Извини , не беше лично спрема тебе . Мислењето така се погоди . Да одговарам на прашањето. Јас немам искуство ама мислам дека треба и децата да се присутни ако се поднесува барање за виза и за нив .
Да си жива Еноо, ме пресмеа. Експерти се за Германија оние што не живеат во Германија. Какви опседнати ликови.
Чекам да ми се исушу косата па да си легнам.Дете се бања во кадата со играчки. Нема оваа недела пливање,закачи уринарна инфекција-мочаше крв,па на антибиотик заврши. Ние па баш викендот бевме на концерт на Дино Мерлин-картите немаа можност да ги сторнирам.Па,ако не се оправеше ќе ги продадев со 50 проценти попуст. Ама,среќа мајката со која си живеам го зеде синко кај нив.Он си беше фит и немаше проблеми,ама требаше да му дава антибиотик.Дури ми вика одспијте се,не се брзајте детето може да седи до поручек.Гермаци ама се многу фер и коректни,дури си мислам да не се мешани.Оти се викам германците се ладен народ. За концертот беше МЕГА,значи концерт во вистинска смисла на зборот.Конфети,огин,огромни балони,ласери и не ти знам уште што не.Атмосвера на ниво.Ние во прв ред пред бината Бевме на Бјело Дугме претходно и за малку ќе заспавме.Искрено не беше тоа што очекував од еден концерт. За цена е скапо ама за секој цент вредеше. Е, сега имам нареден концерт 2026 на Апаче.Детето ме разбрал дека ќе одам на Апаче па кога пекна,вие одете мене не ме водите.И така да не одам дупло купив во друг ден за него и татко му.Картите уште од сега беа речиси распродадени.Од 4 дена само во понеделник имаше.Се распродале уште од сега. Сакам да отидам и на Рамштајн.Маж ми беше,вика исто многу јака забава правиле.Ама на тој ќе одиме фамилијарно,ако се погоди прилика. Инаку на работа се исто.На едно оделение што работам како шпрингер од надвор ми изгледаше се розево и идеално,ама од две колешки што сменија оделение-разбрав дека шефовите ги претискале оти се пишувале болни.А, и двете се стари по околу 60 години.Не знам што се очекува.Младите се болни заради децата,старите оти се изработени.Капитализамот е модерно робовладетелство,добар си додека рмбаш после те сменат како крпа за бришење. Ништо чудно што им бегаат вработени.Јас сум задоволна добро си живеам со сите шефовите е зошто не дојдеш да работиш за нас,ти сама ќе си пишуваш план.Си викам не фала,пред да почнеш ти обеќаат се,после ја свртат топката.Вака на даленина и сите среќно си живееме Детската речиши ја спремав ми фалат детали.Има и други работи за монтирање.Само време се нема.Ќе ни дојдат гости за викендот и ќе бидеме зафатени. Ај да се одјавам дете заврши, да се спремаме за утре и право во кревет.
Да фрлам нешто во канта, кантата е позади врата, фрлам и ракавот ми се закачи на квака и вратата ме удри во нос, многу брзав дека касно е веќе и многу силно ме удри, на сред нос одма ми помодре Ладна вода ставав одма ама џабе може мраз треба ќе пробам сега мраз Пак е среда утре пак друг рог Не можам да поверувам Како да не е потечено и модри до утре?!
Носот модри лесно. Може и ништо да не е. Ама ако помодреш под очи обавезно на лекар. Држи ладно. Нешто замрзнато ако имаш боранија, грашак, држи 10 минути па одмори 5. Па пак така неколку пати.
Само носот го удрив баш точно на средина со ивицата од вратата, дрвена е вратата ама многу ме болеше дека многу силно беше од што на брзање беше. Претходниот пат кога реков дека не сум убава ми излезе рогот над нос до око. Денес пак реков дека не сум убава и еве ми ова. Само тие два пати реков не сум убава и два пати станувам грда…
Од удар на нос модрат и очи особено ако е напукнат. Затоа се следи тој симптом. Ќерка ми на два пати го трескаше пред некој месец во рок од една недела, живот ми скрати. За другото, не се замарај со суеверија. Ние жените природно сме по тромави. И јас редовно се чукам од нешто и модрам по нозе и раце особено.
Може ли да ми кажете доколку знаете ако и кај вас е така, тука во градинка на воспитачките се давало мали поклони за Божиќ, но незнам што даваат. Исто има и сандаче во градинката за пари што одат за воспитачките, рекоа кој колку сака да остави незнам ни тоа колку оставаат и дали се ставаат во плик или така. Некако ми е срам да ги прашувам другите родители пошто немам ни контакт освен што се среќаваме кога ги земаме децата
ДА, но лично кога појдов беше како џабе да ги малтретирав децата зошто стражарите ми рекоа сама да влезам, а децава велам ете ги вкола зошто ги носев. Видовме ние видовме дека се тука во кола, влезете вие сама, гледаме имаат со кого да постојат децата (бев со татко ми) . Тоа е мое искуство. Ама мора да се носат пишува
Кај нас никој ништо не даваше ниту носеше. Јас им однесов од срце украс за адвент онасо свеќите како се вика поима немам . И една мајка ми кажа дека сеуште го користат истото а го однесов пред 3години значи задоволни се ептен . Е сега за у школо гледам мајки носат на учителката за божиќ за 8ми март за велигден за крај година и нивните деца се совршени. јас немајка не сум дала ништо моето е најлошо од клас. Но ако секако ќе менуваме школо тоа не е школо тоа е клиника за дијагнози и очекуваат од нас дома да ги учиме .
Кај нас касата беше да оставиш пари и после тие од елтернбајрад купуваат заеднички поклон од сите со тие пари. Посебни поклони не сум носела. Парите дирекно во касата без име без ништо симболично сум оставала од 3-5-10 евра .
Posebni pokloni niti sum davala niti ke davam. A vo kasata po 5 evra stavam, mozes i 10 da stavis ako si zadovolna, jas i toa sto go stavam e premnogu.
Ја се мислев дали да им земам една бомбоњера и чај, само за нејзината група. На пример една голема мерси, и така некоја селекција чаеви. Кутија не сум видела уште дали ставиле.
Фала ви на сите за одговорите. Значи во тоа кутијата за пари не треба да е со име ..супер , фала ви Е ова ти е добра идеа. Се мислев дали по некое укравче или безвеза е некако. Ова ми се допадна со бомбоњера и чаеви. Сакам да им дадам нешто затоа што стварно се потрудија да ми се прилагодат во групите децата и да сакаат да одат во градинка и кога веќе другите даваат несакам да биде дека ние ништо.
Кога сме кај градинката, дали некогаш сте носеле од дома за децата и воспитувачките мафини или колачи на пример?
Kaj nas toa ne e dozvoleno, osven koga e rodenden pa treba nekolku dena prvo sostojkite na list da se odnesat, pa da odneses mafini i kolac. A i za podaroci kaj nas ne e dozvoleno zatoa se stava kasa pa posle tie od sovetot kupuvaat.