Ден број два во градинка, денес некако енергијата не беше ко вчера. Малата исто осети, и се врати кај мене да се гушка и гали. Воспитувачките мислеа изморена е, велам можно е. Задоцнивме 5 мин, не искараа. А они цела недела што каснеа со почетокот, море од што не сакам да се расправам, не вреди.
Да не те разочарувам од почеток, тоа е најмал проблем за расправање. Чувај нерви за тоа што ќе следи понатаму. Правилата се направени да важат само во нивна корист.
Кај нас до 8:55 треба да е во градинка. Може и до 9:00 ама во 09:00 е појадокот и автоматски детето почнува со стрес. Во никој случај не треба да касни за детето да го започне денот хармонично. Во 09:00 се заклучува вратата аавтоматски. Ти кажува мајка што година дена го носеше детето 8:58 во градинка. Па тек после се германизирав откако воведоа: кој закасни повеќе од 1 минута да го земе детето после градинка, три пати, наредниот ден не смее детето во градинка да оди. Па научив и на време да ги земам.
Да само што ние не сме почнати со градинка,туку сме уште на привикнување. Втор ден. 10 мин каснев, оти ми се накака пред тргнување. Не беше тоа поентата Џоки. Со деца работиш, знаеш дека некогаш е невозможно да си точен. Нема круната од глава да ти падне, ако премолчи. Како јас да не знам кога треба да се појавам. Кај нас исто, до 8 ипол мора да се однесат. Појадуваат тогаш и да не се задоцни за утрински круг. Ама тоа друго дваесет е. Детето ако го земеш покасно од градинка, три пати, плаќаш 80 евра како прва опомена . А и друго, спомнав веќе нели, ние плативме цел месец ноември, а тргнавме од вчера. Ама ко што рече девојчето нели, секогаш се они во право оти има толку многу деца што им треба згрижување. Утре ако се накака на врата, ќе ја носам таму да ја мијам. И така.
Тоа се тие нерви што се губат рано насабајле, ама поминува, па се заборава. Стварно се се заборавало, освен моменталната мака. Затоа и бабите напињаат за внуци, пошто заборавиле колку е тешко да се порасне дете. Во школо мора да е во 5 минути пред 8. Ко ќе бидеме политичари и ќе праиме реформи на школство, ќе напраиме од 9 да биде
Кај нас со големи букви пишува колку е важно привикнувањето и детето да се носи во точно договореното време со воспитувачките. Признај дека ти си крива. Мислам дека си подолго во Де и знаеш дека тука буквално за се мора да се пререче. Парите ќе ви ги вратат или за некој месец ќе ви кажат да платите 2/3 помалку. Така јас денес, 2-3 месеци едно дете го удира и гура на земја малиов, прво на воспитувачки кажав, па денес на мајка му, и она вика она знаела моево неговото го гура и мислела некое големо дете е. Му викам па види колку е мал не ни може да го гурне твоето и цела градинка знае колку е мирен и дека нит враќа ни ништо. И ми вика за секоја мајка ејзините деца сњ најмирни. И вика воспитувачките се криви треба да ги пазат децата да не се удираат. И кога се пушти една воспитувачка што не слушнала настана хаос. И вика дека нејзиното ги удира сите деца и лично видела како го удира моево и дека цело време прави квач нејзиното и ништо не слуша. И оваа пак и вика зошто сте вие тука, зошто работите, треба вие да ги пазите. Абе вработенава лом ја направи, сешто и изнакажа што прави детето и дека буквално ништо не ги слуша воспитувачките и голем проблем дека имаат. Јас им викам јас кажав што имам и одам чао. Следно директно на детето ќе речам.
Кај нас во школо вратите се отвараат во 8:10 и во 8:20 се заклучуваат. Така ни кажаа, иако гледам дека има две деца само во наше одд што секој ден доцнат. Синко кажа едната учителка не ги кара ама другата ги кара зависи што час имаат. И во градинка имаше деца што доцнеа редовно и стварно не сваќам зашто одма да се пререче или се плашат ако не кажат нешто навика ќе ви стане.
