Да направам мала дигресија на муабетот. Менингокок Б, вакцина? Ја примивте? Читав дека е релативно нова, не е задолжителна, но стопати препорачана од педијатар. Дали ги боцнавте дечињата? Вакцинирам се што е по календар, оваа е ван, па ми прави збрки. Додатно ми прави фрустрации и самиот педијатар, пред една недела прими шестовалентна и пнеумокок вакцина, пишал термин за една недела за менингококата. Разлика една недела меѓу вакцини.. Споделете искуства, поради што одлучивте да примите или не? Конкретно само за менингокок Б прашувам, останатите по календар редовно ги прима.
Ние решивме да не ја вакцинирање. Сега е дури уште понабилдана, мен А,В, Х,У ли беше поима немам. Нашиот педијатар исто така налега, ама му кажавме дека сакаме да размислиме. Ако во меѓувреме стане задолжителна, ок. Ако не, не.
Зависи какви квалификации има личноста. Во ИТ знам дека има големи шанси. А ако нема квалификации и сака да работи чистење или сл. тогаш има шанси ако влезе во фирма кадешто ќе работи само со балканци. И во McDonalds и сличните мислам дека би можело, поаѓам од тоа што доаѓаат доста студенти кои немаат познавање од гермаскиот јазик. Има и доста луѓе од Балканот кои имаат добри фирми овде па во нив претежно работат од екс ју.
Кога сме кај вакцините, нашиот педијатар многу не' убедува и за онаа во случај од убод од крлеж. Ама мислам дека веќе е ту мач со боцкање.
Крлеж ние доброволно вакциниравме. Ако не сте надвор на пример, може и не. Ние сме од пролет до есен по треви, планини, ливади и ми прпа искрено.
И ние не сме внатре барем во лето. Една комшивка Русинка вели дека мајка и била лекарка и таа ја посоветувала да ја прими нејзиното дете затоа што инфекцијата/болеста што ја пренесуваат крлежите е многу опасна. Па ме замисли тоа искрено, ајде можеби напролет..
Ако се одлучиш да вакцинираш, подобро е пред пролет, за да добие имунитет до пролет. На пр. Фебруари една доза, март втора и веќе од април има имунитет. Трета доза после една година од првата. Да се надеваме дека идната пролет бар малку повеќе сонце ќе видиме, оваа смрзнавме и дождови, па и мало дете, нигде не отидовме на планина. Едит. Ми стигна известување од оне дриве. Пред 100 год слика. Со пантолоните тесни и штиклите. Не можам да се препознаам дека сум јас. Па и краток капут. Леле леле. Физички не дека толку многу кг имам ставено, немам. Ама некако младост бе. Сега класични пантолони и такви кондури не знам ни како ќе ги носам. Баш би сакала да пробам, само некако стапалото како да ми порасна и се рашири, откако не носам кондури. Не знам од што така. На @Biljarkata ако не и е подобро да оди на лекар, да и сменат антибиотик, веќе треба да си без болки. Отспиена сум, се познава. Петок, убав ден .
Вакцинирам исклучиво по календар. Не вакцинирам ништо надвор од тоа. Среќа и нашиов педијатар не инсистира, ама секако немаше да ја прифатам оваа менингокока вакцина. Сметам дека кога реално би станала неопходна, ќе ја внесат во редовен календар. За крлеж вакцинирам доброволно. Премногу ги има. Ситни се како пајачиња ми требаше време да научам да ги разликувам. Секое одење надвор ова лето особено, на себе си наоѓав како ме лазе. Еднаш глава почешав во нокт ми остана. Ич не се заебанција крлеживе. Ја пак да се пожалам од комшијава. Само што го зедоа биото, дојде во двор со онолкави ножици, не знам што гранки сечел позади, истиот ден 2 часа подоцна ја наполни едната канта. Му пишав меил на газдата, џабе. Следното утро дојде пак стариот вампир, ја поднаполнил и другата канта. Тие канти треба 2 недели да не служат, 3 спрата. Сега се полни уште првиот ден кога се земени. Кажувајте какви катанци да земам. Може да се било какви или има посебни за ова? Не можам да се нервирам више оти тој е стар, му е досадно и нема осет.
