Кога плаќаш ти ја држиш картичката и никој не знае каква е и чија е, може и украдена да е. Значи може со картичката на дечко ти. А не може кеш?
Можеш да платиш како сакаш, на тикетот пишува само месец,година нема име презиме и чива е. И мислам дека е по групи, не секој тикет важи за цела германија..обично важи по зони, град кај што престојуваш. Тој од 50€ додуше тој на ВВГ кошта 59.99 и важи само за тој град кај што си.. Распрашај се убаво пред да купиш
На тој што е за цела Германија мислам дека мора да стои име и презиме и само таа личност смее да го користи и со тикетот обавезно носиш и личен документ со себе.
Здраво, Може дечко ти да ти извади од неговиот акаунт, има таму еден дел каде што може да штиклира дека картата не е за него туку 3то лице, таму ќе внесе твои податоци и твој меил, па податоците ќе стигнат и кај него и тебе на меил. После тоа можеш да си ја симнеш дојчебан апликацијата и да ја прикачиш картата со број на претплата и презиме. Јас предходнниот месец имав три карти од мојот профил сите 3 гласеа на различно име, само откако ќе ја купите картата не заборавај ведаш да ја прекинеш претплатата ако не ти треба картата и за нареден месец.
Неделно се станува во 6 ипол нели. Одма спремна за акција, а на нас главите ни паѓаат. Надвор ладно, она маж Хозе довлечка и го натера да ја носи на шетање. Да си запишам да не заборавам, некогаш моите генијални идеи треба да си ги задржам за себе, оти сега ќе ме апне една за газ. Освен нели ако универзумот не реши пак да ме спаси. Немам што да кажам. На Дојче бан ми е дојчланд тикет, поима немам кој плаќа. Има име и презиме, датум на раѓање. Треба да се носи документ за идентификација. Утре понеделник, мразам да телефонирам. Да ставам уште едно кафе и да расчистам низ дома.
Утро и од нас три од трите се болни бебиња со темпрратура. Едно одбива млеко сака само чај и вода малку касна и каша јаболка и банана. Еве го сега спие а мене. Скок ли е незнам што е денес 6м прават воедно и тт имаат носот тече . Од мирни бебиња станаа кенкави и во раце само сакат да спијат.
Кај мене во 7 станаа едното насмеано како сонце другото вечно намрштено. А кога ги будам во текот на неделата едвај во 6:50стануваат. Важно се исфарбав ,сега потемна ама од вчера сакам бела.Па не знам дали на феизер да идам или да си купам фарба.Не бев многу подникната ама грдо ми е кога ќе се видам со црно бела коса па плус блонд . Викам сега кога ќе се направам бела само црното ќе ми се познава па сите ќе мислат ептен млада сум. Имам Wäscheberg што викаат колешките,па ќе морам да пеглам .А маж сака да шета.
За валидноста сигурна сум дека е за низ цела Германија пошто на сајтот им пишува throughout Germany дека е валидна и другар ја користеше за многу градови. Ќе памтам пред 10 да ја откажеме дури и reminder ќе ставам. Предобро чим можело да се купи тикет со картичка на друг. Фала ви, имајте убав ден
Ја само што ја успав, се надевам ќе дреме подолго, инаку маф ни е. Ќе бара вечер во 7 да спие и ќе стане утре во 5. Да се врати маж од кај и да е, ќе го пратам да си прилегне до неа, да средам кујна барем. И балкон ако се стопли барем малку. Три балкони инаку, еден доволен е, другите два ми се вишка. Додуша тој едниот за ѓубре ни е, кантите таму стојат. Е тој третиот за џабе е. Привремено реков овде. Привремено. За фризурата, не ставај врз темна фарба светла, ќе станеш портокалова или ќе нема никаков резултат. Изми коса уште еднаш, може ќе ти се допадне, секогаш е најтемна после фарбање. Ако мора да се поправи, тогаш на фризер и некоја стотка спреми за тоа, а и временце така 2 саати барем. Јас сум многу многу за фризер, само не дошло на дневен ред. За децата палави што зборевме нели, јас мислам горе доле сите се исти на одредена возраст и се што прават е нормално за нив. Сите реакции и тантруми и се. Е сега што повеќето од нас се постојано дома и сами со ѕверчињата, малку е многу некогаш. Кога имаш баби околе, бар пола саат да пуштиш некогаш, фајде е. Вака додека дреме што поправо да фатам, па на крај ништо. За купот алишта. Цело лето не пеглав. Носевме последно од лани јули што испеглав. Сега не планина, планински венец имам, ама неделава планирам навечер кога ќе заспие, со некоја серија во позадина. Таман да испеглам, закачам и спакувам за догодина. Ја во зимо не пеглам. И што да пеглам, не сум на работа, две години сум само во тренерки низ дома. Маж ми он секако два дена од дома, мислам дека у пиџами надолу е. Кежуал инаку некој дуксер. Стално го прашувам дали на работа не му одат колеги костумосани, вели имало и такви со сандали и чорапи и такви со тесни костуми. Он си држел средина. Не му се мешам.
Не важи за Ице и брзите. Само втора класа. Во сите други возови, трамваи, убан, сбан, бусови низ цела Германија. Пред 10ти во месецот треба да се откаже, ако го користиш само за еден месец, откажи пред крајот на тековниот.
