Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Јас дирекно Скопје ќе одам, таму стан ќе земам. Е сега, незнам колку време ќе остануваме, оти има многу документи да поднесуваме таму.
    А и сакам докторите и спрцијалистите повеќе време да работат со детето. Може ќе потрае повеќе месеци. Може подолго ќе остануваме.
     
    На Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  2. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски

    Чим си решила се ќе биде
    На картички е сеа али зимаат и книшки не прават проблем.
    Со среќа, што побрзо до решавање на проблемот.(fingers)
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Фала :*
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Доколку е проблемот околу Frühförderung, дијагностика, пиши ми. Имам големо искуство по тие врати.
    :hug:
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    За таму имаме дури следната година, летото :rofl:.
    Има време, ќе видам. Ако и помогнат во Мк, тука ќе ги откажам сите термини.
     
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Па незнам на нас за мкд документи ни бараа патен лист, кога правевме пасош влага у мк со тој лист и после кога земаш пасошот го оставаш таму у полиција. Мојте имаат и Германаски сега пасоши ама тогаш кога одевме мк немаа .
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Ние имаме бугарски, не ни треба патен лист.
    Тоа знам дека за бебиња шо немаат уште документи го бараат.
    Прв пат слушам такво нешто да барале за пасош.
     
  8. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имав мака со детето не знам дали станува потполно за истиот проблем но генерално е тоа, ќе одиш во завод за рехабилитација на слух и говор, таму во исти ден имаш преглед од логопед, дефектолог, орл, психолог и плус проверка на слухот . Со упат платив 350, приватно како е не знам, според тоа одредуваат третмани што како, ние две години идевме на логопед тоа е долг процес за жал. Во заводот се плаќа 900 денари месечно ако одиш два пати неделно, а 1250 ако одиш три пати.
    Мене ми беше далеку од дома па така одевме во приватен центар каде час е 500 ден од 45 мин. Инаку кај и да решиш да одиш прво сите ти ги бараат прегледите од центарот за слух и говор и според тоа се водат.
     
    На SummerGirl, Adidas888 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Исто е и Германија.
    Проценката се прави и во SPZ и во Frühförderstelle.
    Со нивните проценки следуваат третманите, таму каде што е потребно, во соодветните сфери каде треба стимулација, бесплатно.

    На ушно е неопходно да се отиде пред да се почне со третманите. Не обичен ушен доктор, Komunikation Medizin, Pädaudiologie треба.
     
    На SummerGirl, Adidas888, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    784
    Кога е најдобро да се бара од педијатар да се започне со оваа процедура? Моето дете е 2 ипол год, почна да повторува зборови но не е тоа тоа. Не ги повторува правилно и чисто и не повторува константно. Знам дека деца не се споредуваат но имав прилика да бидам со дете што штотуку почна со повторување на зборови и го повторуваше секој збор што ќе му го кажам.
    Знам дека во мк порано се почнува со целиот третман , овде најчесто се чека за се и сешто.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Ние на 2 години почнавме.
    2x неделно логопед, 2x ерготерапија(дефектолог), 1x физио,1 x Heilpädagogik.
    Рано не е, ниту па невозможно, но дали има потреба. Треба да се направи термин за проценка.
     
    На gjoker4e, Biljarkata и joana18 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Како и да е, во Мк побрзо тоа ќе го завршам.
    Ете сега на 13ти ми е терминот за слух, ќе одиме ќе видиме шо ќе кажат. Ќе им барам документи да ми дадат, за да ги покажам во Мк, ако уопште ги признаваат таму. Ако не, се на ново ќе прајме во Мк.
     
    На SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.976
    Допаѓања:
    179.832
    Не станува збор за признавање или не. Секој лекарски наод е валиден, ако знаеш да им го преведеш.Во мк многу нешта ќе завршиш побрзо, за пари, ама можностите им се лимитирани за нешто што бара време. Сепак почни во мк, па ќе видиш, што може да се заврши побрзо. И пиши и на Дани што ти се понуди да ти објасни, пошто го одела тој пат. Сепак во Германија има потесни специјализации што во мк не ни постојат.

    Јас само сакав да кажам, спреми план за долу уште пред да тргнеш, да не дремеш безвезе. Оти и за пари се работи, ама некогаш и за со пари, треба плус и врски за термин:tmi:
     
    На SummerGirl, Adidas888, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.325
    Допаѓања:
    285.729
    Тука има и градинки каде детето директ таму ќе добива потребни терапии. Идат логопеди, дефектолози , физиотерапевти, се се одвива во градинката.
    Јас искрено би размислила каде би добило детето подобра рана стимулација.
     
