^мојта генерација 80% се доктори Да ти е страв у болница да отидеш искрено и овде кај што сум наликува на мало скопје дел битпазар( има премногу муслимани) и дел балкански кај што се зборува. Германски ретко се слуша во последно време многу ретко. Арапски р најчестиот и српско-хрватски. Во болница тука слободно можеш нашински да си збориш. Денот кога се породив имало во држурство мој сограѓанин на работа кој пренел информации пред мене дека има некој од нашиот град породено а не се претстави кој е непраша дали ми треба нешто у моментот. (Среќа не ми требаше тогаш ништо) сестрите беа 50% балканки кои зборуваа само на германски немој случајно некпк да ги открие дека се балканки и така Чекам дете од школо да земам па да пда нутла у кауфланд да купам на акција била.
Ние сме од генерацијата на министри Во секоја влада бар по еден ни е познат, некогаш и повеќе од еден. Затоа не се враќаме
Јас скрос различно искуство имам. Во 8 ми месец ме пратија со контракции во болница една сестра ми вика чекај имаме доктор пд мк ќе го пратам. После некое време дојде све ми објасни, за ден два дојде пак. Кога се породив кога излегувавме од сала ете го пак ни честиташе и следниот ден пак дојде да види да не ми треба нешто. Све е до човекот. И јас работам со луѓе често кога ќе видам презиме се претставувам, ама ако видам некоја намрштена фаца знам и да со преќутам.
А народот што размислува за враќање доле, зошто не размислува за преселба во Швајцарија, Австрија па и Словенија многумина ми ја имаат фалено. Има и таков народ што за нив само Македонија е, реално, секој поради свои причини. Само што јас сеуште не можам да си замислам дека некој би посакал во Мк да се врати. Јас на забар кога бев во една позната клиника и ни викаат друга ќе дојде кај вас и јас и мм се чудиме што згрешивме сега и доаѓа од Македонија младо девојче, ако случајно ме прочита нека ми пише.
И од Швајцарија почнаа да се враќаат во Македонија. Претпоставувам затоа што е прескапа за живот и не е family-friendly.
Ovde stana idealno samo za tie sto ne rabotat vakov dodatok, onakov dodatok, besplatna gradinka racete i nozete vo vis po cel den slobodni ke si.setas po igralista, nastani od grad.i gradinka i za nikade nema da se brzas. Niti ke mislis dali danok ke vrakas, dali ke zadocnis na rabota, dali ke gi usoglasis terminite. Za zdravstvo aparati i se imaat ama so personal se za nikade, za lesni raboti moze covek ke pomine ama da ti treba nekakov termin i da zatropas na nekoja vrata sekade ke slusnes Warte liste dali ti trebalo psiholog, psihijatar, logoped, hebamme ,kozen lekar i slicno.
Bmw 7 ама на кредит со рата која е барем една четвртина од плата. ама битно е да видат доле дека тие "успеале" горе
Знае ли некоја од вас што е филмот со Дубаи чоколада и пистациен крем од Лидл? Дубаи чоколада видов пред некој ден во еден турски маркет и беше на акција 18 евра. Од пистациен крем е направена најверојатно па затоа сите купувале. Ама што е филмот уствари? Од кај излезе сега Дубаи чоколадата? Мислам дека никој нема шанси да купи чоколада 18 евра. Добро Гугл вика веќе со месеци била во тренд на тик ток, а јас немам тик ток, затоа ништо не ми е јасно значи.
Не да сум нервозна со хорт. Напишал домашно таму му рекле дека му е добро и немаше да е страшно да не пишувал сосема друго од тоа што треба. Требало да пишува каде во зборот слуша е на почеток или на крај, он пишувал прва буква и буква од втор слог ( има и такви вежби) и сега кога му избришав се расправа со мене јас не сум знаела не сум работела во школо. Ама као гледаат гледам дека некој работи го исправале, ама некогаш вака после дома нервозен зошто втор пат пишува.
Може усно им рекле така да пишуваат иако на листот друго пишува. Мал е за сам да прочита. Може еднаш така ја решавале истата задача па после истиот пример ама усно им рекла што да прават. Јас не би бришела. Како е напишана така. Подобро речи му сега извини ти си во право.
Ти ни форумов не го читаш, со месеци за тоа се збори Веб ми вика во Кауфланд било 5 евра, ама ме мрзи да одам до КаУфланд. Нула степени Ме мрзи и чизми да вадам, ама ќе мора. А дојде вакво време, јас фантазирам да се селам во Шпанија. Уште место да одберам
Само темава на која каснам цела страна ама сеуште немам време да ја прочитам. Мене ми е многу убаво тука како во претходниот живот тука да сум живеела.
