1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    4.139
    Понеделнички се успавме сите, малиот каснеше во градинка, јас на работа, па се погоди и времето такво никакво, да дува, да врне, онака се собра се.
    Кој зборуваше тука за зимски гуми, епа јас не можам да стигнам на ред да си ги заменам зимските гуми на велосипедот, уште возам со летни а денес се лизгаше бајаги. За кола не е проблем, ама за велосипед се чека еден месец за замена.
    Се навикнав да возам по ладно, не ми смета тоа толку, ама ме плаши кога е подмрзнато, ептен е непредвидливо.
    Откако се преселив тука станав ептен отпорна на времето, како што викаат баш нема лошо време, има само лоша облека. И ме нервира некоаш кога се договарам со нашинци да се видиме и кога ќе речат ај да одиме во некој трговски, лошо ќе е времето. Е тогаш ми се темни.
     
    На $ophia, Ava.84, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.926
    Пол:
    Женски
    Ве нема никакви, сигурно сте зафатени со барање попусти. Мене тоа што ми треба, нормално не е на попуст.
    Од други вести, го отворив линдт от што ми го купи маж пред некое време. Нек иде живот, бела сум ко крпа во фаца. Се ме боли.
    Дури ми се сожали да оди да легне до ќеќе. Малата почна да покажува незадоволство што ја оставам, џабе се фалев сабајле.
    Оно тек разбра дека мајка му може да си оди од него.

    Друго со арбеитсагентурата два месеци не можам да се оправам со профилот. Сабајле ми вика техничка поддршка, се креирал дупло профил, да сум избришала едниот. Абе шо арно си функционираше. Сега секоја недела со нив се расправам, де ова фали де она фали. Попрво работа ќе најдам, додека стигнам да поднесам арбеитлозенгелд и да се замарам со нивни таму советувања и термини.
     
    На SummerGirl, Ava.84 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    197
    Сакам да прашам дали знаете...
    Наиме, се работи за тоа што бев на состанок за работа со управителката и усно ми кажа дека ја добивам работата, ми даде Personalangaben formular, да го пополнам дома и со уште едни други документи да ги доставам во биро. Го направив тоа во четвртокот, минатата недела. Ми кажаа ќе ми се јават, да ми кажат во понеделник во колку часот да отидам, да направиме смени за работа. И ги нема.... ни повик, ни меил ништо... Ѕвонев вчера никој не ми се јави. Дали е можно и покрај тоа што скоро беше сигурно дека ќе ме примат, да ме извисат?
    И платата ми ја кажа, остана само да се договориме од кога да почне договорот. Се мислам дали да отидам пак лично, да не сум досадна?
    Одбив две работи поради оваа...
    Што мислите?
    Заборавив и да прашам, колку сум нервозна. Дали Personalangabe пополнуваат сите апликанти за работното место или само тој на кој ќе му се изготвува договор.
    Скоро сум сигурна дека е за тој што ќе добие договор, премногу лични податоци треба(број на сметка, ИД број, извод од дете) или пак...?
     
    Последна измена: 26 ноември 2024
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.926
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се јават. Сигурно некој е болен, дали персонал или кој и да е. Само требало да те известат или не стасале. Почекај до крајот на денот, ако никој не те побара пиши мејл.
     
    На SummerGirl и C-iena им се допаѓа ова.
  5. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    197
    Помислив и јас дека може меѓувреме нешто се случило, и да е така не ми се допаѓа тоа што не ме известија. Како и да е... Ќе пишам меил да, малку ми е непријатно да се појавам таму хахах.
     
  6. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    Јас би те советувала да почекаш уште една недела па да се јавиш повторно. Може таа е болна или има многу обврски… Некогаш работите не одат толку брзо. Кога некој е болен или на одмор немаат сите замена.

