Оди. Од мајчински инстинкт нема посилно. Ти секако најарно си знаеш. Лелеле моето 10 дена само се дере, што од болести, што од разлигавеност. Еве сега се кисне оти не сум до неа, да ми брцка во око и да ме кубе. Требаше да спие подолго, стана и сега до 8 глава ќе ми пукне.
И мојата е разлигавена овие денови. 1, 2 недели главата ми ја има пукнато. Ќе полудам. Незнам шо и е, само плаче од не ништо, не ми дава ни до кујна да одам, одма иде и плаче, мора со неа да седам во дневна. Немам мир ни секунда, секаде почна да се качува, на маси на столови на кревети, секаде се беси, па и колку брза станала аууу.
Епа тоа де. Не оди, ама на маса трпезариска е од горе. На кауч, на бирото од маж ми. И исто се лепенка е. Еве правам тост со кашкавал да преживеам до 7. @Biljarkata нема да умреш. Земи ако има во твое село cystinol acut и пиј незасладени течности. Ако го земеш цистинолот не ти треба ни увин чај, ни дманози, ни бутури. Крв има стално. Нормално е. Само ант е терапија. Последно ја лечев со антибиотик со поминат рок, а препишан ма маж против корона у мк пред 3 год. Ципро беше, ципро делува кај мене. Толку ме мрзеше да одам на лекар ете. Не сум неодговорна, само пола медицина завршив што чекам по болници и веќе сама се дијагностирам и доктор рецепт препишува. Е до толку. Нов телефон имам и не го сакам. Ај, бидна тостот. Дете пола ќе го слапа и еве ја чекам да се тресне од маса доле. Немајка!
Мислам дека ќе треба двајцата родители. @Adidas888 ако вадиш мк пасош ќе ти треба патен лст бидејќи детето не е родено у мк
Леле јас ем не јадам ем калории намалив и пак сум 61,4 ова со фармерки.Кога ќе станам 58? До годините е затоа не слабеам Така викаше една колешка во Мк и јадеше четврт леб затоа не салабеам оти сум стара и од вода се дебелеам.
Мхм, до годините е Не ти треба вакво слабеење ко нашево, тоа сигурно. Биди си така, убава ко дропка - шо викаше баба ми ( а јас никако не можев да сфатам што има убаво во дропки )
Абе ајде 4 години скоро ми требаше да намалам 4 кг. Абе јас сакам послаба од симпатијата да бидам затоа сакам уште да ослабнам. На работа шефицата индиректно ме прашува МКфит да не има некој на листата запишан што сака да вежба.Учи се ќерко сети се снао.
Не ми изгледа како ешерихија коли да имам. Заборавив да пишам и дека под левото стапало ме боли скоро накај петата. Кога гасам. А кога стискам со рака да проверам каде точно боли, не ме боли никаде. И во овулација сум. Сабајле пиев ибупрофен од болка од овулација или од болка од што денес времето се смени и е 12 степени, ладно и дожд, до вчера сончево беше. Дека со царски породена па на секоја промена на време ме боли. Да не заборавам да додадам дека сеуште по кратки работам на работа ама мојот проблем е што облека од лактото па надоле ме нервира. Вчера дома со блуза и ќе цркнев од нервоза, мм вика не се трпиш што ти е, и отпосле ми текна дека блузата ми ствара нервоза и облеков по кратки и ја снема нервозата. Ова уште од мала ме нервира и на секое сонце по кратки сум па дури и во октомври сега бев ама среќа имаше и дури лудаци по кратки па не бев сама. На работа сите ме прашуваат, нели ти е ладно ама мене секогаш ми е многу топло ама од друга страна па кивам и во вц одам цело време како сепак ладно да ми е. Не знам што да правам. И плус долна маица не носам никогаш. Можеби па само долна маица треба да воведам и ќе биде подобро ама и таа жешко ми прави. За патен лист мора и двајцата родители со нивните пасоши. Симпатијата е златен па сакам за него убаво време да одвојам па да пишам. Плус југословенско потекло леле леле! Рече ќе прашал од каде поточно и ќе ми каже. Дали ќе е светот толку мал, а љубовта голема, и од Македонија ќе испадне?!
