Јас никако да се наканам да закажам термин за Б2, незнам ни дали ќе ми дадат одма на испит да излезам, прочитав дека во vhs треба да се запишеш на курс па после да полагаш. Јас онлајн аплицирав за градинка, за 1 недела ми се јавија, мм појма немаше дека аплицирав онлајн и одма после 3 роденден тргна. Првин плаќавме 190е од 7:30 до 14:30(ма да многу ретко останува до 14:30), без јадење и спиење. Сега плаќаме 240е. Инаку во соседниот град плаќа Шпаркасе за сите деца, а во Heilbronn плаќа Кауфланд
Јас наредна Сабота полагам Б2, до сеа сите пробни тестови ги положив, најслаба сум на пишување оти искрено не се замарам да учам. Буквално само домашно пишувам и толку. Таму вадам околу 45 од 60 поени, другиве читање, слушање, зборење околу 55 од 60. Заборев денес со наставничкава, вика C1 се зголемува вокабулар и бараат писмено многу. Сума сумарум ако не се замарам ко до сеа, боље и да не се запишувам... Али ја сакам оти сметам дека можам, плус за Аусбилдунг ми треба, плус иам Арбеитлос до Март, а курсов е од Јануар до Мај... И као што се збори, од наредна година ќе се мења и ситем на полагање, па и ќе се учи дури и од Б1 само Беруф, оти поединци не се способни да работат со обичен Б1, кхм. Затоа прашувам, малце ми е шубе, али па и за Б2 ми беше, па еве бидна... Па као си планирам C1, ко веќе да сум положила и Б2...
Stom veke si pocnala ne zastanuvaj ,gazi napred ako napravis pauza potesko ke se nakanis da prodolzis
Епа тамам имаш време да вежбаш текс пишување оваа недела. Секој ден по еден, пишувај си дома, на различни теми, вежбај вовед и завршен дел. Тоа како по автоматизам да ти дојде, оти битно е да почнеш некако. Најди примери до модел тестови на нет, а и таа книгата за спремање испит што е помага ептен. Битно е да знаеш уствари што сака да прочита тој што оценува, во смисла што граматика се учи, На пр. Реченица со коњуктив 2, глагол со препозиција и сл. Не се сеќавам само што и колку зборови треба да се напишат на тестот и дали имаше теми. Б2 телк го полагав тогаш исто, мене најтешко ми беше зборувањето, на сите испити. После со пракса, и кога работиш и слушаш нон стоп, учиш далеку повеќе. Зборот ми беше, можеш и шаблонски да положиш, ако те кочи само текстот. Имаше избор нели, да бираш од две теми. Пауза никако, ако имаш потреба од ц1, продолжувај одма. Ќе си го изгубиш времето за џабе, ќе се развлече и така ќе си остане. Еве ц2, од 2020 навака го полагам, уште не го спремив и се помирив дека и нема. Слушав два курса, не се осетив спремна, последно се откажа курсот, па трудноќа, бебе и чао, толку е.
Denes posle gradinka gleam maloto na vnatresnata strana od nogata ( pod jajcencata) modrica i grebnatinka op na gakjite temna tocka ( garant od grebnatinata poteko krv) kosa mi se naezi , Napraviv i sliki , Na ova nema sansi da im prekjutam,,, srekja sto fakja vikend pa ponedelnik ke odam so pod-izladena glava ……
Затоа и ќе положиш Б2! Прво во главата се формира, па во реалноста. Знам дека и Ц1 ќе положиш. Секако мораш да пробаш. Кажа некој што ни А1 нема положено. Ама без заебанција многу подобро зборувам од колегите што имаат Б2. Секој се чуди кога ќе кажам дека никаков курс немам. Мене многу за пишување ме бидува, да пишувам и Ц1 знам. Ц1 да зборувам само со една чашка алкохол. Баш претходната недела со колешка нешто зборевме и викам само 6 години сум Германија, на новава работа сеуште не знае никој колку време сум, и ме гледа и вика 6? Па перфектно збориш ми вика. А јас стварно зборам без грешка дека гледам да го кажам само она што ќе е точно. Ако сум сакала нешто да кажам, а не знам дали е der die das или der/den прво проверувам па го кажувам тоа во некоја наредна прилика.
