Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. betty boop

    betty boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    А дали квадратурата на станот игра некаква улога . Ни рекоа во ратхаус да прашаме колку е дозволено по човек за да можеме да ги донесеме децата . Можно било да не ни дозволат да ги пријавиме :( на таа адреса ако не е голем станот и ако е трособен
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    36.479
    Пол:
    Женски
    Ние сме тројца во 50 квадрата и по правило не е дозволено ама никој ништо никогаш не ни пререче.

    Зависи до газдата, до вработениот во општина. А по правило нз колкава квадратура за колкаво семејство е.
     
    На betty boop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.253
    Допаѓања:
    181.663
    Абе скоро секогаш е до газдите. Ако намислиле да го издаваат на двајца, имаат идеја какви луѓе преферираат. Некој не сака да издава на луѓе со деца, некој на вакви-такви, по верски и национални критериуми. Никој нема дирекно да ти каже, ама исто како кога аплицираш за работа, негово право е кому ќе го даде станот/работата.
    Е сега ако имате таму некакви општински/ црковни/ станови од девелоперски фирми што рентаат, веројатно може да поминете филтер без многу предрасуди.
    А дури има поголема побарувачка од понуда ќе ве бираат.
     
    На Tajnaotrovna, babydust, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Кога се роди малава дојдоа на посета од градот социјални служби да и донесат поклон и се разбира да видат каде и како живее тоа бебе. Жената стана да го разглед станот и рече дека е во ред. За малата покрај спална имаме и детска соба, дневна кујна и два тоалети. Не е според квадратура туку според соби е определено. Едно дете една соба така им одат критериумите.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Нема обесхрабрување, мора човек реален да биде и свесен за ситуацијата.

    Сметајте си и кауција колку ќе треба, не знам дали е поголема за поголем стан.

    И јас гледам станови сега и очекувам 50-60% од приходот (да речеме некоја почетна минимална плата) да ги давам на кирија и сметки. Едноставно тоа е тоа, нормално е. И во Мк е така, само шо тука со остатокот не можеш да преживееш, а таму можеш.

    Јас еден куп станови шо гледам, не ги даваат за двајца. (гледам за еден или за двајца, каков и да најдам прво). Некои гарсоњерички на пример, не ги даваат на двајца, иако можда би можеле да се стиснеме двајца, бараат самец да го земе. Пак океј, тоа е тоа, идемо даље.

    Пријатели наши ќе имаат бебе и бараат стан да се селат, немаат квадратура за бебе, иако во пракса бебето зафаќа 1м2. :D

    Јас гледам во помали општини во околина на големи градови шо се добро поврзани со јавен превоз. Границата ми е во некој радиус да можам да стигнам до голем град за 20-30 минути... шо според мене е ок. Па во Ск од Влае до Центар се стигнува за толку време во гужва и крш сообраќај.

    Инаку, гледам некои финти за полесно добивање станови и има луѓе шо направиле како кратка презентациичка за нив со слики... за тоа кои се како луѓе, за семејството, за миленици, шо прават во слободно време, дека се уредни, непушачи итн. Гледам добиваат станови многу побрзо и полесно, прекрасна идеја им текнало. Планирам и тоа да направам - на крај краева, шо било само да се најде стан.
     
    На Tajnaotrovna, betty boop и FreeMind им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.253
    Допаѓања:
    181.663
    Може не ми е за тука прашањево, ама па тука беше пишано мислењето, да не те копирам во апокалиптичната тема. @FreeMind ова со април е базирано на информации или лично чувство? Ако е до април, па се преживува, да не тераме до наредната година.

    @Doozy одлична ти е идејата. Мој совет- Биди навреме на договореното и имајте сериозни профили на социјални мрежи, веројатно некој ќе те прогугла, пред да ти издаде стан. Германкиве нека кажат од лично искуство колку се пет френдли издавачите на станови, ако имаш куче на пример.
     
    На Doozy и betty boop им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски

    Овој вирус е групиран со сезонскиот грип кој го снемува во Април поради високи температури. Претпоставуваат Април дека ќе биде доста типол и аналогно на тоа вирусите заминуваат до следна сезона. Исто како и крлежите кај кучињата идат во Април уклучуваме апчиња до Септември месец заминуваат од сцена :)
    И лично и научно би бил одговорот.

    @Doozy не сакам да те плашам али од мкд стан кога бараш е прилично тешко. Треба да трчаш ваму од термин на термин по комшии, по колеги и пријатели за да допреш до стан. Плус бараат и платни налози и слично при апликација. Али не се откажувај еден ќе се најде кад тад. Јас во овој град живеев шест месеци во соба за студенти барајќи стан при тоа и фирмата на оглас во весник ми бараше и колеги и цела машинерија беше уклучена(нет, фб) да се најде нешто. Шефот лично со мене идеше на термини за стан за полесно да го добијам како германец и пак не ги добивав. Зависи од градот некаде е убиствено тешко.
     
