Може ли идеја за подарок за роденден за сопствен маж да ми кажете? Да не е парфем. Инаку вториов симпатија има страшно убав парфем ама незгодно ми беше да го прашам ама мм ми вика да сум прашала. Поубав парфем немам помирисано. Баш ме интересира кој е. @TutiFuti Само си мислам како ме читаш и си викаш од каде ваква снаа кај нас Ама во живо сум многу нормална, маж сеуште немам изневерено, само премногу пишувам, ништо не практикувам.
еве го рецептот за мекици, дефинитивно нема утка ниту испаѓаа мрсни. Ова рецепт од баба е Мајка ми искрено ич не ги прави убави хахахаха, ниту па ја сакам многу мрсни и тврди. Овие таман ми се. Пробајте па кажите, за овие нема врска дал од алди, дал од реве брашно. Со секакво се праат. п.с за да не загори многу зејтинот, ставам чечкалици внатре .
Јас мекици секогаш правам обично како за леб , но дефинитивно ќе пробам да додам и јајце и кисела вода. @јolene и ќерка ми лани кога тргна од пола месец, плативме но нели пола сума бидејќи трае прилагодувањето. Инаку во нејзината група имаше дете што не оди на нејзина возраст си лазеше насекаде немаше проблем. Твојата чим почнала ќе биде. Колку е градинката во Минхен ? Целодневна ќе биде твојата или ? Знам таму има некој 100€ од државата што ги покрива за градинка, нешто фамилиенгелд… не сум сигурна што е точно. Инаку за муабетот дека луѓето познаниците од мк се многу завидливи и љубоморни и те како се. Мене многу ми е мило кога некој наш ќе успее да најде добра работа , да се снајде на некој начин, воопшто не завидувам. Инаку овде и не сме нешто многу друштвени. Јас мразам такви луѓе па подобро дома ќе седам сама него ли некој лице да ми прави. Јас со првата бременост на сите им кажавме после 3 ти месец , само дома знаеја после првата контрола во 8 ма недела. Сега им кажав на сите после првата контрола. @gjoker4e испитај крф и ќе знаеш точно дали е шеќерот. Секако треба да се следи. Да се прави тримесечен. татко ми има шеќер тој и дома сам си мери.
Не можев да дочекам да пишеш најдов некој рандом рецепт и ич не ми се убави, не се мрсни ама некако без вкусно ми се дефинитивно сол им фали. Ќе гледам да зачувам рецептот за следно, за едно две години толку често правам мекици
Хахах, ако Само ако сакаш посолени да ти се , кога ќе правиш од овој рецепт додај плус сол. Дека со олку не испаѓаа многу солено, баш таман за со сирење посоленко.
175 за јадење и 180 за гледање дете, од 7и30 до 14. Фактички 355 евра. Тоа беше единствената слободна опција кога ми се јавија. Ја прифатив. Има можност за продолжување по потреба, ама се чека месеци додека бидне. Им фали персонал многу. За лазењето, ќе они се навикнати со се. Има деца што не одат, не јадат сами, што се во пелени. Се тоа им спаѓа во работа и со секакви деца знаат да работат. Братучетка ми правеше дуални студии за воспитувачка, и стварно имаат пристап кон децата. Е сега колку им дозволуваат условите е друга работа. Најчесто се преполни и фали персонал. Нормално дека не можат да им се посветат како што треба. Ние со луѓе овде, само со другарите од Аугсбург се дружиме, ама не се тука запознаени, тука мажите пораснале заедно. И јас што имам братучеди тука. Имаме другари, пријатели ама низ другите германии. Кога кај сме биле, што сме се запознале. Дел наши, дел дојчовци, дел балкан а има и шпанци, французи, од Украина... ама дружба речиси и да нема. Растеш, менуваш градови, се менуваат приоритети, време се нема и така. Со некои се слушаме и гледаме повремено, со некои се изгубила комуникација и се сведува на честитки за празници и родендени. Во последно, еве со мајките и бабите што се замоабетувам по игралиште, паркови, автобус.. Тоа од комуникација. Ми се чини јазикот ќе го заборавам. Лелеле Ајрон ова многу комплицирано за мене. Може мајка ми да ја натерам да ми направи кога ќе дојде. Фала за рецептот. Ја едни перничиња така пивремено правев, пак пржено тесто де, ама без киснење и без квасец. @gjoker4e не паничи. Ако е итно јави се на доктор. Не се дијагностирај сама. Да земам да читам и јас ќе си најдам болест. За шеќер ако е, најлесно е да видиш. Јади само протеин и влакна два дена одма ќе осетиш. Исфрли тестенини и шеќери во секоја форма. Дури и компир и ориз за два три дена и одма ќе се покаже. Од шеќер само комплексни јаглехидрати, мешунки, цело здрно. И пробај. За доручек јајца, урда, сирење, салата. Фолкорнлеб ама само ако си сигурна дека е волкорн. За ручек месо нешто, риба со салата и паста од наут на пример. Вечера што знам, некоја фолкорн тортиља со кашкавал и салата. За два три дена ќе се намали инсулин во телото и ќе се покаже одма. Плус од оваа исхрана се слабее, а си сит и не се враќаат кг. Е сега начин на живот е, ама јбг поарно ќе пазам што јадам, отколку да се боцкам на 50. До пред пораѓај бев ептен принципиелна, сега малку забушавам, ама генерално ок е. Шеќер дома нема, а торта треба да правам. Не една туку две. За роденден со маж ми не си поклонуваме ништо. Не сме иновативни, ама не ни ни пречи. Онака ќе си купиме без повод. За роден најчесто се шетаме негде, патување нешто, хотел нешто такво е. Пошто ни се летни родендени на сите, иако мојот у септември, ама на почетокот па пак лето е, најчесто е покрај вода се оди негде. Реков торти ќе правам, кифли, а не спијам по цели ноќи. Ни мејлови сила немам да вратам. Шопинг сакав да правам за мене, не се знае кога последно си купив нешто. Се само одложувам. Ајде убав ден .