    @јolene не се грижи за малата нормално ќе покажува незадоволство кога ја оставаш. Мојата може пола година да плачеше кога ја остававме но тоа беше толку кратко што јас на вратата ја слушав. Потоа ќе се заигра и мака ќе нема. Сега со кеиф оди. Уште малку ќе менува група т.с градинка па како ќе биде ќе видиме.

    Него јас мака мачам да и најдам чизмички па не ми де даваат 80€ за чизми што ќе ги носи една сезона. Овој блек фрајдеј ништо неможам да најдам . Несакам ни да и купувам многу сега , нели ќе имам гости па ќе ги шетаме може во Примарк ќе најдам нешто.
     
    На SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    Има некој донесено куче од мк како е точно процедурата?
     
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Jas (facepalm).
    Да има пасош , вакцини и чип да има мислам повеќе од 6месеци кога ќе тргнете од ветеринарен испектор дозвола за патување околи 600ден се плаќаше две такси и од последната вакцина за беснило да е поминато дали беше 14 дена или 21 не сум сигурна. Овде кога ќе дојдете ќе си го пријавите за данок и тоа е . Ние нашто е уште со мк документи од немарност ме мрзи да му земам германски пасош. И да зависи која раса е кучето тоа треба да видите некои раси се забранети у германија за увезување од странство .
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.049
    Пол:
    Женски
    Јас требаше отказ да дадам на старата работа и барав на писмено да ми пишат дека ме примаат затоа што терминот за потпишување договор беше после рокот за мојот отказ. Малку се чудеа кога им реков дали е 100% сигурно ама нема врска помина и тоа ете.

    Додека не потпишеш договор ништо не е 100% сигурно. Секогаш чекај прво договор да потпишеш, а до тогаш не ги одбивај другите работни места туку одложувај ги едноставно. Кога ќе потпишеш договор тогаш ги одбиваш.

    Јас не би отишла.

    Мене ми рекоа најкасно до петок ќе ми се јават да ми кажат дали сум промена, сабота ми се јавија.

    Ако треба од 1ви декември да почнеш би требало да те викнат до петок.

    Сигурно одма после мислењево ќе ти се јават. Фемина е чудотворна! :D :l:
     
    На Ava.84, mal.ecka, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  10. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    197
    Се надевам : 》
    Немав избор морав и таму да кажам, на едното место имаше точна одредена дата кога се почнува, зошто предходната одеше во пензија.
    А другото место, искрено и не ми беше баш....
    Како треба да биде ќе биде.... не ми е толку зорт, убави беа смените, ми одговараше.
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.889
    Епа вака,јас најдоб работа за биро,одма на 10 мин од мене.И плата супер,повеќе од ова што тука заработувам и ми го дадоа истиот боген.Бев значи на разговор и на пробетак.И цело време притискаа,кога ќе дојдеш.Им реков дека смеам најрано после 3 месеци или да ги прашам претпоставените да ми дадат Aufhebungsvertrag.
    Таа новата шефица дури и вика па ако не дадат ќе им се заканеш дека се болна ќе им се пишуваш.И реков луѓе сме ќе се разберам со убаво.
    Одам на работа,принтам отказ,се најавив во канцеларијата дека имам битно да разговараме и им однесов отказ.
    Сегашната шефица ни вика сигурно ли си примена викам да.
    И вика добро ќе зборам со дирекцијата кога може најбрзо да си одеш,не сакаме да ти ставаме препќи на патот.
    Нема саат време од кога го дадов отказот,ми се јавија од новата работа.Демек чекај не го давај отказот,имаме уште една кандидатка сакаме да ја видеме.
    Ќе чекаш ли уште една недела за одговор.

    И реков ќе чекам,нема проблем.Ама и се јавив на шефицата од сегашната работа и и реков кини го отказот,ќе останам на старата работа.Ми вика чекај де можеби ќе те изберат.

    Искрено не сакав и не ме интересираше.Штом требаше да имам ваков старт,подобро и да не почнувам таму. Друго што закллучив на претходно не потпишан договор не се дава отказ.