Отприлика исто време се занимаваш со слични симптоми, оди помочај му се на докторот. Јас не викам дека имаш , викам исклучи бактерија пошто е едноставно. Симпатијата од Далмација ќе биде, тие се такви лични, стројни И @Gosh уште ја нема
Дојдете кај мене на доктор тие со уринарни проблеми реков урологот ептен симпатичен беше, иако за џабе бев па не го видов пак. Дојдете ќе ве носам јас
Имам и јас колеги се се по куси со 3/4фармерки, ама денес 6 степени.Одиме со колегите да купеме јадење и го гледаме колегата што е на куси нон стоп , беше на долги и колешката вика еве штом тој е во долги ладно е .
Има еден феномен овде, шо во мк не го разбираат, мислам дека се вика челичење. Шетаат по куси и на минус, се капат во студена вода, баш е и организирано како друштво за челичење (подобар мк збор не ми текнува). Наводно било добро за здравје, невролог му има кажувано на мм. Многу е популарно. Јас сум многу немодерна-под 10 степени со капа на глава
Здраво, ќе ве замолам ако некој може да сподели совет или мислење- Дали воопшто во Германија може да се најде работа без германски јазик? (прашувам за лице кое веќе има виза но нема работа) Благодарам
Еднаш го носам малиов во градинка по кратки и две жени пред градинка со јакни зимски, дебели качи, и ме гледаат и на глас викаат дали ние претеруваме и јас се насмеав, вчудоневидени беа. Од ладни работи мм се тушира со ладна вода дека нели како што кажа. Следно ни е лицето во вода со мраз да го ставаме неколку секунди па да зголемуваме. Дека се челичи стварно, од градинка имам сфатено. И интересно е тука што на дожд се скоро сите без чадор, освен ако не е некој силен дожд, па така и јас денес и буквално никој немаше чадор денес, малку врнеше, нит возрасни нит деца. И да не заборавиме дека во градинка школо на пауза се надвор на дожд понекогаш и без капи или и без јакни. Може.
Во неделата бевме да шетаме во природа и ајде ќе свртиме до едно езеро што често сме таму летото и мајка и син (максимум 14 год) се бањаа.Мајката излезе се избриша, облече и му кажа на синот ајде излези едвај го наговори. Моите си поиграа на игралиштето и се враќаме да си одиме дека ладно. Мајката и синот мокри се сушат на сонцето и играа нешто како тенес не загледав што. Не беше повеќе од 8 степени. Мм еднаш беше присилен да влезе во водата во истото езеро оти големата авионот си го фрли и тој отиде на сред езеро.Надвор беше некој 17-18 степени .Влезе и еве го 4 год кажува колку било ладно . Он е од типовите што ако не си ја исушиш косата и легнеш со мокра коса изгледа главата ќе ти падне.Јас стално со мокра коса си легнувам. Јас пак откако чув колку е полезна ладна вода може 5-6год уште се наканувам да пробам.Порано мешав ладна топла кога се бањав сега сум заборавила ама ќе правам пак така.
За мене само сауни и џакузи. Вие мешајте, одете во ладно, одете на кратки што сакате прајте, ја со чорапи спијам и лето и зимо. Додуша еднаш после една сауна имаше буре со мраз да влезеш внатре, а имаше и такви што надвор со ладна вода се бањаа. А надвор снег имаше. И во сауна инаку сите голи . Ама секако никој нит ме знаеше, нит ме познаваше таму. Да е во место во кое работам, не би сигурно, не се знае на кој ќе налеташ таму. Уште не ми е помината главоболката, маж и си доби бонус дерење, оти не знам кај терам. Сега го пратив на трета смена, не можам и таа да ја превземам.
@gjoker4e Ти благодарам..ќе може насока на пример во кој домен може да се најде работа, за женско лице е (така да конструкција, механика се исклучува). Која алтернатива постои за женска особа, мислам околу 40тина има, без германски јазик?