1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Со лесно со гостите. Маж ми пред некој ден пак ми спомна за гости да ни дошле. Нормално, му реков не. Го прашувам Кај ќе спијат? Он ми вика Во спална. Јас му реков дека не сакам никој да спие во спална. Не знам како не му е напорно со гости. :x
     
    На Chantal и joana18 им се допаѓа ова.
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    Најлскава ќе бидеш ако купиш таков :D
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Јас до сега дремев со дете, дома не бомба, нуклеарка е. Ај да не спомнувам нуклеарки поарнo, језа ме фаќа од тие заканите.
    Дете сабајле не беше до градинка, оти бецугсперсон е болна, пак во две недели втор пат.
    Џамбаз мајкин, не е лесна. Фаќа на големо тоа тантрумите, се дере писка, срам ме фаќа веќе..
    Во муелер има 20% на се над 50 евра ако земеш. Сакав за децата нешто игри за Божиќ, нешто книгички, има 5-6 деца ми се тука, ко почна да се дере, ко почна да драми, ајт назат. За секое едно дете што сум рекла дека е палаво, за секое едно плаво, моето за две вреска. Ако ми е,фала многу, да ми е жива и здрава.

    Од сабајле нели реков до молот, нормално тоа време никој нема, е денес да не можеш да се разминеш од пензионери. Гужва гужва гужва...

    Не викнаа и утре и во недела за дружба, и ќе прифатам, дома кога се стигне тогаш. Ќе одиме по сабајлечки утре во Аугсбург, а недела со едни пријатели што ги немам видено со години. И они се тука, ама имаат бебе, а ние се со вируси бевме.

    Спална не отстапувам на никој, колку има како има, се делеле гости по две соби да спијат, ама спална не.
    Спалната си е наше интимно место, ако многу сакаат нека си спијат во хотел такви.
    Од гости во трудноќа имав само едни братучеди од маж ми и супер си поминавме. Се шетавме, ама шетав колку можев и они ме пазеа, со осет беа. Бев веќе и голема, ама супер енергија имавме. Предходно бевме во мк кога бев скоро па 7м, на глава ми се качија.
    Се си зависи и од луѓето, не е се од состојбата. Сум пишувала и предходно, мене ми се вампири и мои и негови. Се нешто се драми, се незадоволство некое, се стравови, само глупости..ми ги притискаат сите копчиња во мозок и ме тригерираат до бескрај, после нив две недели не се смеам.
    Многу ги сакам, да се живи и здрави, ама поарно е да сме си подалеку.
    Желба ми било, сум мислела ќе променам нешто, се сум пробала, ама едноставно сме различни и во различни правци теглиме. Компромис не постои, тоа е.

    Некна нели напукана пак од АА, маж ми зел им пишал мејл место мене, ќе ми ресетирање пак контото.
    Оти го сакам нели, еве оти. Нит сме совршени, ни па сме најарни, ама сме си тим. Точно знае кога ми е премногу и треба да ми помогне. Јас не сакав ни да ги смислам веќе.

    А да кај нас, отворени и најавени ни се скоро сите профили на еден пц, по потреба сум праќала и мејлови од негово име, на газда на пример, на некој сервис или слично. Шо толку ќе криеме еден од друг не знам, да приватност си е приватност, ама не значи дека си бдееме и проверуваме кој што прави. Време се нема за тоа.

    Детево се успа, да ја будам сега треба. Тамам се напукав со кафе да одам да трчам по него.
     
    На joana18, molikaMk, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Ние имаме и софа тутор и антолин и антон апп:D(и уште икс други :D).
    Не ви треба за софа тутор парите да си ги давате, кога ќе ми истече договорот ќе го откажам.
    Антон апп и антолин се од школо. Им даваат задачи, вежби, тестови.
    Учителката екстра ни пишува кога ќе стави нови вежби и вика да учат.

    Штом учителката вика да вежбаат, значи треба да вежбаат.
    Ниту моиве не гледаат на телефон, но имаме ајпеди без бронсер, игри и слично. Баш само апликации за учење.
    Секој ден пишуваат домашно и вежбаат по некој работен лист, класично, на маса.
    Кога учителката дала вежби, кога прават втора рунда учење или кога еден од нив ќе прави писмена другиот ден и морам до него да сум залепена додека учи, а другиве да не се “запоставени” тогаш учат плус и во Антон апп.
     
    На joana18, mal.ecka, TutiFuti и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    8.643
    Пол:
    Женски
    Јас имам прваче и кај најстрогата учителка е единствено они имаа две писмени, диктат. Ама уште сега стварно не гледам потреба што објаснување за буквите? Не учат граматика све се букви и зборови. Јас стварно работам доста со него не пропуштам ден да читаме домашните му ги проверувам, вежбаме зборови пишување кога ни дозволува времето зошто со домашните и без тоа има баш многу.
    Антон од школо не ни дале ама ја имам инсталирано некогаш си решава закачи на апликацијата, барем бесплатна е.

    За блек фрајдеј купив карти за гости во февруари прв пат ми доаѓаат ама не верувам дека ќе ми се напорни овие.
    која пиша одмор земала за свекрвата кога и била на гости? Јас мојата кога беше све се местев да работам повеќе :lol:.
     
