Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    4.349
    Честито да се троши. Како ви стига плата таму бе? Не ви е на фиксен датум? Овде цела држава зема на ист датум плата, па коа ќе се погоди и во петок датумот, славје цел викенд. :D

    Сакав да прашам дали некоја користи јорган од јуск или икеа, да даде препорака? Се тепаме со маж за јорганот навечер, му реков или да земаме поширок или ќе спиеме и ние ко скандинавциве, со два индивидуални па нека се мисли.
     
    На SummerGirl, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    На новава работа е три работни дена пред први. Секогаш.
    На старата беше на 30ти отприлика, најверојатно еден работен ден пред први, немам забележано дали имаше правило.
    На мини џобот беше последната недела од месецот, секогаш различни датуми.
     
    На Ava.84, SummerGirl, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Добар ден
    Јас сум со листа во секоја онлајн продавница и чекам:bandit::rofl:.
    Манго изнакупив за мене, плус од Амазон и Отто, за децава чекам од Зара.

    Утрово си прередував плакарот, делче де, за да имам место за новите работи.
    Големата сака убави слушалки, средната дресот е нарачан а најмалата дигитален апарат одма што вади слики. Конте поим немам, некоја кола:D.
    Годинава сум себична и јас се ќе си се подновам 8).
    Викендов белким ќе успееме елката да ја накитиме:party:.
     
    На Dancewere, mal.ecka, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Денешен улов
    Сабајле уште пред 9 часот пред акцион се беа наредиле и јас доаѓам на ред да влезам една бугарка турчинка ја знам од градинката кај синко го носеше детето се затрча уште недигната вратата ги зграби сите 5 кои беа изложени. (facepalm)
    Вајда тоа и е најголемо достигнување во животот (facepalm):wasntme:.
    Јас се завртев ваму таму и си прашав едма вработена дали има ми вели подоц а додека се врткав по акцион таа приоѓа до мене и ми го дава вели знам дека стален муштерија си ни од :l: за тебе . :$:$ искрено толку многу ми годеше овој гест од сабајле.
    Во такко има добар попуст за малите земав неколку парчиња за само 17€ .
    Screenshot_20241127_103739_Gallery.jpg Screenshot_20241127_103736_Gallery.jpg

    Ова чудоѕо популарно Screenshot_20241127_103317_Gallery.jpg
     
    На Dancewere, mal.ecka, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Преубави:inlove:
    Кај мене дел стаса, поголемиот дел работите се на пат:tmi:
    IMG_7657.png IMG_7658.png IMG_7659.png IMG_7660.png IMG_7661.png IMG_7662.png IMG_7663.png IMG_7664.png IMG_7665.png
     
    На Yowannty, gjoker4e, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Плата зависи од фирма, сите различно, ама најчесто во тековен месец уште земаш. Дали на 5, 15, или крај на месец.
    Ми недостасува бонусот искрено. Некако радост носи да си видиш плус пари. Одма после полесно се троши.

    За јорган, од икеа имам повеќе. И потопли и поладни и комбинација што се зимско/летно со копче што се стискаат.
    Најдобар за во зима ми е тој со пердуви. Јас и генерално за јакни сум фен на пердуви. Инаку не сум стоплена, многу сум зимурлива.
    Димензии на сите јоргани се 220х240. Е сега ова функционираше супер пред малата да спие со нас.
    Откако почна да спие кај нас во кревет, она е во вреќичка и со еден јорган е непрактично. Ја ставаме неа на средина, па над јорган, па се врти и се сме откриени реално. Може подобра опција е да се две посебни. Ако се посебни, за да си добро покриен барај пошироки, барем 1,40 или 1,5м. Тие од 1,2м не се практични за возрасни. Барем нас не ни се.

