Ќе почне и за месец дена макс се од горенабројаното ќе прави. Power of the crowd чуда прави. Дома плаче се дере кога му облекувам чизми. Ама во градинка си седи ко попче. И сеа почнав да го носам со патики, а чизмите да му ги облекувам таму. И си седи мирен, бубаче.
@joana18 @Yowannty веќе нарачав, денеска треба да стигне. Ваков имав мерак па затоа и ваков зедов Не сум многу по кафе, евентуално нескафе или нешто слично како капучино, макијато. Ретко пием, затоа и ми се исплаќа вака на капсули. Маж строго на турско е. Ја радо би зела од тие со мелница и слично, ама немам простор во кујната. Таква страшна организација има кујната, ама тоа е.
Топ избор си напраила. Ја Долче користам 7-8 години сигурно. Плус имаат голем избор на вкусови. Последно имам на старбакс неколку различни кутии земено и тие ми се за чат пат. А генерално за секој ден ми е flat white, само едно на ден пијам, не сум ни јас нешто многу по кафе. Ова на млеко е поише и за дивно чудо не ми прави проблем со стомак. Маж ми не пие никаков вкус, тој само еспресо, американо, оние што се отров. И тоа само преку викенд. Нас ни е топ долчето. Да си го уживаш.
Почнати се веќе ама најголем ќе биде демек на 29ти до 70% кога веќе се нормално ќе биде искупувано и ќе останат само последни артикли за минимална цена. Сега сеуште има убави работи на попуст.
До колку саатот работат тие божиќните пазарчиња? За да знам дали да се спремаме и да одиме или дома да седиме поарно .
Мораш на интернет да видиш. Секаде различно. Ама до 20:00 во секој случај мислам, значи имаш време. Ние до 22 сме биле ама сепак секој различно време и различни датуми.
Зар почнаа веќе? Кај мене почнува ко ќе ја пуштат елката да свети, од нареден викенд. И зависи од културно-забавната програма, може и до вечер да има луѓе.
Кај мене почнати се, вчера денски поминавме ама немав време да ги рашетам тезгите. Сега ќе одам, таман почна да се стемнува, поубава атмосфера има ноќе
и јас до сега не сум нашла ништо,се без попуст купувам . А колегите колку се опремени си имаат листи на работи што им требаат и си чекаат попусти.Сега колешката Самсунг S24 си го купи на попуст 30%.
Не знам кај вас ама кај нас 25 цм снег и сообраќајки на секој чекор. И фактички заради летни гуми, а не заради снегот. Тие што менувале гуми работеле по цел ден и многумина не можат термин никаде да најдат. Само што излеговме од дома, три коли се судираат една позади друга и двете позади со летни гуми. На автопат 4-5 саати застој исто заради вака удрени коли со летни гуми и недоволно растојание. Хаос е. Снегот исчистен е по улици и тротоари, само помеѓу тротоар и улица и од тоа што се пренесува на улица, можеби толку малку треба за со летни гуми, не знам.
Па затоа терминот за замена на гуми беше до минатата недела. Ја не знам шо чекате таму, мислите сонце ќе пукне 25 степени во ноември
И овде имаше многу сообраќајки но овде не беше чистено . Цела ноќ вееше снег четврток спрема петок, петок излегов во 8часот и не беше исчистено. Таа вечер беше и многу ладно. Еве денес до 12 степени се надевам ќе се стопи. Денес на списокот повторно машина за пуштање, ручек, шпилплац… Исто како да не е недела.
Се мислев што да купам за блек фрајдеј,ама ништо не купив.Се што порачав беше недела претходно. За дома купував работи,мислам дека немаат кој знае каков попуст. За детската соба купив schlafsessel,само во план ми е да ја вратам.Бојата се разликува светлосни години од тоа што е прикажано на сликата. Се сме со гости,па да имат дека да спијат. Исто планирам теписи за во детската да земам.Не ми одговара за чистење,ама па дава топлина и го комплетира изгледот на собата. Единствно сакав нов телевизор,мм вика да го користиме стариот додека тера.Еве веќе 10 години тера,па не го менуваме Шпараџии на ниво. Треба полека да почнам да спремам за божикниот календар.Детето се научило- јас правам многу убав календар(оти му ставам играчки и тоа што сака,не само благо) Имам намера да му земам дебели чорапи и некои слични работи со минекрафт.Ќе ставам и некој ситен кредит како гутшајн за на нинтендото или за робликс да може да си купи некоја игра.Практично да биде.Играчки не му треба,секако не си игра и ми фаќат прашина. Спалната пред два дена ја монтиравме и за парите топ излезе.А,воопшто не бев воодушевена кога ја порачав,многу темна ми беше,таа боја што ја сакав ја немаше.Па и многу место ни отвори.Да знаев, уште одма ќе ја сменев.Не е гломазна како претходната и сега како во друга соба да влегуваш.Порачав само пневматични механизми и може да го искористам и просторот под неа.
