја отпишавме. А и таму беше така, или без грешка напишано, а уствари препишано, или поради галама и брзање за побрзо да заврши и да си игра пола грешно и многу неуредно. Дома корегиравме, преправавме. Некогаш цели страни бришев оти не беше доволно уредно, се гледаше на брзаница дека е пишувано. Па во 17.00 часот првен дискусии, мрчење…после тоа. Подобро е построга, и јас така викам.
@Yowannty не шала на страна пиши адреса ќе ти испратам утре ако не најдеш. @danichap ле ле ! Кај нас од ова до сега нема ништо . За второ зборам ние сме ептен назад изгледа секое школо различна приказна. Изгледа не работат по иста програма . Синко сеуште како што кажав е со книгите од 1 одд. Се надевам дека сега после распустов ќе почнат со книги за второ одд. Инаку за алишта дури бев долу за синко маж купуваше најчесто во лидл два броја поголеми и си ги носеше доста долго време. Строго се мораше да биде ново прво дете и леле што ќе кажат комшиите во старо е облечено или стара е количката.Имав по нешто наследено од внук ми ама не многу . Кога дојдовме тука продолжив во лидл кик да му купувам гардероба но кога тргна во градинка и кога испокина за едн месец 5пара нови тренерки срце ме заболе . Од тогаш исклучиво му земав алишта од flohmarkt. Зачувана и имав добиено доста од золва ми . Сега за малите некои основни работи купивме на ново креветче и гардероба за изнесување од болница неколку пара шпикозни и боди тетра пелени такви ситници. Да е жива и здрава @danichap ми поклони еден голем пакет со облека од раѓање па незнам некаде до кај 86бр. плус други работи што и ден денес ги користам. Најискрено такви луѓе се ретки. . Им земам и на нив од flohmarkt алишта пред некоја недела една жена за едноделни пижами од H&M земав околу 6 парчиња плус панталони и блуски ми ги даде за 10€ значи џабе! А носени неколку пати. Може да се носат и пак предадат некому. Нашите алишта што ни се сега мали здиплени чекаат за да можат поматаму да служат некому кому му се најпотребни. И не ми е гајле некој што ќе каже бидејќи скоро сите овде така прават во моја околина.
Што е хит кај девојчињата 11-12 год? @MacenceEna мислам кажа дека имаш ќерка 12 год, пашто носите вие за род поклон , што ви носат на вас ? И дали купувате нешто и на другото дете кога одите на род . Или само на роденденското?
Прв ден од распуст сама со трите дома . Тешко е . Од сабајле почнаа 3 дена и завршија . Малите никако да си фатат дремка како кога сме сами. Со брат им се играат пискаат и се смеат. Уште малку и 6м полнат. Синко вежбаше малку германски но му здосади. Воедно и е настинат во најава бронхит. Кажете некој добар инхалатор? Овој штого имаме од пред 8 г почна да откажува арно и работеше до сега .
Девојки ви благодарам многу на одговорите. Ми значи секое мислење Сега имам уште едно прашање. Каде да најдам убави ќебиња? Дебели,зимски.
Кај турците Пред 4г купивме на flohmarket кој што изгледа како кај нас на битпазар кебето како ново и ден денес грее како лудо.
Јас имам на омром го купив лани од отто околу 40€ беше има две маски, за нос дел и за уста. Незнам да кажам дали сум задоволна бидејќи не го користам толку малата не сака да прави инхалации па повеќе јас го користам. Еве и ние повторно настинсти, значи пред 1 недела бевме. Сега повторно кашлица и нос. Сакам да купам термометар за во уше, на браун . Но незнам кој има и од 30€ има и од 60€.
Јас имам од двата, тој поефтиниот го зедов како резерва, во случај главниот од многу трескање да откаже. Пак не би го купила, другиов ми е далеку подобар за користење. Во однос на прецизност немам негативна критика но начинот на функционирање и дисплејот ми е позгоден кај другиот. За овие два модели пишувам
Ми стигнаа честитката од Финанзамт за данокот, да не се сеќирате... Место две, седум евра им дужам. Да им ја тит на мајка им у тит... И ако имате некоја наша шо бае против финансиски уроци и клетви, слободно у инбокс. Може и финансиски магии шо фрла, не прибирам веќе...