Најактуелната тема враќање на балканот. Овде не е сјајно, многу големи трошоци платите мали , но во мк ситуацијата е уште полоша. Во мојот град или се партиски вработени или невработени. Жално е толку млади луѓе а не работат. Никој не сака да работи за минималец мислам дека е 22 000 сега. А многу ми е чудно како сите тие имаат најнови телефони, скапи коли и брендирана гардероба. Спортска опрема најк и аддидас веќе не се актуелни, се купува томми, келвин, армани … Одмори по 2-3 пати, викенди , зимување, прошетка за празници итн. Јас кога бев основно одевме пешки на школо, сега ги зимаат донесуваат со коли. Средношколците сите се со коли. Времињата толку се изменија. Мојата голема желба е да живеам на море , па може ќе ми се исполни. Ме нервира ладната Германија, тмурно време и маглата. Немам со кого кафе да пијам, но имам мир. Денес мајка ми ме изнервира … ме прашува колку е породилното овде… нити ми дава пари нити и давам што има математики да ми прави. Вчера свеќи… Бебето кога ќе почнало да мрда во стомакот немало да повраќам веќе. Викам жено бебето мрда цело време но бидејќи е мало не се осеќа. Вика де бре на три месеца , викам на ехо го гледа и докторот вика. И после па не и е верно. Е ајде де оди докажи. Маж секој ден ме нервира. Денес го барам на тел 2-3 пати не ми крена . Дома беше но зошто да не се јави.
Хаха леле каков хит е чоколадата. Додека сами ја правеа сега почнаа и маркетите да ја набавуваат. Ја видов во Реве на каса, 9.99е. Не дека ни јас не сакав да ја правам, порачав и силиконски калапи ама изгубив желба. Не можев да најдам крем од ф'стаци.
Да и јас тоа го приметив, сите околу мене зборуваат за враќање. Некои веќе се решени, си одат... И јас понекогаш посакувам. Но само се потсетувам зошто дојдов и брзо ми мине желба. Мислам дека кога дојдат децата, едно па друго, станува тешко а и трошоците растат. Тогаш се јавува желбата за дома, поточно за помош. Овде повеќето сме сами и тоа е нормално. Ме нервираат со песната од Слаткар и овие Некст Тајм, носталгија та носталгија. Поарно носталгија одколку "Дупка на ѓонот, пропушта, станува навика"
Женски, пријателка беше кај сопругот во Германија со ќерката на 90дена (тој работи таму скоро 3год, има висока плата, стан и се што треба) полага следна недела а1 во Гете и ќе аплицира за фамилијарна виза после резултатите за 10 дена, па ме прашува дали може од денот кога ќе аплицира,( бидејќи визата ќе биде во процес), иако се поминати 90те дена да се вратат пак во Германија кај него за стално и да бараат документ од таму fictiobeshiningung дека се во исчекување? Јас не знам ова дали е дозволено, за Bayern станува збор
Мислам дека не постои опција само на англиски јазик, посебно затоа што се работи за медицина а тие професии се скоро сите регулирани, што значи дека има услови кои мора да се исполнат а познавањето на германски јазик е еден од поглавните. Со Б2 ниво познавање на германски би можело тоа да се учи а не е воопшто недостижно. Знам дека даваат и визи врз основа на запишан Studium/Ausbildung, што значи ќе учиш и работиш во исто време. А дали платата којашто ќе ја земаш ќе ти ги покрие трошоците зависи од многу фактори, најмногу од местото на живеење. Ама секако мораш прво да најдеш ординација/фирма која ќе те прими за таму да правиш Ausbildung па после да почнеш со школување, а за тоа ти треба мин. Б2 ниво додека пак за студирање ти треба Ц1.
Стварно слушате од луѓе или познавате некој кој се вратил? Ова Ава што го спомна беше зезанција. Ама ние оти не се дружиме баш, до сега не сум чула некој да се вратил.
Кај мене еве комшии ќерката оди со син ми во клас заедно се од романија ќе се враќаат таму сега од нова година а тука луѓето се веќе од 2010 г . Деца тука родени се фамилијата им е тука но ќе се враќаат. Комшии лани се вратија во босна исто со двр мали деца тука родени жената работеше во болница е сега маж и што малку беше мрза и само коли препродаваше ниедна работа не задржи повеќе од 3м тоа е др. Има уште неколку случаеви кои се вратија во Хрватска бидејќи имаат иста плата како и тука така и таму.
Ја ако се селам, ќе се селам или во Хрватска или во Словенија. На море, на друго место не , ова на европско копно. За на друго место засега нема да е. Ама може па и некоја шанса ако излезе, да се размисли. Од дневна доза за мрчење, дека не е се розово и не си тераат сите работа. Мразам да телефонирам и да прашувам и молам, ми се активира некое чуство без веза и не ми е убаво. И сега вчера од градинка не се јавија, денес мора ја да ги гонам. Од агенцијата за вработување, ми ресетираа профил, оти правеле нешто, ми пратија корисничко, не ни пратија пасс и не можам никако да се најавам. Сега пак мора да им се јавувам и да чекам и термин да правам. Не можам со дете да одам да чекам дирекно за да се пријавам арбеитсзухенд, трае сто саати. Оти немаат опција во секоја локална да може да се пријавиш, па морам до центар да одам. Еден саат по пат ќе изгубам. За арбеитслозен да поднесам, фали потврдата од работодавец пак! Секој пат фалат. Сега треба и таму да се јавувам, а на нет гледам дека шефка не е веќе шеф, измени има. Се надевам барем секретарката е иста. Шефка беше пред нервен слом од работа, изгледа си нашла подобро. А штета оти сама разработи се, и после оставила веќе разработено на друг да се чатали. Ај да чекам 8, па да почнам да досадувам по телефон.
