1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Се снајде ли? Види тука,ако немаш апликација
    https://www.bahn.de/
    Ако купиш карта он лајн, цената е таа. На автомат може да биде друга. Имај го тоа во предвид. За толку голема релација, ја би зела дирекно ако има со брз воз, инаку цел ден ќе треба да се прекачуваш. Ако носиш деца со тебе, ќе испомезнете и ќе се измалтретирате. Затоа само дирекно гледај.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    21.658
    Пол:
    Женски
    Не е за мене, али ќе проверам, иначе да, барам директен воз.
    Фала.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.859
    На работа почна и одма повреда на работно место? Барај си адвокат да се опариш:wasntme:
    Ама поарно ништо да не ти е(fingers)

    @gjoker4e може ли да те носам во џеб и стално да ми повторуваш-визуелизација, визуелизација. Стално заборавам, стално неспремна, и после се чудам од неочекуван развој на настани|(
    Ај да почнам озбилно- визуелизирам дека мафините што првпат ќе ги права у жимот, ќе бидат топ:bug:
     
    На Ava.84, gjoker4e и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    Месец скоро ќе правам.
    Не, фала нека им седат, добро што поминав без расцеп на глава, само мал потрес имав. Иако телово лом ми е, ме боли се.
    Требаше патики т.е обувкинони да обезбедат сосе униформата, ама бидејќи уште кога потпишав договор октомври нарача демек шефицата, па кога почнав ноември испадна дека не ни нарачала па ајде тохаш со една колешка дојде со мене и нарачавме и уште нема.
    Си облакав мои стари патики, бидејќи одма ќе се напраат, ама проблемот тие малу се порамни доле, а тука кога завршува смена чистат со вода и ете што се вика сакало да биде. Нон стоп кога сум на смена проаѓам од туе, ама ете сега ка за беља отидов јабана :x :rofl:
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.859
    Ама тогаш е стварно нивна вина и ти следува оштета. Ако се десило на работно место и е нивен пропуст со обувките.
     
    Последна измена: 5 декември 2024
    На MacenceEna, gjoker4e и arontt им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Заборавив да кажам дека по пишувањето Ајронлејди доаѓаме од ист град. :$ По дијалектот. Само кај нас така се зборува. :D Ама со паметов мој подобро и да не ме познаваш. :rofl:

    Леле не знам дали да ви раскажам или не… или ајде да, сеуште не ми се спие.

    Колешката што буквално се ме имитира и работа на подобра позиција побара и доби за да не биде подоле од мене и розев кармин стави како мене на нејзиниот темен тен и црна коса, и децата ни се второ одделение, исто школо различен клас.

    Недела ќе слави роденден на детето, и денес ми вика сакам да зборам со тебе, не сакам да се налутиш, ама веќе викнале на роденден многу деца и родители во игротека и требало 250 евра да платат па да не се налутам дека нема да ме покани мене ама малата да и чекала да види кој се ќе дојде ама многу доаѓале и веќе многу скапо било па затоа.
    Значи буквално со овие зборови.
    Јас нит се навредив нит повредив, без емоции сум, и свесна дека ми е љубоморна и зависна, не само на мене туку и на мојот брак, семејство, стан и кола. :rofl:
    Одма и реков дека не сум ни планирала да одам и дека не не покани до сега сум мислела дека нареден викенд ќе слават и дека за деца до 3 години е бесплатно и дека околу 100 евра е за 16 деца и 8 возрасни, а она има 6 возрасни со се нив и 11 деца со се нејзините деца.
    И и пратив скриншат на вац ап со заокружено дека најголемото мени е 130 евра со 16 деца и 8 возрасни и дека за деца до 3 години е бесплатно, всушност 9 деца има, 2 се бебиња.
    Ова што ме излажа со 250 евра ајде помалку битно ама начинот на кој ми рече чекала да види кој ќе доаѓа па сега мене ме поканува од што мора и тоа без поканата на хартија којашто сигурно ја дала на сите други.
    Секако дека нема ни да оди малава.

    Коментар? :|
    Ми иде на работа на сите да кажам што ми рекла.
    Обично поминувам преку се и затоа сум така хармонична и изгледа како да се да ми е подмирено ама овој пат богами нема да поминам. ]:)

    А најдоброто од сите љубоморни и зависни луѓе што постојат е што ми се ветер во грб. Јас ќе се изборам за уште подобро позиција на која што таа само во сон може да стигне и уште повеќе ќе блескам. :hai:

    Сака да каже дека цели 10 евра вредам и ќе даде 250 ама не и 260?! :talk: И откако сите ги поканила мене ме поканува односно ми кажува дека не ме поканува де :?:
     
    На Ava.84, IronLady и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Најголема казна за таквите е да не и придадеш апсолутна никаква важност и значење. Арно си и рекла дека не ни си планирала да одиш.
     
    На Chantal, SummerGirl, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    8.643
    Пол:
    Женски
    Леле @gjoker4e каде бе толку ефтини игротеки. Јас дека сега барам колку каде најевтина варијанта моментално ми е 170 евра за 7 деца. И тоа за децата само по едно сокче и колач. Друго пак треба сама да однесам. Најдов и 100 за 10 деца со тоа да си однесам храна и сокови ама ете баш тие зимо се затворени или далеку. Инаку роденденот е во јануари ама зошто празници фаќаат морам да резервирам, друг проблем што синко секој ден ми кажува ново дете што сака да покани ( уште се запознаваат во школо).
     
