Адвент календар не купуваме и ние, се уште. Кога ќе почне да бара сигурно.Подароците ги има внатре. Ама има и празни, па да ги наполниш ти, ако за некој сакаш ептен да му погодиш. Брзо да му мине на малото. за кога ова? Kakao од дм био, за готвење и напиток. Од алнатура. едека био исто. Ама не како напиток, туку стандард како нашето што изгледа. Edelkakao ili schwach entölt да пишува. Инаку огромен град, се е далеку. Да сакам од едно до друго место да идам, еден саат секако ми оди. Да, имам се во близина, ама и во тоа се не се наоѓа некогаш нешто што ми треба. Толку од дневна доза мрчење. Сонце не сум видела не знам колку време, се надевам нема да паѓам у депресии.. Градинка и од утре не.
Тоа може да е . Значи можеш да одбереш само за еден човек багаж од 10 кила , за другите само рачен багаж.
за јули месец кога имаат распуст и јас одмор . Кога инаку би отишла , морам кога се на распуст од школо и кога јас имам одмор. Го рокнале цените до плафон , не се тачни . Ќе ме натераат да возам до Македонија ќе ме има на вести
Ај додека сум почнала да пишувам .. Јас за децава купувам календари , веќе се големи и бараат сами. Големата доби два , два со козметика . Незнам точно кои марки беа . Едниот Zalando другиот исто нешто слично Синко , големиот он не знае што сака . Ќе добие најверојатно со лижавчиња и бонбони плус поголем поклон за Божиќ поради сестра му . Најмалото нешто со чоколади . За мене си купив три календари . Еден од една инфлуенсерка . Друг со штофови и трет исто за шиење ама со ситници за шиење . Порано имаше во дм black Box секоја година во ноември. Сега веќе нема . И кажував на @danichap кога имаше да оди да купи . Сега има само во rossmann ама тешко се добиваат . Денес едвај на работа поминав . Ме фаќа настинка , ќе пишам на шефицата дека утре не доаѓам . Главата ми тежи . Во градинка кај синко исто имаат Nordbetreuung. Само деца на вработени примаат . Синко кашла и он , па ме ме чуди што ме фати и мене . Цела ноќ ме кашла во лице
Избираш за сите flight easy или како и да се вика првата опција, после дополнително додаваш 1 куфер. Сме патувале така, ама дали објаснив за да разбереш не знам
Нешто ме мачи на почитучки план.Сегаде кажуваат трета светска е блиску.Па @Biljarkata како една од познавачите на политиката ,подобро од мене секако, да ми објасни зошто дојчевците не беа среќни со победата на Трамп, а балканците славеа? За мене Трамп уште на времето кога имаше шоу некое економско ми беше клован и не можев да го гледам , сега уште помалку .Некој што забранува абортус и мигранти од Мексико и изгради ѕид не знам не е некој опен мајнд. Од што се исплашија семафорите не разбирам па одма ја растурија коалицијата?
Аиии право време за посета. Таман ги поставуваат куќичките за божиќните базари. Убаво да си поминете. Можеш и сама да си направиш адвент календар или да купиш готов. Можеш секој адвент календар да си го провериш на интернет да видиш што точно има во него, па според тоа да си избереш. Јас адвент календар си земам после Божиќ, кога ќе им паднат цените на пола. Saving money is a luxury. Лани не зедов. Имам претерано многу шминка која е нова воопшто неискористена. Годинава гледам да земам нешто практично што користам, како лакчиња за нокти. Го гледав адвентот на Еси ама не ме бендисаа нијансите. Сепак понатака може ќе најдам некој помал сет на Еси со бои што ги сакам. За децава лани сама правев. Купив торбички и ги закачив на ѕид во форма на елка. Секое утро земаа по една. Нормално од вечер им ставав по нешто за двајцата оти иначе се ќе собереа наеднаш. Годинава не сум во тоа расположение па најверојатно ќе добијат готови.
Ева ич не се секирај. Трета светска се најавува веќе 30 години. И јас ич не го сакам Трамп. Криминалец, расист, сексист, мизогинист и хомофоб. Ама па во негово време немаше ниедна војна во светов. Шолц колку за пример меѓу се друго нели, не ги поддржа домашните фармери, ама праќаше оружје на Украина.
Ако не си купила почекај. Ова кај виз не важи, колку порно толку поефтино, туку прати стално, од инкогнито прозорец и без да ги типнуваш конкретните дати. Варираат цените. Ја гледав за септември крај, скапи беа. На два три пати погледнав и на крај оставив за ноември. И после случајно, недела време пред датите што ги сакав проверив, и беа намалени. Пишував и овде мислам. Визз не се евтини, џабе таков глас имаат. Евтини се во сосем бош денови и месеци, што ако не си врзан со ферии и работа, може ќе ти се посреќи. Листа од вируси од градинка, се можно. Сите вируси се актуелни, маген дарм, ханд мунд фус, па до уши, очи, бронхитис. Се прашувам дали да почнеме воопшто овој месец. Они ни откажаа и за утре, а веројатно и за неделава. Бецугперсон е болна за неа. Ама веројатно и цело зимо ќе е вака.
Еј ама лесно прашање Како да кажам, да не ме апсат- им се смени спонзорот де Пошто изборите за европски парламент, поминаа ко што поминаа...пошто во Франција победи ЛеПен ама не и дадоа влада...пошто во Полска не победи Таск, ама направи влада... Најбитно, немало хартија за брзи избори во Германија. Еве не знам, како ти личи ова- како викаше тоа ,,локо бамбино,, или шо беше? Балканците зошто славеа појма немам, можда пошто културолошки признаваат само 2 биолошки пола, исто ко Орбан.