Ова жива вистина, јас дури учев за а1 ваљда, на пијано цел филм го разбрав. @Gosh значи алкохол и шибај, речита си ти, ќе те биде
Ова оти можеш да толерираш или ти е ок како сега. Мене полека ми е многу напорно секој ден истото секојдневие, да не можам ништо за мене да направам, да не можам да влезам во продавница без да трчам, и се тоа па тоа. Сакам да се вратам барем еден ден во неделата на работа, да сменам нешто. Вака ни на фризер не можам да отидам, ни на доктор ни никаде. Ја носев со мене последната недела три пати кај доктор. Нит можам да се разберам ни бутур. Ќе најде одма да чука нешто, да фрла. Искажува незадоволство оти не сака да е таму. Ај уште тантруми нејзини ми фалеа. Не оди, лази се бркаме низ цела ординација. Една друга мајка имаше, нејзиното мирно си седеше. Моето му се пушти оти посегна кон играчките. Маж ми не можеше да ја чува, немаше кој да дојде да ја припази, мораше од денес за денес да се пријавам на термин и така. Да беше во градинка, барем ете на доктор да отидеш. На телефон кога зборам на германски а и генерално, се дере оти она не го има телефонот. Телефон инаку не и давам, и пред неа не можам ни да телефонирам, едино со слушалки не ми текнало да пробам. Ама и тоа додека наместиш. Дома зборев, ја местам во фиоки она инстант по мене вади и фрла. Кога се јавија да прашаат дали ми одговара, не ни мислев, одма да кажав. Најмалку ме интересираше дали и ручек ќе треба да праќам. И вака и така денес се прави и ручек и доручек, напорно е да, ама се фаќа ритам. Понапорно ми е со неа да зготвам, додека ми соблекува палтолони. Да не си ми у кујна е муабетот. По четири пати ми пушта машина за садови. Ама многу ја сакам. Ептен многу си ја сакам, оти си е моја. Така да и на двете по неколку саати на ден, супер ќе ни дојде. Башка што поинаку учат од родителите, а поинаку од други деца и од воспитувачи.
Со слушалки уште полошо ќе сака и таа да ги става. Иде и полошо, кај мојава хит е влече стол пр до кујна и таа да гледа што се прави ајде некогаш е изводливо , но некогаш и пржам нешто неможе така. Сега почна и голем стол да влече ќе се качи и ќе си земе се што не треба да зима. Перална исклучува кога е вклучена немам опција да ја заклучам. Во парк кога сме не сака да слушне за одење дома. Не сака да спие прави драма од се. Ноќите се уште се катастрофа. Уште не збори што ме загрижува. Порано ја мислев што прави сега во градика , очекував во секој момент да се јават да кажат дојди земи ја. Но сега веќе имам доверба а и со ќеф оди . една случка од кај доктор, бевме сите тројца за маж ми на доктор , докторот го прегледува маж ми , грло , малата почна да вика, да плака за татко и , докторот неможе да го прегледа , јас се смеам. Интересна беше ситуацијата. @gjoker4e како на теретана ?
Што и да е требало да те известат, несреќи се случуваат . Мојата еден ден ја зимам од градинка и веднаш почнува да ми се жали на прстето и тогаш учителката ми кажа дека се изгорела од коприва во дворот од градинката беа надвор. Реков во ред иако не ми е јасно како може да има коприви во дворот од градинката. Да не ми се пожалеше малата можеби немаше да ми кажат.
@Dea85 што ако сам се удрил? Не ми е јасно зошто драма се права? Знаеш каква слика ќе оставиш на учителките? Не оди само еден ден во градинка твоето дете, не дај Боже да ти се заинатат Германците, ако е имало потреба ќе ти кажеле тетките, аман деца се, секако по сто тона ќутек не јади твоето дете во градинка
Можеби очекуваш дека ќе го гледаат само твоето дете како атаклено ѕвоно но премногу очекуваш мајка. Мораш да прифатиш дека тука градинките не функционираат како во Македонија. Ехее ако и јас вака реагирав за син ми кај ќе ми беше зимата. Мојот доаѓаше и со расчукана уста во почетокот оти протестираше зошто оди во градинка одеше 2 г и барем во неделата од 5 дена он 3 ќе ги преплачеше на оставање . Подоцна прифати . Доаѓаше целиот во кал од играње надвор и велел јас имам многу јакни во сред зима го земав мокар цел . Па шо да се лутам ли на учителките кога и го знам детето какво си е ..
