Кога синко одеше во градинка се му беше потпишано со маркер за текстил кутијата за јадење и шишето од тука ги нарачав https://www.gutmarkiert.de/brotdose...9TCRMrI309qAWx4Js7O0P6ZC62nGdZioaAnVQEALw_wcB и ден денес не служат.
Кај мене е секогаш покомплицирано од што треба. Еден пол на пренатален, друг на ехо. Сеа во петок конечно ваљда ќе ми потврдат. Не е дека не можеш баш да влезеш, туку не можеш да одиш до центар, околу плоштадите. Тоа значи дека ќе треба да паркирате негде понастрана и да користите јавен превоз за низ град. Што не е комплицирано, јавниот превоз е многу добро поврзан и организиран и на секоја станица има мапа за ориентација. За деца до 6 години бесплатен. Го терав сеа маж ми да провери. Ние онлајн ја зедовме од овде https://www.germanemissionssticker.com/ Ова е за ЕУ земји, ама имаш контакт најдолу, можеш да пратиш меил и да објасниш, веројатно ќе добиеш најсоодветен одговор.
Освен ако не ти смениле резулат, не може да биде погрешен пренатален. Всушност хромозомоте се гледаат, така да тоа е тоа. На ехо може да се згреши. Tuev-Nord.de i dekra.de имаш уште неколку други. Ама цената е таа и се сигурни. Мислам дека со копија од сообраќајна се нарачува, ама не праќаат во мк. Требаш адреса тука или во некоја еу земја. Ако одите кај некој на спиење, може таму да ја порачате, па ќе ја залепите кога ќе стигнете. Не е проблем. Само првото нешто да биде што ќе го направите, оти негде проверуваат на паркинг. На пример у Штутгарт. Пиши им мејл, секако најпроверно инфо ќе ви дадат.
Ама ете можело. Ме контактираа и од лабараторијата директно, оти полот не одговараше кај двајца различни гинеколози, и оти јас бев загрижена дали другите резултати се погрешни, на страна полот кој е најнебитен. Ми објаснија дека се е во ред да не се грижам, а за полот при мал процент на фатална фракција и ако е порано земен примерок може да се случи да не детектираат У хромозом како во мојот случај. Сеа чекам само потврда, за ќерка ми да пука балон.
Битно е да е се во ред , полот е небитен. И ние ќе пукаме балон или нешто друго но само меѓу нас нема да има некое парти. Така го дознавме полот на ќерка ми чувството беше неописливо што на таков начин го дознавме полот.
Да да апсолутно. Бабицата иначе е убедена дека имаат доста млади и неискусни практиканти и дека така е настаната грешка, а лабораторијата нема тоа да го признае. Само да е здраво и живо тоа е најбитно. Јас немав со ниедно откривање на пол, ама ќерка ми е сега голема и разбира и таа сака, па ќе и учинам. Парти нема да биде секако, ама нека им биде забавно ним двајца дома. Тебе што пол ти предвидуваат?
Не ми предвидуваат, мојот доктор сака да биде сигурен па потоа да ми каже. Прентален не правев . Така да ќе почекам уште еден месец да ми каже.
Тука се е обележано, дури и цуцлите, и чорапи, и нараквици. И поарно, пошо цело време нешо се губи. Со среќа почеток во градинка!
Вчера имав гости па им направив мекици. Абе маф ги направија, мн ги бендисаа. Инаку вчера им се пофалив за новостите - за работа и курс и некако фаца беше Успатно дознавме дека и она почнала да работи, а со месеци не ни кажале дури вчера спомна. Демек поблиски се знаеме и од родниот ми град, ама нема блискост дефинитивно. Ние бар со маж сме такви што не завидуваме, стварно ни е мило што почнала и се. Ама јбг, јадем ја одамна трици на маж дека не се кажува се и он е премногу добар на секаков начин сака да помогне, ама како викаа добриот најголема будала испаѓа. Му реков од сега да вика не знам- не можем ако има нешто за да се смени, за поправка. п.с успат еве се мекиците воопшто не се мрсни и од гости потврда имаше за тоа.
Tvojot maz da ne e e maz mi on e tralalajka sve ikazuva @IronLady . Ako me mene nekoj nesto prasa ke kazam ako ne si molcam taka bese skoro 5 m bev bremena togas i doznaa site nasi osven majka mi ona dozna prva . Koga kazvme deka se dve bliznacinja site ne gledaa popreku. kako oni da kje mi gi cuvaat i ranat. I sega znaat da mi udaraat unosnici kao aaa ti imas 6g staz po dete imas 3 pa i od golemiot da si go upises ke imas 9godini. Au au.. a jas im vikam pa cuvajte i vie deca ne ste stari i imajte ja mojata sudbina da vidite kolku e lesno kako se sto mislite . U mkd padnalo sneg a jas vozam uste so letni gumi ovde. Sega za vikend site komsii bea ispoizlezeni i menuvaa gumi stavaa zimski maz vika za vikend i on ke menuval.
