Ах Ава за едни штикли. Јас замисли го прашав за четврток дали има планови дека и јас сум слободна па може заедно нешто да правиме ама одржав ветување после 10те лајка Јас обожавам вакви предизвици. На пример ако соберам 10 лајка да мора да отидам во маркет и само една краставица да купам. Ова е пример само. И да чекам некој згоден да е на ред па јас позади него со краставицата. Дури сега се освестив од вчера. Кифлите: 500 мл млеко да се стопли и се додава квасец; во друг сад 1 мала лажица оцет, 1 филџан (250мл) зејтин, 1 м лаж шеќер, 3 м лаж сол. Па во садот се додава млекото со квасецот па 1кг брашно (900-1100гр). Тестото се меси цело време на внатре (ова мм ми кажа, вие може си знаете веќе). Се дели на 4-5 топчиња и од нив се сука кој како си прави кифли секој различно и над кифлите се става одма се мачкаат со жолчка од јајце и парче путер преку целите ставам и да отстои саат и пол (секогаш 2 саати ме фаќа мене), пред да се печат сусам ставам, печам на 230 степени 9-10 минути. Кога киснат ги покривам со најлон па крпи, кога ги вадам со алуминумска фолија, најлон па крпа, ги собирам топли и во замрзнувач.
Чекај сега, не го оставаш да кисне тестото, право ги оформуваш? Или кисне еднаш и после ги оформуваш и пак кисне? И друго, кое брашно? Порано многу правев и едно дијамант имаше, ми беше погодено. Сега правам со интегрално, ама тоа за по дома ми е и друго е процесот. Ако го оставам два саати да кисне, ќе ферментира и ќе мириса на алкохол. И фолкорн не ги мачкам со јајце, чудни ми беа последно. Ама бели сакам да правам за една друга прилика, затоа прашам.
Прво ги оформуваш па кисне. И кога ги оформуваш треба да се памти да се виткаат навнатре. Значи од сам почеток месам навнатре и после цело време навнатре (и тоа мм ми кажа) и изгледа многу битно е тоа. Брашно од Норма црвено тип 405. Со едно бело и на него си пишува дека за благо е не ми испаднаа ама Лидл само такво брашно има. Не ми се ризикува со друго брашно да пробам па цело време одам до норма по ова брашно. Пред 4-5 години имам по грешка со волкорн брашно ама наша кифла си е наша кифла. Нов симпатија имам, италијанец. Никогаш не сум сакала Италијани ама овој не е типичен кога имал 8 години се доселиле тука и на прв поглед ми се засвиѓа. Мене уствари или на прв поглед ми се свиѓаат или не ми се свиѓаат. Рок на траење околу година им е. Денес точно една година откако го запознав симпатијата. Лани многу брзо ми беше знаци да му давам, годинава исто време касно е веќе, отиде возот.
Од сите дуќани што ми се пристапни, само норма нема. И норма бе. Во тоа еднаш имам влезено, пред 6 години и толку. Со точак ми е 10 мин, ама немам приколка. Не дошло ред за неа. Со јавен, пола саат. Ќе барам у Едека дијамантот.
Мислам дека беше тип 550, ама многу одамна правев последно со бело. Сигурно од пред 7-8 години. Од тогаш имам и пола кг шеќер останато, и тој негде стои, или еве сега ако сум го фрлила со преселбата. И гледав на сајтот на дијамант брашно, има некое и професионално. Може и тоа ќе го биде. Абе драма околу брашно, чиниш којзнае колку битно. Ама знам дека не ни е исто брашното, и ако нешто сакаш потака да замесиш, ако не ти се погоди, џабе си се трудел. Леле сега ја гледам како го ставила името на спојлерот
А ах ха нормално. Знам мене пастрамајлии не ми излегуваат од ниедно брашно.Ама кога дојдоа пред 8 години и мајка ми и свекрва ми и тие не ги погодија знам дека не е до мене до брашното е.Најмеки ми излегуваа порано од чиебата брашно од лидл.Сега го правам полепливо и го киснам неколку пати.Ама пак е тврдо. Среќа ги правам 2 пати годишно.
Епа исто де, пробав тогаш и се депримирам, додека го погодив ова и тогаш излегоа кифлици невидени и убави, меки. Слики нема којзнае кај се префрлени, да се пофалам. И после набрзо ми кажаа дека шеќерот ми скока на гладно, одам у сива зона и не јадеме веќе бело. Освен нели еднаш во месецот, кога после правам 100 милјарди чекори, да помогнам да се разгради. Тоа чиебта, ако се сеќавам добро, беше готов микс, со се квасец нели? Само со вода месиш. И тука да, такви се сите брашна некако лепливи, не оди во висина туку се шири. Првата година си дошлепав и вреќичка брашно жито лукс. Ех, сега си се чудам на умот .