Мене ми е страв дека кога ќе почне во градинка, ќе ме пријават во југендамт дека ја малтретирам. Цели нозе се модринки, на образ има момено, глава подзади цела џумки. Свекрвата вели маж ми бил немирно дете, мајка ми вели јас сум била немирна. Јас велам, нашето е немирно дете, а се трудиме да биде смирено, да не се дере, да не се фрустрира, ама џабе, балкански темперамент извира од секоја нејзина пора, што оти си ја пишал Дојл. Тоа ти е. Вчера инаку на пресоблекување пелена, се гребна таму, кај што ни за пет илјади животи немаше да верувам дека е можно, и крв си пушти дури. Да ми кажуваше некој дека сама се гребнала, немаше да верувам, ќе испанечев да видев крваво таму нормално. И вака испаничив де, се расплачав дури од сите маки, ме слушна маж ми, се исплаши и излезе од работа и он ја облече натака. @Dea85 може сам се гребнал,може на пресоблекување, може на играње. Може не ни знаат, а може преќутеле. Знам дека ти е мака, ама смири го тонот. Можеш да ги прашаш, ама не на кавга. Убаво рекоа, не си за еден ден таму. И мислам дека подобро е да си под размислиш, дали стварно толку многу градинката ви прави одбивност или во вашите очекувања лежи проблемот. Ако секој ден вака се остриш, нема смисла да се полните негативни енергии. Може е подобро да си го чуваш дома. Може и генерално не се осеќаш пријатно овде, па во тој случај, незадоволство пренесуваш и на дете. И тоа не е убаво, оти ако останете, тоа дете треба да се социјализира, а не да живее во прераскажани спомени од родителите. Не е лесна никоја промена, и треба секој да си направи само рефлексија за да знае како понатака. Не дека на нас не ни фалат многу нешта, ама очигледно тука некои предности ни се допаѓаат иако не е се совршено. И јас пцујам еве секој ден последната недела, ама знам дека па ако бев во мк, ќе немаше во мое село ни кој да ме прегледа, а тек па со специјалист за имунолошки болести да разговарам. Резулатите во тој случај замисли нема кадар ни да ми ги прочита, оти сум една на не знам колку со ваква мака.
Си станав сабајле, си се натокмив, отидов до Биро за вработување на термин у 08.15, пољубив вратата и си отидов на кафе и бурек у Алди. Јес да бератерката ми пријавила вчера или завчера и втор термин, на 4ти Ноември, али денешниов не го избришала, нит ми стигна Смс дека е одложен, туку и потсетување ми стигна да не го пропуштам. А јас си мислев ептен си се бендисавме со неа на првиот термин, па сака дури два пати да си се видиме. Нејсе, не се лутам. Нормално е, се дешаваат грешки. Не можам да се пожалам до сега од лош однос и несериозност, за разлика од таму од каде доаѓаме, каде ако завршиш работа од прва, не ти се верува. Исто и за на доктор. Не пишувам по форумов, ама на кратко имав трауми од болници се додека тука не дојдов. Не викам дека е совршено, оти не е. Ама грешки сме, луѓе правиме. И обратно... Има некој ред, има некој систем, и многу ми е мило кога и наши луѓе дојдени од Балканската дива лига ќе ги видам како работат и функционираат во (по)цивилизирана околина, и колку и самите се поуслужливи и одговорни, и по смирени. Исто и на себе мислам. Значи не е до поединецот , туку до системот. @Dea85 јас те разбирам, и мене да ми дојде дете дома гребнато доле и со крв на гаќите, ќе се вознемирам. Ама најубаво да прашаш убаво што било, со смирено, па ако се повтори тоа е веќе друго. Гледам дека не си задоволна тука, и дека во секоја постапка дискриминација и шиканирање гледаш... Запиши се на курс, научи јазик основно, здружи се со некоја мајка, пиши по групине на Фејс дека бараш друшка за кафе или децата да си играат. На почетокот на секој му е тешко. Ти барем имаш семејство, и не си сама. Некои дошле сами, со излетничка вреќа за спиење дома што спиеле у неа у куфер оти не знаеле дека има централно греење и со 200 евра у џеб, па преживеале, и еве арно живеат. Ќе преживееш и ти.
@Dea85 Ти си уште од прв ден наострена, изгледа дека уште пред да почне во градинка си имала одбивност кон германска градинка. Гребнато е детето со нокт, со сопствениот или вработената, додека се менувало памерс. Значи менувала, она или само се гребнало, секунда работа, се облекол памерсот и протекло малку крв. Се има случено и брза помош да викаат дете кога паднало на глава и многу крв течело, а родителите не кревале на телефон. Да ја тужат градинката ли требало? Кога ќе речете за градинка, не е ова Мк, не ми е јасно. Колку што знам туку подобро ги чуваат децата до 3 години, а над 3 години скоро па исто како и тука. Сигурно во Мк не ги чуваат во стаклено ѕвоно. Дома сами деца се повредуваат, а не пак во градинка каде што има и двор и се многу деца. @јolene Кога те читам исто како јас да се читам кога малава беше бебе. Значи треба до школо да издржиш. На 2 години беше многу страшно, на 4 уште пострашно. Тоа што го имаш пишано ништо не е ама отпосле се сфаќа. Туку нормално е мајки со бебиња да одат на термини, никој ниту бара ниту очекува помош од некој. Јас на месец дена одев заради тироидната со малиов и кога ќе ми земеа крв на секое плачеше, па после секоја крвна слика мораше кај матичен, па на радиологија не смееше деца внатре па цел град слушаше како рика без мене надвор додека мм го чуваше. @јolene тајна е што имаш? Сега демек и автоимуни болести се лечат кога ќе се сменел човекот па јас така последниот период не ги пиев лековите за тироидната и бев решена со главата да ја средам и ок беше крвната слика и веќе не ни имам проблем еве до ден денес. Јас фактички се сменив со тоа што кажував се што ми паѓаше на памет, секунда да ме изнервира некој во истата секунда враќав. Инаку ќути на секој, собирај во себе во грло и на крај тироидната. Мм викаше ваква не си била не може човек ништо да ти каже. Викам не бев ама затоа тироидната ми настрада, ако не сакаш да ми ја вадат мораш да ме трпиш и ти и сите. Па и сите се заќутеа ете откако почнав да враќав. Конечно. Ама требаше да ми се случи нешто за да сфатам. Сега уште незамешан некој за деца ќе настрада.