    Супер за сите што сте си купиле, со здравје да се носи.
    Мене ми текна дека пижами би можело, и да е иронијата најголема, од сите најмногу едни памучни фланел од алди ми се погодени. Купени пред години и веќе ги нема. Или се сите полиестер станатаи во меѓувреме.
    Да правам мусака, да ставам лепче да се замеси, ќе стане мадам и ќе одиме низ продавници и игралишта. Денес нема да се видат со татко и, и подобро да не сме дома, оти глава вчера ми пукна. Вака може помалку ќе ми се лути.
     
    На Dancewere, Ava.84, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    8.663
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не купувам оваа година, пред две недели купивме ТВ и доста беше друго ако баш начекам случајно нешто.


    Туку кажете од кој ден почнува адвентот? Кој ден да почнеме со календарот
     
    На јolene, Yowannty, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Љ
    Од 1 декември
     
    На Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    4.349
    220х240 се мислев и јас, и не знам што е толку разликата меѓу пердуви и без пердуви? Го гледав тој од икеа со копче, се мислам за него.
    Не ми треба некој да топли многу, температурата во спална ни е 20 степени, а и малиот не спие со нас ( ретко ептен, доколку има мака ).

    И јас ставив пижами во кошничка, демек да се сликаме сите тројца заедно со исти со таков божиќен мотив, ама испаѓа околу 75 еур и се мислам сега дали вреди или не.
     
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие што ништо нема да купат. Немам ни апликации на телефон. Нит имам разгледано нешто, нит ќе разгледувам. Очигледно германка сум била во претходниот живот. Само работа и штедење. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На јolene, mal.ecka, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Германките јас што ги знам. Повеќе од нас трошат 8).
     
    На SummerGirl и Chantal им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Ние пак со истиот проблем дома. Пак ни се поплави цела кујна и се затна водникот. (facepalm)
    Значи оваа зграда е стара и цевките се стари, а газдата не сака да ги смени. Становите не се напраени за дома да чуваме перални, па затоа пералните на сите станари ни се во подрумот. Освен на едни гадови. Нивната перална е во станот горе и ние од нив се поплавуваме. Веќе три години, баш околу нова година се поплавуваме од нив.
    Маж ми не сака да се расправа со нив, а нема уста да му каже на газдата да направи нешто. Му се јавил само и му кажал да пушти мајстор утре да ни ја одзатнат цевката.
    Е сеа, маж ми не сака да ми даде број од газдата и не сака да ми каже кои се станарите горе шо чуваат перална дома оти знае оти ќе земам да се карам.
    Шо можам јас да направам околу ова, дали можам да му се јавам на газдата и да му се изнадерам едно убаво за овој проблем? Како да се реши ова?
    Или да ги застанам комшииве и да се скарам со нив?
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Карање ништо нема да постигнеш.
    Хаусорднунг што пишува?
    Писмено стои ли некаде такво нешто или усно е кажано па кај кого успее успее?
    Официјално писмо пишете.
     
    На Adidas888 и Chantal им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.642
    А газдата воопшто знае за поплавувањето ? За минатите мислам.
    Значи не може да не знае, негов имот се уништува. Не разбирам што е со цевката, ама тоа треба да се исуши, вароса и газдата да го решава со тие над вас и со осигурувања и се по ред.
     
    На Adidas888 и Chantal им се допаѓа ова.
  15. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    771
    Браво баш сте се подновиле . Честито со здравје да се носи.
    И јас порачав нешто да не е без ништо.
    Морам да си најдам и тренерки за прегнент вомен, моментално имам само едни нормални.
    @Adidas888 јас мислев заминати сте за мк. Не се карај , но мислам дека газдата треба да знае зошто се случува тоа постојано.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.099
    Допаѓања:
    36.252
    Пол:
    Женски
    Ќе му се јавиш на газдата и нека дојде да види. Па нека оди кај комшиите над вас, ама и ти да одиш со него. Барај од него да им каже да ја преместат машината.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.795
    Допаѓања:
    176.008
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e честито. За убаво да ја трошиш. :)

