Не дава навигацијата преку Унгарија јер го нејќе Орбан. Ама ние намерно биравме преку Унгарија, и освен што не извозе низ села, не беше лошо. За нагоре не сме оделе, јер стално морето ни е таргет, ама за надолу до Мк немало проблем. За максимум саат поминавме, 5 6 саати ги чекавме на мк граница. Стандардно убедливо наЈлоша граница евер.
Фала девојки. Ќе гледам тогаш да тргнам порано, па да фатам бар од 16 до 20ти нешто да прошетаме. А за патов ме испомешавте, освен дека на Хоргош нема да идам дефинитивно . Ќе преспиваме по пат негде сигурно, Војводина или Хрватска, па може од тоа ќе зависи по кој пат ќе тргнеме.
Со кола си немам одено не ни планирам со мали деца , едвај саат време издржува со разни занимации, грицки.. Инаку внимавајте тој период пред нова година овде многу имаат одмори и си одат на балканот па може многу да заглавите по граници. На шпиел платз многу деца кашлаа па и мојата од денес и нос и тече. Нели Германците викаат нема лошо време има само лоша облека , незнам зошто кога е убаво времето на шпиел пл е полно со деца , кога е ладно нема никој жив . Ме нервира кога е преполно како само тој да е шпиел пл. Може по големите градови да не е така. Друго што сакав да се пожалам , сите заби се пораснати, сите регресии поминати, скокови уште се буди после 3-4 на секој саат, саат ипол незнам што дете ќе беше. Денес не ни спиеше преку ден, а и кога спие спие само 40 мин…
Со големата одев редовно секој ден некогаш и по два пати.Не на шпилплатц туку шетавме ,ама миневме низ повеќе шпилпалацови и секаде е исто. Во лето е гужва и тоа до 18ч се стрикно германци ,по 18ч стрикно доселеници.После изгледаат како канти за ѓубре одвратно. Зимо единствени моите деца се надвор или кога врне. Што да кажам двете со тт.Ме боли стомак сигурно ќе ми дојде така ми кажа и др вчера.40евричиња за ехо ама др ептен фина и насмеана дури на крај ми кажа до догодина и се поздрави со рака.А јас се изненадив оти после короната не знам дали да се поздравам или не.
Јас сум заборавила корона и све, со колегите се изгушкав пред некој ден. Прележани сме сите де, по стопати. Ми стигна смс дури од гинеколог денес, ме бараат на контрола, и нив сум ги заборавила. Приоритети, шта чеш
Мене гинекологот ми беше интересен. Вика за што сте дојдени. Викам за пап тест. Вика добро за пап тест. А каде бевте 3 години? Повеќе од 3 немам пап тест ама последно 40 дена после пораѓај бев на гинеколог. Пап тест само еднаш пред 5-6 години. Ама треба и за ехо да отидам изгледа. Колешка 5 години не била и миом на матка голем како бебе 5 месеци и одма матката и ја извадиле и 6 месеци кранк беше. Па сега мене страв ми е. За тоа треба ехо мислам, а ехо последно ми е пред повеќе од 3 години.
Леле не збори корона кај нас секоја недела нов заразен од корона има.Симтоми јака главоболка и грлоболка,треска и сл. Абе и јас се гушкам со колеги/колешки, за роденденот и симпатијата го гушнав што ако немав штикли.