После помалку од 3 години овде не можам да кажам како е било пред короната, пред 5-10 години. Оваа во врска со тоа што слушам како тогаш било мноооогу подобро и поефтино се разбира. Ама мене и сега ми е преубаво и попрво би разгледала опции за селење во друга држава што нуди подобри услови од Германија, ама за враќање не ми се слуша. Да, има трошоци премногу а најголем проблем и секогаш тема за дискусијае високиот данок. Разлика бруто/нето е глава да те заболи. За стан плаќаме цело богатство, ама премногу си го сакам станот и не би го менувала за ништо. За колата плаќаме исто, да колата ни е кредит, не знам искрено зошто тоа се гледа толку со потсмев, барем овде можеш да издвоиш месечно 300-400 па и 500 евра за рата. Во Македонија малку потешко. И сепак не сме се скратиле од ништо друго. Настрана трошоците, со институциите досега сум немала никаква забелешка. Да, можеби се чека термин и можеби траат постапките по неколку месеци, ама убаво си пишува 8-12 недели и слично. Ќе си планираш. Додека во Македонија без врски тешко дека ќе завршиш нешто. Баш последниот пат требаше да вадам два документи и за двата морав да барам човек. Претходно еден ме игнорираше на повици додека не му кажав на татко ми да оди директно за тој да му каже, па зошто не се кажала дека е твоја ќерка. За нешто што ми е работа и за што би бил платен. На тема здравство не можам многу да коментирам, досега само кај матичен и гинеколог сум била па немам многу искуство. Време е за работа. Денес сум до 2 па уште од сабајле е поубаво чувството. Чуси.
Сакам да прашам ако некој знае. И јас познавам. Во април оваа година си отидоа едни познаници мои од Хрватска. Во март си одат наши пријатели. На една пријателка брат и си замина. Тој е млад без фамилија. Од причина што не можеше со една плата да живее сам. Не му стигаше за стан и јадење. А сведок сум на многу наши македонци кои доаѓаат со визи за потоа да го повлечат семејството. 50% не издржуваат ниту 3 месеци.
Zdravo na site Sakam da ve prasam kako go slavite bozikot vo Germanija Si davate pokloni? Ne ziveam Germanija druga drzava ama me interesira Imam mnogu deca za kupvanje i kazav deka nemozam ovaa godina da si priustam da kupvam za site niv i pak navalvaat deka ke ispratat za moeto dete i na nekoj nacin se osekam deka i jas treba da vozvratam Od godinite kupvav i jas i tie ovaa godina kazav deka nemam golemi moznosti So mislite i pokraj toa da podaram poklon ili da zemam nesto cokolada za decata ili nesto so sto bi mozele da se izradvaat Stvarno pritisok mi se pravi koga site tie trosoci moram da gi podmiram Dali imate nekoja idea sto bi mozelo da podaram? Neznam dali ke se berime kaj nas ili kaj drug clen od familjata no sekoja idea e dobredojdena. Sega e se poskapeno stvarno neznam so da zemam a mi se berat poveke deca Ubava e tradicijata so davanje pokloni i decata se raduvaat megutoa so ogled na toa deka e se poskapeno ….
Јас конкретно правам пакетчиња на блиски деца . Некоја играчка симболично, но јас немам многу деца овде на прсти се бројат. Сепак според можности , купи нешто што можеш да си дозволиш.
Имам прашање до вас: нарачав новчаник на манго да стигне до домашна адреса. Ќе стигне утре. Не знам дали ќе има некој дома... Како иде тоа? Ѕвонат на домофон, им отвара тој што е дома и се симнува да го превземе лично новчаникот или го оставаат врз сандаче? Главното прашање ми е што се случува ако никој не е дома да им отвори/да го превземе? Прв пат нарачувам
Ако можеш да си дозволиш нешто симболично ок. Ако не можеш, не си стварај сама на себе притисок. Не мораш ништо ако сте кнап. Ќе дојдат подобри времиња, ќе подариш нешто кога ќе можеш, не мора да е празник или да има повод за тоа.
Доколку го собира во сандаче ќе го стават без проблем. Доколку не го собере и нема никој дома ќе го однесат во филијала во близина. Имаш опција да избереш да го остават пример пред врата доколку ти е сигурно, или кај некој комшија.
Пред да го достават можеш да избереш опција. Доколку не избереш го носат во филијала. Додуша мене ми се случува често да биде оставено кај комшија и без да сум одбрала, секако и нив им е полесно кога веќе се пред зграда. Ама тоа зависи од самите доставувачи и од комшиите.
Може и во влез ќе ти го остават. Ја не би менувала ништо, ако треба да си го подигнеш од филијала ќе ти пуштат ливче во сандаче и ќе одиш. Најчесто е најблиску кај има. Ѕвонат кај комшии ако нема никој дома, ќе отвори некој, па или пред врата, или во ходник, на степеник, кај комшија, кај најдат соодветно место оставаат. Ако е кај комшија ќе ти стават ливче да знаеш или на мејл ќе те известат. Може ќе дојдат и во време кога ќе има нели дома. Пола од нарачките од ходник си ги собираме, нема гајле. На комшии пречекуваме, врати отвараме, се си е ок. Евентуално да, да си побараш пред врата, мораш сега да смениш.