    За една недела ми се јавија да дојдам да водам документи,им плеснав во лице дека не играа чесно и дека не идам кај нив.Ако имале кандидати,требало да ѓи разгледаат сите,а не да обеќаат па да си го повлекуваат зборот.
     
    На Ava.84, MacenceEna, SINOLICKA_123 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.926
    Пол:
    Женски
    Ај да кажете сега под итно нешто, да се орасположам, оти готова сум чурам, чадам. Имам чуство дека од октомври навака сум во пмс. Се ме нервира, ништо не можам да завршам. На кунден сервисот и денес ништо со арбеитсагентура. Утре ќе им речам да им отидам директ со лап топ и нека ми оправат профилот.
    А со што можам да им се заканам? Да им речам оти ќе ги тужам, шо ќе донесе? Секако нема, ама многу ме нервира оти ме нервира.
    Ја уствари сакам пак зен да сум си. Не знам кога го изгубив и кај го изгубив зенот. Чекате бе уште свекрвата кога беа овде, а они во септември беа. Е од тогаш навака се ми е у пм.
    Овој зјапа некој филм со концентрациони логори и ми соли ум да оставам телефон. Ми иде со телефонот по глава да мавам.

    Торбата од кеке ка и да е неделава ќе ја добојам. Вчера ја нацртав. Во градинка ја бојам. И пеперутка од филц ќе и зашијам има 3д да и ја направам и најубава да биде.

    За шротвихтел не се пријавив, доволно ми е.
    Чорап утре да купам, да си запишам аларм. Сол немаме веќе четири дена. И тоа.
    За хуманитарната акција, овие од дм и од росман што ми се паднаа во септември, е ќе наполнам една кутија и ќе дадам.

    Кухен шпенде има во градинка, се мислам дали да се пријавам, да печам. Ќе видам утре колку има пријавено, ако нема доволно. Тоа значи и базар дека ќе има. Ок, ајде и на базар ќе се оди.

    Шо да ви кажам друго, освен дека по цел ден е плачки. Маж утре ќе одел на божиќна забава, нека оди. И треба да отиде. Малата ќе збесне уште сега знам, ама мора да се учи.
    Се расчука од кадата преска, утре ќе оди со модро око.
     
    На Ava.84, Ambitious, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.870
    Ете, колку убаво кога ќе ви текне кога нешто се заебало. Небитно зошто. Таман, од свекрвите до твоите сега, време е да зачадиш со темјан и да се исчисти се:D
    Сега и јас ќе мислам, кај ми се зафркна мене зетот. .. и кај да барам темјан?:?:

    Арно ме потсети да купам чорап(y)...годинава нема ДедоМраз на работа, да намалиме разочарување малку.
    Не сум добро друштво, ама ете, се потрудив.
     
    На Ava.84 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.049
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сфатам што е тоа зен и зошто ти е чорап???

    Со темјан имаме чадено неколку пати и денес тепихот во ходник и чергата од пред врата ја фрливме. Дека имаме една многу зависна комшивка па да не ни истурила нешто на чергата.

    Оваа под нас само објавува на фб колку многу се сакаат со маж и фемили љубов ова она, а секоја вечер се караат и еве ја сега после саат време карање почна да плаче и никако не престануваат. Ми иде со статусот од фб да и се симнам! Ако така изгледа љубовта ние значи далеку сме ептен! :rofl: Аман нека се смират ќе им се симнам
     
    На Ava.84, Chantal, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.870
    @gjoker4e какво е това темјан и кај се наоѓа?
     
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.926
    Пол:
    Женски
    Леле Билко темјан. Ја ќе ти пратам, немам многу, ама ќе делиме другарски. А и не е лошо стварно, море и светена вода ќе прскам. А и малото и онака се понаша ко опседнато, таман се од еднаш да решам. Гледаш оти две глави поарно мислат од една.