Ти не си пробала биено сирење во автобус да си донесеш, затоа мислиш си уникат Месам без глутен, ништо не ве разбирам
Да ама јас пак ставав пола квасче. А јас со автобус првпат кога дојдов,мм кажа скапо гројзето па домкнав 5кг гројзе оти синчето стрв го фатило да не му биде нешто.Плус контрола имаше на некоја граница словенска изгледа.Ама му го однесов.
Епа така де кога немате симпатии Шеќер не смее да јадете Глутен фри Висок притисок Волкорн брашно Што ти не
Ние земавме кедит во банка и колата ја плативме во салонот во кеш имаше 89 .000км возено. Сега го исплаќаме кредитот во банка а колата е целосно наша сега кога сакаме може да ја продадеме додека не е исто со кредит од салон кога ја купуваш. Бар така ми објасни маж Ова останало од вчера @Yowannty околу кредитот и колата кога имаше пишано. . Се што имам пренесено авионски со кола сеуште се немам осудено толку глупости да пренесам. Или јас се опаметив си купувам тука се што ми треба . Порано тазе и незнаев за нашите продавници овде па мкнев и тегли ајвар и суви пиперки и зачини сувомеснати работи колку донесов кулен и чајна еј и ВЕГЕТА кај ми е паметот. А сега таман па ништо не носиме од доле и раат минуваме на граница.
Јас јуфки носам кога сум со кола, една тегла мед, една ајвар, ракија секој три години по литро. Уствари повеќе алкохол (пиво мк е е надоле), чоколади и играчки и патики и облеки нарачани. Мм на времето носел смрзнато печено свинско со автобус, дури царинк Словенски на клнтрола го прашал што е ова си кажал и никому ништо го пуштиле уствари цигари барале, ама ова пред 15 години. Мене вчера паника ме фати дека не резервирав седишта за престојното патување ќе морам денес да завршам. Туку купив лего за поклон кутијата гледам огромна, пријателка ми вика отвори ја свиткај кутијата на рабовите кесичките надвор и после дома само залепи ја ама да не се распартали ми е. Во крш истото тоа е дупло поскапо.
Повеќе од 10 000еу не примаат кеш. Уствари во мерцедес беше 5000еу, ја купивме од друг овластен препродавач, па он “качи” на 10 000. Остатокот мораше од конто на конто да го префрлиме.
Да да, на конто мислев, не кеш кеш, моја грешка. И сега така повеќе од пола ја плативме. Твојот совет беше пресуден. Две беа исти, едната скроз нова, другата со 10.000 км само и неа ја зедовме.
Со здравје да се вози Каков модел зедовте? Ние уште гледаме комбе. Треба една да продадам за да зедеме комбе а уште не можам да се решам која.
Фала ти, да си купите поубава. Пежо е, седум седишта, SUV. Точно не го знам моделот, некој од новите е. За нас голема промена оти од фиеста влегаме во огромно чудо. Ама душа и извадивме на фиестата, со маж сами, па со деца и не прошета многу пати низ Европа, и толку многу товарена била и толку многу емотивно сум врзана што баш ми е тешко за неа. Не ни е прв избор, согласно буџетот и моменталните трошоци. Јас искрено се надевам на Волво следно, вака нескромно да си кажам.
Супер, одличен избор . Мене четвртово дете ми мати есапи, инаку СУВ со 7 седишта е најдобар избор и за мене.
Ќути дете, ти навремено си фати, мака немаш. Да знаев дека симпатии се лек, сега ќе јадев чоколадо. Апропо чоколадо, ми купил линд и некои браунис, се без палмино нормално, да сум смирела душа малку. И он се чуди искрено за гостите што ќе дојдат, а негови се . Ама сега мц, не е на работа сабота, утре попладне ќе дојдат, он ќе си ги гледа. Ја може нешто работа ќе имам, не знам, не сум сигурна уште. Сега уште ми е желба малку покасно да дојдат, накај 4-5 ако може, поима немам кога ќе тргнат. Важно од корпата за алишта се сум успеала да исперам, а кога ќе исушам, тоа не знам. Ја уште немам сушара, еколошка сум, сушам на ветер и сонце. Ама времето ме дупли, сега дожд и влага. И тоа. Три кутии ми останаа уште не распоредени и фиока да најдам кај да чувам крпи, оти малата од сите можни места ги наоѓа, вади и разнесува низ цел стан. И ќеси за ѓубре исто. Да побарам ако останале од тие за заклучување негде, се ми се чини имаше уште две. Помошник на мајка . Ноќеска спиевме, се надевам и оваа ноќ ќе не остај да одмориме.
Јас пак многу сакам гости кога ни идат од Мк. Малата многу се радува кога ќе дојде некој наш. Ама оваа година никој не не' удостои да дојде, прво беа пасошите проблем, сега не знам ти што. Е не фати инает, и ние не си отидовме летото. Им реков ако сакате да не видете ја знаете адресата а не ние по трипати годишно да се акаме по патишта. Изгледа до толку им недостасуваме што никој не дојде.