Мислам и јас дека неможеш да бараш матичен и да примате вакцини во Македонија. Чим како живеалиште ти е престојот во Германија. Можеш на приватно да одиш на лекар да . Инаку сабајле на тик ток видов едно видео дека некој македонски ја убил сопругата во Дортмунд негде.
За пари се бива во Мк. Најнакрај, ако треба ќе се одјавиме од тука и ќе идеме Мк. После тоа пак можеме да дојдеме тука без проблем. Али крајно сум изреволтирана од ова шо ми го праат со детето. Од врата на врата ме шетат, никаде никој ништо не ми кажува, само упати за други места ми даваат, пак со месеци чекање.... една година чекам за ушен преглед само. Доста ми беше. Си одам детето во мк да си го лечам, на приватно, не на приватно, со пари или без пари, ич не ми е гајле. Ама помош одма ќе добијам доле.
Јас те разбирам ептен. 4 саати одсабајле барам да сменам матичен педијатар, нема. Ова трет ден. Од арно и од бес не барам. Ама организирај се умно. И не менувај никакви престои, доктори, ништо, никакви вакцини не мешај, само на проблемот фокусирај се.
Ако ти остане уште нервоза, продолжи со чистење кај мене. Јас веќе немам нервоза, само депресија. Ќе одам да бројам ориз
Мислам дека 1500 денари плативме на педијатар во Мк за прегледот и плус не се сеќавам. Бев за истото тука што одев. Скроз истиот одговор. Викам овој претходно се има слушнато со педијатарот од тука, нема шанси истото да ми го каже. И пак фактички без решение. Ист проблем имаме скоро три и пол години. Јас бев убедена дека нешто е и изненадена што буквално истото ми го кажа педијатарот во Мк! Сега вие сигурно некој друг проблем имате за кој можеби има решение Мк. Ама наједноставно е да одиш на приватно во Мк и да си платиш. Можеш кај 2- 3 педијатри да отидеш. Јас отсекогаш кај 3ца одам и секогаш сите исто кажувале ама нели сакаме да се осигураме.
Не ми треба мене педијатар, мене ми требаат логопед, могопед и тие доктори шо се, незнам како се викаат. Шо работат со деца, им помагаат за говор, за се. Ќе си идам на приватно, одма ќе ми дадат термин. А тука ако чекам, ќе се изначекам со години.
Абе каков логопед, ми викаат дека прво треба ушите да и се проверат. Па незнам шо друго да се проверило. Па дури тогаш ќе ми кажеле кај треба детето да се однесе. Една година чекам за ушно. Од педагог чекам 3 месеци едно писмо, ууште го нема. И после пак ќе треба да чекам со месеци и години за други термини. Во фрухцентрум дури за 1 година ми е терминот. Доста ми беше. Си одам во мк да си го лечам детето на приватно.
Tuka prvo e borba da dobies upat za logoped, pa koga ke dobies druga borba da najdes zavisi od mestoto kaj sto se naogas nie 6 meseci cekavme.O celo vreme borba vo eden krug.
Пред 3 години на мене ми е откриено автоимуно заболување. Арно ама докумемтите ги изгубив. И пред некој месец бев на матичен, бев на 3 матични уствари, тројца сменив, од сите барав упат за реуматолог и не сакаат да ми дадат. Немало индикација за да ми дадат. Документите ми ги бараат. Ајде бе сиктер тамо, гонете ми се, нацисти едни.
Зами од мк решение пак од доктор што и како ти е само достави го овде. Инаку за здравство доле ќе си се пријавиш во завод за вработување а за здравство во социјално. Детето одма исти ден можеш да добиеш мк матичен бр. Инаку од овде земи од амбасада патен лист зошто у мк ќе ти го бараат ако правиш пасосш, и интернационален извод за матичниот бр. Ние иако не сме доле си имаме здравство. Детето и мое има проблем со уво еве испи антибиотикот беше рат 3 /4дена и рве од вчера пак проблем со ушното тапанче.
Иди, симпо таму има една докторка ја фалат многу, сепак у државна имаат добри дефектолози кои се почнува од преглед после те праќаат понатака, од сензорни соби до моториќи и чуда. Битно е да се почне од негде. за пари термин имаш за два дена. *Имам идено у државна на детска клиника никој денар не ми земал за детето само ми ја побарале здрас. картичка и тоа е тоа.
Треба да направам најпрво здравство, да се пријавам тамо во заводот и социјално ваљда. Јас пред да заминам од Мк, користевме уште здравствени книшки, сега незнам како е, некои ми викаат на картички било, некои викаат електтонски, којзнае.
Ако се враќате пак во де, нема што вакцини у мк. Нели не се но одјавуваш ти од тука. Ќе одиш само на месец два како што разбрав. Уши мора прво да се проверат да. Да не се разочараш од мк, може ќе се разбереш полесно што ти треба, ама пробај штом маката те води натака. Многу кадар и таму немаш, се по скопје мораш. Едино на приватен, инаку ќе чекаш пак со месеци за термин. Ќе те упатат, па ќе знаеш на што си. Повеќе е од мк навака документација да си донесеш.