Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Тироидна скроз нормална. :inlove: :inlove: :inlove: Не ми текна да го прашам дали е тоа од моите медитации и е за уау. :D Ама ептен воодушевен ми изгледаше и слика ми покажа од скроз темна рече сега е скроз бела и некои бои на претходната слика беа милион, а сега скроз нормално.
    Частам :coffee: :coffee: :coffee: Кафенце ајде дека горе долу 15 степени (17 кај мене) :sun: :sun: :sun:
    Па да видам јас што да се по частам, ново прашање на симпатијата или што. :D
     
    На Neda997, mal.ecka, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.528
    Пол:
    Женски
    Морген.
    Ние дома не славиме Halloween,ама децава се собираат и одат низ село . Па затоа бев да купам нешто благо , бонбони чуда. Па после да спакувам во кесички, така правам веќе секоја година .
    За , Laternenumzug одиме секоја година од градинка или во селово.
    На крај јадеме колбасички , децава какао и така .

    Сега еден туш да мавнам и да се спремам за работа . Денес имаме масажи, па да не заборавам крпа да земам . Секој месец доаѓа една жена на работа и не масира по 20 минути.
     
    На Neda997, mal.ecka, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.323
    Да, од твоите мисли е- или заљубеноста лечи се. Ова доктор ми има кажано, кога ми лечеше не знам што, и ми рече еве ова, ама најарно е да се заљубиш. И се заљубив, шта чеш, докторска препорака :sun:
     
    На mal.ecka, јolene, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Абе ова и мене ми го има некој кажано во младоста се мислам матичната. :D Кога одев на доктор и никој не знаеше што ми е. Не можев ништо да јадам освен чипс и имав 45 кила ама не се дозна од што. :D Не за џабе сум имала јас симпатија. Се од детството останува во потсвеста. :D Ама стварно кога бевме заљубени се ни беше рамно и розево. :rofl: :rofl: :rofl:

    Од здравствени проблеми имам еден крив заб кој имам решено да се исправи без протеза. :rofl: Таман од таа страна извадив заб и сега има место да се исправи. Фактички забот затоа за вадење беше поради мојата желба овој другиот да се исправи. :D Имавме една наставничка од 5то до 8мо по математика и физика, она уште тогаш не учеше дека се е до мислите ама реално тогаш не ја сфаќав 100%, и рак излечила без доктор и сите доктори се чуделе, сите го знаат тоа кај нас вистина дека е и чудо нели. И за забите викаше некому криви пораснале неколку прави, вие само со мисли може да ги исправиме. Ќе излажам ако речам не верувам во такви работи. :$ Дури и науката има докази.

    Туку @Biljarkata цело сабајле те мислам. Уште во претходниот стан се сеќавам кога матичната ми рече ништо не ми е, и ти ми рече прати ми слика од вратот и јас ти пратив и ти рече дека изгледа многу големо кај вратот и можеби е стварно тироидната. Ти знаеше само од слика, пред да откријат докторите. :D И денес имав термин па затоа те мислев цело време.
     
    На Neda997, mal.ecka, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Мене Џоки по вториот пораѓај тироидата не ми беше ок и тоа по операцијата ми открија во болница.Ама како поминуваше времето и престанав да дојам вредностите се средија исто и шеќерот.

    Изгледа јас сум единствена што си ставаше инслулин за време на временост и по пораѓај никогаш не отидов на контрола:angel:.
     
    На Neda997, mal.ecka, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.742
    Допаѓања:
    175.347
    Пол:
    Женски
    Латерне имаат забава во дворот од градинката. Попладне. Имаат штандови со прецели, крофни, чај, какао… децата се дружат, мислам дека се многу мали да го разберат тоа како дел од религија. Овој пат ќе одиме сите, пошо и мали е голем и разбира и ќе му биде забавно, а претходно маж ми одеше сам со ќерка ми. Многу се мали да разберат било што од религија, иако и јас сум против од било какви наметнувања оти мало дете не наоѓа забава во молења и крстења без разлика на религијата, ако ти е ради дружење оти да не оди? Не и менува неа ништо многу еден ден некаде.

