И јас незнаев кои се . Но ги видов на фб кај една од кај нас . Та ти ора та ти триста сториња...... .
Ја само да прашам, ако се зеленикави секретите од нос, се јавуваш на педијатар за некакви си брисеви или лечиш со влажен воздух? Друго е сега за сега е ок, игра, јаде, нема температура? Дома ја оставив ос страв од минатиот пат, што стана алармантно за многу кратко време, па да ја набљудувам и да одмори малку. Не е застанато од сабајле, требаше да ја однесам бар 45 мин ќе пиев кафе во тишина. Сега ми прередува фиоки и се правам не гледам, од што немам сила да се расправам, пак не спиевме ноќта. Да престане ситно дожд, па да одиме да купиме кромид и пиле.
Неветувам дека ќе о прават брис. На моето бебе и течеше гној од уво рекоа нормално било . А од што беше тоа незнам освен антибиотик ништо не ни рекоа.
Ненормални бе. На ќерка ми окцето и беше подуено и црвено, и ја печеше и чешеше, и ни рекоа дека нормално било и дека ќе поминело. 2 недели се мачеше. Туку и викам на оваа матичната дека може ќе одиме на одмор во Мк и дека Ск е многу загаден, и да даде некое сирупче за кашлање за ќерка ми, да имаме за секој случај. Вика дека така неможела да дава .
Исто и на мојата добро не е бебе таа де . И дадоа еден антибиотик не и делуваше за 2-3 дена почна да и тече гној и препишаа друг антибиотик. Иначе и јас не ја носам само за мрсоли и кашлица ептен ако видам дека е малаксана кенкава тогаш. Лани ја носев се плашев само што беше почната со градинка . Од градинката викаа да седи дома, докторката викаше нормално е такво е времето само да биде надвор па и на дожд денес ќе се јавам да ми препишат сируп за кашлица дали ќе ми дадат незнам .
Кај нас изгледа проблем си направивме од вшмукување на мрсули со она апаратчето на правосмукалка што се става. И сега им растат горе единиците едното бебе е во ред се а другото имаше тт висока 40ка плачеше се мачеше и имавме тогаш термин за У преглед и јас и велам дека гледам вода и тече од уво а тоа е од бањање сигурно. Ок ајде почнав да не ги бањам секој втор ден почнав едмаш у недела бањање ок. Уво непрестамува дете плаче се заоѓа од плачење и идам пак ништо и не е ушно тапанче било ок додека пиеше антибиотик се стабилизира преатаавме како во понеделник беве на контрола се супер во среда од др уво и изби гнојче за една ден престана не ја носев о дадов од мк антибиотик за сега е ок. Ќе видиме понатму секако у мк ќе одам за детална анализа.
Zakazi si na HNO Arzt za da bides mirna, kaj nas dete pocna nos da mu tece od Noemvri prethodnata godina i toa zeleni zolti go nosam nisto virus od gradinka, kapki ova ona nisto nekolku dena pauza pak isto i se do April lecevme mrsuli so kapki i vozduh togas veke mi dojde preku glava zakazsv na HNO od tolku mnogu sekret pozadi usite deteto ne ni slusalo.
Знам дека нема да ме примат и искрено не ми се ни квичи на телефон, ни па ми се расправа со доктор. Недајбоже да приметам дека оди на полошо, тогаш ќе ја носам. Влечам секрет од нос, со такво со уста, ама само по малку. Некако страв имам, кога беше бебе ми беше потенцирано дека не смее, оти се оштетува слузокожата и така ми е останато, само по малку ќе зачистам и оставам. Луфтирам дома, на секој саат 5 мин на балкон ја вадам, ладно надвор 0 степен. Нозе не можам да стоплам, се ме боли во зимо. Ај не сакам да мрчам и да не и пренесувам од мене негативности, па со последни сили се спремам и ја носам надвор. Се ми е покомплицирано во зима. Едно излегување до продавница те чини пола саат екстра, додека да се облечеш и спремиш со деца. Па неќам капа, неќам ракавици, не тие чизми. Кожата ми се исушува инстант штом залади, одма раце пукаат, егзема на лице итн итн. Да си поплачам тука де, оти секако ништо не можам да сменам. Да ви кажам дека од вас тука и генерално мајките на форумот учам, и полесно ми е кога видам и споделите искуство со ваши деца. Нека им поминува побрзо на сите.
На доктор носам само оправдание за АГ да ми дадат инаку терапија секако е капки за нос и фибазафт.Чат пат и некој сируп за кашлица. Пожали се слободно сите сме минале низ исто или минуваме , среќа што ништо не трае вечно дури ни зимата.
Воздух. Следи како се одвива. Кај моите кога секретот станува зелен, значи дека веќе поминува. Почнува секогаш исто, проѕирен како водичка, па се згуснува и станува конзистентен. И како напредува вирусот, бледо жолтеникав па зелен на крај пред поминување. Па фала богу на тоа. Само кај нас превентивно се дава се и сешто и сите изиграваме Гугл доктори. Никогаш нема да прежалам за две дози антибиотик на ќерка ми превентивно во мк што и ги дадоа. Овде кога и да речат ништо нема во 99% од случаите излегле во право. 3 недели беа со кашлица полни секрет. Ми рекоа ништо нема може и до 4 недели да потрае. И стварно помина. Следниот пат кога беа со кашлица имаа спуштено на гради и добија соодветна терапија. Некогаш стварно е ништо, некогаш е нешто. Кажете ми што да очекувам од ханд мунд фуз? Го најавија во градинка минатата недела, претпоставувам е заразен ама не знам што точно да очекувам. Еве ја ќерка ми се затна во нос од денеска. Не знам како ќе спие спрејче не и помогна.
Најовратно нешто само квичат, не јадат ,само клукаш со фибазафт и чекаш 5 -7 дена да помине. Ако еднаш прележала вториот пат е похорор и така до 4 пати после во школо тргаат.Почнува како нормален вирус со некое чудно брумче.Така после се качува тт и така.Нема никаква терапија или че дадат од тој гелот за уста ама не помага.Еднаш и пудра и дадоа па траеше подолго.
Е баш ме израдува сеа. Мојава со носот почна, којзнае што фатила. Реков ќе ја остаам дома до петок. Да оди на Николаус бар. А ова ханд мунд фуз е детски вирус или може и на возрасни да се пренесе?
@gjoker4e кажа дека маж и фатил мн лошо поминал. И кај нас во градинка има известување. Мојата имаше афти во уста, темп благо покачена, не сакаше ништо да јаде помина за 1 недела.
И моето разболување излезе дека е баш тоа. Преболно нешто е. 3-4 дена бев на чај, супа и вода, и пак беше преболно. 2 дена плачев од болка, а по принцип имам висок праг на толеранција. Толку лошо искуство имам од оваа, цел живот ќе го поматам. А инаку другите околу мене не се заразија. Свекор и свекрва си одат денес, јас останувам на болување цела недела. Ќе се изнагледам серии, и не планирам баш ништо да правам.
Мојот релативно лесно помина, познавам деца кој што тешко поминуваа. Возрасни ретко, ама сестра ми два пати фаќа и секој пат тешко поминува. Вториот пат кај децата применила брумче на рака ама зошто било 1-2 без температура без да се жалат на јадење, не обрнало внимание кога фати она и стана јасно што биле брумчињата. Ама она е единствениот случај на возрасен што го познавам.
I jas imam fateno pred 2 godini maliot imase nekolku vo usta i ne bese do tolku strasno, mene racete i ustata lom mi bea .