Под спалната имам три регали сместено и од сега па натака само такви кревети ќе бирам. Се луфтира стално, пошто скоро па секој ден нешто ми треба од доле, и оставам повеќе време. Само што ние директно таква зедовме, не доправавме со механизми. Го нарачаме конечно тој смарт стикот за тв, има шанса он да е на попуст. Маж си игра сега, мене глава ме боли. Ама вака прв поглед што фрлив, ни се опамети телевизорот . Изненадувачки дури. Малата се исповраќа сега пред спиење, да видам ноќва дали е од прејаденост оти си касна од повеќе или нов вирус во најава. Блек фрајдеј од утре ќе гледам, ама скоро и се си имаме. Да одам да ја фаќам третата смена, утре понеделник.
И ти ли работиш трета смена? Тешка работа е третата.Овој месец не пишав трета,оти целата се пореметувам од неа.А, гледам пред 4-5 години сум правела по 4/5 комада и еден ден за одспивање и после прва Не знам како сум издржувала. Јас сакав да ја порачам со механизми многу скапо ми се виде.Рамот го имавме од старата оти исти димензии и затоа се одлучивме на оваа варијанта.Многу е практично,за да се искористи просторот под креветот.Според фенг шуи не е добро,не циркулирала енергијата Ние ставаме алишта на кои им е помината сезоната или стари алишта од детето што ми се за продажба. Стикот што си го зела и ние го имаме неколку месеци и сме презадоволни. Ни фалат неколку апликации на телевизорот и со него може се да користиме. Денеска ден да средам се по дома. Пробав да се јавам за да прашам за да ја вратам фотелјата.Вика писмено,да им пишам.Имам пишано веќе,ми пишаа емаил со куп попусти,ако не ја менувам фотелјата,а линкот за да ја сменам не се отвара. Заради тоа не сакам други страници да порачувам,тешко иде враќањето.Само Амазон му е мајката.
Не не. Трета смена ја викам ноќта, оти ќерка ми скоро па цела ноќ спие немирно и око не скопувам најчесто. Спијам само еден ден во неделата, кога се менуваме со маж ми. Некогаш ако не можам да издржам, кај 4 сабајле ќе се смениме. Кога спиеме двајцата, односно тројцата заедно, само она спие, ние клоци јадеме. А ја ставам во креветче, вреска писка. Не знам кај тераме и ние. Јас од тебе стикот се одлучив да го купам. Оти ти го препорача. Истиот мислам и го зедовме што го имаше ставено ти. Ќерка ја оставив во градинка, после една недела и сега чекам да ми се јават. Таа главната што и е на групата, толку многу стес ми прави, што не може да биде. Се нешто мрмла и најдобро знае. И се нешто мора да се заврши и направи. Они ко не можат се е ок, ама чувај боже ти за викендот да си немал време да завршиш нешто. Само нашла и она со кој, сите финти им ги знам. И реков од фебруари се враќам на работа, колку да си знаете. И сега јас до фебруари работа треба да си најдам . Ми вика ташната не е насликана се уште, велам да. Ми ја дадовте во четврток, јас имав гости а овде немав време. Сега ќе ја сликам. Е ама сега не може, ќе вежбаат децата баш таму пред родителската соба, ако може надвор да чекате. Велам ќе си одам, јавете ми се. А дете е веќе 45 мин таму. Она па сака. Утре и за доручек да ја носам. Оваа до крај на недела и за спиење ќе сака да остане . Кои 4 недели за привикнување, детево изгледа за две ќе свирне. Е сега страв ми е оти е џамбаз, па се да е нејзино сака и тантрумчиња почнаа од минатата недела. Се се поклопи. Со среќа нека им е. Они велат децата дома се полоши, таму мирни биле . Тоа за градинката. Сонце има надвор . Да се смирам и јас, па да завршам нешто обврски. Не знам, само јас ли останувам во психички хаос, после посета од родителите од мк. Без разлика чии, мои или негови.