Времево колку е депресивно, добро што дожд само нема. Конечно после долго време седнав зад волан, поточно кола со мануелен мењач. Уште пред скоро 5 год кога положив со мануел, моите имаа автоматик и си терав со таа се дур не дојдов тука. Кога дојдовме имавме едно количе, тоа за маж секојдневно на работа, сеа зедовме уште едно помало за мене демек да се опуштим . Ама пусти страв, едвај некако се натерав да седнем зад волан дека скоро 5 години немам возено со мануел, страв потење, тахикардија. (осет сум изгубила начисто со лева нога и мењач) И мора да признаем, уште по малу имам страв ама каде каде сум поопуштена при возење. Реков на маж, наредно кога ќе земаме за пат поголема кола само автоматик Таман почнувам од декември со курс и колата е потреба и те како . Инаку да се пофалам си најдов и работа на пола работно време што ми одговара. Се надевам на новава работа ќе е добро, не знам зошто ама секогаш имам страв на почеток за било што и да почнем. Ете ме фаќа страв како ќе се снајдем , а знам нема потреба
Јас ви завидувам на сите што возите. Тек сега осеќам и потреба и притисок. Не знам како жива ќе научам следна година, не знам дали воопшто ќе положам. А се поголема потреба станува. Болна сум, труп. Не памтам кога последно сум била болна, години поминале. 2 дена ми беше подобро, од вчера ме поврати пак. Хаос сум. Денеска имавме со маж заедно забар, мораше сам да оди. Ја едвај дишам, очиве потечени ми солзат, почнав и да кашлам. Да ми е да знам од кај фатив вирус. Децава се ок. Ама ме изнемошти скроз. Да одам на лекар има поента? Нема да ме земат за сериозно освен ако не сум пред умирање. Иако… ја така се осеќам. Има некои витамински кесички како кај нас што можам да ги земам од аптека? Ко тајлол хот нешто? Чај, супа, лимон и парацетамол ќе ми никнат во стомак ми се чини. Си запалив миризливи свеќи демек, ама џабе носов ми е затнат ништо не осеќам. Има ли капки за нос што и стварно помагаат? Многу сум затната што морам преку уста да дишам, а така и грло и уста ми се скроз пресушени.
Само вода, свеж воздух и одмор. Можеби корона имаш дека сега пак актуелна е. И во градинка има случаеви и кај мене на работа до тој степен ќе едвај одиш ама шефовите секогаш доаѓаат на работа иако гледам дека едвај функционираат ама чисто присутни да се дека без нив ќе треба секако да им ѕвонат на 5 минути за помош. Со или без нешто од аптека, секако ќе ти помине за неколку дена ама ако видиш дека се влошува и почувствуваш потреба за доктор тогаш обавезно на доктор, немам да го сфатат како несериозно, ќе кажеш колку дена трае и дека се влошило и сите симптоми. Ама сигурно ќе ти помине без лекар, само одмор, вода и свеж воздух како што кажав. Побрзо оздравување! Имам една шефица на работа што се мразиме. Не знам како да престанам да не ја сакам. Почнала во истата теретана што и јас, а не знае дека и јас почнав, освен ако не и кажала единствена колешка на која што и кажав. Двете сме плави, нашминкани, сакаме латино и реално не ја сакам, а ни таа мене чувствувам! Не знам како да го сменам тоа. Се напнав кога видов стори во мојата тератана, а не треба, ама самото ми доаѓа. Ќе се обидам да го променам тоа ама нз дали ќе успеам.
@danichap еве го Само дур мирисам пушта малку. Ако го ставам на страна пак се затнувам скроз. Имам и евкалиптус кремче за гради и прополис прскам од децава. Како ништо да не ми делува.
Има едно вакво нешто https://de.m.wikipedia.org/wiki/Kapuzinerkressen...вчера доктор ми го препорача како природен антибиотик. Се користи за урогенитални и дишни проблеми, како тинктура. Супа од говедска коска, ѓумбир, куркума. Капки за нос божем тие од оригано ги имам, ама ни тие ни ништо друго не било многу ефикасно.Морска вода барем не исушува носна слузница. Е...инхалации пробај, над тенџере.
Пробај линкот пак да го ставиш ако сакаш. Инхалација над тенџере ми е прва мисла, ама не можам да седам така оти кога и да гледам надолу со глава ми се гади. Говедска супа имам, ќе ставам одма. За на клиника, да одам кај трудните или регулар кај општ доктор?
