Стари луѓе, рано стануваат рано си легнуваат Арно и некој оди на работа, се почесто слушам- абе двајца не ни дојдоа денес. И после двајца работат за четворица, и после чорба. Кај даваат пари за неработење, да одам да се пријавам? Или, не им требаат пари?
Ова со одење во смени и бирање кој кога му одговара е стварно ужас . Посебно во Einzelhandel е така да се оди во смени и викенд . Сите сакаат до 14 , 15 часот . Па која е самохрана мајка , која има деца па децата се проблем . И ние другите треба да одиме втора смена . Ко ја дома да немам деца , моите сами се чуваат . Не фер према другите . Има една мајка од мое село инаку, децава заедно во градинка ни одат . Ама уште пред година и пол која бевме на запознавање ми се виде чудна . Некој чуден вајб имаше , детево оди само босо, ги посетувала сите можни курсеви , онака се гледа е дека од новата генерација на мајки, помлада од мене ... Се знае подобро и сл. Детево , тоест сега две има , вчера ги носи во градинка . Двете во беж, сенф боја на облека . И ни се поздравува ни ништо . Престанав и јас да кажувам здраво . Децава едно до друго ни седат кај гардероберот , се распослала цело , бебето го легнала на земја , ќе го згазнев зашто не го ни видов Па чекав да го спреми , дремев до нејзе Абе каква намќорка е , божемесачувај.
Мислам дека секаде мајките со мали деца одат само прва. Во градинка на пример ем само прва ем мајките на мали деца работат од 8:00 до 12:00. Тие без деца или големи деца до 16:30. А има многу мајки на кои им одговара работа само навечер после 16-17 односно кога ќе дојде таткото дома. @MacenceEna мајкава што не се ни поздравува е значи мајка што мисли дека само она се знае кога ги видела твоите во небеж боја си рекла оваа ништо не знае ни здраво не и викам Јас тука немам видено такви мајки што ги облекуваат децата во беж. На инстаграм речиси па сите.
Моево оди во домашни шиени работи , не се шарени , баш убави земјени бои , него муабетот ми беше дека уште не прво видување ми се биде не симпатична . Со мм во исто село пораснале , со браќата нејзини се тепал маж ми ко деца фан фект после дваесет години нејзините браќа сакале да соработуваат со фирмата на мм и овој мојов ги одбил . Јас си помислив децава може заедно да си играат ,врсници се . Нема деца на нивна возраст овде ама ништо .
Не знам, дали е соодветно прашањево, ама дали во Германија бесплатно поправаат заби? Така слушнала другарка и се зачудив кога ми кажа
Како се вика бело прање на Германски ? (На интима дека имам благо пецкање) Треба да носам со мене и дете на преглед се надевам ќе успее докторот да ме прегледа.
Луѓе, кои документи да ги барам од матичниот на ќерка ми тука, да ми ги даде, за доле во Мк шо ќе ми требат? Картон за вакцинација, нешто друго ќе треба ли? И каков картон да барам да ми дадат?
Здраво имам едно прашање при поднесување за германски пасош кој документи се потребни, и дали е проблем ако во моментот работам само миниџоб или бараат договор со полно работно време? Фала однапред
Vaginaler/weißer Ausfluss, некаде го има и како vaginale Ausscheidung (не знам дали има народни имиња/називи, како кај нас "бело прање")
А што би ти требало? Јас неколку пати во мк ја имам носено на детско во болница ништо не ми барале тоа е како приватен преглед. Мојата имаше темп 39. И зимаа крф
Ќе одам на неколку месеци, мора да ја однесам доле на доктор. Тука ме ебават многу време, неможам да ги чекам више. Мора да и праам мк документи оти само бугарски има, па мора здравство да си направиме доле и матичен да најдам. Ми треба картонот за документација оти има уште некоја вакцина за примање па ваљда доле ќе ја примаме.
Искрено, не знам дали може така, по кој основ ќе бараш матичен и здравство во мк? И дефинитивно не би мешала вакцини.
Абе не те држи никој на сила. Велам имаш негде престој. Таму кајшто имаш престој, имаш детски доктор, детски додаток, ти следи здравствено, дете прима вакцини. Негде или се преселуваш, што значи го прекинуваш постоечкиот статус, или одиш на одмор. Ама јас ако одам на одмор во мк, во Хрватска, во Дубаи, не ми следи таму педијатар оти не живеам таму. Доктор во мк на приватно, систина. Или нешто слично.
Па ти ако немаш адреса во Мк, ако си се откажала, шо да правам. Јас уште си имам адреса на документите, се немам откажано од македонско државјанство ни од престојувалиште ни од ништо.
Ок, не знам како да објаснам. Ама сигурна сум дека немам здравствена легитимација во мк и немам појма како би ја добила. Ни јас ни моето дете.