1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.893
    Ние го монтиравме регалот
    20241116_200131.jpg 20241116_200058.jpg
    Конечно е завршена монтажата.Станот е хаос утре ќе средуваме.Долу се гледа дека на едно место е бело.Тоа е од стариот регал го искпристивме само вратата нова ја инсталиравме.Долу ќе ставам фолија.Не ми се фрлаше делот,таман со се наместен:)
    Едната стана е отворена.План ми е да ја користи за играчки или книги,кога ќе заврши со таа фаза ќе се стави и таму врата.

    Му реков на мм да земеме стаклена матт со боја на( рамот дрво еихе).
    Вие што мислите што е подобро/попрактично?
     
    Последна измена: 16 ноември 2024
    На mal.ecka, danichap, Yowannty и 7 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.929
    Пол:
    Женски
    Супер изгледа, многу убаво вклопени. Рачките и корпусот, па со бојата, фантазија. Браво!
    Не знам кога јас ќе се осмелам да направам вака нешто интересно. И ја ко Билја, бело е се. Од досада да пукнеш. А се си велам овој пат ќе ставам боја повеќе и на крај тапа.

    Кај нас не се усогласуваме со маж. Како да кажам, ќе сакам ја бела маса, он сива кафе маса, па ќе земе црни столови, па син тепих. На крај зеде зелен кауч и не ни одговара на ништо и така.
    Се си викам ај за кратко, не вреди да де замарам, особено па и со мало дете.

    Друго, моите дојдоа денес. Утре со гости ќе сме, да одбележиме роденден на мајка.
    Торта број еден направена синоќа, пола изедена. Супер излезе.
    Торта број два, уствари главната торта, на балкон ставена и со надеж дека ќе се подоправи и нема да се распадне утре пред гостите. Важно ако не друго блага ќе биде сигурно.

    Ме напнаа од сабајле значи и маж и мајка и така ме испонервираа, што од пандишпанот почна па натака. Цела утка.
    Толку сум со шеќер напукана, што нема да можам да заспијам.

    Од други исто така не германски и досадни нешта, малата две запчиња извади. Четворки.
     
    На mal.ecka, fairy88, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    178.922
    Нема шо да се согласуваш со маж, треба да си поделите улоги. Мојот ќе може да ја уредува куќата од 200 квадрати, пошто таков му е вкусот, габаритен. За во мал стан од 80 квадрати, јас решавам. Башка со димензии и визуелизација скаран е.
    куќа никад нема да купиме, пошто многу работа од него ќе побарувало:lol:
    Вкусот се е бело е на ќерка ми-моментално:!:. Цел плакар го прелепив со бела фолија, плус библиотеките нови. Којзнае шо ќе и текне по некоја година(waiting)
    Јас скроз би зела маслиновото зелено или ванила жолто за врати од плакар, ама Икеа не ми игра за во спална, морам по нарачка. А нарачката еве чека со години, не ми се фрлаат толку пари. Да имав поамбициозен маж, досега за столар ќе изучеше и сам ќе го напраеше. Ај, повеќе среќа следниот пат:doh:
     
    На danichap, fairy88, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    33.585
    Пол:
    Женски
    На јolene, fairy88, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.050
    Пол:
    Женски
    Јас цела на тебе сум значи. Му викам на мм за мене е само еднособен стан- гарсоњера. Во трособен еве не можам да се снајдам. Ако ти можеш, тогаш слободно средувај и чисти. :D
    А треба четирисобен фактички заради децата.
    Јас кога средувам многу ме болат нозете од одење низ шест простории плус балкон. Најгоре во тоа како келија и доле во келија немам ни време да помислам да средам.
    Ете јас кранк кога ќе пишам ќе биде за да средам горе и ќелијата доле. :D
    Кај нашите матични, матичен и матична Германци, многу лесно се добива кранк. Доволно е да му кажам дека ќелијата не ми е чистена 4 години од што немам време од работа и ќе ми пише одма кранк.