Незнам дали смееш капки за нос освен како во мк што е аква марис. Пробај инхалации мене колку толку ми помагаат. Мора да поминат неколку дена. мене искрено кога ќе ме фати ни едно апче не ми помага се додека не поминат 3 дена . И лути бомбони можеш. А доктор освен парецетамол тешко др да ти препише. Него како си вака дали ти поминаа мачнините? Мене ми е многу подобро. Сеуште ми смета миризба но можам нормално да јадам и пијам. @јolene како е малата? Се надевам дека е подобро. Многу ми е жал за твојата пријатрлка се надевам дека ќе се излекува . Видов и на фб бараат помош. Животот не е фер некогаш. @gjoker4e мене ако некој е мк се допадне на прв поглед тешко после дека ќе го засакам . А таква сум лице незнам да правам . Може таа и другарка ќе ти стане од теретана
На пример https://de.m.wikipedia.org/wiki/Kapuzinerkressen Оди кајшто мислиш дека ќе поминеш побрзо, не знам. ...полна када со еспумска сол ако не, место инхалација. Ако смееш трудна
Знам дека освен парацетамол друго нема да добијам. Ама реално и не знам што друго би. Само ресичкава во грло што ми е отечена не знам дали треба да паничам за тоа… Иначе исто ми е. Сега имам повеќе енергија од првите недели, а мачнини и гадења знам дека ќе си носам до крај како и со претходните бремености, исто ми е се. Нагли движења ми прават ураган во стомак. Ако се исправам наеднаш или брзам мислам цела утроба ќе ми излезе низ уста. Затоа гледам да се движам ептен бавно, уште побавно се вртам во кревет ноќе оти исто ако се свртам нормално, ќе ми експлодира низ уста огномет. Само што овој пат и киселини имам порано. Скроз иста бременост, се ми е исто. Само деца различни и по карактер и по изглед раѓам ко со различни мажи да ги имам праено.
@Yowannty во англиската верзија на описот спомнуваат природен антибиотик што може да го препише лекар https://www.angocin.de/angocin Тинктура ваљда се купува во секоја билна аптека, можда и во нормална.
Официјално сум скршена после 4 дена одмор. Еве ме подлегната немам сила косата да си ја исчешлам. Со банана во скут немам сила да ја изедам. И оправам криви дрини на @јolene како јас вака јас така, а јас всушност на работа одам и децата се во градинка/ школо. Абе најтешко е деца да чуваш! Се чуделе како некој деца имал и работел, била нашминкана, дотерана. Чудете се како некој издржува дома деца да чува! Кревам бело знаме! Ми се плаче! Ебати одморот нема да ме препознаат кога ќе се вратам на работа Сега ми текна дека и рогот може од стрес ми е
Помина времето за редактирање. Кој ми пиша во темава дека можеби имам слабо железо?! Па сега отворам симптоми откако се видов во огледало колку сум само бледа. Сите симптоми на слабо железо ги имам. И тоа со устата е скроз исто опишано како што ми е како симптом. Абе сите симптоми. Ова ќе ми биде трет пат откако знам за себе да треба железо да пијам. Ги имам дома, рок имаат, ќе пијам без доктор, 100% сум сигурна дека слабо ми е железото.
Можда јас? Дијагноза по тастатура Ако ти е стварно слабо железо, железо што не е на рецепт не брка работа. Ама, ако не знаеш сигурно, измешај семе од коприва во мед и секое сабајле по една лажица. Нус ефекти не се познати. Ти ли беше со ноќно икање, што се деси со тоа?
Со рецепт се. Пред 2-3 години ми ги препиша матичната. Па во ред ми беше железото па престанав да ги пијам. Ноќно кивање. Можеби внатрешно ми е ладно па затоа кивам дека слабокрвна. Мед и семе од коприва ми е загадено од првата бременост, нема шанси да пробам. Јас сега јадам лаш филета, туна, железо ама некој период скоро па ништо не јадев и дури сега данок плаќам.
Ако се од тие на рецепт не ризикувај на непроверено. Ноќно кивање бе. Зрела си ти за комплет крвна слика, не се зезај.
За нос во бременоста назевин бебешките капки пред спиење, смеат да се ставаат. Може и ќе помогне. За грло исла мус знам дека може, други не ми дале во аптека. Инхалација и перење нос со физиолошки раствор. Малата е ок, фала ви женски. Ќе касне малку каша, друго не може, и одма акција. Кашла и има секрет од нос, ама дише. Спиевме сите синоќа.
@Yowannty Знам како ти е и јас сум иста едвај функционирам. Пиев кафетин колд од залихите но не ми помогна ни тоа многу. Сеуште сум полна шлајмови и носот затнен. Слично на овие од мк се овие овде но незнам дали амее трудница.јас лани кога бев трудна се чував како очите у глава цела бременоат е настинав а сонко фаќаше едно три пати вируси.среќа не ме прифати мене. од капки за нос јас коростам септаназал e сега незнам дали смеат трудници и доилки, малите бидејќи пијат мое мајчино млеко јас на свој памет го користам оти носот 100% не ми функционира. @gjoker4e деца да чуваш е најтешко и нај одговорна работа . Јас сум сама ао трите па си велам добро е можаж сама и навистина е така никој не се меша зошто ова зошто она. Инаку на темата возачка кога дојдовме овде 2 г немавме кола доле возев од 2018 ја имам возачката но по две години пауза едвај се вратив у нормала за возење. Сега гајле немам но проблем е долу сега не возам од страв да не не ме лупнат колку диво возат тука барем на некој начин се почитуваат правилата и има култура во сообраќајот. Јас будна едното бебе спие и плаче во сон... има шанси да се забите? Др спие како труп не го буди ништо ама и на нејзе се отечени забите горе.