На Џоки кифлите супер рецепт. На брзина, тоа што не мора да киснат ми е плус. Ем ги правев мешани фолкорн и бело и супер меки излегоа. Не ги ни оставив толку долго да стасаат,беше ладно у кујна и ги ставив во рерна на 30 степени, на брзинка се кренаа. Во машината ги месев, ја само после ги правев. Ама и брашното ми се погоди, алнатура динкел фолкорн едното, деф најдобро за интегрални и другото тип 550 бело за кифли е најпогодено. Овој пат Rosenmehl имаше, тоа зедов . Ја башка не им се тресев и не ги ни мачкав со јајце, едните ги премесував оти не ми се свиѓаа како беа смотани, и пак ги преправав и не се ни осети кои се. Слика нема, нормално. У недела ако не заборавам пак.
Премногу си ја сакам работата ама сега гледам симптомиве дека може и од burnout да се. Колешки без деца работат по 60 или максимум 100 саати. Колешки со деца се на 20,40 или максимум 60. Само јас сум на 120 и уште неколку со големи деца (читај возрасни деца) и со кранк на секое. И да не ги заборавам овие без деца што се кранк 2-3 пати месечно. Ама јас не сакам да пишам кранк до 31ви декември. А како и да пишам кога не сум, потешко ми е на матичен да отидам отколку на работа, едноставно не сум таков тип. Не мора да ме читате де, битно да се искажам јас. Оваа недела сум слободна три дена поради страшно многу уберштунден за само 9 дена од ноември. Од примери зошто ја сакам Германија: мм ја паркирал количката до влезна врата од зграда од градинка. Има две правила, малите деца одма до групата, големите надвор од двор под една стреа. Утредентна одма плакат кај што ја паркирал мм количката: забрането паркирање на колички и дека треба надвор. Е затоа ја сакам. Дека секој мора да ги почитува правилата и во секоја прилика се наоѓа некој да те исправи кога ќе згрешиш и затоа владее ред.
Од прашања кои ме мачат околу Германија. Зошто гарсониера од 30м² градена во 1966г., чини скромни 250 000 - 300 000 еур? За истата ти требаат 100 000 еур од старт за да можеш на кредит да го земеш. И тоа не во Минхен, на 30км од него. А за трособен стан да не праиме муабет. За таков и нема банка која ќе ти даде кредит за 900 000+ еур. Нема веќе нормално семејство кое ќе може да си овозможи свој дом. На крај секако ќе излезе фамозната "Ќе немате ништо и ќе бидете среќни" . Барем гледам дека Германците многу одамна се помирени со фактот дека цел живот кирија ќе плаќаат и не гледаат проблем во тоа. Може ОК е додека двајца работат, но што кога ќе треба во пензија... е тогаш ако немаш ништо во животот создадено, тогаш или социјална помош или шишиња ќе треба да собираш за да преживееш во најјаката економија во Европа. Затоа и поголемиот дел на крај во старечки дом завршуваат. Изгледа само овде пензионерите сами си плаќаат здравствено осигурување па и данок плус, како цел живот да се немаат даноци наплаќано и преплаќано. И никако да го убедам сопругот мој да си купиме нешто наше барем во Мк, додека барем таму можеме. Тој не и не, запнал тука. Во Македонија имал куќа. Има да, но таму свеки владее и царува иако истрошивме многу пари за спратот фамозен кој никогаш нема да осеќам како дом. ..и така, тешка тема за размислување ме обвзема како за почеток на викенд .
Да прашам и ова. За аплицирање за виза за работа преку Визаметрик, на нивниот сајт има поле со ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ И ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ, но јас не гледам никаква листа на документи ниту можам да најдам… дали некој знае, или некакви насоки да ми дадете.. фала ви однапред!
А зарем старечки дом е бесплатен? Мислам, ако е, ич гајле да не береме Свекрвата во мк нема да биде вечна, ама озбилно, купете нешто кајшто можете, јер парите губат вредност. Затоа стан кошта 10к квадрат.