    Пак сум на стариот симпатија. :l:

    Туку изгледа го решив проблемот. Устата ми се среди и ноќе ме станувам за во вц и вчера не ми се слоши ниту еднаш.
    Последниот месец почнав секој ден чај со мед да пијам и уште што не демек од се по нешто да има. А јас уште од мала кога ми давале сабајле лажица мед јас паѓав на кревет и не можев да станам “додека не помине дејството”. Не сум алергична ама едноставно ми се лошело од мед. И сега престанав една недела мед и еве се се среди. Домашен мед.

    Малиов и да сум давала не сакал ама ич чоколади или благо ама сега му се засвиѓа киндер чоколада и петокот сабајле вика за појадок само една чоколада во кутијата за градинка друго ништо! Ноќеска вика сонувал како јадел чоколада и била превкусна! Сабајле станува вика чоколада за појадок! Господе викам што им прави значи благото на децата. Да сонуваш чоколада ноќе (facepalm) и тоа цел сон убаво ми го раскажа :D а 3 години има.
     
    На јolene, mal.ecka, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.893
    @Jolene и јас одам често на бело,оти ми е најсигурно.Мм е тој што ме целосно предомислува и мора во боја да земам.
    Сега па и дете е во филм за геиминг и потемна боја одговара.

    Среќа успеав да го разубедам мм да не одиме некаде за Нова Година:D
    Ќе сторнирам хотелот,ама ќе треба да купам работи што ни фалат по дома,парно во WC,спална(нашата е постара од 10 години и е пред распаѓање).Му требало проекти,да не му е досадно:^).
     
    На јolene, Ava.84, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    4.145
    Не знам за кај вас, ама тука има фирми шо изработуваат врати за Икеа намештај. Комбинации има боли глава, не се примеќа уопште дека е Икеа кога ќе се намести.
     
    На јolene и fairy88 им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.795
    Добар ден и од мене
    Деца учат, јас падар изигравам, некој да не избега од масата:rofl:.

    Зависи кој град живее човек. Има делови каде куќа на три спрата со солидна градба кошта помалку од гарсоњера во голем град.
    Во принцип големите градови, спомнаа дел, но и се во нивна околина, е скапо.
    Оти најчесто многу сакаат да живеат баш во околина, за деца да одат во градинки/школо таму, а родителот да патува до големиот град на работа.

    Ние сме во такво мало место и буквално сите со фамилии или што планираат фамилии, а живеат во големиот град, бараат вака периферно. Со тоа се кренаа и цените до бескрај.
    Да требаше сега, по најактуелниве цени да градиме, ќе не кошташе неколку стотини плус. Хорор е од барање на земјиште па се до работна рака и материјали.
    Јас сум за инвестиции. Сега станот дел го плативме со заштеда, дел ќе се отплаќа од кирија.
    Немаме ниту добивка ниту заработувачка но после икс години ќе биде отплатам.
    За 60м2 фати 200 000, беше луда среќа оти обично се по 300 000 таа квадратура.
    Трособни 80-90м2 коштаат 500-600, луксузни новоградби, 100-150 м2 фаќаат милион.
    Куќа под милион нема. Уствари има, со потреба за санирање од неколку стотини илјади и на крај пак ќе се дојде до милион.
    Сега гледам еднособни во друго блиску градче, таму се 100 000. Ама е гратче со висок процент на странци, има и блокови каде се донесени азиланти итн и се си влијае на цена.
    Кај нас во цела куќа плакарите се од икеа, пакс.
    Не очекувам кузнее што, важно да е средено се и со нормално цени.
    Се сеќавам бев во еден салон за плакари по мерка, ми рекоа помеѓу 15000 и 20 000 еу за собата плакар. Шок ме удри и се вратив назад во икеа.
    Четири детски соби и една соба плакар сите плакари ми се од икеа.
    Сега за свекор ми и свекрва ми зедов еден плакар за во ходник, 2.5м и еден за во спална 2.75.
    Другава недела треба и мебелот за во бањата да им го зедам. Квалитетот е тој ама одма го земаш, без чекање и одма монтер си организираш да го монтира.
     