Кога се нарачуваат канти има опција за со клуч. Јас баш сега за станот такви нарачав. Прашај дали може накнадно да де стави, на кантите кои веќе ги користите, па дамо клучеви да си дуплирате. Вермитерот има обврска ова да го среди, волкава игнорантност.
Офф кантите беа тука ги затекнавме. Немаме посебен човек што се грижи за двор, ние сите станари во договор. Ама да почека бре, пред земање ѓубре нека оди нека дополнува колку сака и што сака. Вака ми ги полни истиот ден одма значи само што ќе го земат ѓубрето. Многу се нервирам. И газдава ко да не се замара или не може да излезе на крај со него.
Колку што разбрав тогаш, тој воопшто не живее во вашата зграда нели? Нема ни право да фрла таму? Или грешка сум разбрала? Нашиот комшија го нема веќе да се жали и тропа .
Живее во куќата до нашата. Ама доаѓа во нашиот двор. И цело време нешто си чачка. Праи ѓубре од нашиот двор и фрла и ми полни канти. Дворот е огромен. Има дрва, ама сите скоро се зимзелени и грмушките. Не прават лисја, не прават ѓубре. Ама тој си наоѓа занимација. Еве последно, со огромни ножици делкал гранки од дрвата. Да му сметаат па да речеш ај.. ама старо дртало по цел ден е надвор нема што да праи и само наоѓа нешто.
Жено, ај кажете од кој шлаг за филување и сл сте задоволни? Ми треба нешто што држи поцврсто , а не одма течно да е. И, исто така брашно од кое сте задоволни? Неколки пати имам кифлички направено абе ич не се меки, а истите во мк ги правам, премеки папушка се. Сум земала од реве, од едека, од алди нема разлика никаква .
Ја шпиунирам темава долго време Примате ли македонки по скандинавија? Нема таква тема, а ве гледам тука баш убаво размуабетени. Ако не си се одјавила од Мк, може да се пријавиш во завод за вработување како невработена. По тој основ ти следува бесплатно здравствено осигурување. И мој предлог е доколку планираш да се шеташ по специјалисти, да се пријавиш пошто алтернатива нема. Не прашувај како знам. А во Скопје има многу добра ординација која има дефектолог, логопед, писхолог. Вршат заедничка проценка на детето, кошта смешни 1500 денари, не ти треба осигурување. Ние бевме и баш сум задоволна, останавме можеби час и половина со син ми, навистина професионално и темелно.
Џоки е мајсторот за кифли таа го пофали брашното од норма. Јас купувам брашно од лидл или кауфланд. И мислам дека е битно да го активираш квасецот доколку коридтиш сув. Инаку мајка ми кога беше ни направи но не и беа како нејзините што обично ги прави во мк.
Жива сум @јolene , ваљда Не знам дали е светски или локален феномен, ама никој ништо не работи. Каква контрола на доктор, какви бакрачи, умрело тоа во корона изгледа.Се јавив на рецепција за резултат, да ме спојат со доктор. Значи не се една ординација, поликлиника се, приватна. Ми рекоа следно меил да сум им пишала, презафатени биле. Докторот ми рече не требало контрола. Абе све, од доктор до чистачка е пуштено на неработење и тоа е. Значи морам да преживеам, сама по себе. Поарна сум денес
Наредно , поточно сеа следна прилика кога ќе праем ќе земем од норма, па лидл. Кауфланд не ни имам во близина. Квасецот инаку секогаш убаво е активиран, ама не е до тоа. Еднаш се смеев со маж викам леле има да влечем од мк брашно за овде, зошто стварно у мк као кроасани меко сите ми ги имаа фалено, овде ниеднаш не ми се погодија. За панцероти и такви слични ствари,досеа брашната се погодиле добро.