Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    39.508
    Пол:
    Женски
    Морген .

    Јас со гости деновиве , вчера цел ден на работа , немаше време да се видиме . Денес пак , само попладне ќе имаме време .

    Вчера биле излезени брат ми со снаата , бебето и синко мој (вториот, 10 годишниот) биле во маркет , на каса чекале ред да платат. Позади нив била некоја постара жена . Брат ми и снаата нешто збореле на македонски, и женава го прашува синко мој , дали се од Украина дојдени и колку време се тука ? :wasntme:
    Синко рекол , дека е овде роден и дека тоа е негов вујко дојден на гости . Ама можам да замислам каква ситуација била таа и се пресмеав најслатко вчера .

    Па го испрашала синко многу работи , каде учи , кој му е омилен предмет... :wasntme:

    Инаку дефинитивно нема веќе да се жалам од најмалото . Не било толку захтевно како што мислев . Имаме дома дете од година и пол .е тоа бара внимание . Ова моето е веќе пораснато , 4 ќе полни ама дека е најмало дома ми се чини дека е најнапорно , а не е .

    Добро да се знае ова , за да сменам мајндсет и да престанам да се сожалувам. Плус моево рано легнува , сам си бара во 20 часот да со легне , не гњави со ништо
     
    На mal.ecka, јolene, Dancewere и 4 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    36.111
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најлесно е сам деца да чуваш. :D Релативност беше тоа така од Ајнштајн?
    Помеѓу работа и деца потешко е деца. Помеѓу сам чување деца и чување деца со уште некој (па било кој и да е и тоа и бејбиситерка дури, па богами и нивниот татко :D) потешко е чување деца со уште некој. :D

    Сама бев скоро една недела, мм после ќе дојде, е тек тогаш за еден степен потешко ќе е. :D И не, не ми беше тешко сама деца да чувам, ама ич. :D
    Кога легнавме дојде на спална малава и ме чешкаше во знак на извинување изгледа, и на крај вика знаеш зошто те чешкав? Дека ти многу направи за нас денес, тањир со овошје, кифли, алиштата ги переше, усиса кујна… :inlove: :inlove: :inlove:
    Ама без градинка/ школо збудалеа! Стварно значи децата имаат многу енергија и треба да ја потрошат некаде. После градинка/ школо се среќни и смирени.
     
    На mal.ecka, јolene, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    33.633
    Пол:
    Женски
    Таткото плус ти е дете плус не помош:rofl::rofl::rofl:.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    756
    И овде вирус во најава главоболки , нос, шлајмови. Малата кашла веќе неколку дена. Всушност ние цело време сме болни. Една недела сме во ред после пак болни и така цело време.
    Јас имам положено многу одамна во мк може пред 10 години. И најголемата грешка што ја направив што не продолжив да возам. Толку пари за такси имам дадено. И така возев неколку пати со татко ми, но на тоа остана. Дојдовме овде бевме долго време без кола. Купивме мануел, јас се породив и никако неможев да почнам да возам. Еден период ми беше многу потребна и пробав пак. Но имав толку голема трема кога требаше да застанам на семафор па потоа ќе ми изгаснеше колата, па јас додека ја запалам пак се смени црвено. Едноставно ми беше многу стресно. И реков на маж сакам автоматик и точка. Си купив автоматик мала кола и раат видов. А толку многу се измачив по автобуси па чекај на ладното. Моли колеги да ме земат за на работа. Па оди пеш многу рано …
    Сеуште не сум опуштена со возење но горда сум бидејќи почнав конечно. Инаку во мк незнам дали би се нафатила да возам таму е жива лудница. А голема потреба ни е и во мк кога одиме немаме кола, но ајде 2 недели издржуваме.

    И мене не ми беше тешко дете да чувам. Е сега со бебе и тодлер пуштен на најјако ќе видиме како ќе биде. Понекогаш ми фалеше дружба и комуникација, но го пребродив тој период .
     
    На јolene, Chantal, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.597
    I jas imav polozeno mnogu odamna toa ustvari ni bese podarok za diplomska tatko mi vikase polozo neznaes koga ke ti zatreba. Vozev kratko pa prestanav, pa se preseliv ovde dolgi godini ne vozev ama dojde dete i potrebata samo se zgol3muvase kupiv kola 1 godina skoro stoese pa pocnav mali relacii, pa zgolemuvav postepeno samo da ne cekam poveke avtobusi vozovi i da ne bidam zavisna od nekogo. I den deneska ne sum kojznae kakov sofer ama za moi potrebi zavrsuvam rabota.
     
    На јolene, Chantal, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  6. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    756
    И мене ми беше поклоните од матурската. Иако не положив одма после матура. Добро е што сум ги послушала моите за да полагам. Многу пати ми викаше мајка ми јас се измачив со вас се на раци во градинка па трчам на работа со автобус ти барем имај си возачка. Во мојот град повразаноста со возови и автобуси е толку многу лоша , треба да дојде автобус па го нема. Повеќе пеш треба да одиш од колку со автобуш да се возиш.