Не знам дали во нашата градинка има за каснење казна.Деца појадуваат во 7:45 ч ако дојдеш пред, смееш да влезеш, ако дојдеш додека јадат мораш да чекаш до 8ч. Школото часот почнува во 7:45 ч мора да е во 7:30ч. Ако задоцни неоправдан ,лани имаше 3. Леле правев Ingwer shot ако преживеам ќе пишам пак
Јас неќам да пишам да не урочам, ама септември, октомври и ноември ден боловање немам земано, само еднаш морав порано да излезам да ја земам ќерка ми не била фит, и одма после беше викенд. @јolene и кај мене беше така,ќерка ми почна од 15 ти март, цел месец требаше да го платам. Ептен извисено се почуствував кога ми соопштија дека цел месец треба да платам, па ги прашав дали може да си почне од први, не можеше! Друго дете на привикнување имаше. Кај нас во август месец градинката,крипе и храната се бесплатни поради тоа што не работат неколку недели во текот на целата година. Исто така децата кога ќе наполнат 3 години автоматски веќе градинката е бесплатна за нив без разлика дали има место да ги префрлат од група под 3 во група над 3 години. А не се плаќа ни месецот во кои што е родено детето, пример имаше едно дете родено на 30 мај, за цел мај не мораа да плаќат. Мојата родена во август па јас среќа немав… Ова со доцнењето на терминот ме потсети на мене од пред неколку месеци. Ќерка ми требаше да ја водам на у7а термин сабајле во 8. Си кренав јас пола саат порано ама дождливо врме, сите автобуси доцнеа a јас морам два да сменам за до докторката да стигнам.Првиот задоцни, со тоа и вториот го испуштив, па чекав нареден автобус а и наредниот секако каснеше. Им се јавив им кажав дека ќе каснам 15 минути. Кога стигнав (14 минути покасно) имаше една жена пред мене на шалтер додека завршија со жената им требаше 10 минути, таман си отиде жената ги гледам сите блеат во компјутери ( тука веќе сватив дека сакаат да ми читаат лекција) во тој момент на ќерка ми и се примочка.Им кажав дека ќерка ми мора во тоалет и таму се задржавме неколку минути. Кога се вративме од тоалет ме удостоија да ме примат со коментар доцниш 40 минути, им го кажав точното време кога влегов во ординацијата и дека чекам долго време, стоев пред нив,ај мене да не ме приметеле ама 3 годишен тодлер што брбла цело време нема шанси да не приметиш, ама ете не ме приметиле. И ме примија некако кисело божемската, сестрата почна со мерење тежина, висина итн во тој момент доаѓа друга сестра и кажува дека докторката не сакала да не прими поради доцнење и дека терминот се прекинува… Толку се возмемирив што не можев да се воздржам и си плачев по патот и во јавен превоз и дома цел ден. Знам дека и нивното време треба да се почитува, ама некогаш човечки е да разбереш, или требаше уште кога им се јавив да ме вратат а не лекции на тој начин да ми читаат. Очигледно беше дека намерно ме оставија да чекам. И така два дена се нервирав, сеа како да не било.
Јас денес во кој пмс сум да знаете само. Денов од сабајле хаос. Моите реков овде, па тамам пак со три деца сум. Се ме нервира, ама така ме нервира. Вриштам. Колерик прав, срам ми е од мене сама. Најдолго каснење на забар, 2 саати. Дојче бан, со карта за брз воз. Ама со врски нели таму, па друг муабет беше.
@Dancewere мојот мозок одма замислува дека ти рекле виерцен минутен, а ти си слушнала вирцих. Еве мене може да ме гласаат за одбрана на германскиот народ и нивните правила и закони. @јolene Кога ќе и стигне известување дека сум на тагнала коса ќе и се крене. Едноставно нервирај се и испукај се. И јас сум таква пред да добијам, некогаш помалку некогаш повеќе. Не е до тебе, до ПМС от е. Јас на педијатар каснев 15 минути и ме вратија. Немав навика да се јавам дека ќе каснам. Па следен пат штрајкувале автобуси и се јавив и ми рекоа ок е кога стигнам тогаш. За тироидната каснев 15 минути и ме вратија и добив нов термин точно за една година. Е да и еднаш на матичен каснев уште првата година и рекоа дека сега ќе ме примат последна кога ќе завршат со сите пациенти и два саати чекав. Ама мене ми се допаѓа тоа. Сега кога каснам на забар пример, не се ни појавувам повеќе, менувам забар. Шала на страна, не каснам веќе, ама заборавам термини минимум 2-3 пати годишно. А за новата работа колку многу се тресев да не се јават од градинка школо или деца да не се разболат или јас и еве крај ноември правам една година во фирмата и без кранк. Сакам до 31.12 да издржам без кранк па после веќе не се устручавам до толку. На 2ри декември сакам да однесам нешто на работа, понеделник е, за една година. Нема да е глупаво нели? И да е, ќе однесам кифли во секој случај, и бајадера мислев и плус нешто. Ако имате идеја споделете. Јас сабајле добив.