    Маж бе пак ќе зел трета смена, да сум одморела. Којзнае како личам веќе. И одејки во работната да легнам, згазна врз клуч менталне снаге. Некоја книга од којзнае кога купена на одмор, и сега мадам што прередува низ библиотека, ја извадила. И универзумот праќа пораки оти треба да се поприберам.

    Чорапот Џоки за малата да го полнат со глупости и ќе им иде дедо мраз. Моето секако ќе плаче од него и мајка и ќе и каже дека е измислица. Ајт таму.
     
    На mal.ecka, Ava.84, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    Гостите ставаат траг со негативна енергија 2-3 месеца , а може и повеќе, не прашувај како знам.

    Овие од Минхен од АА многу неодговорни , мене одма ми стаса писмо за најава. Сигурно имаат многу работа дека голем град.

    Јас после гости перам чистам кревети мислам дека се ми е нечисто од нив :D со темјан немам чадено . Со света вода прскав полани кога ме лажеа мама и свеќи дека детето ми плаче и не ми спие од уроци 8) Затоа ги фрлив сите води од нив . Не им верувам се додека сама не си земам вода од црква.

    и јас прв пат слушам за чорап. Преска прочитав се оставал чорап во едека, кауфланд и потоа на 6 ти се зимал како што не разбрав.

    утре имам термин во градинката на малата за развојот, имавме пред неколку месеци сега пак…
     
    На Ava.84, јolene, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Ќе си купиш од црква темјан.
    Незнам кај си по странството но има во скоро секоја наша или српска црква.
    Дури и муслиманите и католиците чадат со темјан некогаш ова за католицитезнам од една баба до нас германка (facepalm) јас еднаш на синко ставав на памук темјан толчен и ракија на плуќе за бронхит по совет од свеќи детето цела ноќ се чешаше по што разви алергија и цела недела беше жар црвен и секое утро се будеше со отока ... едвај се спаси. Од тогаш само со проверени старински лекови лечам.



    Инаку што да ви кажам за попустите пред една недела на синсај имаше мн попусти сега истите тие се поскапени и со 30% попуст пак поскапо од пред една недела на синко земав пример тренерки 5 пара за 12€ сега истите се 22€ на попуст 16€ (facepalm)(facepalm)(facepalm) .
    Катастрофа значи телефонот во една мобилаара нов го платив 270€ додека во сатурн е 400€ :angel: и имам исто гаранција од 2 години. Досега сите телефони така го земам и траат последниот купен пред 6г :$ уште трае време му беше за нов :$


    Од гости досега само сестра ми ми има дојдено и мојте др никој од мк.
    И немам осетено негативно влијание напротив супер си поминавме и со нив и после нив. Што ќе доаѓат кога 2 од 5 се тука во комшии а си идеме еднаш во 3м на гости. :bandit:
    Ако ме читаат нека се пријават.:bandit: Screenshot_20241127_064715_Sinsay.jpg Screenshot_20241127_064723_Sinsay.jpg
     
    На Ava.84, јolene, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Темјан неможам да мирисам , ме потсеќа на смрт. Последно искуство пред 15 години и мирисот ми стои уште во нос .
    Имам крстена вода само дома и со таа вода прскам за битни работи . Почеток на школо и сл.

    Денес среда , едино што ќе помогне да се истера денот е да стаса плата и Weihnachtsgeld :wasntme:
    Иако е 27 , тешко дека ќе има плата . :worried: ама си давам надеж
     
    На mal.ecka, Ava.84, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.933
    Допаѓања:
    36.049
    Пол:
    Женски
    Јас имам плата, најголемата до сега во овие шест години Германија, нето. Па затоа частам нешто пожестоко! Повелете! :d: :d: :d: :d: :d: :d::d: и :pizza:
    И за мешињата :coffee: и :^:!

    Многу одбиваат за данок, здравствено и пензиско ама тоа е. :D
     
    На Dancewere, mal.ecka, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.