Преку Унгарија никогаш не сме возеле. Нешто маж ми изгледа лошо искуство има. Ама затоа сите премини, локални и паралелни патишта ги знаеме од Австрија, Сло, Хрватска, Србија. Еднаш ми се чини и во мк преку бг влегуваме. А преку Косово, Албанија еднаш од црна гора ко се враќавме и рековме толку беше. Најдолго чекање у Србија 24 саати и тоа не на граница. На автопат гужва, сообраќајки. Еднаш дури и за чек ин закаснавме цел ден во црна гора во еден хотел. И после рековме дека не сакаме повеќе у гужви да возиме. Сега со кола не би тргнала повеќе од 500км. Едино еве до некое море, за до мк не се исплаќа малтретирање. До сега гнетев Стоби флипс и прима стапчичи со кикирики. Вода не пијам доволно. Сега кромидот да сечкам и да одам до мадам да легнам. Детево се извампири и мислам дека до третото одд ќе спие со нас. Инстантно се буди кога влегуваме во спална и се премакачува на спална. Ај нека спие, ама не тепа и клоца по цела ноќ. Ама па не гушка по цел ден, така да, опростено и е. Поздрав Јоана баш ме охрабри сега што кажа за спиењето. Мене дури ми е незамисливо како некогаш ќе ја преместам во нејзина соба. Толку далечно ми стои. Се си мислев до година и после ај, а тоа се повеќе и повеќе бара да е со нас.
Летово идевме за Мк преку Унгарија. И нема шанси пак. Решивме да идеме со кола затоа што авионските карти беа скапи. Ама малтретирање е. Среќа што децава не досаѓаа. Само маж ми возеше. Јас не сум шофер. На враќање многу чекавме на унгарска граница. Маж ми го отвори гепекот, а полицаецот се пикна и во кола. А ние претоварени. Другата година нема така. Читам дека во петок е празник. Ќе работат продавниците?
Секаде празник само кај нас не е.Највредни сме значи.Имам среќа што работам во друга покраина па мене ме фаќа утре да ми е празник и плус имам одмор во петок споено.Маж и двата дена на работа.Па на кој му е до шопинг нека доаѓа. @јolene и мене преселувањето на малата ми изгледаше далечно ама спие веќе цела година со дада и. За се е крив мм тој ги одели и префри и двете.Јас уште и со двете ќе си спиев. Ние на 3 год ги префрливме со тоа што тој цело време им збореше како сега ќе бидат 3 години и како се големи моми и големите моми спијат сами.Јас го гледав и му се чудев.Големата рече добро тате сакам сама да спијам ја стави и толку беше.Проба првата вечер да дојде јас и реков нема место и си се врати и толку беше.Малото беше малку по галениче и не сакаше .Они спиеја во спалната во посебен кревет ама доаѓаа до кај менеи ме бутаа клоцаа ,големата и врз глава ми спиеше. Па еден ден си доаѓам од работа ,беше малото пак со полни 3 год , го гледам префрлено кај сестра и.Она среќна и така остана.Малото станува секоја вечер мама ќе одам да мочкам и чека.Па морам да станам да и отворам капак и да ја избришам.Нормално после бара млекце.Единствено што не може да и тргнеме е млекце со шише и цуцла.Сега барам совет како да ја одвикнеме,ептен со карање се буни и не го дава не може без него да заспие цела на мајка и.
Кај нас е работен ден , тоест не е празник . И се најавија гости до недела , брат и снаа со дете . Јас како @gjoker4e кога имам гости одам на работа . Петок-сабота . Ќе се видиме на кратко после работа , ама дека они имаат друг биоритам (ноќта им е ден ) ќе имаме време да се видиме . Порачав вчера навлака за душекот , за да не го направат лом како претходно . Дете да измоча цел душек . Овој е нов , па затоа . Уште храна да изнакупам и може да дојде викенд. Да смислам што да се јаде , ручек вечера доручек
Јас сум на одмор цела недела, ама и кај нас е петок неработен ден, и утре нема да ја пуштам Н на градинка, сакам на кафе да излезам со неа, многу ми фали одењето во град со неа, се си мислам дека поради работата немам доволно време да и се посветам, претходно обавезно еден ден во неделата беше само за нас, дали Мек, дали да седнаме во кафич или низ дуќани. Сакав да прашам има некоја извадено пасош на дете по нов закон, се си мислам дека мајтап си играат општината и Landesamt со нас.
Оти што е проблемот? На моето му е истечен, треба да идам да вадам и тоа сега во следната недела морам да завршам.