    Халовин не знам дали има некое посебно славење. Поише го сфаќам како забава па така и децата. Обично не сме дома кога поминуваат трик ор тритерс, оти има низ град на неколку места забава за дечиња а ќерка ми обожава да и цртаат лице па таму негде одиме, делат тикви, музика, на најмалите им е најзабавно. Лани оставив надвор полна кеса слатки, кога се вративме имаше помалку од пола, и следната група деца собраа се што беше останато.
    Дома имам по некое деко чисто оти им е интересно. И без пајаци ништо не праиме. Наредени ми се од почеток на месецов. :D
    IMG_4188.jpeg

    едит.
    На 2 минути, пред да истечат тие 30 кога може да се едитира. Денеска било 31ви. :o Изгубена во време и простор деновиве. :tmi:
     
    Последна измена: 31 октомври 2024
    На mal.ecka, gjoker4e, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Друшки јас идам да ве замолам нешто.
    Се работи за моја пријателка, мајка на две деца.
    Гледам сумата скоро е собрана, ако сте во можност, да помогнеме да се собере, уште малку останало. И пратете по една молитва ве молам, овој пат да биде успешно, да си пораснат децата со мајка.
    Живот стварно не е, и не беше фер кон неа, дај боже да си добие втора шанса.
    Вака ќе го ставам само линкот.
    Фала и никој да не биде во таква ситуација.
    https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-go-spasime-jivotot-na-sanja/donators

    Ние сега се вративме од нотклиника. Цела ноќ сме будни, не јадени и во хаос. Малата доби атемнот. Сега е добра, заспа, нека одмори, а богами и ние.
     
    На Dancewere, gjoker4e, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал. Видов дека жената имала тумор, за каков тумор станува збор?
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Женава уште од дете има истрпено и изработено колку некој но за 5 животи. Толку сум бесна, не знаев до вчера дека пак се појавило, мајка ми ми кажа..
    На мозок, два пати во мк е оперирана, сега во Турција се оперирала.
    Златен човек, скромен и со малку задоволен.
     
    На gjoker4e, Adidas888 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал и за жената и за малата твоја.Најважни се капките за нос за да помине носот да тече , сигурно сте покриени со салбутамол на 4 ч.Ќе помине за 2 дена само ви посакувам сила и трпение:hug:.
     
    На gjoker4e, јolene, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Здраво женски.
    Планираме да идеме во Мк на одмор и сакам за тоа време да и извадам на ќерка ми македонско државјанство и пасош.
    Она има само бугарски документи.
    Прашањето ми е, какви документи ќе ни бараат? Ќе ми бараат германски или бугарски извод на родени? Дали треба да се преведе или да му се направи нешто на изводот?
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Треба да и извадите македонски извод .Ќе ви го бараат германскиот кога и каде е родена.Кога ќе и излезе изводот одите и вадите пасош.Државјанство ја следи поради вас.
     
    На Neda997, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Тоа нема да е одмор и ти си знаеш.

    Ни едно дете не дојде бе, џабе купував благи. Сега ќе треба да се јадат.

    Малото е подобро, чистиме секрет, еве сега да се успијат па белким и ние ќе дременеме малку. Да каснеме по еден тост, оти денес не ни јадевме и да идеме да се гушкаме.
    Па и да ве прочитам што не ве читав.
    Дали догодина ќе одиме на св Мартин, најверојатно. Не сакам да ја делам од другарите, нормално ќе славиме наши, ова како настан да се обележи.
    Мене ми се убави со светилките кога ќе тргнат. Баш се слатки.
    Оваа година имавме и покана и за св Мартин и за елтернкафе вчера, ама едно е премало, друго болно. Вирусот изгледа гостите ни го донесоа, ги читам мајките сите деца што ни се тука некаде, сите се болни со истите симптоми. Пола се со инхалација со кортико.
    Тука шируп кортико, инхалација со адреналин, ми спрпа искрено. Па не еднаш, два пати додека се смири.
    Се осетив толку лоша мајка што не ја однесов уште среде ноќ и чекав да се смири со ладен воздух.
    Битно пак навреме, нема бељја фала му на Бога.

    Да си кажам колку лош ми беше овој месец и се што поминав во него, благодарна сум барем што можам детево да си го гледам.
    Почна убаво, ама до крајот на месецот само лоши вести и болки. Да заокружиме со датумот и од утре да се надеваме на поубави нешта.
    Утре годишнина од потпис, не знам која по ред. Осум? Да осум минале.
    Скоро толку и како сум тука.
    Пред две години на тој ден видовме две цртки, сега се мачиме со вируси.
    Да се гушкаме и сакаме и да сме благодарни на секој ден без посериозни проблеми, се друго ќе биде кога ќе треба да биде.
     