Уште мрдам. Нокти жолти од куркума што сечев и после симпатијата крив што не ми ги бендисал ноктите. Маж беше пред некоја недела на доктор за децата и му дале да потпише ако на акутен термин задоцни 5мин ќе добие нов термин, ако касне на за верзоргеунгсунтерзухунг 10мин =нов термин. Ме прашува што да правел дали да потпише епа велам ќе потпишеш тоа ти е ко инфо да знаеш. Пазам многу на термините да сум точна и така по навика во мк излегов 20 мин порано, а стигнав за 5 мин па морав да чекам и да се чудев што сум забегала сум требала 5 мин после термин да излезам. Моите и двете тргнаа едната на 15 другата на 21 од месецот нормално цел месец се плаќа.Тоа им е тактика сигурно.На нас пари само кога беа градинките во корона времето затворени ни имаат вратено пари.Леле мајко каков затвор беше тоа време. Како да се мотивира трето оделенче да учи?Писмена има ич мува не ја лази.А како да ја натерам протези да носи? Предпубертет на најако само писка и се дере .Веќе и се познаваат и први знаци по тело и чат пат по некој срамежлива бубалица. Порачав од Амазон книги за пубертет за нејзина возраст да научиме што е и што не чека.Колку било лесно бебето во раци цело време и на цице некако ќе му угодиш.Сега се е досадно,неинтересно, само надвор сака и точак да вози. Колку мене е скоро не ми ја собира во раце.Кај ита времето, а кај врвиме ние? Трепнав и порасна ,пак да трепнам и ќе биде 18.
Нас ќе ни вратат 11-12 евра што годинава 4 петока немаше ручек во градинка. Се почнува на 1ви или на 15ти во градинка. На 15ти плаќаш пола месец. Уствари може поефтина е кај вас градинката па затоа. Кај нас е 500 евра па таман работа да платам 500 за пола месец. Можеби затоа кај вас се плаќа цел месец. Колку пари е?
Доцнење во Германија.. овде тоа е поголема грешка од било кој смртен грев. Мислам дека поголема навреда за нив нема од тоа да задоцниш пет минути на термин. Во крипето плативме двапати по 50еур казна за доцнење. Првиот пат за пет минути, вториот пат ми се појави проблем со колата, се утепав ѕвонејки за кажам дека ќе задоцнам никој не ми крена. Стигнав во 13:10 а требаше најкасно до 13:00. И до 13:30 стоев пред врата како криминалец некој под казна. Им било Betriebs "nicht stören" Zeit. И плус на врата имаше список на кој се запишува кој родител на која дата колку време задоцнил. Нешто како ѕид на срамот. Кога ќе ми текне каков Хитлер беше таа Индијката лајтеринката . Сум се расправала ама џабе. Тие се заштитени од секоја страна.
Само јас и ти сме германки по мајка, за ова доцнењево. Не доцнам, чекам ред, и све општо сум таман. Уживам уствари дека сум во гз место и све ми е до газот. На работа на тимс митинг знам да им доцнам 2 минути : - пошто си заслужиле -пошто различни саати, разно време ми покажуваат Твојата 8г ли има? Мојава 10, ја рачунам пред-пубертет, ама можда и пубертет е више. Само рже не се држе. За учење, што знам-заедно учиме уште
Да 8год. Леле абе не можеш да ја натераш да седне. Имам нова колешка и она има две девојки 10 и 7 па со неа се тешам . Кога расправа абе исто како за мојата да збори.Колешката со машки во полн ек на пубертет се 15 год и 11год, има помалку проблеми.Реков јас женските се комплицирани и мачни. Абе Били трај јас на работа стандард си каснам каква германка . Кај мене лошото е што јас не можам да се скријам дека каснам шефовите ми се до мене.Секогаш сум точна кога шефот не е таму. Ме нервира ладно време со снег ,а замрзнато уште повеќе.Ова цело време темно ќе ме полуди до фебруари.Пак ќе каснам .