Ако немаш ништо на твое име и ако имаш мала пензија, тогаш да. А ако си се мачел цел живот и си створил нешто тогаш ќе се потрудат да го потрошиш додека си жив . Еден познаник плаќаше за татко му 7000 еур само затоа што човекот имаше имот. Кога да видиш, никако не ја бидува.
Сопругот ти е во право. Чим има куќа во Македонија топ. Вие дур стасате до пензија, старите одамна ќе ги нема. Тогаш полесно ќе се осеќаш дома во таа куќа особено оти си вложувала таму. Имот во најјаката економија во Европа, макар и мало станче ќе има секогаш многу многу поголема вредност од куќа во Македонија. Неспоредливо. Планирање иднина е фина работа. Само што, она што го имаме сигурно е само овој момент. Ја од друга страна не можам маж да натерам да вложиме во некој фонд. Што ако банката пропаднела оти тоа нему му е многу реално. Како да избереме банка што нема да банкротира под претпоставка. Не знам како. Ваљда, ако вложам нема да мислам дека ќе банкротира еден ден. Девојки, дали некоја користела Плантур? Не сфаќам што е, шампон и истовремено фарба? Дали е практично воопшто да се користи место фарба? Има некоја искуство?
Околу мене мислам дека сите купија куќа/ стан. Само ние не. Сеуште немам видено кои цени се, ќе видам па ќе купите тука. И тоа жените или не работат или мини џоб работат, има и една што работи 20 саати. Мажите фолцајт.
Чекам децата да завршат со борење,па да пишам нешто. Се сум на трчање периодов. Имам пет дена слободни,ама не сум одморена. Секој ден се нешто имам. Вчера чистев WC,па одев на спорт,па се вратив направив 13 банички,па поделив дел по комшиите,го носев детето на пливање и кога се вратив дома како воз да ме згазил и си легнав уште во 9 и пол вечерта. Затоа денеска не си давам на зор. Бев на кафе,за ручек супа,е после ќе одиме до Икеа да купиме регал за синко,оти неговиот е мал и немам место за неговите алишта. Па додека го монтираме,пак замарање. Среќа утре ќе е синко на роденден и ќе ми го земат од дома па да не ми се досадува по дома додека го монтираме. Претходната недела бевме на македонската забава,беше супер.Деца се истрчаа,синко бил желен за ора,ама не сум знаела.Тој и уште едно девојче од пријатели се утепаа ора играјќи.Единствено што ми сметаше е гласната музика. Периодот ми е даун,нешто имам многу киселини и рефлукс,ич не ги спијам вечерите и кашлам.Ќе одам другата недела на интернист. Инаку кога се вратив од Македонија во Октомври останав доста позитивно изненадена.Живната е и не е толку утепана како што беше.Тие што работат заработуваат и немаат потреба да бегаат настрана. Имам познаничка работи како сестра во приватна клиника.Заработува 70-80 000денари.И маж и околу 60000 и што вика мене странство ми е во Македонија.Сестри на државна клиника,пекари околу 60000,келнерите по 40000. Кога ќе видиш скапи се цените,ама и има работа-на тие што им се работи.Оти има и такви што вечно се жалат и својата мрза ја кријат со изговор немам искустбо и ми требаат врски. Замаат кирии во мојот град по 300/350еу од издавање станови(не зборам за Скопје) За враќање познавам едни бугари што на времето се вратија назад. Јас не би, и да имам пари веќе ме нервира начинот на кој функционираат многу работи во државата. Да се купи имот е фина работа. @mKdevojce па ако не можете да најдете во Минхен можете во некој друг град и да се преселите.Знам дека Минхен и Франкфурт ам Меин се прескапи, градови за тие што топ заработуваат. Становите се скапи,ама и можеш да го издадеш скапо.Тоа оди во пакет. Точно е дека Старечките домови се бесплатни ако немаш ништо на твое име.Ако си доволно паметен на време се да им препишеш на децата ништо нема да ти земат. Сигурно нема да дозволам државата да ме заебава оти цел живот сум работела и сум се мачела. Во меѓувреме гледам понуди за Нова Година да фатиме пат некаде,ама изгор се цените.Мене за чудо,овој пат не ми се толку оди(заради цените,не дека ме мрзи),ама па маж сакал. Пост каша попара, белќи се разбира што сакам да кажам.
