Како си со видот? Мене главата ме болеше кога бев студента и немав очила.Кога си ставив очила престана да ме боли. Притисок си мереше?Кај те боли?
Со видот одлично. Апартче за притисок немам, млада сум. Горе ме боли. И на понекогаш образите ми се здрвуваат и покрај очите ама тоа е нормално пд мигрената мислам и до сега 6-7 години го имам тоа повремено и не умрев па значи стварно нормално е тоа иако чувството е многу страшно мислиш дека си парализиран во лицето.
Јас уште од септември на хорт треба да однесам слика и све и викам на таа следната недела Уствари сватив немам понова слика од детево само да е, имам една од прв ден во школо ама многу е озбилен. Све друго повеќе од година старо.
Децата треба скоро секој ден да се сликаат. Растат многу брзо. Или имате слики ама немате соодветна слика?
Од кога се родиа близначкиве од синко имам мн малку слики. Исто и маливе ретко ги сликам немам време . Ама затоа на маж телефонот е полн со слики од сите
Мислам уживам во моментот све помалце сум со телефонот. Имам слики не дека не ама ретко на која е сам и ете немам некоја понова без да се глупира за да ја однесам во школо, а да однесам слика од лани ми е глупо некако пораснат е
Па да и они така ми рекоа, не мора се одеднаш, постепено. Затоа и не се замарам. Инаку ќе треба со еден куфер да се појавам таму. Од облека има се, освен шалче. Мое дете ни капа, ни ракавици трпи ама ај и шал ќе купам. Немаше убав у дм, на други места ме мрзи да одам. Ќе пишев од некна, ама се во гужви демек. За гледањето деца. Искрено јас не можам да си замислам, да дојдат тука мои или негови и дете да ми гледаат. За гости може, ама подолго, не не. Кога ќе треба да се гужваме по тоалет на сабајле, па дупло да се готви и мие. Да ги мислиш дали ќе префатат некој вирус од дете, повеќе нервоза ми е отколку помош. Вака колку стигнеме, толку. Како мислиме така. Да сме можеби во куќа, со многу повеќе простор и сите да имаме приватност, друго би рекла. Сабајле размислувам што ми фали, и сфаќам дека работа ми фали само. Да видиме и тоа како ќе биде. А немам поима што работа сакам и што да барам. Криза ваљда имам у идентитет сега, па се ме нервира. Или хормоните ми се криви, што е многу многу веројатно, ама не можам со нив да се замарам. Сликаме еднаш до два пати во недела, најчесто кога прави бељи. Некогаш снимаме. Ама да извадам слика како е напендерена на масата од горе или како е влезена во фиока, не ми е баш соодветно. Всушност најмногу ја сликам како спие, иако ни тогаш не е мирна. Ама убаво ми е кога ми стига нотификација и гледам слики од лани, колку е порасната. Дефинитивно треба почесто да ја сликам. Маж инаку сум ви кажала дека е многу паметен нели. Епа отиде да ја успива и се успал и он . Греота е да го будам, а не знам ни за што да се расправам сега. Треба имиња да лепам по облеки. Си купив и печат, ќе видам кое ќе попрактично. Ама и тоа утре. Сега да досредам малку од малку и да легнувам.
@јolene мене печатот ми е практичен за облека , а за шише , канче лепенките. А треба ли се да биде означено? Јас само алиштата што се таму за секој случај ги означив. Денот по утрото се познава , 10 часот е а се уште има магла. Малата уште од сабајле расквичавена. Многу ме нервира без потреба кога квиче. По цел ден и цела ноќ е залепена како магнет за мене , воопшто не си игра сама. Добро утро
Јас не означувам буквално ништо. На среќа ги праќам. Резервната облека стои во торба на местото од детето, секој ден истата флаша и мало дете знае дека е негова. Ништо се нема до сега изгубено. Освен една флаша сега во школо, па купив нова, па по една недела малава ја нашла сама. Не викам да не означувате, туку за мене си кажувам, дека ептен незаангажирана сум де. Кај нас и слики во градинка им прават. Ние сме најчувани родители значи во мојот крај кога станува збор за градинка/ школо. Многууу ретко да треба нешто ние да правиме, до толку што не се ни сеќавам дека требало нешто да правам.
На нас ни рекоа се да означиме. Така да се ќе поминам со печатот од облека. Шишенцето за вода, и кремата дури ја залепив . Да се знае. Вав вав и него ќе го означам, ако го сака да си го носи со неа. Дозволено им е една кушелтиер да носат. За јадење таму им даваат и ручек и доручек. Фактички за брот доза не треба. Сега оти уште не оди, ќе оди со такви фуслинге од горе, како чорапчиња за над топлинки. Ама пушта чкорчиња по малку, па ја пратив сега со татко и да одат да свртат еден круг, па да видиме како со чизмичките ќе биде надвор. Дали ќе ги соблече или ќе стојат, па да знам дали да купувам чизмички нови. Абе цела големина на кондури како да скокна ми е. Набрзинка. Магла има и кај нас, ладно е. Зимо право е. Штутгарт беше за нијанса потопол, овде од Алпите се осеќа ладното. Како е меше? Знаеш ли што носиш овој пат.
Бев на контрола оваа недела не сакаше да ми каже демек не е сигурен , тешко било . Ќе ми кажел наредната контрола ако се гледа. Така да наредниот месец ќе се знае. Така беше и претходниот пат ми кажа во 5 ти месец . Меше веќе се познава. Инаку бев со ќерка на контрола поминав супер беше многу послушна, ја уценив со киндер јајце дека ќе и купам ако е мирна и не плаче. @Yowannty како е ситуацијата кај тебе ти кажаа ли пол ?
Некој праша за брашно, еднаш земав едно брашно за пица и од него најубави кифлите ми испаднаа. Од ќерка ми имам слики многу. Ептен е порасната во последно време, ми се чини да не беа сликите не се ни сеќавам какво бебе беше. И јас како џокерче не означувам ни облека ни ништо. Фенерчињата за свети Мартин сами ги правеа децата со воспитувачките, читај воспитувачките сами ги правеа. Утре ќе одат скоро еден километар од градинката до центарот, ќе пеат песни по пат и таму во центарот ќе се соберат деца од неколку градинки околу елката и ќе дојде витез на коњ, лани беше многу убаво . Вие кога ги китите елките? Убав старт во градинка на малото на @јolene
Пак да ве прашам. Овој green sticker/emition sticker како и да се вика. Од која страна да го нарачам? И наидов на проблем уствари, колата ни е 2010, ама маж ми вика еуро 3 била, за да добиеме лепенка ни требало минимум еуро 4 . Тоа значи нема да можам да влезам во некои градови?
И јас сакам витез на коњ! Елките на 1ви ноември. Голема во дневна, мала во детска, и комплетна декорација на цел стан и балкон и украс пред влезна врата.
За вашата кола треба жолта лепенка и не смееш да возиш во Хамбург, Дармштадт, Штутгард и Берлин. Ова од Гугл дознав сега. До сега немам видено жолта лепенка. Мислев само зелена постои ама сега ми се разјасни се. Во другите градови смееш да возиш.
Таа лепенка нели се добива кога ќе ја пријавиш колата? Или јас сум грешка. Треба да го прашам маж ми . Тој само ја залепи не сме порачувале од никаде.