Не речи два пати. Јас еднаш имам пишано дека како што ми изгледа до прво одделение ќе спие со мене и еве 2ро одделение ми е и спие до мене со креветче залепено за спална. Малиов е во креветче залепено до неа. Пред да легнеме легнуваат и двајцата на спална па се караме ги станам в креветче па малиов обавезно секоја ноќ доаѓа на спална, а малава понекогаш. Малиов ретко не доаѓа кога е ептен изморен изгледа. Кај мене е проблем што и јас самата не можам да замислам да спијат во друга соба. Во иста соба па преку ноќ се будам ги ѕиркам кој каде е, дали се покриени, со ќебе над глава да не е малиов. И да додадам дека малава понекогаш станува и оди во сон, така и мм правел кога бил мал па заклучувале затворале се по дома, па затоа не се плашам многу, ама малку се плашам. До сега немам оставено да излезе од спална и да видам каде би отишла. Може па со таа причина ете спие уште со мене. Дека се е со причина нели ама некогаш не сфаќаме некои работи. А времето како поминува страшно е. Кога се жалев бебе кога беше кога еве 8 години ќе полни. 8 години!!! Веќе не ни изгледа на дете. Како девојка изгледа. Воглавно сум задоволна од тоа како поминале тие 8 години ама понатака може ќе ме удрат некои флешови не знам. Дека викаат не се праќа од мало во градинка, не се праќа во градинка, се праќа неколку саати многу ама сеуште не се каам за тоа еве. Најдобрата одлука е сеуште што одела во градинка, не само за мене туку и за неа! Ама дека викаат ќе се каеш демек после па затоа викам може на 40 години доаѓа тој момент на каење ама не ми се верува некако. Уште ова де. Сабајле го носиме малиов во градинка и малава прва по скали надоле, по неа малиов, и јас така на глас викам леле рацете празни ми се фали едно бебе да го носам и малава ми вика па ајде што чекаш од кога викаме бебе бебе.
Мојата си спиеше до некни на нејзиниот кревет, ама дека рано си легнуваме а мм е 2 смена и да не спијам сама и предложив да си легне до мене, луѓе како бебенце е и малечко маченце знаете малечките мачинца како предат и се галат, е таква е и она пред секое спиење нема шанси сега да и дадам да си спие во нејзиниот кревет пак
Moeto spie od 3 godini sam vo soba, prvite nedeli otvorena vrata i odev po sto pati do nego da go vidam, dali e pokrien, dali spie, pa nekogas samo stoev da vidam kako dise ...sega citame, se guskame gasam svetlo i go ostavam. Ama 2 pati mesecno spieme zaedno ,.prvo mezime pa odime zaedno da spieme toa ni e kako rital sekoja vtora sabota.
@Mucika ние преку Хрватска секогаш одиме, за сега ја избегаваме Унгарија, не знам од која причина. Со преспивање се јаде патот. За Србија и Хрватска се зема тикет на прва патарина при влез, се плаќа со тој тикет на последна патарина пред излез. За враќање исто. За Словенија само вињета, а за Австрија покрај вињета се плаќаат и тунелите на прва патарина при било кој влез, мислам последно летово околу 16-17 евра плативме колку што памтам. Да си провериш за Карлсруе може базарот да трае и до Нова Година, иако повеќето завршуваат до 24ти, на пример во градов каде што сум јас трае до нг. Ама и јас би ти препорачала да дојдете претходно оти после Божиќ никој веќе не се интересира за базари, сите брзаат да испазарат по супермаркети за нова година. Девојки, во случај некоја да планира да вади забно осигурување на Дентоло, ако сакате може тоа да го направите преку мој линк, при што на вас првиот месец ќе ви биде бесплатен, а јас ќе добијам ваучер за Амазон. Го имам осигурувањево веќе година, ама тек сега ми текна да понудам. Која сака нека ми пушти меил, ќе ви пратам линк. Чуссииии