    На јolene, mal.ecka, fairy88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    И ние скоро се имаме купено од Икеа. Мене ми се супер и за монтирање, квалитет и изглед.
    За враќање назад, мислам дека никогаш нема да се вратиме во Мк. Иако мене на моменти многу ми фали, ама кога ќе се сетам колку е загадено, колку ѓубре има, одма се предомислувам :)
    Дали има некој што живее во околина на Келн и Бон, да пиеме кафе? :$
    Тука каде што живееме нема никој наш, ни од Мк, ни од Балкан. Ми фали со некого македонски да збориме и да се дружиме :)
     
    На јolene и fairy88 им се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Има наши таму полно зависи каде сте точно. Мојте пријатели од мк се скоро се таму.
     
  11. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    И ние секако би сакале во иднина да си купиме нешто свое. Навикнати сме сега во Минхен ама тешко дека би можеле да си дозволиме овде, па дури и во околината на Минхен не е нешто поразлично.
    Во Аугсбург и Нимберг пример цените се на пола, а сепак станува збор за голем град и исто Баерн. Како и да е кај нас додека да дојде до тоа ќе потрае доста, не ни оди ама ич со штедење. :D
    Дали имате вие начин на штедење?

    Денес недела, цел ден дома во пижами. :inlove: Времето беше баш убаво ама ете не го искористив. Ми стигна печката за нокти па морав да ја пробам. За прв пат излегоа ноктите баш солидно. Се надевам да издржат минимум 2 недели, доколку е можно 3 би било идеално.
    Нокти и депилација е нештото што ми фали од Македонија. Имав доверба во кометичарите и ноктите не ми мрдаа по цел месец. А најголем проблем ми е организација со времето. Со работно време 09-18, многу многу тешко.

    Ние запознавме доста наши, не беш свесна дека баш и во Минхен ги има толку многу. И се дружиме доста активно. Тоа воопшто не ми фали, баш како во Македонија да сме уште.
     
    На јolene, MacenceEna, Masnickaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    @fairy88 преубав е шкафот и бојата ама и рачките . PAX елементите се многу добри , зашто можеш да правиш секакви комбинации. Имаме и ние кај ќерче. Кај нејзе е цел отворен , сакаме да ставиме врати ама понатаму.
    Screenshot_2024-11-17-20-43-21-29_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg

    Инаку викендов помина и баш добро што бевме дома имавме време да се одмориме . Славевме роденден на сопруг . 40 наполни .
    Малку непријатна ситуација имавме ,дојде татко му непланирано, после него дојде мајка му со новиот партнер . Јас незнаев како да се понашам , ептен глупаво од страна на татко му што дојде и не стави во непријатна ситуација. Ама си замина брзо .
    Синко доби осип на бутот, бевме кај нашиот матичен , рече дека е од Milben , грини ама од каде па тоа кај него ?
    Па во петокот бевме кај педијатар и рече дека е всушност Gürtelrose, херпес зостер. Ама веќе во база на поминување . Да не беше вакциниран за варичела ќе поминеше каде каде потешко .
    Во четвртокот цела ноќ кашлал и повраќал. Па и пролив , со крвава столица , па среќа педијатарот е и гастро лекар па рече дека не е страшно , дека е од кашлањето и не смири.

    Утре сите на работни обврски, напорна е цела недела со термини , школо , градинка , логопед два пати неделно па ни треба на сите опуштен викенд
     
    На јolene, fairy88, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Живееме во помал град, што е на пола саат од Келн. Најмногу има украинци. Во зградава само ние и уште еден стан сме странци, сите други се германци.
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.050
    Пол:
    Женски
    Нормално дека само што ја отворив темава, заборавив сѐ што мислев да пишам. :?:

    Колешкава 29 години без деца што пишува кранк на секои две недели, само што стигнавме на матичен (мм имаше термин) она пред нас порачала телефонски кранкмелдунг и да го подигне. Па си викам ајде да не зборам, можеби постојат нежни и кревки луѓе што се разболуваат често. :^)