@gjoker4e доле ги чуваат по цел ден во градинка/ забавиште . Бел ден невидуваат а случајно ако ги изнесат надвор мајките почнуваат да кукат зошто биле надвор, ќе настинеле зошто не им било најавено однапред дека ќе одат некаде надвор да ги спремеле облекле ладно било а надвор 20+ степени.... Ова од сигурни информации ми е што го пишувам бидејќи роднина работи и кажува какви се проблеми имаат со мајките доле. Искрено додека беше син ми во градинка јас како да одев ѕплку мн ми беше мило што кога јас бев тоа кај нас го немаше. Децата се вистинаки деца овде .
Тоа сакав да пишам на Деа, а кога ќе оди да го земе од градинка и ќе го види во двор на дожд без капа дека самиот не сакал капа и никој нема со сила да го тера. Ама ако пишев се рефератот немаше крај да ми има. До сега ниту еднаш не се разболеле моиве од носење на дожд и ветер надвор. Тоа само чекав да видам дали ќе се разболат ама не, ми изгледа како само поголем имунитет да имаат.
@Dea85 каква комуникација имаш со учителките во градинка ? Разговарате при оставање на дете , што земање ? Гледам дека имаш многу негативност и одбивност према нив во секој пост . Плус пиша дека уште сте во фаза на навикнување. Учителите кажуваат секогаш , кога се има некоја поплака да се дојде директно кај нив , да се зборува отворено . Да не се собираат проблемите , да дојде до момент да пукне тиквата . Или си мислам може и таков е нашиот менталитет. Трпи , собирај во себе и на крај да се спука работата . Овде се многу отворени , барем тие што ги познавам. Отворено се збори ако нешто не штима , ако има некој проблем кој лежи на душа . Нема криење и слично и затоа нема доаѓање до крајност да мора да се прекине целосно контакт . Се решаваат проблемите на време , додека е топло . Не сакам многу да откривам од мојата приватност. Работам во градинка , и имам можност да видам со каква љубов и грижа работат учителките со децата. Верувам дека многу од децата , не добиваат такво внимание и структура во домот . Знаат да комуницираат со децата , да се грижат за нив , да гледаат кој каков интерес има и да се подржува сето тоа . Повеќето време кога е убаво времето , се надвор , на лулашки , децава сите спрастрени , облечени . Многу случки има каде родителите покрај воочување на проблем кај детето не гледаат така , ги кривата учителките дека им прават проблеми . А со самото негирање , му штетат само на детето . Друго што сум приметила во градинката на синко , сабајле на носење , ни една мајка не знае да каже добро утро. Од сабајле се накурчени, гледаат да го остават детето и да заминат. Јас сепак викам добро утро и гледам само какви реакции ќе добијам . Најчесто татковците се тие што кажуваат
Исти се и кај мене тумруци само родителите од групата на малата ме поздравуваат и родителите од групата на големата што уште останале,исто и од првата група на малата. Ние со колешката измисливме нов збор Hallonichtsager- Epidemie ни ги фати колегите од еден аптајлунг.Прво една не кажуваше сега сите почнаа да не кажуваат. Кога големата ми беше градинка ја земав еден ден со дупка во белката на окото.Беше 2-3год .Едно дете и бркнало во окото со молив.Буквално беше дупка ептен повредено.Занаете што направив па ништо што можат тука воспитачките ништо.Реков се надевам не е сериозно и толку. Кога и да се повредеа не реагирав бурно пошто моите се трапави и дома се повредуваат.На нозите се цели со модрици особено големата беше како некој со чук да ја тепал. Деца така растат.
Женски здраво, поздрав до сите. Имаме едно прашање, овој тикетов што е за јавен превоз 50€ месечен за цела Германија, дали кога се вади и плаќа со картичка, дали картичката мора да е германска и да е на тој што ќе биде и тикетот? Или пример може да купам таков тикет со на дечко ми картичката што е на негово име и е германск а тикето да биде за мене.