    Подароци за Божик, за деца купени уште од пред две недели првите. Во подрум ми стојат над сушарата оти дома немам кај да ги скријам. На големата и земавме Барби со брод, лизгалки и не знам што уште, мал милион додатоци. За малиот гаражата на hot wheels. Огромни се кутиите ќе ми требаат по 4 метри хартија да ги завиткам и уште којзнае колку метри ленти за околу. :inlove: И мојава сакаше камера, па пред некој ден и тоа и дозедовме, а за него пак нешто за количиња и плус типтои. Вчера маж им донесе полипокетс и еден огромен динусаурус, и фала богу на Смитс за добрите попусти, за да биде полно под елка. :D И адвент календари по два, еден со чоколатца и другите Барби и диносауруси. Се радувам многу за нив, за мене си купив само една беретка и ако најдам уште една таман, оти само тоа може да ме собира после пород, освен и главава ако не ми порасне. :D Сакам на маж да му земам нешто, ама засеа немам никаква идеја што.


    Да не заборавам најбитното, имам многу цакани женски алишта. Еден куп летни маички и по нешто зимско. Особено фустанчиња и сукњички кои дали два пати се облечени. Од 2 до 4 години. Ако на некоја и треба и ги сака можам да пратам не знам како иде тоа ама може да се договориме. Алиштата ги подарувам, само да си платите за пошта. Или ако има некоја поблиску, можам и адреса да ви пишам па може и да дојдете да ги земете. Во Хесен сум. :)
    Убава вечер ви посакувам. :)
     
    На Dancewere, mal.ecka, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Газдата знае за поплавувањето, он ни вика мајстори да ни ја одзатнуваат цевката. Ете прееска мм му се јавил и газдата рекол дека утре ќе дојдат мајстори. За друго не реагира а маж ми нема уста да му реагира за комшиите да си ја преместат машината.
    Утре пак цел зид и цела кујна лом ќе бидат додека ја одзатнат. Лани цел саат бушеа.
    Значи ова мора јас да му реагирам на газдата. Ако го сретнам ќе го застанам и ќе му кажам за пералната на комшиите.
    Маж ми, да не го вреѓам, ама ко пичка им молчи. Не сака он да се кара. А мене до овде ми е од нив, утре наместо ќерка ми на терапија да ја однесам, јас треба мајстори да чекам дома.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Тоа со копчиња што е го зедовме за во мк е супер функционално. За ладно двете заедно, во рано/доцно лето тенкиот дел. Во есен, пролет подебелиот. Не е толку лошо, особено ако не си навикната да ти е претопло.

    Ова со пердуви зимското е потопло и потешко. Мене нон стоп ми е ладно во зимо, оти имам проблем со циркулација. На маж ми му е топло.
    И ние спиеме на 20 степени, а јас и волнени чорапи ставам плус. Не сум репер ама баш никаков.
    Ова со пердуви е и потешко за одржување, постојано летаат пердувчиња од него, си има мирис специфичен, како и јакни со пердуви, ама мене не ми пречи. Навикната сум сигурно има и подобро решение, ама не менувам оти ми функционира вака.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Здраво. Од кои правосмукалки сте задоволни од Отто, без кабел? Имаат супер попусти, од 500 евра на 100. Тоа се цели 400 евра. Меркам една на Бош Анимал Про црвена, без кабел. За овие другиве марки што се на попуст не сум слушнала... Се мислам меѓу овие три:
    1. https://www.otto.de/p/bosch-akku-st...454917869/#ech=28879956&variationId=454920647
    2. https://www.otto.de/p/lexzurn-akku-...hartboeden-S0MAT05J/#variationId=S0MAT05JHD0Z
    3. https://www.otto.de/p/homimaster-ak...OCM01G/#ech=28879956&variationId=S0OCM01GPH8F
     
    Последна измена: 28 ноември 2024