    Од каде да купам филџани за кафе, еспресоо убави? Јас многу кршам чаши , чинии . Си купив чаши од кауфланд имаше претходната недела. Сега сакам цел сет филџани мали и големи. Да ми дојдат гости за срамота сум два исти немам :D
     
    На јolene, Chantal, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    16.712
    Пол:
    Женски
    И јас имам возачка ама сега за сега исто како да ја немам, полагав во последен момент пред да дојдам за Германија, дојдов ја преведов и си стои така. Мене не ми е проблем да функционирам без кола,навикната сум, живеам блиску до центарот, градинката ми е на 300 метри, работата на 10 минути. Автобуска станица веднаш пред зградата имам, додуша со кола навистина би било полесно ама не ми е неопходна, супер функционирам и без неа.
    Друга придобивка од тоа што немам кола е што пешачам и возам велосипед многу, па колку толку одржавам форма.
     
    На SummerGirl, јolene, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    36.111
    Пол:
    Женски
    Ова исто како јас да сум го пишувала. Заборави да кажеш под придобивки: не мора паркинг да бараш и паркшајн да ставиш, штедиш на бензин, осигурување, данок и казни. :D

    Јас пред некој ден пак шверц со трамвај и се прашувам каде се тие 6 години пати 12 месеци= 72 месеци пати 60 евра месечна = 4320 евра Каде ми се тие пари заштедени што се шверцам? :D Значи и да плаќаш и да не плаќаш исто ти е на крај. 60 евра месечна беше кога де доселивме односно 56 евра па поскапе на 60 па сега којзнае колку е сигурно 70-80 евра
     
    На јolene, Chantal, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    33.633
    Пол:
    Женски
    Ова како пушачите кога ќе престанат да пушат кај ми се парите што не пушам:rofl:.
     
    На mal.ecka, IronLady, Selena01 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.729
    Допаѓања:
    175.076
    Пол:
    Женски
    @TutiFuti се надевам ќе ти помине побрзо. :hug: Ти башка со две бебиња си, моиве бар одат сами. Конечно земав Отривен, такви капки и во гр користев и само тие помагаат. Знам дека за трудници и при доење не се дозволени, ама поголема штета може да има со затнати дишни патишта. Конечно ми олесна, продишев, сеа супа варам и ќе фаќам креветот.
    Туку ти последна со бебиња чинам си, па да те прашам, колку претходно треба да најави маж ми на работа дека ќе користи отсуство?
    И како може да се користи?
    Минатиот пат користеше маж, ама многу погрешно, не по наша вина, од работа кај него фирмата направи грешка иако за нас излезе позитивна грешката. :)


    Едит. Во дм во теглички можеше да се најде бујон за супа. Дали има уште оти не можам да најдам одамна? Дали можда ја смениле амбалажата? Ако користи некоја да стави слика ако сака.
     
    Последна измена: 2 ноември 2024
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    7 недели најкасно од терминот за пород може да пријави во фирма за тоа дека ќе користи отсуство.
    Мм малку порано најави дека со две бев бремена и ризик за предвремено породување.
    :hug::hug::hug:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Незнам на кои точно мислиш, јас ги имам овие користено.
    Screenshot_2024-11-03-10-03-41-056_de.dm.meindm.android.jpg
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.597
    Ako se poragas so carski vidi i za Haushilfe te sleduva, baska imas uste 2 deca barem eden mesec moze ke dobies ekstra.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    И ова не е 1000% сигурно.
    Јас со близнаци и дете од 7г тогаш никој не ми даде Haushilfe. Се молев во Ikk südwest таму имаме здравствено осигурување . Но неуспешно се беше.
    Во AOK можеби е друга политика.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.597
    i vo Aok e pod znak na prasalnik, vajda zavisi na koj ke naletas
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    19.924
    Пол:
    Женски
    Еве сум. Уште не сум опоравена од стресот кој ми се случи. Ја изгубив мајка ми пред 2 месеци. Месец дена по дијагноза. Многу беше брзо. Додека се освестиме со што се соочуваме, таа си замина. Болката и празнината ќе ми останат цел живот, тоа го знам. Само ми треба време да научам да живеам со нив.

    Солзите уште се ронат, не можам да спијам. Цело време се прашувам зошто. Никогаш нема да добијам одговор. Се обидовме, се боревме со последни атоми од нас и бевме поразени. Зашто борбата беше нефер и секогаш чекор пред нас болеста.

    Прочитав за Зоки пред некој ден. Се искршив повторно и повторно. Не знам дали некогаш ќе постои надеж за вакво зло и подмолни рецидиви речиси секогаш. Не знам дали го мразам животот или се мразам самата себе во моменти кога се прашувам зошто живееме во свет каде што постои лоша судбина. Претешко ми е, ама морам да продолжам понатаму. Немам други избори, не постојат други опции.

    Многу сакам да ги заборавам последните лоши моменти, како никогаш да не постоеле. Сакам да го заборавам денот кога си замина засекогаш. Сакам да си замислам дека е некаде на патување и дека ќе се врати.

    И тоа. Немам ништо убаво да кажам, знам.
     
    На MacenceEna, mal.ecka, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.957
    Допаѓања:
    36.111
    Пол:
    Женски
    Прими сочувство. :hug: Немам зборови. Навистина премногу брзо.
     
    На јolene и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.597
    Neka pociva vo mir zivotot e tolku nepredvidliv
     
    На јolene и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    33.633
    Пол:
    Женски
    Сочуство,држи се за 3те што си им сè:hug:.
     
    На јolene и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    756
    Прими сочувство, нека почива во мир :hug:
     
    На јolene и SummerGirl им се допаѓа ова.