Леле Лавендер почнува чекорчиња. Сега ме бара за рака да ја водам, не дека се плаши, туку не и држи газ уште. Ќе почне да оди кај и да е. Требаше денес од 9 да одиме, во 8:30 ми се јавија, ни одложуваат старт за кога не се знае. Може од среда, а може и не. Зависи како ќе се со персонал, сите се болни. Ама на 5 мин ми е пеш, не бевме излезени уште. За градинката конкретно, немам лош збор чуено се уште. Вака низ маало кружи добар збор, а и ние не сме итни, дали порано два три дена или покасно, не ми прави разлика. Е сега за парите, ние плаќаме за цел месец ноември, а фактички од сред месец ќе тргне. Ама таква им е политика, само да ја земат, ако сака и цел месец нека оди фазла. Ако не ја земат, ни ја работа ќе најдам ни она друштво ќе има. Така да алал. Ама не може така, не не. Само слика . Рецепт и брашното исто треба да пратиш и ние да си направиме по дома. Со среќа на работа. Јас кажав дека сум трудна откако се породив. Не на сите, ама голем дел отпосле дознаа. Дома кажавме исто после 3-4 месеци. Свекрва на цело село нормално раскажа одма. Ама генерално и јас не кажувам многу. Освен тука. Тука се си кажувам, мислам уште адреса и број на гаќи не сум ви оставила. Гуми се сменија зимни. Уште буре и зелки за расол на балкон да ставам и може снег да паѓа. Кола возам само кога морам. И тоа беше муабет, сега ми текна. Па да не сум куса. Полагав кога почнав работа, која ми беше на 25км а ми требаше саат време и повеќе додека стигнам. И така се на брзинка, положив и кола си порачав да ми довезат. Тогаш царина не беше ко сега, пола кола плус. На моите кажав, откако положив. И така. Отидов во мвр да поднесам за возачка и одма после седнав у кола, со тоа ливчето потврда што ти го даваат. На почетокот и колата ми гаснеше на семафор и на кривина, не знаев да убацам ко што треба, ама после некое време возев по мин 70км на ден. Што друго муабет свртевме? Симпатија немам. Маж ме нервираше и вчера. Ама на крај нешто спука и од сабајле ок сме. Отиде гумите да менува, ми требаше нешто, 5 пати ѕвонам не се јавува. Јас точно знам кај беше, на 300м од нас. Туку навиката, да остава телефон, саат. Кај од пон до пет не се ни слушаме, ни гледаме по само неколку саати на ден. Сабота стално со обврски сме. Е па и недела ај да не може човек да го добие. Дете носам со мене на лекар. Морам утре пак за крв да отидам и ќе ја земам, ама мала е и не разбира со подмитување. Чоколадо уште не пробала. И шеќер генерално не. Во градинка има мармалад за доручек . И на лето ги носат на сладолед. Можете да си замислите кога ќе ми дојде дома, каква ќе биде. Жално дете со наци мама. Сакам на фризер, барам кај. Леле имаше еден дечко од на маж ми селото, многу убаво шишаше. И овде е негде, ама незнам точно каде. Се исели и он. А џоки да каже дали оди во теретана. Дете ќе стане кај и да е. Да искористам барем машините да испразнам, не само да скролам.
Ехее ние за раче се држевме може месец, месец и пол. Како се снаоѓаше во градинка за тој период, не знам, ама еве го сега оди не застанува. Не се секирај, ќе се снајде. Зарем имате опција да не ја примат во градинка?
