Јас ни шише ни цуцла давам од таа причина што не сакам да поминам низ уште едно непотребно одвикнување. Првото имаше цуцла кратко, на второво ич не понудив. За шише не знам, ама има интересни видеа на инста каде цуцлата ја врзуваат на балон со хелиум дур детенцето ја има во уста и ја пуштаат да лета. Знам не е воопшто еколошки френдли, ама ми се многу симпатични тие видеа.
Јас таман вчера ќе ве прашував кое забно осигурување и на крај се одлучив за Allianz! Терминот од 29ти го одложив за 6ти ноември дека од 1ви ноември ми важи осигурувањето па да ми вратат 90%. Професионално чистење 150 евра, за тоа пишува дека сите ќе ми ги вратат па ќе видиме, се надевам. Со забно осигурување забар испаѓа поефтин и од Мк и од Турција. Се надевам дека правилен избор ми е забново иако горе доле исти беа кога споредував на нет.
Кој израз е тука за „да го скршиме мразот”? Уствари исто ама чудно звучи на германски. Има и некој друг израз за тоа?
@danichap Да те одвратам малку од секојдневните теми ајде. Фактички ние треба да ја преземеме контролата кога станува збор за Германци?! Или водството да го наречам. На овој само работа му е во главата. Принципиелен до небо. Смрштен. Одговорен. Точен. Сигурно и отпад сортира дома и се држи до термини, тоа се подразбира нели. Они се во една крајност, ние во друга.
Таман исполегнаа деца и фатив телефон во рака, гледам таг. Да, во принцип е така. Сериозно фати си ја работата.
Zdravo decki. Ziveam vekje skoro 3 godini vo germanija i od 1 avgust ovaa godina sum arbeitslos.Sakav umshulung da pravam informatika sluzbenickata me odbi so zborovite deka ne e sigurna vo mojata inteligencija dali jas ke uspejam da naucam(a nema vrska toa sto prakjaat indijci so A2 nivo germanski na umshulung) i jas dignav race ne se bunev.E sega koga i da odam na termin se ponasaat gadno mi dosagjaat da najdam rabota kako cistacka bidejki toa samo imam raboteno.Momentalno ucam kuurs od Semos i koga toa go kazav taa se namrsti kao vo smisol da ne se potpiram na toa bidejki e skeptikcna deka jas toa voopsto ke go naucam.Mnogu sum luta tazna besna.Dali imate nekakva ideja kako da gi zalazuvam za ponudite za raboti dali na site tie ponudi mora jas da odam da se prijavam sto mi gi prakjaat preku aplikacijata.I dali nekoj moze da dade sovet dali mozam nekade da se zalam zosto ne mi davaat da ucam nesto navistina sum motivirana. Blagodaram odnapred na odgovorite
Какви се вработените, германки? Тоа не се дава под претпоставка. Се оди по писмен пат, црно на бело, ти поднесуваш и некој ти одобрува/ одбива. Буни се. Оди кај сите на врата до таа што те одбила. Оди секој ден ќе се погоди друг вработен. Види телефон за поплаки таму. Прашај кој е одговорен. Не може туку така усно да те одбие.
da germanki se.Imas pravo ne razmisliv pismeno nikogas ne dobiv odbienica.Uste utre ke pisam mail deka sakam pismeno so tocki zosto mene me odbivaat.
Сама ли го плаќаш тој курс ? Настојувај на тоа дека сакаш да се надоградиш и да учиш. Јас кога покажав заби почна да не ме замара воопшто и да не е груба со мене. Праќаш CV на сите понуди што ги добиваш од нив , но не на сите те викаат на интервју. Мора да им дадеш одговор што се случило , од некои нема воопшто да добиеш одговор, некои веднаш ќе ти испратар негативен одговор , некои ќе те викнат на интервју. Можеш да и кажеш дека ти е мала саатнината, времето не ти одговара итн … Кај мене без термин не ни можеш да влезеш толку се заштитени , освен кај бератерот незнам дали има шанси со друг да разговараш.
Ги пуштате децата на Halloween? Или кога пејат Laternen? Оваа година е органозорано од католичката и евангелистичката црква и на крај ќе имаат мала забава во католичката црква. Јас стварно немам ништо против католици, евангелисти, протестанти итн и им ја почитувам верата, ама сепак ја воспитувам ќерка ми на нашите вредности, и дека е христијанка и малце се разликуват нашите празници.
Јас не ги пуштам на Халовин. А и не сакаат да одат. Во населбава не се слави. Ама битно продавниците се опремени со костими и слатки.
Халоувин и мене ми е страшно, а на латерне одам и јас од градинка навечер во шпилплац. Само да не заборавам шеста година по ред да купам нешто за децата што шетаат и врата да им отворам.
Во 06.10 беа кај мене, на врата од спална, со костумите во раце. Кога ќе почнел халовин. Лани ние и забава правевме, цело маало децата беа кај нас. Се ечеше . Е годинава мм е на терен а јас растргната од обврски, нема да успеам да китам. Спојлер
Одиме на Латерне. Лани бевме поканети на халовин забава кај другарче од градинка/комшии. Оваа година најверојатно и ќе прошетаме малку со друштво, тиквата уште предходна недела ја изрезбав, ќерка ми многу се радуваше Спојлер: Пепа прасе тиква
Лани бевме на Латерне но оваа година не ја носам. Маж специјални менуваше смена за да одиме. Од сите деца во градинката само таа беше најлоша, значи во правата смисла на зборот лош. Сите седеа мирни во црквата, а таа како куче пуштено од синџир , трчаше , играше, сакаше да се качува на бината. И една мајка од нејзината група ми вика многу ми е мило што не е моето само така активно , а нејзиното седнало во скут и седи . сега е поголема тантруми не фала ќе седи дома.
Nie denes nisto ne slavime, nitu sum slavela nitu ke slavime.Laterne odnosno St.Martin slavime vo gradinka maliot pee nie go gledame, pa jadat brejzeli i po celata priredba jademe od hranata sto sme ja donirale j donirame sredstva. Voglavnom nie nasite praznici gi slavime kako sto dolikuva, ama i nivnite praznici hi odbelezuvame i mu objasnuvame kako e sto e.