Немам искуство јас лани кога сакав да купам барав по групи читав разни искуства. Фаворити беа Philips speed pro aqua . Нема многу разлика во цената со бошш. Гледам и dyson v8 е тука некаде со цена. Ова се само мои фаворити. Јас сепак се одлучив за нормална правосмукалка. А оваа година си купив и робот.
Јасно, фала ти. Не сме за робот пошто имаме скали во станот а баш е убаво смислено тоа мало чудо. И за класична не сме пошто треба да ја тенгарам со мене по скали а тежи, и каблите капак. Bosch ќе биде по се изгледа.
Мене таа без кабел одма ми откажа па се вратив на нормален усисивач со кабел и со се и супер усисива. И рацете не ме болат како со таа со кабел. Или јас не знаев да ја користам. Ама нешто како нежна беше. Јас со мали деца дома немам само прашина за усисивање. Ама затоа овој старомодниов е многу јак и се усисива. Бош е. Јас секогаш сум за бош марка. Инаку овие на отто лажат со бевертунзи мислам. Душекот ми е купен дека 1300 имаше оценка над 4,5 и кога проверував по една година има 4 бевертунзи оценка 4. Нешто матат значи. А купувам само со оценка над 4,5 и сакав истиот душек и гледам нема повеќе ни бевертунзи ни добри оценки. Најверојатно не ги бришат па обновуваат по некое време нели?
Јас имам од почеток на AEG, вршеше работа кога бевме во малото студио, сега некако не сум задоволна. И плус ако сакам да пресмукам цел стан нема шанси да стигнам до крај бидејќи снемува батерија. Јас би купила само Dayson за правосмукалки, ама никако да се решам. Сега и за блек фрајдеј гледав ама нема некои ептен големи попусти. И телевизор се мислевме да зимаме и од тоа се откажавме, и подобро. Мене ми е супер, и баш си функционира ама мм сакал уште поголем. Се и сешто меркав за блек на крај ништо не купив. Важно си изнакупив е разни глупости претходната недела. И после тоа сигурно пак ќе се порачува. Елка порачивме и стигна, што е најинтересно ја поставивме а лампионите уште не се стигнати. За елка многу се мислевме дали да земаме вистинска, каква преферирате вие? Инаку од вчера имам гости, свекорот и свекрвата. Земав и јас одмор да не ми е напорно и да можеме да прошетаме, и секако, се разболев. Од вчера сум со температура, денес го прележав денот слушајќи ја свекрва ми од што може да ми е, знаете муабетите, ладно, бањење, газирано и така натаму, како и како да се лечам, што она пиела и што слушнала од други. Малку ми е напорно тоа ама ајде, се трудам да игнорирам.
@Yowannty не можам порака да ти пишам, ако немаш веќе некому ветено јас имам интерес за цаканите работи од ќерка ти
За дајсонот, зедоа пријатели, а и тетка ми. Не се баш задоволни од перформансот после некое време. Стик немам, уште теглам кабли. Имам едно Миеле веќе 5 години сигурно, колку брмчење има изедено и чукање навака натака, ова му е трет стан. Нема мрднато и влече ко прв ден. Никогаш не сум ја одмарала за да дошмукам, шмукам во еден здив, некогаш и пола саат и повеќе брмчи. Каков мотор има, поима немам. Ако треба да купам стик, пак ќе си земам миеле. За робот, пријателите наши после свртеа на робот и многу се задоволни, да немав толку теписи и јас ќе купев. Сам мете, џогира и на карај си пере крпче сам. Уште да знае да готви фали. Супер им е дома, свети сега, 100 пати се позадоволни од дајсонот.
++++++ за робот правосмукалка, најекономична инвестиција досега. На тепих ја пуштам еднаш неделно, ама имам теписи со кратко влакно, на долго мислам дека нема да смука баш. Во кујна секој ден по два пати, спална на 2-3 дена, остатокот од станот 1-2 неделно. Стик земавме на Самсунг пред една година, ок е за да помине кај шо не може роботот, ретко ептен ја користам.
