Државата ги покрива со се. Намирници кои им се потребни , лекарска нега, што и да е. Кај нас е вака, сигурно и кај вас. Нема оти да мислиш оти е лоша мерка , баш напротив за доброто на сите е. А по тоа што се случува во Италија, далеку е од сезонски грип. Сепак е поризичен.
Јас слушав на радио дека до сега од 200 и нешто случаи во Германија сите се излечени и без никакви последици
Јас ко шо знам, мора за секое дете башка соба, особено ако се постари од 10 или 12 години. Значи, треба четирисобен да бараш, не трособен.
Сега баш ме обесхрабри . Трособните станови се над 900 евра а четирисобни над 1300 ние само за кирија ке треба да работиме
Затоа ќе живеете подалеку од град во некое село каде становите се поефтини па до работа со месечни карти ќе одите за да заработите нешто. Во град е скапо да се живее нормално. И со една плата тешко дека може за четворица да се живее и заштеди. Ќе мора повеќе лица да работат за да се овозможи кирија и штедење заедно со нормален живот. Размислете за седење негде подалеку од град.
Сзо излезе со информација за поголема стапка за смртност од сезонски грип. Али сепак далеку од панично гледање на вирусот. Имаше една статистика кружеше деновиве повеќе лица умираат од депресија него од корона вирус.
За две деца треба трособен стан минимум, ако е едното машко другото женско тогаш четирисобен. Ќе направите уште едно дете и ќе земаш три пати по 225 евра месечно отприлика плус првите 12-14 месеци 300 евра месечно. Најверојатно самите газди намислиле дека сакаат да го издадат на две особи. Нас па никогаш до сега не ни кажале објаснување зошто не ни го даваат. До мене има сега едни четирисобни 1600 евра. А двособните 800. Не одбија за двособните најверојатно дека сме тројца. Решение е само трпеливо да бараш, да чекаш и да се надеваш. Најдобро преку агенција за на сигурно да си. Ние чекаме да објават и одиме на терминот. Носиме документи и не одбиваат. И гледаат кој живее во зградата односно какво семејство бараат. Во сегашнава зграда на пример буквално секој стан има по 3-4 деца и на некој начин никој никому не може да смета. Деца се стално викаат, трчаат по дома и по скали. Да имало некои постари баба и дедо во зградава нон стоп ќе се бунеле на пример. Вака сите станови исти тип луѓе.
Купи си од локалните весници и контактирај директно личности кои издаваат станови. Така направија сестра ми и најдоа трособен стан за 500 евра kalt. Вака само ќе се мачиш на фејсбук и на тие страните од нет, голема е конкуренцијата. Значи, ќе купиш весници и таму стојат многу огласи од приватни станови и луѓе кои наскоро ќе се селат па им треба некој да им го превземе станот. Со среќа. ЕДИТ : @gjoker4e , @Ava.84 и денес барав квасец и брашно и за жива глава нема. Како е ситуацијата кај вас ? Да си купам карта за Франкфурт па таму да одам по брашно. ц ц ц ц , немам коментар
Кај нас во дм будалите ги купиле сите прашоци за перење и пелени. Значи стварно не се нормални луѓево мислат во бункер ќе живеат нуклеарна катастрофа иде па прашокот го издигале. Имам само еден за бебе ако го потрошам ќе треба да и го сменам ради ненормален народ.
Не мислам дека е лоша мерка да се изолираат ама невозможно е некако.Јас баш читав од Италијанска докторка или што и да беше дека кажува и укажува дека сезонски грип убива повеќе од корона вирусот.Во Германија во период 2018/19 се починати околу 2000 лица од сезонски грип.Што и не е така мала бројка. Од каде толку пари за киндер грлд малата добива 204€ мислам износот во цела Германија е ист.Како дојдовте до овој износ? @Herrera јас бев сабајле 9ч во Реве (Моабит) беа празни рафтовите за брашно ,шеќер, накај 12 ч отиде шефот по млеко и сапун дојде чудејќи се како немало.Сапун немало Јас завчера бев во нашата маалска имаше квасец сигурно оти баш го видов и велев во Едека тука бил квасецот да си знам Мене се ми е празно ни леб имам ни фрижидерот ми е пун оти го чистевме во сабота ,ниту сапун имамПосле ќе одам па ќе видам какава е ситуацијата.
Жими се, нервозна сум Цел Штутгарт го обрнав, нема бе, не можам да најдам брашно и квасец. Ненормална работа. Не знам во кој град да одам да барам , обично од брашно правам разни работи и си ги замрзнувам и си имам. Таман си велам ајде почна нов месец Март ќе испазарувам брашно и јок. Не знам што да речам.
Јас идам во недела Штутгард да ти донесам има кај нас во продавници, има и квасец. Локална едека во зграда имаме и баш вчера пазарував видов се е нормално. Озбилно ако ти треба ќе ти донесам од тука.
Озбилно ли ? Ми треба. Донеси ми 5 пакетчиња брашно = 5 кила да си имам . Дупло ќе ти ги платам. Јухууууу, ме расположи Олеее олее олееее Пиши ми обавезно кое време ќе бидеш тука , ептен од помош ми се наоѓаш ,Господ здравје да ти даде. Моиве заминаа за Македонија да му прават крштенка на детето, јас откажав со идењето таму, ќе останам тука затоа и се жалам.
@Ava.84 За прво и второ е 204, за трето 210 евра и за секое наредно дете 225. Со четири деца имаш 1 000 евра киндергелд. Плус мн е добро она баушпар, на секое дете во рок од 10 години добиваш 10 000 евра. Значи ако имаш четири деца тоа се 40 000 евра за 10 години. Кај нас ништо нема. Посебно зејтин и брашно нема шанси да најдеш освен да начекаш баш тогаш да донесат. Веќе некое време се е празно. Од катастрофи во Дм пудрата ми ја немаше ни приближна нијанса, цел дм празен страшно, па зедов сосем друга и сега шетам златна во лицето. Инаку ние ништо немаме купено резерва на ризик живееме.
Ти па сега како овие видета на арапите со 11 деца милионер ќе сум Баушпар или баугелд?Баугелд ако купуваш свое куќа /стан добива секое дете како помош.А баушпар сигуно е некој пакет за штедење