Kaj nas stanovite ne se taka skapi okolu 3000 evra metar kvadraten bi mu doslo. Jas samo priznavam stedenje vo investiranje vo nedviznost nie imame 2 edniot go rentame so kirija se otplaka ratata na kreditot, pa maliot koga ke e 20 tina godina ke ima stan vo koj ke zivee ke prodolzi da go renta prodava po negova zelba. Nemora da investirate vo Minhen i okolinata, videte na drugi mesta.
@fairy88 имаш избрано плакар или допрва ќе бираш? И мене итно ми треба, голем за во детската. Сподели што ти е на ум ако веќе си избрала. Иначе живнато е во Македонија последниве години, ама кога ќе ми текне дека за сите медицински трагедии, а се зачудувачки многу за така мала земја, крив им е секогаш кабелот, ништо не ми значи тоа што платите се накачиле.
Колку голем? Пакс од Икеа се единствени ок, можеш да го моделираш по желба, ама мене ме нервира оти нема полна висина колку што ми треба. А Јиск имаат мнооогу подобар квалитет.
Кога ќе го наместиме ќе ти сликам како изгледа.Ќе биде пах регал до плафон и 1,5 метар долг.Детето има уште еден од 50 см,на тој само вратичката ќе му ја смениме.Инаку е веќе изработен.Денеска само деловите да ѓи купиме.
Голем ми треба за две деца. Сакам со многу прегради за алишта, оние диплени. И најмалку 2 дела за закачалки. Многу многу итно ми треба, си играм и ја курташак никако да нарачам нешто. И сеа пред празници ми гори под нозе. Ако ме фатат празниците ќе треба со месеци да го чекам. @fairy88 сликај обавезно А како е постапката? Колку време од нарачка до подигање?
ПовелИ, планирај https://www.ikea.com/de/de/planners/pax-planner/ Го имам во ходник, главно за обесување, плитка варијанта. Ширини имаш 50, 75 и 100 см, висина 200 или 236см. Врати какви што сакаш или какви има на лагер. Јас ја чекам длабоката библиотека по совет на Џолен, донесоа на склад 35 парчиња и се продадоа за 3 дена. Многу често се случува ова, многу мали количини носат. Или па јас ( т,е. Ќерка ми) ептен префинет вкус имам/е, веднаш се продава. Вкусов-се-е-бело
А ти беше да ја видиш, или на мој збор ќе купуваш . Од бримнес има и витрина со стаклени врати, оти прво нив ги гледаше. Пакс зедовме сега за во ходник, 100 цм. У него и јакни и средства за чистење, и правосмукалка собрав. Картонски е малку, ама па што не е денес. ИКЕА купуваме се уште, прво оти често се селиме, па се исплаќаше порано беа поевтини, сега навика. Лесно се монтира и мене за достава ми се наједноставни. Нарачав петок вечер, достава во сабота во 3 попладне беше. Избравме брза пратка, за 160 евра, дома во стан се ни донесоа. Купувавме многу големи нешта, па ова ни беше наједноставна опција. Исто ќе не чинеше и да најмуваме комбе и човек да помогне. За стан купување, многу сакаме, ама не знаеме кај сакаме. Лудило ми е и мене во Минхен цената. И така да оставиме пола година/година, да видиме во кој правец ќе тераме. Торта треба да правам, купатило да чистам. Ми се спие. Што попрво да е. А и грав да накиснам за утре. Од домаќински нешта тоа.
Били имам една плитка, подлабоката сигурно е иста, само подлабока. Фино ќе се вклопи, само уште да ја дочекам. Ние не се селиме веќе, ама па вакви ситни глупости се сепак наједноставни за монтирање и најбрзи, да праам по порачка ѓавол и пол ќе ме фати. Башка сама си монтирам, да истерам нервоза