Дали ќе ги уважат докторските резултати од мкд кај специјалист доктор за деца овде у германија иакп детето е тука на училиште запишано?
Зависи за што станува збор, крвни анализи, снимки, можеби. Проценки, евалуации, заклучоци од преглед/разговор, не верувам.
Е убаво ме потсетивте во 19:10 дека денес сакав кифли за симпатијата да правам ама помина возот @Yowannty порачај канта со катанец само за вас и готово па тој што сака нека прави со другите канти. Колку плаќате за заедничките канти? @јolene Каква младост во минато време?! Млад може и на 60 да се биде, а ти 40 максимум имаш како што сфатив. Симпатијата мој 39 години има и само вика стар бил. Му реков уште еднаш ако речеш дека си стар ќе мораш сите желби да ми ги исполниш. Па едвај чекам да рече стар дека е.
Нема поента да плаќам 3 канти за да може комшијата на раат да ми ги полни оти му е досаден животот. Како поминавте денеска? Ние неочекувано многу пропешачивме, ама после тоа во дворот на градинката на топол чај и прецели покрај оган беше многу убаво. Децата се забавуваа. Ќерка ми се нервира оти не сум изговарала латерне правилно. Јас се нервирам таа кога ќе рече доооох! И така. Ми се свиѓа што имаат собиранки во градинка каде што и децата и возразните се дружат заедно. едит. Утре имам прв плеј дејт на ќерка ми со другарка кај нас дома. Не знам кој е повозбуден, таа или јас.
Тука понеделник на 11ти ноември ќе славиме Санкт Мартин. На 11ти е нели ако не сум грешка. Откажете се од тие канти и порачајте си нови само за вас! Јави се во Abfallwirtschaft и кажи дека се откажуваш од заедничките и сакаш нови само за вас на ваше име со катанец. Јас на твое место на секое би ја истурала кантата на земја. Така и правев кога ќе фрлеше некој ѓубре во нашата, го вадев од канта и го оставав на сред пат. Кај нас сигурно беше и по грешка фрлено дека многу канти една до друга, а имињата со ситно напишани, ама сепак. Гранките и кај него пред врата. И една машна од горе.
Појма немам кога е. Кај нас денеска обележаа.. па мислев и дека сега е. Па ги истурав претходно кантите. Иначе нема шанса да има простор за нашето. Ама ми здосади. Не ќе си играм играчки со него оти е неразбран. Се пазам да не му излезам па да излезе Балканското од мене што толку го потиснувам. Ама сеа како што сум хормонална, ништо више не гарантирам.
Трудни те имаат многу права. И во маркет да крадеш на пример нема да те казнат. Па смисли балкански како да му наплатиш и полицијата ќе рече до хормоните дека е и за ништо нема да те обвинат
Аааааахахахаха што ме насмеа. Значи сеа е право да се станува легален криминалец. Биљоооо затруднувај ајде и ја напаѓаме Шпаркасе.
Дека заради хормоните го правела тоа жената исто како што и луд човек правел нешто заради што е луд. И не биле виновни фактички.
Има разни видови младост Џоки, да си жива и здрава ќе видиш. Млада сум јас се уште, ама у оваа младост комфорт сакам. Во таа пред декада друго сум сакала, а во таа пред две ништо не ми сметаше и се можев. Пробај го тоа дијамант тип 505 мислам беше. Или со 5 почнуваше некое, едно е само такво. Најубавите кифли ни излегоа еднаш од него. Сите ги пофалија. За шлаг, или зане со такво за згуснување да користиш или најди си турска/балканска продавница и купи си наша. Додуша овој на руф и др еткел имаат како шлаг креме во прав, тоа мислам беше погусто. Одамна не сум правела со такво, не ми текнува. Ама ако се сеќавам добро @Dancewere прави стално со малата и она сигурно знае. Денов сив и ладен, ама мене убав ми беше. Добра е малата, една грижа помалку.