Не ми се гледа од шеширот, дали ќе има или не. Веројатноста од нуклеарна војна е сега ми се чини помала. Сигналите од медиуми се дека Украина ќе треба да склучи примирје. Значи нема да се тепаат до последниот украинец. Е сега паника е, што ќе се десило ако завршела војната? Сигналите беа многу слични на она што има претходено на втора светска, со закачки со Ун, со внатрешни поларизации сегде. Уште е рано да се процени на кај ќе оди сега. Кои германци не го сакаат кловнот? Тие од семафорот имаа очигледно друг спонзор, какви ќе дојдат и што ќе биде не знам. Абе кажи како ти беше таа узречицата? Еве ти една анализа од пред некој ден https://www.index.hr/vijesti/clanak...jede-trumpa-je-jadna-i-pateticna/2614203.aspx. ...во кратки црти... некој си го сечел гранката.
Кај мене колешките се чудеа како овој победил и кој може него да го гласа. Која узречица?Јас ли имам узречица?
Една од корона тајмс, дека ни праат локо бамбино или чоко локо или нешто Колешките...читале различни вести од моите. Или само наслов читале и поверувале. Колешка од Словачка во траор беше ко го избраа Фицо, као ќе ги окупирала Русија, па ене, уште се живи, не окупирани. И така тоа...
Ние за јули купивме карти за тројцата, во двата правци за нешто помалку од 300 еур, а сега за дек-јан за 550 еур исто за тројцата во два правци ама само со ранци. Иначе според мое видување, против Трамп се оние истите кои се испотепаа да примат по четири дози па и повеќе од корона шприцот. Тие таквите слепо веруваат во се' што ќе слушнат на вестите на ARD i ZDF, кои за жал иако сите ги плаќаме тераат платена еднострана пропаганда. Сите останати кои сакат да се среди хаосот и огромната штета која ја направи ампелот ќе гласаат за Alice Weidel (или според мене подобра опција, Sahra Wagenknecht) за следна канцеларка. Гарнитурата во заминување во Америка е од истиот терк како оваа што во последните три години во Германија ја водеше најпоразителната политика во историјата на државата. Зошто би жалеле за истата еве не знам. Напротив, коменарите што ги читам на видеа од политички карактер на youtube, скоро сите се радуваат за неговата победа и се надеваат на ист пресврт во Германија. Е сега, дали Трамп ќе ја оправда довербата и надежта која светот ја гледа во него за спас од исполнувањето на агендата 2030 или ќе излезе Тројански коњ, останува да видиме.
Не се сеќавам Били јас стара сум веќе ,а короната беше пред 4 години.Тропам често глупости . Уште денес сум на одмор и се надевам нема веќе да добивам идеи за конечно враќање за Мк.Среќа не сум кажала на маж инаку ќе пишував сега од Мк.
За враќање долу многу народ размислува ... Не дека и мене ми нема дојдено до тука и тоа после 5г само. Убава е Германија само од страна и кој не е бил тука. Среќа го фатив малку убавото време инаку со една плата е тешко .
Здраво на сите. Прво се надевам дека сте сите добро. Сакам да ве замолам ако можи некој да ми објасни ако знае или има искуство. Сакам да запишам студии во Германија за забен техничар или Ausbuildung за забен техничар. Ме интересира дали можи ова да се учи на англиски јазик како за интернационални студенти и како оди воопшто постапката, колкави се трошоците и слично…прашањево ми е дали можам јас да аплицирам од Македонија (со македонски пасош) во Германија за вакво нешто и дали би ми одобриле или залудно би трошела време. Секоја информација и ваш совет или искуство поврзан со ова би ми бил добредојден па слободно искажете ваше мислење.Ви благодарам однапред и пријатен ден на сите!
Гледам општо доста од Балканот почнаа да се враќаат. Ама кога ќе размисли човек, никој од нас не дошол овде затоа што во Мк ни било добро. Со две просечни плати се' уште може да се живее нормален живот овде па и да остане нешто за на страна. Ама како во Македонија со просечни плати и стандард на цени скоро како во Германија, а плус ако немаш сопствен дом.. многу тешко. Јас можам да си ја "земам" работата од тука и да живеам со германска плата во Македонија, но во тој случај го осудувам моето дете да расте дишејќи отровен воздух, да се школува во училиште каде кадарот е исклучиво по политички и роднински/пријателски критериуми биран. Барем кај нас во помалите градови се знаеме сите. Голем дел од моите школски кои беа најслаби ученици сега се по училиштата вработени како наставници. Како да му ја направам таа неправда на детето... А за здравството да не збориме. Мојата ќерка на само пет недели возраст ја имаше истата состојба како едно од децата кои неодамна починаа на детската клиника. Си размислувам деновиве, може и нас би не снашла слична состојба да бевме во Мк (не дека немаме ние добри доктори, туку дека не секој од нас има јаки врски да стигне до вистинскиот кој ти треба во моментот)... Пред некој ден другарка ми кажува како таа сама со двете деца едвај спасиле жива глава од глутница кучиња скитници и тоа во фреквентна скопска населба... Не дека тука е многу лесно, посебно за нас како прва генерација доселени ама листата на негативности на нашата држава (не земја, таа навистина има што да понуди за убав живот) е за жал мноогу долга. Едноставно нема дел од системот кој функционира како што треба...