    На betty boop, Tajnaotrovna, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Баш така, знам шо ме чека. Затоа активно барам одовде и ќе правам и презентации и видеа и се' шо треба... :D а нормално, се нафаќам да живеам и у ВГ и у студентска соба на почеток, немам проблем ни со тоа. Краен случај, ќе земам Аирбнб во околина и така ќе барам.

    Мислам ќе се извадам со работата, некако, ради ова шо работам сега, еден социјален профил ми е поактивен шо се смета за посериозен... а ако треба - а мислам ќе треба - правец у Мекдоналдс. Ќе тече платен налог, бар минималец.

    На север гледам, на југот и на западот одамна кренав раце, едноставно е преполно. Плус имам живеено таму во таа околина и ги „знам“ (горе-доле, минимално ама подобро од ич) линиите на С-банот и У-банот.

    И на крај, најбитното, фактор среќа. Некогаш па и треба да ти се трефне.

    П.С. Ако има друга тема за ова кажете, да не одам офтопик овде. :$ Ама некако најрелевантни ми се информациите одовде, вие сите сте таму скроз преселени, во другата тема за Германија одат само за сезонска работа.
     
    На betty boop, Tajnaotrovna, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.253
    Допаѓања:
    181.663
    @Doozy има баш убаво пишано @FreeMind некоја страна понапред за кариерниот пат. Ако не си профил за Мекдоналдс веројатно нема ни да те земат. И јас мислев, ај да не се занесувам, да пробам пониска позиција за побрзо- ми рекоа, не си ти за овде, барај си соодветно на квалификациите и искуството. И си најдов :nod:.
     
    На FreeMind и Doozy им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @Doozy баш за тука е муабетов. И јас би те советувала да бегаш од југов ми личиш на нормален лик овде доле многу се побожни да не те изместат. Најтврдокорен народ од цела Германија е овде традиционални и религиозни, полошо амин:)
    Златен Хамбург и околина па фино лепо на два саати ти е Скандинавија, ваму си имаш вовче до Аматердам да си разбистриш глава од “проектите” и авионски линии за насекаде.
    Северно и никако поинаку ;)
     
    На Doozy и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    34.053
    Пол:
    Женски
    Во Офенбах минатата недела петок и сабота се беше празно немаше ниту брашно ниту квасец ниту зејтин ништо . За сапуни па да не зборам Дм беше скроз празен. А сега не знам каква е ситуацијата ќе видам дури во понеделник што ќе не очекува.
     
    На FreeMind, Herrera и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    33.786
    Пол:
    Женски
    @Doozy најбитна е среќа.Јас нашиот стан го барав една година, не толку дека немаше станови колку што беа дупки.Со чудни и несфатливи работи.На пр. Немаше инсталирано струја во спалната во еден|( друг имаше врата на вецето како да 1820година и да не кажувам многу.
    За сегашниот стан кога дојдов да го видам го барав бројот на зградата па напред па назад и закаснав некој 5-10 минути.Само што ставив ранецот на клупата преставникот на изнајмувачот со 3-4 луѓе излегуваат.Доаѓа и ми вели вие за станот ли сте?Јас да малку каснам го барав влезот од др стана, а тој бил тука:rofl:Човекот се насмеа и реча ајде да ви го покажам.Се качуваме , а јас 6недела трудна немам сила , а тој трча и јас трчам.До 4 спрат.Го видов убав со три соби си го сликав и одма си замислив кај што ќе стои.Човекот праша дали ви се свиѓа.Донесете документи во четврток кај нашето преставништво.Го прашав со нашите плати имаме ли шанса.Мораше 1/3 да биде киријата од нето примањата.Човекот рече да имате голема шанса особено што знаеш германски.А јас пак му покажувам ранецот еве после работа одам на курс баш во оваа населба Б2 одам сега.Браво ми рече продолжи така:rofl:
    Отидовме во четврток со мм и го галам бебечето и му викам држи среќа бебече да ни го дадат станот.Кога влеговме на масата имавме веќе спремни договори за станот само да ги потпишаме.Претходно на човекот му дадов дел од документите.Не знаевме дали разбравме дека на 15 декември треба да дојдеме по клучот:inlove:Мм не го ни виде станот.Дека е трособен разбра од кога го виде.Изгледа му се допаднав на човекот и ми го даде или бебечето во мешето ми држеше среќа.
    Па се селивме во јануари на -15 со снег и јас бев 13-14 недела уште со мачнини.Ама сами со мм се спакувавме и наместивме.
    Немав спремано никаква презентација само го видов на интернет станот и пишав меил дека сум заинтересирана и сакам да го видам .Ми дадоа термин и бидна работата:inlove:
    Немој да мислиш дека имавме големи плати.Конкуриравме со на мм првата плата како вработен(претходно работеше на гевербе) која не ни беше за месец и моите последни 3 плати исто така ниски.Ама фаќавме стандард 1/3од нето плата.
    Кај нас 1час се смета за блиску.