    На Ava.84 и јolene им се допаѓа ова.
  9. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e хахахаха не ни имав појма дека си моја сограѓанка :rofl:
    Може и сме се виделе некогаш :lol:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Кај Џоки, она во некоја друга Германија е, и се крие да не и одиме таму и ние. Таму се е поевтино, освен може градинката.
    И се и е на 5 мин. И ја сакам се да ми е до газ, вака многу за одење имам.

    Дете кисне, не му е добро, ама и од градинката е. Не сака само. Сака да оди, ама и јас да седам таму со неа постојано.
    Фини се персоналот, ја гребнале некое вчера, одма ми кажаа. Пелена смениле, крем ставила ми кажаа, колку каснала, цел саат во раце ја држела бецугсперсон, мириса на нејзиниот парфем. И не се опушта и не. Плаче кога ја оставам. Денес чорапот од николаус уште по глава што не ми го тресна.
    Е си реков оти ќе плаче. Знаев.
    Дупло повеќе инат има детево од мене и дупло повеќе мрмла исто. Ништо не му погодено. Цела на мајка :worried:.
     
    На Lavender13, MacenceEna, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.859
    Душа малечка бе. Бар знаеш дека е на тебе, мојава со лошотија цела е на татко и:D
    Многу кратко време е Џоли, ќе се привикне со тек на време. Да те утешам:hug:
     
    На MacenceEna и Chantal им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Ме утешивте дека ете барем нешто е ефтино кај мене. :D
    И тоа е ова е најголемото мени. Најмалото е помалку.

    Градинката поскапува за 10 евра отприлика кај нас. Секоја година значи за 10 евра.
    Ете сега и адреса ме знаете ама ме мрзи да корегирам, едноставно погледнете и заборавете. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_3926.jpeg
      IMG_3926.jpeg
      Големина на фајлот:
      154,5 KB
      Прегледи:
      81
    • IMG_3927.jpeg
      IMG_3927.jpeg
      Големина на фајлот:
      75,1 KB
      Прегледи:
      82
    На Chantal и јolene им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    А не, ќе ти дојдеме на гости. Ништо не се заборава, се зезна еднаш.
     
    На Biljarkata, gjoker4e, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Јас како што сфаќам, ценава е паушал за до 7 деца.
    Е можеш максимум да си дорезервираш и за 16 деца, си тоа што за секое дете плус од 7 ќе се доплаќа 14 еу. Кај ова XL не стои за колку деца се однесува.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Во право си. Тоа со 7 деца воопшто не го видов.
    Значи 220 евра и е роденденот. :D Ајде и 250 ќе го ставиме. :D Ама многу сме блиски. Повеќе време поминува со мене отколку со тие што се поканети. Мислам секако само малава ќе одеше ама поканата усна отпосле откако сите веќе се поканети и организирани и од што мора.
    Секако во никој немам доверба ама после ова е дефинитвно крај. :D
    Ќе треба само и јас на истиот начин да ја поканам во април со истите зборови и два дена пред роденден.

    Од кога сакам да ве прашам млеко тетрапак колку време стои во фрижидер? Јас секој втор ден го фрлам па Макар и само малку да сме искористиле за пире на пример, а гледам на работа со денови е истото млеко во фрижидер. Колку дена може да се користи?

    Едит: Туку друго што ми текна, кога и да сме оделе на роденден менито е само за децата, за родители се носи од дома храна и пиење. Буквално на секој роденден, значи пак се 130 евра плус две деца 160 евра, 9 деца се. Секако нема да седнат возрасните и чикен нагетс и помес да јадат.
     
    На Ava.84, SummerGirl и danichap им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Не и е до парите, изговор било тоа секако. Други бубачки си има таа што уште не и ги знаеш:tmi::D.
    Мене ми е бројка од 3-4 денови во глава околу млекото, втор ден апсолутно сеуште се пие, па и трет. За од 4-5 не сум сигурна.
     
    На Ava.84 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e млекото го чувам во фрижидер уште 2 дена. Третиот ден е веќе расипано. А многу пати сум фрлила пола литар. Децата некогаш знаат да си направат бисквити со млеко или несквик. Јас и маж ми го користиме само за кафе. Ама има денови кога не бараат млеко. И така јас фрлам. И преку глава ми дојде. Размислувам да почнам да купувам пола литар. Гледам дека има по маркетиве.

    Госпожата што ти го кажала тоа за роденденот не е во ред. Работава е Славам роденден, ама не ми иди. Ме нервираат такви особи и не одам кај нив на такви прослави. (facepalm)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    21.658
    Пол:
    Женски
    Како бе? Пред да пие обично млеко мојава ќерка, јас сум чувала млеко и по скоро една недела во фрижидер и ништо не му било. Го користевме само за кафе.
     
    На Lavender13, Biljarkata, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Јас обично 3-4 дена го користам. Последниот пат мислам имаше поминето добри 5 дена ако не и 6. Ништо не осетив, и еве ништо не ми е.
    Секако мислам дека доколку е расипани ќе се примети. Ама повеќе од недела не би, некако шубе ми е.
     
    На Dancewere, gjoker4e и јolene им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Женски
    Млеко барем 5 дена си стои и не фрлам. Храна со поминат рок, не отпакувана исто јадам. Фрлам само мувлосано.
     
    На Lavender13, Ava.84, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.