    На Adidas888, gjoker4e и јolene им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    7.112
    Пол:
    Женски
    Ади твоето е околу 2 години или грешам?
    Не ме сфаќај погрешно, за други маки сум одела по болници и точно знам која ти е фрустрацијата . Плус за дете е помножено со 10^6.
    Сакав да речам, овде е терминот на 13, после терминот ќе се појасни многу нешта. Еве го кај е, следна недела.
    Ако не си задоволна, пробај да смениш педијатар или направи еден термин за консултации со педијатар, подготви си ги сите прашања од дома и оди со листа и барај одговори.
    Смири тон малку. Ама слободно кажи му дека се работи за твое дете и некако не се осеќаш сигурно дека се е направено.
    И јас верувам дека за проблематика овде имаш повеќе доктори, само треба нерви.
    На кој јазик комуницирате со докторот? Да не лежи проблемот во јазична бариера. И за тоа има решение. Има наша преведувачка во близина на келн, можеш да се договориш да ти помогне ако не.

    За термини за дете, ако е нешто посериозно одиме двајцата ние. Јас во тој момент сум во паника и често не дослушувам, па маж ми е тука за да се оправа. Мене кога ми писка дете, не можам на ништо да се концентрирам. А писка кај доктор секогаш нормално.
    Ако е само вакцина, или контрола на дерматолог на пример одам сама. Ама сега утре мора нешто побитно контрола, не ми дреме што два саати нема да е на работа.
    Кога на мене ми врие мозок, он е тој што поставува прашања. И за писмо отпусно, или наод, секогаш земам копии. Кај доктор матичен или од специјалист дирекно.
    Се тоа скенирам и чувам на облак во папка, па постојано ми се достапни. И мои и нејзини.
    Маж он не оди на доктор :@. Не можеш да го натераш на контрола годишна да отиде.
     
    На SummerGirl, Biljarkata, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Не ми е проблем за јазикот, и јас и матичната добро го збореме англискиот. Се разбираме супер, секаде кај шо сум била супер сум се разбрала.
    Знам оти ќе ми кажат сега на 13ти шо како, ама знам оти после пак ќе треба да чекам многу за термини.

    Плус, и мене и на детето ни треба малку повеќе социјализација. На ќерка ми посебно.
    Најмногу заради тоа одам доле.

    Ќе пробаме доле прво на приватно неколку часа да видам како ќе биде, ако нешто не штима пак ќе се вратиме тука и ќе чекаме.
    Ама сакам шо поскоро да ја однесам кај некој и одма да почнеме со работа.
    Оти тука знам како е, ќе чекам термин за да одам да ја прегледат, па после пак ќе треба да чекам многу месеци за да почнеме со терапии.
    Нема шанси. Од тоа чекање споулавев, главата незнам кај ми е.
     
    На SummerGirl, јolene и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    36.233
    Пол:
    Женски
    Пред да се запречкате да ви раскажам за симпатијата ајде. :P

    Секој нека прави онака како што мисли дека е исправно. Јас од прва тука имам саглам педијатар и многу е интересно што во градот од мм има двајца педијатри што се исти како мојов педијатар и секогаш и тројцата истото го кажуваат ама буквално истото како во исто школо да оделе. :D Како договорени буквално!

    Нели мислев на главата нешто па бев на неврологија и МРТ на глава се беше ок. Па тироидната ајде па сега и тоа е ок. Па рак на матка си умислив па правев пап. Сега најново ми е: миом на матка дека имам! Стомакот скроз најдоле ми е зголемен и секоја ноќ ви вц идам значи буквално како да има нешто што тежи над мочниот меур, трудна не сум. И на работа по 2-3 пати одам во вц, некогаш и 4, а до скоро само еднаш. И сега треба термин за ехо да закажам на гинеколог.
     
    На SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Сега кога размислувам, секогаш сум доаѓала на темава да се жалам :worried:.

    Па ај и јас да се пофалам малку, лани бев 77 кила, а сега сум 69,5.
    Ако продолжам така со нервозиве, ќе стигнам до 65 :muscle:.
    Манекенка бре.
     
    На gjoker4e, Ava.84, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.976
    Допаѓања:
    179.832
    Прочитај кај што имам пишано последно и провери си урино-култура:).
    И ништо не кажа за симпатијата :D

    И јас исто @Adidas888 (hollest)
     
    На gjoker4e, Chantal и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.649
    Пол:
    Женски
    Дали двајца родители треба да одат или едниот е доволно во амбасада за патен лист.
    Јас еднаш прашував тука нешто за патен лист ама заборавив :worried:

    Ние треба да извадиме патен лист крајот на месецот , оти сега му истекува пасошот на син ми , а декември си одиме за Мк и таму сакам да му пасош .