Маж се мачи да го облече малото, да излеземе. Од принцип, нека се помачи малку, не помагам. Преска ми вика па не е толку ладно, ништо не и е. Абе не и е на неа, на мене ми е ладно. Грб ме боли. Требаше да одиме да печатиме слики, сега ми вика не му се одело до росман. Па мене не ми се оди надвор, така да ги пратив сами. Јас сабајле шетав. Не ми се јавија од градинка дали од утре ќе почнеме, па ќе треба од сабајле да пишам мејл. Дубаи нели некоја трудна го измислила и хит некој станал. Абе и баба ми какви попарени ежиња правеше, ама немала интернет инаку ќе ги патентиравме. И јас не го разбирам ова со фстаците кој тренд е. Сите крем, паста ова она, не знам ни дали сум пробала. Солени потпечени ги сакам за грицкање.
Не ви кажам дека мача лате пиев Во кафич порачав, неколку голтки со сила, не оди и не оди, погадно нешто немам пробано во животов, вкус има што се поистоветува со мирис на отстоени мокри чорапи носени во сосмрдена патика. Си реков па ако треба да бирам помеѓу стара, брчки и дебела и мача лате, би го избрала првото дефинитивно.
Ич не размислувам за назад. Првите неколку години откако се преселив се двоумев многу, ама тогаш можеби и имав некоја надеж дека ќе тргнат работите на подобро во Македонија. Ама се оди на полошо, не гледам зошто би си го изложила детето на таква средина. Буквално се осеќам како околу мене да има темпирана бомба константно кога сум на посета таму. И сеа ова што се деси во Нови Сад само ми ја потврдува теоријата. Допрва ќе носи последици тој систем, најлошото уште не излегло на виделина. Недај Боже да ви затреба нешто по болници во Мк, се жалам и на тукашниот систем ама може е време да си замолкнам. Такви трауматични искуства имам со најблиски во семејството, таа болка ќе ми остане за цел живот. Молев брза помош да дојде да администрира морфиум на пациент неколку часа пред умирање, во најголеми болки почина бидејќи немаме систем за палијативна нега. Никој не заслужува да умре така, а тие слики и звуци засекогаш ќе ми останат во сеќавање за жал. Системот те третира ко партал. Ни семејствата се веќе толку блиски како порано, ни пријателите. Имав прекрасно детство, пораснав во голема фамилија цело време опкружена со луѓе. И роднини и пријатели. Времињата беа поинакви, потешки ама луѓето се држеа едни со други. Сега пустелија, го нема тоа повеќе. Тешко е и тука, родендени, убави, лоши моменти, низ се поминуваш сам. Ама се тешам со тоа дека кога ќе порасне детето, за него нема да е така. Нема да спие во распаднати студентски домови ко мене, ќе се образува од квалитетен, а не партиски кадар, ќе порасне во систем кој вреднува труд и напредок, а не арамилук. И ќе не има нас до него.
Ова ми е потиснато некаде во меморија, кај го спомна, ме удри флеш некој. Јас бев студент пред околу 20 години. Седев и во стив и во кузман. Сум ги посетила нормално сите студентски домови. Што да речам. Не дајбоже да треба така да се студира. Ама младост, се можеш да поднесеш. Во Мк никогаш не сум била привилегирана и немав врски. За се едно морав да се помачам и да го изодам подолгиот пат. Многу пати и дури оштетена, оти некој друг требало да добие нешто преку ред, а за мене немало. Може за тоа и ми е ок тука, оти во Македонија бев дискриминирана и граѓанин од втор ред. Се убив од работа додека да си обезбедам статус кај нас и да го добијам тоа што ме следува. Бесна сум што сопствената држава и народ ме избркаа. Тешко е да, и за убаво и за лошо, ама па и измеѓу треба да се живее. На моите исто им е многу тешко што не можат да се со нас, ама уште посреќни се, што не мора дете да мине она јас што сум поминала, и они што поминале со мене. Во мое село, сите се иселени. Нема деца, жално е. Од училишта со по три паралелки, сега останува само едвај една. Се се распаѓа, лекување очигледно само преку врски и на приватно. А приватното чини исто колку и тука. Овде стално кога не можам да добијам услуга на лекар, си прашувам и си плаќам за услугата приватно. Штом е така нека е. За маж ми лани на дерматолог, мислам и пишував, немаше термин ама на приватно имаше за нареден ден. Видоа дека треба да се интервенира одма, префрлија на касата и фактички плати 30 евра, а се заврши работа. За дете исто за дерматолог, кога беше акутна лани, само се јавив и без упут следниот ден ја примија. За доктор гледам и преферирам да се германци. Се чека може подолго време за термин, ама некако посигурна сум. За итно кога треба да се издаде само некоја потврда, се јавувам на било кој и кај најдам место најбрзо.