Мојата одбива да јаде таму. Па си мислев, ако однесам имам едни посни мафини, без алергени фактички, може ќе го познае па да касне, да си поигра повеќе. Може така ќе се ослободи и ќе јаде со децата. Она ќе се изгладни и станува нервозна и нормално не може да си игра. Они не ја нудат секако таму. Ако касне, касне. Ама не каснува. Четврт банана е до сега највеќе. Е тоа држи пола саат, после не. Знам дека сите се така на почетокот, ама посилно е од мене. Вечен страв на родителите, да не им е гладно детето.
Мојот таков беше цело време од дома што носеше не јадеше . А таму во 12 јадеа значи од 7 до 12 гладен беше.
А јас заборавив да кажам, овде доручек и ручек од таму им се. Ништо не спремам и ништо не носам од дома.
Ни две недели не е во градинка нели? Ќе види ќе не види ќе пројаде. Ако однесеш мафини само полошо ќе направиш и чекор назад ќе бидете. Остави ја да пројаде од појадокот и ручекот од таму.
Така така, слободно кажете ми колку некогаш претерувам и дека треба да олабавам. Не е ни две недели, оти еве пак е дома болна. Нели се пишував да печам за базар денес што има, ама го откажаа оти две третини се болни и деца и воспитувачи. И само така картички што изработиле на брзина у ходник ќе се продаваат.
Прво изгледаше како детето со месеци да не е јадено во градинка па после видов дека ти имаш пишано и си викам па ова дете ни цели 5 дена нема сврзано во градинка, какви појадоци какви мафини. Јас денес дури сите три симпатии ги видов на работа. Едниот има околу 20 години, еден 38 и еден 39. Којзнае што ѕвезда ќе имам што сум ваква. Модрото на носот се покри со пудра и среќа отокот само во моментот бил. Многу ме боли ама не би требало коска да е повредена или нешто дека баш во коската се удрив. Битно многу убава бев и тројцата ме гледаа. Ова беше прв ден да се погодат тројцата.
До колку далеку би ви било ок да го однесете детето на роденден и да го земете? Гледам каде да славиме роденден за синко, таму каде што се спремав излезе дека дек-јан- фев. Не работи. Немам многу избор, сега еден друг музеј ми фаќа око ама 25 км е оддалечен. Мм вика многу е а немаме можност ние да ги однесеме сите деца.
25 км во никој случај 7 км било најдалеку ама тоа ни е по главниот град како дома ни е Кино во близина? Па мек Доналдс?
I ja mislam deka e mnogu desetina km maksimalno razvozuvam za rodendeni, mal e i tvojot prv vtor klas .
Досадно ни е тоа, ќе одиме за викендов во градот во куглана да видиме што како или на крај дома ќе си славиме. @SanelaS да прваче е да видам со другарка ми комбе има евентуално се мислам да кажам да дојдат до кај нас па со неа со комбе и нашата кола да одиме ( секако родителите известени). Толку супер работи има во околина така до каде 30 км. Или да е лето однеси ги во шума на грилплац топ ама вака зимо крш.
Ние до лани дома славевме, размислувам и годинава ама тоа ми е последна опција, турбо сум на работа со викенди тој период ќе ми биде многу напорно плус мал е станот. Игротека не сакам, ај што е прескапо него не знам кое дете колку е спретно таму не можеш да ги допазиш. Највеќе ми фаќаат око по музеи што има понуди, ама едниот ете зимо е затворен, другиот далеку и има еден како опција и куглана ( ова морам да го однесам да проба прво да видам како ќе се снајде). Има лизгалиште ама и тоа ми е страв барем малце да се поголеми.
Гутен таг од мене Не знам од кај попрво да почнем.. На работа почнав, се најде една да мрчи и да кажуа што како треба да праем, а шефот подруго ми кажа.Нејсе, ми ствара притисок кога сум со нејзе на смена, таке ме гледа мислиш мајка сум и утепала. Второ, на курс почнав, добро е има доста украинци, и од палестина и ирак.Си најдов една албанка ама од македонија Трето, вчера завршив во болница. Се лизнав на работа, колку што сум долга така и се испружив и главата ја лупнав силно на ќошот од врата. Дојде шефицата, запиша ми рече има некој да те земе и да те однесе во другата болница на дежурна да те видат. Па ајде комшијата арно беше слободен, па ме однесе па чекав саат. Докторот таму ми рече мора да останеш вечерва да те надгледуамо па ако си подобра утре ќе те пуштимо. Ми се вртеше, звезди гледав вчера и притисокот многу висок ми беше и пулсот. Болките кај што се удрев позади кај опашката не болеа вчера дека добив инфузија за болки. Денеска сум добро, ама почнаа болки кај куков и таа страна цела дури преска откако станав од кревет. Дома сум тоа е најбитно, ама ако не се подобрат болкиве рикверц викендов пак у болница. Најново тоа кај мене, не сум во тек што сте правеле муабет.
@IronLady Со убаво на нивата работа и побрзо закрепнување. На секоја работа има минимум по една таква змија. Јас до сега 5-6 работи имав и буквално на секоја истиот лик. Само со лошо со таквите. Почекај да помине пробецајт и наплати и за се. Јас денес слободна и пак на забар. Визулелизирав да пронајдам нормален забар и да имам скроз бели и здрави заби и еве на 80% од патот сум. Забарчето ми е топ. Конечно! Ми иде на секоја посета позитивен бевертунг да им оставам. Не знам дали може два пати ако може стварно и ќе им оставам.
Неможам да се снајдам, може ли некоја од вас да најде на интернет колку е картата за воз од hauptbanhof koln до hauptbanhof minhen?
Имаш исто така директни линии и такви со прекачување. За саб и недела има и нешто поефтино. 60-70 евра, па докај 150-160 се движат цените. Не знам дали ја имаш DB Navigator апликацијата. Може да провериш најдобро за цела држава.