    На Neda997, SummerGirl, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Што значи тоа атемнот? Знам буквално што значи ама всушност е од бронхитис или?
    Секогаш е подобро да почекаш. Кога ќе видиш дека е за на доктор одма ќе отидеш. Дека многу често се болни па не можеш на секое на итна или матичен одма да трчаш и да закачувате нешто ново.

    Цело време сакам нешто да пишам и никако да се сетам. Еве се сетив де. Какво чистење кога сум на одмор кога на одмор јас децата си ги чувам. Кога сум на работа друг ми ги чува. Одмор имам секогаш кога е градинка/ школо затворено. Каков е тој одмор? За мајки со мали деца треба 12 недели одмор, 6 недели додека е градинка/ школо затворени како морални и 6 недели како и луѓе без деца што имаат одмор и стварно одмараат.
     
    На Neda997, Ava.84, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    А од кај се вадеше извод тука? :rofl:
    Кога се роди извадивме ама врска неам од каде. А да ти кажам не ни знам кај се, маж ми само пребира и фрла некои документи, којзнае шо им има направено :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.323
    Може, тебе ќе те гласам за прецедник. Не си ти ко Ава, ти што ќе ветиш- остваруваш.:angel:

    @јolene со помин на малата. Наспијте се сега, колку што можете:hug:
     
    На Dancewere, јolene, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Се ние жениве се обвинуваме дека сме виновни, мислиш учевме за мајки да бидеме па леле како можев да не приметам(facepalm).Болни деца е нормално и никој да не види пак може да се разболи.Исто болниците нормално е да ги посетуваат родители на помали деца.Со двете сигурно над 10 пати сум била на итна.Со малата ради бронхит двапати по два дена бевме во болница.Баш адреналин страшно звучи , а уште посташно звучи кислородна подршка .Ама поминува тие растат ние старееме.
    Децата се мали ,кревки ама жилави и закрепнуваат брзу.
    Нека ви се множат со слога и љубов :d:.

    Годината одамна реков нека завршува уште во март.Само смрт на околу и лоши вести:envy:.

    Кај нас е онлајн .

    Били ќе ги облечам да дојде пролет сега ладно е веќе за нив:$.
     
    На Biljarkata, gjoker4e и јolene им се допаѓа ова.
  18. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    Сите тие што ги наброја се дел од христијанството, и буквално истите празници ги славиме.
    Хеловин воопшто не можам ни да го вбројам во празник, туку повеќе како фест. Мене лично не ми е убав и не практикувам да го обележувам, но кога би имала деца , доколку тие се радуваат и им е убаво зошто да им го скратувам тоа.
     
    На Chantal, SummerGirl, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    Инаку добро утро. :sun:
    Помина доста време па морам во нов пост.

    Сакам некако да ви се приклучам ама па немам баш што да кажам.
    Симпатии немам, деца, градинки, школо исто не се мои теми. Е кај мене е само работа и дома пак обврски. А и таму ништо посебно. Досадно јбг.

    Па за да нее толку досадно ќе прошетаме малку за продолжениот викенд. Одбројувам уште 3 часа пат до дестинацијата.

    И така. Доволно за сега.
    Убав викенд на сите :inlove:
     
    На MacenceEna, јolene, Dancewere и 2 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    А халоувин уствари го слават Германците? Дека халоувин ама ич не личи на нив. Тикви да, ама халоувин не.

    @Ambitious пиши си од твоите теми било што :D

    Јас утрово се разбудив со рог! Пред толку важен настан, утре сум на работа со новата симпатија. Ако стигнам порано ќе се сретнам на кратко и со старата. Толку спремање, уште утре ми остана да купам обетки, ланче и алка за нога, и некој рог ќе ми уништи се. Одма до окото е најгоре кај што завршува носот. Ама не е возможно значи и окото ми е изобличено личам на Кинез! Подобро Кинез симпатија да си најдам до утре! :@ Ставив еден тон пудра на местото не знам како да си помогнам?! Местото е скроз бело како кожата ама на допир боли. Ама освен акна мислам дека не може нешто друго да е. Па и акна е скоро па невозможно тука да излезе!
     
    На јolene и Ambitious им се допаѓа ова.