    За големината не сме имале проблем иако е трособен е 53qm.
    Исто како фри.Кога се роди малата дојдоа од социјалното жената го разгледа станот.Во ред е и тоа.Ниту пресметки ни правеле дека е мал или голем.


    Хамбург ми е љубов најголема и чист и нов и култура и вода и соларни канти уште во 2015:inlove:Уште сакам таму да се преселиме:)Ама на мм му сметаше влагата многу се гушеше.


    Уште не сум пазарела сега ќе идам да видам ако нема ништо ќе си пукнам од мака.Секако немаме ништо:(
     
    На Biljarkata, betty boop, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @Chantal дојде и на боденско вирусот утринава слушнав прв случај во лорах и еден во Цирих.
     
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.123
    Пол:
    Женски
    Абе не се знае ова, претпоставки се. И тоа на народните маси. :D А целата надеж ми е да е сезонски. Вакцина веројатно тек наредна година. :worried: Првата може ќе успеат да ја тестираат во април, ама и тоа не е сигурно. Не сум прочитала ништо официјално за тоа дека е сезонски. Или ми промакнало? :^)
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    8.702
    Пол:
    Женски
    Јас па знам дека од 26 ти има во Фн. По овој сајт се водам деновиве ама не сум ни во него сигурна во ова групите што ги имам на Фб вчера прочитав и Линдау дека има
    https://sozialministerium.baden-wue...sschutz-hygiene/informationen-zu-coronavirus/
    Јас по ново не сум Bodensee Kreis ама пак ми е многу блиску.
     
    На FreeMind и Ava.84 им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    33.786
    Пол:
    Женски
    Бев до комшиската Едека се е норнално се има.
    Добро беше рано па уште редеа некој работи.Овошјето беше празно , како попразно ми изгледаше прашокот, јас го зедов послединиот сагротан сапун за дополнување.
    Имаше вода посебен простор оставено.Памперс имаше.
    Квасец не најдов @Herrera .Ама фрижидерот кај што стоеше беше препун па сигурно не го видов.

    Во мојата бицирка има корона веќе една недела па на мене" is' mir egal".
     
    На Biljarkata, Herrera, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Го слушав министерот за здравство на Германија на тв имаше изјава. Он збореше за паралелата меѓу сезонскиот и корона вирус. Можеби и смируваат, но сепак е далеку од паника. Овде смртен случај досега нема на сите им оди добро. Навистина нема простор за паника.
     
    На danichap, Biljarkata, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ме охрабривте малце сега со постовите, фала ви на сите за споделеното искуство. Частам... пиво или не знам, нешто шо ви треба од Мк. :D

    А @Ava.84 прво кога отидовте кај седевте, у Аирбнб, хотел? Тебе те тагнав ради подолгиот пост, секое искуство е добредојдено. Ве отруФ (facepalm)

    Само немојте да викате кај блиску луѓе, мразам да се наметнувам. Сваког госта три дана доста ми е мантрата. Имам роднини во Германија (доле на југот) знам дека ако речам ќе речат добредојдена си у секое време ама ја не би. Не се толку трагични Аирбнб-ињава, отприлика иста сума му иде ако седиш у прајват рум кај некој... само шо ако трае процесот на барање стан со месеци... биче забавно. :D

    @FreeMind и ја не го миришем многу југот, некако не ме влече Баварија. А и се' си мислам ќе бидам некако како на Балканот, оди, оди, Балканец. Ме маваат флешбекови од Гарфилд, Њу Џерси (поздрав на нашите таму, Гарфилд е наш:rofl:). Франкфурт, Дизелдорф би одела да прошетам, ама и таму нешто не ме радува. Источна Германија има ли некој? :D

    Хамбург стварно беше прекрасен, вода и ветерници насекаде. Е мене тогаш не ми се погоди нешто нај-нај, чак што више, редовно јадев бурек на Фемина у далечната 2013 ама тоа јас сум си крива. Млада, неискусна, страшен мобинг имавме на работа, исфрустрирани шефови... Сега знам како да си ги наредам работите да ми биде убаво :D
     
    На Dust, Tajnaotrovna, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Ова сериозно ли?
    Јас не сум отидена во продавница, планирав утре/сабота, да не ме стрефи шок?

    Бев само во дм во центар, и ова го начекав:

    20200303_161202.jpg

    И јас немам залихи, пелени сум претплатена да ми носат.. да не треба да одам да си купам сепак резерви?

    Ич не сакам паничења безвезе, ама со две деца дома да не испаднам најпаметна па да немаме што да јадеме..

    Инаку еве сајт со статистики на кој нон стоп се информирам за короната:

    https://www.worldometers.info/coronavirus/
     
    На Herrera, Tajnaotrovna, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.