Едниот тепих ми е јамболија сестре, да стоплам нозе за во зимо. Тој од икеа, тежи 35 кг, маж ќе ме потепаше. Оти ја само бирам де, не шлепам. Требаше волнен може, ама не ми се даваше пари. Кога ќе се иселиме од овде, ќе го дадам поклон на некој, оти ова не се шмука ни со вакуум. По 100 пати минам и се нешто има внатре. Важно толо ми е на нозе! Од блек фрајдеј купив три блузи колку да не сум без ич. Може уште нешто ќе нарачам до после.
Морген . Во 5 пијам кафе еј . Ама легнав во 21 часот вчера . И синко најмалото, вчера легна во 19 30 , едвај од кола го домкнав, ми заспа во кола . Па се свести малку , па го легнав . Се жалеа на стомак со брат му , и одма ми светна дека може е труење од храна . Јадеа помфрит во вторникот надвор од дома , и одма се пожалија на стомак , со јаки болки и грчења , со пролив . Па среќа мм можеше да остане дома , да работи од дома , да ги однесе на лекар . Вчера сум дремела пола саат на телефон да закажам термин. Таа сакаше да ме откачи, дека е стомачен вирус, немора да доаѓаме . Ама јас упорна и не примија . За докторите немам збор , ги прегледаа темелно , со преглед на мокрача , столица и сл. Среќа педијатарот е исто и гастро лекар па му верувам . Се оправија малку вчера . За робот правосмукалка, потпишувам со две раце дека е најкорисно нешто што имаме дома . Секој ден го пуштам, секоја соба ја смука . Да требаше сама да чистам , немаше да имам време . Многу соби се . Скалите ги поминувам со свифер, имам и стик шарк правосмукалка ама ете ја дреме без батерија , зашто нема кој да ја стави да се полни . Плус нема сила да влече многу . Имаме и Бош , со кабел . И тоа е најјако нешто , 7 години не служи . На работа имаат Hyla , па се крстат на неа , демек е супер работа. Со вода е тоа , ама нешто што сака треба да го користам не ме убедува веќе.
Мојот син е во прво одделение, и веќе има некои потешкотии во училиштето по германски . Сакам да ве прашам дали некој го има купено sofatutor или пак од некоја друга страна . Гледав има објаснувања, помош околу школото за секој клас , па доколку е корисно би го купила само да му е полесно и да му се разјаснат работите. Овие тука секоја година мора да повторуваат некое дете , овде и е како нормално, па не би сакала тоа да му го направат . Јас лично немам проблем, тоа е за негово добро но за него е некако се повторно ново, нови деца, нова учителка.
Јас сум против учење на екран. Од школо им дале код за Антон и малава рече дека наставничката гледала таму кој до каде е, а јас упорно не и давам телефон. И сакав меил да пишам дека јас нема шанси во второ одделение да и дадам на телефон за школо да учи! Ама викам ајде прво со вас да се консултирам ама се заборавам. За мене е поздраво лоши оценки да има отколку да му дадам на телефон да учи! Секако сите тестови и се со минимални грешки и дури и си мислам дека ако и дадам Антон ќе почне повеќе грешки да има. Па тоа е телефон сепак!!! Се знае тетратка, книга, молив, гума, а не апликација и телефон. Поправете ме ако грешам.