Морген. Јас никогаш никаде не каснам . Секогаш планирам кога имам термин , колку време ми треба да стасам да бидам на време , плус и време за да можам да почекам . И кога сум била до мали бебиња сум била точна . Во градинка за земање на деца , редовно касни една баба русинка и редовно се збори за нејзе , зашто секогаш доаѓа точно во 13 часот или пет минути покасно . Лошото е што времето им е точно мерено , зашто учителката што ги чува и таа си оди во 13 часот. Плус и таа има дете што треба да го земе од нејзината градинка . За пубертет @Ava.84 може да е ран пубертет ако веќе се појавуваат влакна под пазувите и на срамните места . Ние одевме на педијатар зашто на 9 години и се појавија секаде влакна . На 11 и пол години доби и прва менструација. Јас незнам што е потешко , кога се мали до 4 години или после кога го фаќа пубертет. Сметам дека е возраста до 4 години , тогаш се најнапорни и најтешки за чување .
Јас уште памтам колку е тешко да чуваш дете до 2 години, мене тоа ми беше најтешко. За пубертет имам време ќе видиме. Од тоа што гледам кај пријатели да девјчињата потешки се за чување, ама како бебиња полесни. Не каснам кога одам сама, ама кога одам со мм ние спремини он се шминка. Иначе за казни мислам сум слушнала дека ординации имаат казни ама градинки кај нас знам дека имаат вратено ама за казни не сум слушнала. Еднаш покасно го земав синко и тоа на автобуска требаше да го земам, на шетање беа јас мислев треба во 1:30 тоа во 1:00 било, стигнав јас во 1:10. Не ми направија проблем се извинив дека погрешно сум се пресметала. Синоќа играме на буквата на буквата Ж И синко ко од топ корњача( сега како точно да го рачунам или не )?
Јас тоа балканско каснење си го напуштив првата година кога се доселив тука. И сега на закажан термин, гледам да сум минимум 10 мин порано. За мене тоа е на време. Маж ми е обратен, кај и да одам со него секаде каснам, за него на време е 10 мин покасно. И многу ме нервира, никако да научи. Кај и да оди касни, и во хаосот заборава де паркинг да уклучи ( три казни има добиено поради ова ), излегува за на работа си го заборава ранецот дома, итн. А има време да се спреми, само се влечка. Ептен се преценува во способностите за спремање. Тука во градинка за каснење не прават проблем, јас секој ден каснам 5-10 мин, никој ништо не вели. Поголем проблем е за земање ако се касни, ама и тогаш не е проблем доколку се искомуницира. Градинката има апликација и цела комуникација оди преку апликацијата, баш е кул. А на доктор ми се случи еднаш да закаснам и тоа 2 мин, пошто имаше снег и автобусите каснеа. И тоа влегов во ординација точно на време, ама имаше пред мене луѓе на шалтер па приемот беше фактички 2 мин покасно. И сестрата беше ок, разбирам, скоро сите каснат денес, таква е ситуацијата со превозот. И седнав да чекам, и доаѓа после 2 мин и ми вели извини ама докторот не сака да те прими пошто каснеше. И бев као, втф? И таа ми вика не сфаќам стварно зошо не сака, да е до мене не е проблем ама ете. Докторот беше Грк иначе, се ми се чини тоа беше причината. Иначе секој преглед кај него после инцидентов беше со каснење од негова страна, секогаш чекав 10-15 мин плус. Ама нема правда, тоа е. Сепак ми излезе во пресрет сестрата, има доктор за акутни термини и ме пикна кај него. И он беше напнат во смисла пошто го преоптоварува него, а другиов си го лади во ординација ( секој пациент влегува во закажаното време, нема порано влегување ) ама тоа е што е.