Јас бев у советот на родители и малку по одблизу ги гледав работите како се всушност. Но напуштив бидејќи ќе немам толку времњ сега. Кај нас се вкупно околу 60 деца со се мали. Децата сами си се облекуваат кога одат во градина, сега 5 ако побарат помош одма претеруват. Јас сум уште тука. Ќе видиме шо ќе каже утре ехото.
@Ava.84 со маркер за текстил ги потпишав некои али иде толку тешко се размачкува и не е прегледно. Потпишувам на етикетата на Јакоо има и место каде да напишеш име. Си велам ако потпишам кај јаката горе цела ќе се размачка. Каде грешам?
Јас ги оставама етикетите на страна што се и горе кај јаката.Имам еден маркер тенок ама не е за текстил за кабел е , не се брише и си го чувам под клуч.Не се размачкува.Мм од бауштела го донесе имам и едунг подебел ама тој се размачкува. Не си ти грешка фломастерите ако се од дебелите така прават.Имам една познаничка таа пак ми предложи со пенкало на јаката. Ако ми се размачка го оставам такво важно е првата буква да и се гледа.Нема исто име и иста буква па ќе претпостават на чиво е алиштето.Пробај врз маркерот со пенкало.
Со перманентен маркер. Така се и потпишувам, и алиштата, и папучките. На алиштата знаев и да и сошијам некоја лепенка, да си го познава сама дека е нејзино, цветче, пеперутче, нешто. Edit>Последно ми купил маж од Кауфланд тенки перманентни/ алкохолни фломастери, многу се подобри од дебелите.
Јас денес не забележав ни чаши ни шишиња во игралната. Очигледно не ги нудат за вода ниту гледаат вода. Кај им се чашите во кујна?
Во игралната и таму кај што јадат. Ги нудат не се грижи.Туку тргнавте ли прв ден? Учи ја малата да вила wasser.
Да денес. Одлично помина наместо пола саат, саат и пол седеше. Најмала е огромна разлика има од другите деца они веќе зборат преку 2 години сите. Моево 13 месеци лази, стои и вриска. Сите настинати срце ме стегна веднаш. Вода навистина немаше јас станав од торба да ја понудам другите деца сакаа и нив да им дадам шише.
Штом е толку мала, веројатно во јасли почнувате. И со моево во јасли, секое си имаше свое шише. Чаши мислам шољи имаа, за ако им даваат со ручекот/ужинката млеко или чај, ама главно беше секое дете да си има шише. Полесно дете манипулира со пластично шише, плус секое си знае кое е негово, да не ги мешаат па од едно да пијат повеќе.
Супер е.Ајде со лесно.Така е со деца сите се со мрсули до земја хахаха. Учи ја wasser да вика за вода. Во градинката кај ќерка ми групите се до 2 години и после од 2-6 друга група.Ќе порасне брзу и кога ќе видиш после едно како неа сега ќе се чудиш колку мала била
Ја учам со месеци барем во во да каже, не бре јок. Прво се врти кон шишето и плаче наеднаш и јас си ја знам и знам дека е вода. Им кажав и ваму многу пие вода давајте и цело време. Абе ава мрсулите не им ги бришат? Сите беа до уста, оти така? Не сакам ни да замислам такво нешто, а не да видам кај свое дете.
Па имаат салфетки сами да си се бришат.Ама им ги бришеа кај нас на малите. Леле не викај така и мм цел живот истото го збори па нашето дете не му тече носето и затоа кашла без престан.Полесно ќе поминевме само со растечено носе. Туку кај ви се погоди сега да тргне малата на градинка кога слушам на радио сакаат да ги затворат ради корона и градинките и школите. Во Берлин веќе 1 случај и испитуваат персонал од болница која била со заразаниот. Сабајле на фб матичниот на малата истакнал ако сумјаме на корона да не одиме кај него туку оставил број кај да се јавиме и од таму ќе не упатиле.Знаете како оди постапката?