Второво спиеше од 20:00 до 8:00, нит заби вадеше, нит тантруми, нит плачеше нит плаче, трпение огромно има, гушкало само ме гушка бакнува вика колку си мека. Вчера не сакаа варени јајца па само он сакаше, а само уште едно остана и почна да јаде и викам нема веќе и он вика еве и го подели на пола и и дава една половина. Некој да ми кажел дека постои вакво бебе/дете немало да му поверувам. Навечер цицаше и заспиваше, нит плачеше нит ништо. Знае да почека од раѓање. Знае кога е време за спиење/будење. Сабајле стана во 7:00 и му викам почекај уште малку те молам да полежам и си лежи до мене ме чешка и после пак вика ајде стани сега и станавме. Додека пак со првово само што ќе се разбудеше мораше одма од кревет да станам така додека ми се врти срес и срцето ќе ми пукне мислев. Скроз различни деца додека беа мали ама сега он 3, она 7, скоро па исти се, двајцата мирни, паметни, послушни, трпеливи, вредни… Со првото имам 818282892 мислења на фемина напишано, со второво скоро па ич.
Кога те читам тебе за деца да ти е ќеф деца да имам … Се надевам второто ќе ми биде како твоето второ или ја немам јас таа среќа. Е ако е бетер од малата тогаш психијатрија не ме лекува . Куќата е бомба , алишта за пеглање, машина за пуштање, кујна лом, дневна лом, а јас ненаспана многу добра комбинација.
Првото ми е женско, второто машко. Од форумов како што гледам женските се хаос, машките се мирни. Некаде читав да си мислиш дека ти си тоа дете и да бидеш таква каква што би сакала мајка ти да биде во тој момент. Помага тоа. Мисли си дека си ти тоа немирно дете и прави како што би сакала мајка ти да прави. На крајот од денот најважно е доволно љубов да му е дадено на Гоа немирно дете, куќата/станот не е важна каква е, и да не заборавиш да пиеш/јадеш (нешто што јас не го правев па и коса пропаѓа и заби отидоа). Значи прво се грижиш за себеси, па за дете, за куќа/стан случајно ако остане време.
Моето второ е поедноставно ,ама не спиеше и е мрзле не сака да шета,да трча додека дада и обратна беше ама напорна. Јас пеглам само за мене за оваа недела и за децата за школо ,градинка.Некогаш тие од трокнерот не ги пеглам.Колешката па си има спреј кој помагал за да се исправат алиштата,затоа гужвана оди.Мене ми е ептен грдо за око кога некој е изгужван.Пов3ќе ќе прифатам блузата од вчера пак да ја облечиш отколку да не се испеглаш. Ама јас сум од старата генерација. Не сум почнала да пеглам ама супа од тиква направив ,уште полнети пиперки и баница и можам да си легнам.
Јас од другиот месец ќе земам таков билет. Ќе има мои податоци. Небитно е на чие име е картичката. Треба да е германска.
Јас пегла во рака немам фатено. Ниту на крај памет ми текнало да пеглам. Среќа што мм сам си пегла што ќе носи утредента и за ништо не чека од мене односно не ме третира како мајка да сум. И од трокнеров нели последните минути за пеглање се, пегла е покажана. Нова тетоважа имам. Колку ме болеше, се препотив, глава ме заболе, дури отпосле ми текна на Гугл да видам каде боли најмногу и баш тука болело. На претходната само вибрации осеќав, болка воопшто. Ова сега беше страшно и си реков во право се старине дека тетоважи само за дрогираши се. Па ваква болка да трпиш не е нормално.
Добро е што не сум единствена што не пегла. Тука еден ден немам пеглано. А немав ни пегла. Кога бевме во Мк ја зедов пеглата. Сега стои во плакар. Маж ми вика што жена си да не сакаш да пеглаш Како ги вадите дојчланд картите? Јас преку апликација пробав, ама не успеав.
А фитнесот Џоки што биде? Ја порано кога морав се пеглав, и маж ми е пеглан на работа, само што има преку 50 мајци и тамам еднаш во година за цело лето. Толку е лето тука де. Затоа и ги пеглам 5 саати неговите и тоа. Моите се на пола помали. Побрзо иде. Малата сега е дома, ретко ја пеглам. Кога ќе тргне да ќе ја подотерам. Аво мори како не те мрзи да готвиш. Ја цело време викам да средам прво, па после ќе фатам кујна и никако да средам.
На фитнес уште не отидов ама се помирив со тоа дека ќе почека ама 100% ќе отидам. Кога ќе отидам нема сопирачки да има. За да надокнадам изгубеното време дома вежбам, дома секако вежбав и претходно де ама сега морам некако. Не можам да викнам некој од вработените да ми покаже бидејќи се црнци. Во теретаната фактички нема вработени тие се доле во продавницата за протеини и такви работи. Отворено е 24/7, влегуваш со код. Има посебен дел само за женски. Таму ќе почнам, па после во тој за машки, па после 6 месеци во друга тератана кај што ми е бившиот симпатија, бившите колеги и сегашните колеги. Хеланките што ќе ги носам купени ми се пред 3 години специјално за тератана!!! Ете до толку ми трае остварувањето на целите значи ама сега сум најблиску.
@SanelaS Ti blagodaram mnogu, duri sega go gledam tvojot komentar..Imav prilika da go posetam Freiburg mesecov (samo na nekolku casa) no od ona sto vidov bi rekla deka e zadovolitelen grad. Mislam deka genralno mi dopagja..Vo odnos na vrabotubanje, moram da priznaam sum malku skeptik, od pricina sto ne go vladeam Germanskiot jazik i pretpostavuvam moznosta da se najde rabota so Angliski jazik e navistina mala..Toa e mojot generalen vpecatok koga prebaruvam na rabotni oglasi..Neznaev deka ima mnogu Makedonci tamu, mi posoci za Karsluhe ili Freiburg? Ti blagodaram i ubav den