Ако е истото, Антолин го имаме ние, решаваат само квиз. Значи прво изнајмуваат книга од школо, ја читаат, па го решаваат онлајн квизот во врска со книгата. Само 20 прашања се. И лани, во прво имаа и на крај година им даваа дипломи со освоените поени од Антолин. Секако имаше деца со 0 поени. Јас напротив, ја потсетувам на секои две недели да земе книга и да го прави квизот, не заради поените, така учи побрзо да чита и и се всадува љубовта кон книгите. * сори јас ко падобранец, се надевам за истото се работи Едит: видов, друго е
Слично е можеби. Не е поврзано со книга. Од страна ги има сите предмети и избираш предмет и после има премногу задачи. На пример собирање од 1 до 10, ако ги реши сите задачи, би и одзело сигурно еден саат време. Сакам да кажам дека премногу задачи има за едно те исто. А она секако и го знае веќе се тоа од што го учело во школо и не ни има потреба да решава од апликацијата. И сакам да кажам дека и да не знае пак не би и дала Антон апп. Подобро лоши оценки нека има. Веќе сфативме дека се е до тоа кој како ќе се снајде во животот, а не до школото и оценките. Подобро е според мене тој саат време да ја пуштам надвор сама со деца, отколку на Антон апп. Подобро ќе успее во животот. Леле не знам дали со мојов мајндсет смеам деца да гледам. Ама мислам дека да.
Се едитирав погоре, видов дека не е истото. Да, премногу има за учење на апликацијата. И јас не би дозволила да стои предолго на таблет. Кога вежбаме ,и пишувам задачи на тетратка.
Утре е прославата од работа. Немам фустан, немам хулахопки, немам накит, немам доволно/идеални шминки. Немам цигари и упаљач. Палто имам ама подобро е друго. Ташна и штикли имам. Дете треба 12:00 од школо да земам. Ќе успеам за два саати да најдам се?! (Ќе успееш ако се тргнеш од телефон! ) Толку спремање, а на крајот најбитна е самодовербата, држењето на телото и движењата. Ако одам до детали и парфем немам. Маж вика дека и единствено женско без саат сум била. Ете и саат немам.
Денес во план ми е елка да китам, но прво треба бомбата да ја исчистам. Малата е дома и течеше нос и кашлаше ја оставив дома ете ја си игра и пее. Наредната недела доагаат гостите. Како им се иде во сред зимо стварно незнам. Др е да излезам и да шетам 1 час друго е по цел ден да скитам во друг град стварно немам желба. Ете немам ни ќебе за гости ние спиеме на ладно па се покриваме со две, а тие се многу зимурливи хулахопки под фармерки носат и во мај јуни кога во мк е веќе жешко, а не ми се купува специјално за нив немам каде да ми стои. Маж ми прашува дека ќе ги ставиме да спијат па зарем стварно мисли да им отстапувам спална Како поминува времето се чувствувам многу изморено иако по цел ден лежам седам. Некако сум ненаспана може и железото да ми е слабо. Вака не бев поспана во прв триместар.
@joana18 провери си железо и тироидна. . Денес станав во 4 и нешто , во 7 излегов да го носам на работа телефонот на мм. И до 9 ипол бев излезена . Сега сум на работа до 2 , од 3 на друга работа . Незнам како ќе го истераме денот . Купив тепих за кујната , бел . Сега да дојде свекрвата да ја отерам у к... ако влезе со кондури од надвор и да продолжи денот . Дома се на мене чека , значи треба цело слободно време кое го имам да го користам во средување . Ќе праша свекрва ми што ќе јадат децава , ќе и кажам нека им направи нешто или пак ќе ја отерам кај што не треба . Се гледа дека сум нервозна . На втората работа , само некоја колешка нека каже нешто погрешно , ќе се вратам дома порано и нив ќе ги отерам.. Денес претпазливо со мене
Црн петок? Кој вика дека е црн сонце блескаа Спојлер: Сонце и одма енергијата се враќа тука е. Антон и синко ја има порано кога имаше таблет почесто ја играше сега не . Го мрзи од компјутер да пишува и така . Сега морам да го пофалам мате од 47 има 44 порени. Но кога се вежба значи се може. Секако кај оваа учителка тој нема мотивација да учи. Одлука падна ќе мениваме школо
Црн фустан имам замислено во глава. Цела слика имам во глава ама го нема во реалноста. Буквално се е со светки и со оние метални крукчиња што светат шљокици се викаат изгледа. Три града поминав и една населба. Не знам што да правам. Утре во 18:00 е прославата.