Zeni kupuvate li zalihi na hrana nekoja ili ne , jas nemav paniki i mislev deka nisto specijalno ne e potrebno da natrupuvam ama eve deneska bev vo market i malku paniki me fati ne zaradi virusot tuku toa sto site grabaat i eve vo celiot grad nema maslo i brasno.
Да, ако има сомнеж на корона има посебни броеви и идат дома медицински лица да ве тестираат. Тоа е да не ги заразите другите. Не се плаши воопшто, како обичен грип е, кај децата речиси и нема случај на тешка пневмонија. Им мине како на кутре. Ние ќе полежиме некоја недела. Децата немаат ни симптоми замисли. Во Берлин си? Еве јавно ти завидувам. Ако сакам негде да живеам во голем град тоа е тоа. Свое на своето таму. Апсолутно не. Залихи од памперс и храна за малата и кучето имам секогаш за да не трчам. За нас залихи никад. Особено сега каде корона вирусот ќе опфати и во индина 70% од наделеноето. Ако не оваа следна ќе се вакцинираме вакцините ќе испаднат наскоро со антибиотик. Не се вознемирувај воопшто. Со распродажба правиме само лошо на економија и паника без везе. Нема простор за паника раце миење, кваки на врата, волан и толку. И ракија секако. едит: на радио слушнав за месец дена се продадени средства за дезинфекција за две години. Јас имам за малата еден пакет за раце али оддамна купувам бидејќи се шлакам на секое. Човечка психологија е толку лесна чудо едно.
@FreeMind Етикети потпишуван со најобично пенкало, гумените чизми исто и до сега ништо се нема тргнато на перење. Памперси и марамици потпишувам: На обичен лист хартија пишувам име, на него салотејп и го лепам на нив. Така би направила и со шише за вода. Прво на лист со пенкало и со салотејп. Салотејпот го лепиш над хартијата. Од залихи имам две течни пудри. @ddevojce И јас како тебе размислувам ама знам дека нивното е подобро. Малава на пример мн е радосна и горда што знае сама. Искрено да не одеше во градинка сега немаше да знае сама да се облече. Веќе не ни чека да и поставам чизми пред неа туку сама ги зема и облекува и вика јас сама и се смее. Јас дома. И ги сервирам чизмите пред неа и и ги облекувам. Во градинка. Сама ги наоѓа и ги облекува. Што е подобро? Се разбира второто! Децата се гордеат што можат сами. Ако не може да ја одлепи лепенката ќе се почуствува неубаво. Ја знаеш онаа рекламата со милка чоколадата кај што дедото глуми дека не може да ја скрши, па внукот ја крши од прва и се радува. Епа така и со лепенката. Со некои полесно што се одлепуваат ќе добие на самодоверба.
До сега не се замарав за Корона, не ни читав ниту ме интересираше.Ама сега прочитав дека ако заболениот бил во контакт со 60 луѓе сите требале 2 недели дома да останат А кои ќе не снабдува со намирници не разбрав?Ова изолирање на можните заболени од здрави личи како гонење на вештерки.Ако еден заболен се возел во јавен превоз кај ќе ги најдат сите да ги стават дома?Или ќе одат еден по еден од камера ќе ги тражат Едно школо кај нас е затворено.
Женски ве читав за тоа групи 3/5 4/5, за поврат на пари. Ај ако може некоја поубаво да ми објасни што како. Моите се во Германија и не се разбираат многу, многу, а сега скоро се заминати нема 2 години како се таму. Не знаат ни јазик убаво. Ако сака некоја нека ми пише во лп кога ќе има време.
Здраво . Се надевам повеќето од вас имаат искуство околу пронаогање на стан па ако може подетално да ми објасните како оди преку овие страни како имовелт и имоскаут . Прашувам за семејство со две деца на трособни станови и секогаш одговорот е дека тој стан се издава само за две особи . Барам стан веке подолго и никаде не се наоѓа . Дали има некоја друга страна или можеби имете искуство преку агенции за посредување конкретно за Ерланген ме интересира . Извинете за долгиот пост и ке ви бидам благодарна за било каков одговор