    На joana18, Ava.84, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Го знаете мојот латино симпатија што последно го видов ноември 2023та… епа сега, будна од 3:00, распадната и шминка и коса и облека, одиме во Лидл околу 17:00 и јас од замор ништо не чекирам околу мене и ме застанува некој и го гледам него :o :o :o Крвта ми смрзна. Ме гушна, ми рече мило ми е што те видов, а јас само сакав во земја да пропаднам…
    Мм сеуште се смее и вика ова ми е лекција да не излегувам несредена од дома. А јас 99% сум средена во последниве 365 дена и баш денес го видов!!!
    Нит прослава ме интересира веќе нит ништо. Свесно влегувам во депресија! Ако сака некој да ме најде ете таму сум во Д Е П Р Е С И Ј А!
     
    На joana18, mal.ecka, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    33.575
    Пол:
    Женски
    Кај мојава од 3 то го воведоа Антон .Јас оваа недела и го уклучив не можам од таблет да ја тргнам 3ч седи без да трепне:sweat:, а вака да пишува не сака да чуе:worried:.

    Со маж имаме исти лозинки секаде т.е тој ми ја украде мојата и си ја стави кај него|(.
     
    На joana18, Chantal, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Леле правеа ли кај вас акростихон писмена. Ме пукна минатава недела мојава(facepalm):D.
     
    На joana18 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    33.575
    Пол:
    Женски
    Што е ова?
    Мојава правеше дојч минатата,а оваа недела требаше мате,енгиш и зах, ама учителот во 1месец втор пат е болен.
    Размислуваме да смениме школо оти ништо не ги учи.
     
    Последна измена: 29 ноември 2024
    На joana18 и danichap им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Германски.
    Им даваат еден збор и треба со секоја буква од зборот да смислуваат реченици на таа тема кои ќе почнуваат на таа буква.
    Плус треба секоја реченица да има номен, верб, адјектив.
    Тоа беше минатата недела, денеска беше математика(делење со рест, пари и Zahlenrätsel/текстуални).
    За другата недела е најавена ХСУ за шума писмената, а пред Божиќ уште две германски.
     
    На joana18 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Зах мојот прави сега во вторник. Прв пат кажете ми како изледа тој тест имате ли можеби некој пример ?
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.397
    Пол:
    Женски
    Во време на корона синко беше претшколска возраст и се научи на Антон да собира , одзима и да чита . Во прво веќе знаеше да чита , математика беше одличен . И се тоа зашто ја гледаше сестра му како учи со Антон.
    Од видеоигри научи англиски :wasntme:

    Апдејт за денот . На работа беше добро не дадов отказ , свекрва ми дојде покасно , мораше да останат децава сами неколку минути . И си отишла порано , пак сами ги оставила . Толку и сече дефинира
     
    На joana18, mal.ecka, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Која тема?
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    За дрва и животни вика малиот |( ...
    Поима нема ми он вика учителката кажа ќе било изненадување .
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Hecke или Wald?
    Има ли некоја работна дома, од која ќе учи?
    Уствари второ е он, треба да е Hecke.
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Кај ХСУ секогаш имало поврзување. Слика од една страна, од друга соодветен наслов/име, да се препознае и поврзе.
    Второодделенецов правеше понеделникот писмена за Hecke, не им се дадени уште, ама кажа отприлика што имало, што се сеќаваше.
    Рече имало слики од разни растенија кои растат во Hecke, да ги препознае како се викаат.
    Schichten да наброи во Хекето.
    Да заокружи кое животно во кое шихте живее.
    Да наброи од растенијата во хекето што се правело, имало дадено една врста.
    За што служат хекето.
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Морген со растечен нос. Толку од моите планови за шетање, да видиме што сега си имаме.
    Буквално секој вирус и почнува така, и до крај на денот се полни со секрет и се узатнува што не може да спие. Последно и до не може да дише беше.
    Белки овој пат лесно ќе мине, надвор -2 секако не е ни за шетање. Ќе одевме демек надвор, ама реално за дома си е.
     
    На Biljarkata, Ava.84 и joana18 им се допаѓа ова.
  18. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    732
    И мојата така, вчера буквално преку ноќ одма секрет полна. Чистам постојано со првосмукалка. Се плашам пред две недели имаше воспалено уво па да не се пренесе. Исто и тогаш беше полна со секрет и помина за една недела покажа на ушето. Незнам дали е поврзано но кога почна да се жали на ушето немаше секрет. ( незнам дали ме разбравте, значи беше болна и помина , после недела ушето покажа без секрет во нос) . Ќе ја однесам и на ушно се плашам веќе за говорот.

    Овде покажува сонце до 6 степени , па ќе видиме . Планови немам освен на пазар да се оди и да исперам нешто да расчистам да не ми дојде многу наредната недела.
     
    На јolene, Ava.84 и TutiFuti им се допаѓа ова.
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    овие вака имаат учено . Вајда е тоа тоа он се ич не замара вика лесно било . А јас цела под притисок (facepalm)
    Screenshot_20241130_120453_Adobe Acrobat.jpg Screenshot_20241130_120333_Adobe Acrobat.jpg Screenshot_20241130_120444_Adobe Acrobat.jpg
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.791
    Да, во овој стил. 1-2 прашања имало секогаш вака, од овој тип, и уште 7-8 класично пишување и одговарање.