    Јас денес со огромен рог бев на работа. Мислам дека на колегите им беше незгодно да ме гледаат и да зборуваат со мене. :tmi: Ама и не ми се пишуваше кранк за една мозолка иако е до толку страшна и целото лице ми е изобличено. Симпатијата број 1 има одмор, број 2 е втора смена, инаку најпаметно ќе ми беше кранк сепак. :D Утре е број 2 слободен, ама среда сме заедно, па морам да ја излечам. Дури се замислував како на матичен одам и на итна операција ме носат и ми ја сечат и среда одам со мал фластер на работа ама убава. :drunk: :makeup:

    Како стареам не знам нешто друго да кажам, а да не е симпатија…

    И сакав да прашам дали и јас вас така лесно се зема кранкмелдунг? Се јавуваш телефонски може до една недела мислам. Ако е повеќе од една недела мора со термин кај матичен. Термин има одма дента ама ако дојде итен случај може и до два часа да се чека. Денес мм со термин чекаше саат време дека итен случај дојде и матичниот еден саат со него остана.
    Еден дојде кажа за денес и за утре и одма му дсдоа. Не ни кажуваат луѓето што им е туку само по кранк дека дошле и за колку дена. :o Не знаев дека така функционира. :D И кај вас така е?
     
    На SummerGirl, fairy88, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e во средата се јавив кај матичниот лекар дека ми треба Krankmeldung и отидов си го земав , без преглед зашто беше обична настинка. На шалтер кажав што како , ме праша до кога само . Дека до петок само ми треба . Во вторникот и пишав на шефицата дека не ми е арно за да не планира на мене .
     
    На fairy88, gjoker4e, Dancewere и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e кај доста доктори е така, и кај мојата јас кога сум стварно болна не одам се јавувам зошто кај неа не можеш без 3 саати чекање да поминеш што болен човек не може да го доседи. Би ја менувала ама нови пациенти примаат само таквите ко неа или ни тие. Кај мм на работа на колега му се случило да му пратат писмо дека нема да му ги исплатат деновите кога бил кранк (10 дена ако не им достави некој дополнителен доказ дека бил болен освен кранкмечдунг). Човек што често се пишувал болен па почнале рестрикции, решил некако ама мм не пламтеше како што точно.
    Пред некој ден кога пиша за потврдата за втора смена да не работи, комшика моја отишла на лекар се пожалила на докторот дали може да и пише кранк два дена зошто не си ги гледа детето и мажот зошто све втора ја ставаат да работи. Докторот и пишал атест дека не смее да работи навечер воопшто. Жената се вработи така што кажа дека и одговара само втора да работи иначе немаа да ја примат ама после договор за стално друга песна е.
     
    На gjoker4e, Dancewere, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.929
    Пол:
    Женски
    Болна сум се пишувала на два пати само преку телефон. Ама сум била стварно болна, со антибиотик. Колешки од претходната работа, секој месец по три дена беа болни. Секој месец без исклучок, понеделник или петок.

    Денес супер во градинка. Не сакаше дома. Може со разделбата ќе биде потешко,ама кога ја сум внатре се изнаигра. Супер персонал на прв впечаток.
    И конечно намалив маж за селфи, трчав до росман да печатам. Што да кажам.
    А и вторатА торта жива беше и еден вкусна.
     
    На SummerGirl, Ava.84, Lavender13 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.009
    Допаѓања:
    5.552
    Kaj nas 3 dena moze da se sedi doma i bez potvrda samo da se javis, inaku i kaj mojot doktor e taka samo da se javis i da pojdes da zemes boleduvanjeto.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    783
    Пол:
    Женски
    Јас морам да се пофалам дека веќе две недели на работа во Кик, миниџаб ама во селцево кај што сме многу тешко работа да најдеш со А1 и не знам ни како ми примија во Кик. Туц муц се разбираме некако со колешките. Него многу лоша работа ќе отиде пола плата на глупости, башка сега со новогодишниве работи тешко мене ;(
     
    На јolene, SummerGirl и gjoker4e им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.795
    Секој месец јас сум пола месец на боледување, без проблем ми даваат:bandit:.
    Кога ради мене, кога ради деца….:tmi:.
     
    На mal.ecka и јolene им се допаѓа ова.