Џоки не оди во теретана, џоки се чувствува како на работ од животот да е. Цела вечер за рак читав на телефон. Ама симптомиве што ги имам и за рак и за секакви болести се. Термин на матичен имам 21 ноември ама фактички за резултатите од тироидната да ми потврдат дека се е ок (глуп термин фактички ама мора). Да ги кажев симптомиве ќе ми дадеа порано термин ама многу ме мрзи. Симптоми: оваа ноќ бев три пати во веце Полубудна спијам и сонувам се и сешто Устата до толку ми се суши што почнува да ме боли и лабелото не помага веќе Главата ме боли 6ти или 7ми ден Што и да јадам ми се повраќа Нозете ме болат Не можам да поднесам галама После еден километар одење сум изморена, немам сила веќе вчера пиев железо на своја рака, од тоа на рецепт што оди ама имам од пред 3 години со сеуште не поминат рок, па секој ден ќе пијам по едно (треба две дневно) па ако ми е подобро ќе знам барем до железото дека е. Само одењето во вц ноќе не се поклопува со намалено железо. Брашното за кифли не е најдобро од норма што го користам, туку случајно со брашно направив кифли и ми испаднаа многу убави па сега ми е страв да пробам со друго брашно. Уствари нема ни потреба да експериментирам дека секако убаво ми испаѓаат со ова. И фактички со било кое брашно ќе испаднат убави овие кифли дека рецептот е посебен иако е толку едноставен. Пак правев вчера и такви се воздушести меки чудо е. И со свеж квасец. Со сув не правам кифли, имам правено во претходниот стан со сув и суви беа кифлите. Мекици правиме од тесто за пица. Две симпатии имам. Едната за посериозно. Другата за една ноќ. Ништо никому не кажувам. Не дека не сакам и не почитувам некој туку чисто за свој раат. Бремена без никој да знае е апсолутно најдобра бременост за мене. И буквално се без никој да знае. Шефицата што почна во мојата тератана има 45 години па затоа секоја и чест што и во теретана оди и општо онака во секоја област младо се однесува. Освен на фемина до детали што кажувам се де! Ама тука повеќе за опуштање ни е темава. Да се пофалиме, да се пожалиме. Така се чувствувам што си велам цело време Господе те молам да не умрам!
Не не. Потпишан е договор, платен е месец, нема назад. Генерално е овде потешко додека добиеш место за градинка. Особено 0-3. Ќути среќа. Ич не ми е гајле по кој основ добивме место, важно добивме, а пола маало се одбиени. Се си мислам некоја квота за инклузија исполнуваме, оти сите се дојч другите. Ама не ми дреме. @gjoker4e може шекер да ти е покачен. Сува уста, за мочање стално, премор мене тоа ми беа симптоми. А може бешика и тироидната. Две нешта да се. Не е рак, нема да умреш не се плаши.
Мене лиги ми потекоа од мекицитњ остави рецепт озбилно би правела до вечер само да одморам. @IronLady @gjoker4e 45 годишната колешка не се однесува младо него е млада. Не планирам за 5-6 години стара да бидам. Кај мене на работа криза, разни муабети кружат а ништо официјално да кажат. Се збори дека ќе ни понудат преквалификација ако не ни одговара чао ама ќе видиме. Таман бев презадоволна од работата криза. Знам само дека им требаме како персонал ама заради измени во администрација може да летаме. Една колешка ме гледа денес и ми вика ама си била дома ( дека шишана ).
Тироидната во ред ми е целосно перфектна за тоа имав термин се е проневерено. Пишав на Гугл симптоми за висок шеќер и буквално сите симптоми ги имам. Ама од каде па сега јас висок шеќер. И баш некои симптоми ги пишува што не ги забележав како на пример одеднаш сум многу гладна. И стомакот ми е зголемен ама заради тоа си мислев миом на матка и заради мокрењето. Можеш ли да ми пишеш тука и во порака. И ти си имала така? Може без лекар да го средам, само со исхрана? Значи и матичната одма ќе знаеше што може да ми е кога ќе и ги кажев симптомите ама јас се мислев слабо железо. Стварно се чувствувам како пред распад да сум. И замаглено гледам понекогаш. И еве и сега нозете многу ме болат. Само уште да прогуглам од каде па сега јас висок шеќер. И ова станување ноќе ме исцрпи скроз, од еднаш ноќе се зголеми на три пати мокрење ноќе на пример ноќеска 00:00 па 02:00 па 06:00. @Chantal можеби не се изразив добро ама не знам ни како да се изразам. Се одржува. Бомба е. Оди по кафиња, во диско. Се облекува младо, а не како 45 годишна тетка. Ама ајде што и да кажам вие пак ќе се навредите Јас сеуште на работа за тие што се над 40 викам постарите жени секако дека јас на 40 сеуште млада ќе се чувствувам, ако некој е помлад нормално е да вика постар за некој што е постар, како што за вас некоја на 50 години е постара од вас Порано и тие на 30 години ги викавме тетки па кога сте имале 30 сте виделе дека од таа гледна точка млада си сеуште како може некој стара да те нарече Во Мк на едно девојче викаат на Нина ти дади и или прашај ја и она вика Нина и јас ни на крај памет дека мене ми вика и викам зарем јас сум Нина ко стара баба се почуствував некое возрасно девојче Нина да ми рече