Уште ова да те прашам, пошо немаме здравствено осигуривање во Мк, а ќерка ми уопште нема ни мк документи, дали ќе можеме да идеме таму со нејзините бугарски документи? Дали уопште ќе не примат и дали повеќе би наплатиле или? Во таа ординацијата.
Заводот за вработување и Фондот одамна не се поврзани. @Adidas888 Оди директно во Фондот. Откако ќе поднесеш документи се чека една недела за одобрување. Таму ќе ти дадат барања да пополниш. Треба да дадеш и извод на родени (за децата). Ако сакаш да го осигураш и маж ти, ќе однесеш и извод на венчани и фотокопија од негова лична карта или пасош. Исто и твоја фотокопија. Осигурување даваат на 3 месеци Тука нема убаво брашно. И од поскапите купував, ама џабе. Тестото се лепи.
Аа. Ами нели со картички било сега? Еее самер, доста работи се сменија во Мк додека ние бевме во странство, само платата остана иста .
Не важат картичките. Во аптека не бараат книшка, ама во болница, да. Здравствените книшки ќе ги пополниш и ќе ги однесеш после 7 работни дена. И ќе му кажеш на тој на шалтер да ти ги пише броевите на книшките. Ако сакаш може и печат да ти стави.
Во ординацијата јас платив 1500 без осигурување, значи толку е цената, не се секирај. А за осигурувањето, мислам дека мора да е мк државјанин детето. Значи пример одиш ти прво се пријавуваш во завод за вработување како невработена, таму ти даваат потврда за невработеност, и со таа потврда одиш во фондот и носиш книшка твоја, на детето, на сопругот, и на сите им важи осигурувањето. Мора да се продолжува на 3-6 месеци. @SummerGirl во Фонд бараат потврда од завод. И ова би ти го препорачала доколку сакаш да имаш матичен педијатар доле кој ќе ти дава упат за специјалист. Во принцип не сакам да се влечам вака, не работам доле и секогаш си плаќав здравствени услуги на приватно, амса имав случај минатата година со син ми кога ми требаше упат за специјалист, и немаше начин да го добијам упатот без осигурување. Ми требаше за на клиника, прво матичниот немаше начин да го издаде упатот, второ се јавив на клиника за да си закажам време сама и да платам колку и да треба, сестрата на телефон ми се изнасмеа и рече дека не постои таа опција. Толку големи врски за да стигнам до докторот немав, па тргнав по овој пат.
@Adidas888 А за да се пријавиш здравствено, ќе мора и од ујп да извадиш за годината колку приходи си имал. Знам, зошто пред да дојдам тука јас бев пријавена така бидејќи излегов од работа. Јас платив околу 1600 денари, затоа што лимитот го надминував, доколку не се надминува мислам не се плаќаше воопшто и 3 месеци важи здравственото.
Јас не направив кифли ама затоа колешката што дојде на работа точно кога он пуши надвор, направила торта. Си викам само вакви проблеми да имам во животот.
Така е. Во Скопје е ужас. Јас отидов после 7 дена и пак не бев осигурана. Тој дечкото на шалтер ме прашува Зошто не си осигурана? Па ме прати во една канцеларија. Па се разбрав со тој таму. На интернет видов дека ми важи осигурувањето до 31.10. Овој месец пак ќе одам за Мк и нема да одам до Фонд. Ќе плаќам приватно.
Малата од понеделник во градина почнува. Нормално ако оздрави добро до тогаш, пошто ја гледам сега како нова тура мрсолчиња да има. Бевме на роденден некна, па може од братучедите да собра нов вирус или со стариот не сме завршени целосно. Ќе видиме. И барам сега што треба листа да понесам и гледам 7 фотографии од малата, актуелни и една фамилијарна. И сфаќам дека јас немам слики од детево бе. Сега треба да ја штракнам деновите и да лажам у понеделник дека сум ги заборавила, па у вторник да носам. Фамилијарна последно пред три месеци, дома у ходник со запалено светло, а сите со очила за сонце. Маж ми вика таа да ја носам. Кога сме кај маж, нешто ме нервира, не можам да најдам што точно е. И од сабајле зеде бе кујната да и ја монтира. Два саати и повеќе ја правеше. Она три минути ја играше. И после ми вика у дм, многу гужва му било да сме си оделе. Викам ок, ама у понеделник со тетра да ја однесеш у градинка оти пелени ќе нема. А за другите ствари што требаше да се докупат ич да не почнувам. Не можам капче да и пробам, оти не дава, он наместо да ја подржи на коњчето ја стави да се лулка. Ама, ко што реков. Да најдам што уствари ме нервира деновиве од него, па после ќе се карам. Вака што и да направи сега ќе ме вади од такт.
Имаш време до 20:00-21:00 вечер да извадиш слики од дм. Таман да се докарате со мт. Носи ја и болна да е дека секако само пола саат- саат заедно ќе сте. Немој да одложуваш. Колку побрзо се привикне толку подобро и за двете.
@јolene не е страшно ако не однесеш се во понеделник па и слика. Секако нема да и требат додека трае прилагодбата мислам на регенхозе,јаке… Пелени, влажни, крема, облека за менување. Но не мора се да се однесе тој ден. Ако има само мрсоли можеш да ја носиш, секако ќе биде долга зима со многу болни денови.. И јас не ја сликам многу малата , ама затоа маж ми слики видеа, свеќи мора со секоја новост да биде во тек. Таа знае кога малата има ново палто, блуза, играчки се .
5ти ден ме боли глава па сега и ме штрекна нешто помеѓу палецот и прстот до него и ми се здоповраќа Мигрена имам секако ама од мозочен удар страв ми е Понеделник ќе се јавам на матичен ако не ме преболи до тогаш Три дена пиев ибупрофен, вчера парацетамол, денес ќе почекам па ќе видам што како И во меѓувреме кока кола, кафе со лимон и вода Не ме сфаќајте сериозно, ако нешто ќе викнам брза помош