За поклон за маж , искрено не му купувам ништо , зашто има некој посебен вкус и се што ќе купам нема да му погодам . Он си купува сам тоа што сака и вика дека е од нас. Така да , задоволна сум . А он секогаш знае да ми го погоди поклонот , знае што сакам и знае да ме изненади . Јас сама си купувам инаку поклони , тоест што сакам , не очекувам од никој ништо . Знам дека ќе добијам пари од семејството, шампони и такви ствари од золвата (фризерка е ) . Си купивте ли Adventskalender? За вас или за децата ?
@gjoker4e Ма уживај знам што жичка сме ние од нашиот крај . Поклон на маж свака година нови пижами. јер самиот само тоа бара . Јас сакав да му купам некој SmartWatch ама синко ме издаде и не купив , а и за на бауштела не му треба скап имаше два до сега поефтини и ги испогреба све лом ги направи. . П.с премногу читаш на гугл и затоа си ставаш дијагнози батали нечитај и пораат ќе си. Инаку од 02 часот ноќеска сум будна едното бебе стана со песна еве ја сеуште пеее и никнува единица горе и целата е во плачки. Сега спијат и двете па искористувам момент да направам телешка манџичка ,без зачини па дел од нејзе ќе извадам за нив и ќе го зачинам останатиот дел за нас. Инаку за адвент календар не купуваме . син ми вика ние не сме германци .
Поклон за маж пари, зошто боље сам да си одбере што му треба, него ја непотребно нешто да земам. Или пак го прашувам што сака , на што има мерак и тоа земам. И обратно за мој роденден е така. Годинава му зедов тренерки и bluetooth слушалки.
Ако може малку да ми помогнеш околу купувањето карта. Планирам да одам со децата за Хамбург, со багаж оној најмалиот од 10 кг што е (не само со ранче туку плус торбица од 10кг), ама никогаш не сум купувала карти така, само за мм со ранче сум купувала, па ми е страв да не згрешам нешто Плус никогаш не сум доплаќала за седиште а сега ќе морам изгледа зошто децата мора да седат до мене нели Анксот на макс ми е
Јас и маж ми не си купуваме поклони и тоа многу одамна. Одиме некаде на ручек, вечера , шетаме некаде. Торта правам и тоа е. И кај нас беше тешка вечер не спиевме воопшто, сабајле се пожали на ушето . Добив веднаш термин на доктор. Си доби антибиотик . Секоја год сакам да купам адвент календар , но незнам што всушност е!? Сам треба да си купиш подароци или веќе ги има во него?
@fana туристички или конечно доаѓате?? Најубавиот град сте го избрале. Девојки, какво какао да земам, да е квалитетно и со висок процент на какао?
За багаж зависи што ќе носиш ако не планираш течности такви работи можеш приоритети да земеш поефтино е, ама е понапорно кога се децата со тебе зошто тој оди бо авион. За седишта децата автоматски им доделуваат до родител, ама читам последно време луѓе се жалат извисуваат на аеродроми тие што немаат седишта резервирано. Јас порано не купував ама сега за распуст летав и купив зошто ми беше страв да не останам. @Yowannty купував на два пати едното во корпа заврши полно шеќери другото исто полно шеќери го измешавме со какао за готвење од др еткер. Ако пронајдеш некое добро пиши обавезно. Адвентскалендар само за синко Покемон земавме, лани некој за планети ама ич не ми се допадна што имаше внатре. Мислам најдобро сам да си ги прави човек. За нас не земаме.
@fana кога резервираш за багаж додаваш куфер од 10 кила . Само за една персона. За другите само рачен багаж . За седишта , си одбираш каде сакаш да седиш и плаќаш за седиштата . Докупи си и автоматско резервирање , не чини многу ама со сигурно ќе можеш да се чекираш од Скопје . Ние без тоа , неможевме да се чекираме и плаќавме на аеродромот у Скопје . Инаку што им е проблемот на Визер со билетите и цените ? 2250 евра за 4ца за Скопје и назад . Не се тачни, с без купено седиште или куфери , тоа накнадно
Ама тоа сакав да прашам дека кога одбирам ми дава автоматски дека и децата би носеле таков куфер од 10 кг. Не знам како би одбрала само за мене.