На партито бев бомба! Тие што ме имаат на инстаграм знаат. Ама симпатиите изгледа се исплашија од мојата убавина! Првиот симпатија глуп Германец. Вториот топол италијанец. Третиот не беше на прославата, тој околу 20 години што има. И јас пиши бриши сум. Демек се вежбам помалку глупости да пишувам ама еве ме пак. Вториот симпатија уште оваа недела е кај нас па под стрес бев за поклон ама сега поклонот ми е спремен може да се опуштам. Поклонот е колегијален и пријателски. За да е симпатиски треба уште кондоми да додадам. И секако со мм заедно бев поклон да купам. За пензија или бебе собираме заедно ама за некој што е само на кратко кај нас купува кој сака. Јас за сите и за сите поводи купувам. Повеќето штедат. 10 дена пред добивање, хаос сум. Тажна сум, никаква, сите ми се лоши сите ми се криви итн уште 9 дена…
Веќе еден месец живеам тука па сакав да ве прашам каде и како бара(в)те работа? Не знам јазик а немам ни луѓе… тргнувам од 0
Кај мене ситуацијата во последно време е дружба се има,ама време немам. Требаше да изегувам нарениот викенд женско друштво вечер македонки,ама изгледа ќе си седам дома.Многу ми дојде напорно со работа и термини.Овој пат ќе откажам седенка.А,и во недела сум на работа,така да немам цел викенд. Секој викенд ми е со дешавки и немам време за да здивнам. Сакам дружби,ама ме убиваат воншколските активности и учењето со детето преку неделата. И се осеќам прекапано. Ние претходниот викенд имавме гости на 3 дена,поранешен колега и добар пријател на маж ми со фамилијата.Попретходниот на Дино Мерлин. На почетокот бевме како изгубени и немавме друштво,а бевме желни за друштво. Порано дури со секој втор што ќе го сретнев од нашите простори си разменувавме инстаграми и фејзбуци.Ама со тек на време се си дојде на место и сега имам луѓе за се.Едноставно си изградивме круг на пријатели и повеќе не ни сакам да ширам познанства. За комшиите немам збор. Турчинката од спротива веќе 4 пат не вика на доручек. Знае жената дека се сум зафатена.Па кога дојдовме од Македонија после распустот,само рече утре во 10 ќе дојдете на доручек кај нас.И седнавме и се видовме. Другата е германска постара учи со синко секој ден читање и му објаснува што треба. Од школото имам мајки со кои си помагаме околу чување на децата. Е, има и познати кај кои прекинав контакти оти видов што сорта се и такви не ми требаат. Последен пример е една мајка од школото на синко.Се сакаше да и го чувам детето, а никако моето не го викаше.Кога директо ја прашав кога планира да дојде моето дете кај нив.Направи еден термин се видоа децата и од тогаш се нема јавено. Децата си играат во школо и се канат на родендени.Поблиски контакти со мајката не ми требаат. Да одам да го соберам детето.Заврши курсот за пливање.
Првата работа ми беше преку Zeitfirma. Најдобро ти е така или самата во мек Доналдс или woolworth кај нас сите се нови во Дојчланд и без јазик. Почетокот е тежок ама ќе помине и се подобро ќе биде. Чувството е најубаво кога од 0 почне човек.
Епа ова не е фер вака да се фалиш, а на нас да не ни покажеш. Бар слика од фустанот на закачалка како стои, кондурите мислам ги покажа или се лажам. И Ава она нејзините ќе ги покажуваше и толку. Ја инаку имам у ходник 5 кутии обувки, денес стигнаа, само ми стои дека се ќе вратам. Дечкото од дхл арно ја дошлепа кутијата. Па и тие што поголема не пратиле. Ми вика поима немам што има внатре, ја викам знам и извини. Абе утре кафе ќе му понудам, да се запознаеме веќе. А не ми е симпатија само да си кажам. Не е мој тип. Додуше кажав кои ми се симпатии еднаш, дојчовски полицајци. И маж ми нормално. Срце ако читаш, ти си ми симпатија за сите векови . За комшиите овде, со сите сме на Вие. Доле носев торта еднаш од роденденот на ќере. Ама пак треба да подадам нешто, ептен трпение имаат. Горе со тој сме пасив агресив. Со други маж ми си има со еден муабети за коли. Јас со една за мачки, а мачка немам. И така. Генерално ок стоиме. Не сме блиски. Е во штутгарт друго беше, таму само 4 станови бевме и си одевме со едни на кафе, со други цвеќиња си гледавме, трети чистеа за нас и така. За пријатели, во првиот град кога дојдов, дека курсеви ова она, па и студенски град, полно друштво имавме. И ние помлади секако. Имаше излагања, театар, кафиња, излети, музеи, бањи одење , абе се. После корона, се преселивме во штутгарт, ама пак колеги нешто, нешто вака така, пак имаше дружба. Одкако се роди малата, јас сум дома. Постојано со неа. Се шетам ама не е тоа тоа. Време ни за фризер, ни за шопинг. Овде ако не е тетка ми и братучеди, со кои се гледаме 2-3 пати во месец и еве пријателите од Аугсбург, ќе заборавам како изгледа со луѓе да се видиш. Сега во недела сакам во музеј или негде на друго место, може некоја игротека и после на ручек да одиме со Аугсбург, оти се дома па дома, збеснав. Малата ми спие само дома на пладне, во количка не сака, се буди. А сега и ладно, може да замислите колку сум ограничена. И да ви кажам супер ми иде тој саат ипол што е во градинка, па да ми одмори глава. Иако јас не одмарам, пак низ дома средувам машини, алишта, ама барем неа не ја вадам од перална. Од кога почнавте деца на активности да носите? Спојлер: Пратка Кој друг сакаше од аутлети да пазарува? Шустерман (бестсикрет) имам членство. Фактички он лајн аутлет. Се наоѓа некогаш по нешто. Покана би можела по мејл да ви пратам, ако некоја сака нека ми пише.
Na aktivnosti od 4 godini pocnav da go nosam, inaku ima aktivnosti i za.pomali ama tie so roditeli zaedno mene bas ne mi se odese. Mail vo poraka ke ti pisam za pokana. Za druzbi od premnogu druzeljubiva osoba so tekot na godinite stanav kako divjak, vo poslwdnava godina glavni prijatelki mi se majkite na drugarite na maliot pa vo slobodno vreme razvozuvam deca.
Мене нешто за парфеми ми треба ако имате аутлеут или попуст. До петок треба парфем да набавам. Идеално четврток. Сабота последна шанса.
Нема да стаса ништо толку брзо Џоки, оди во Муелер и купи си. Или некој купон од росман ако имаш апликација. Поима немам дали имаа парфеми ваму, ја само облека и обувки гледав. Порано си одев по аутлет села, ама сега не можам.
Така е! Некогаш ни фалат некои вакви промени од корен и за некое чудо уште не сум свесна за ситуацијата ама мора од некаде да тргнам. А CV праќам, одам прашувам на лице место…? Ради јзикот продавниците ги тргав не знаев дека се ок со тој момент затоа и ми остана мал кругот со опции… McD другар работи таму и би го оставила ко последна опција
Не знам каква ти е ситуацијата. Освен ако ептен мораш да работиш, подобра опција ти е да почнеш со учење на јазикот. Ќе ти помогне доста, како прво за ориентација во средината а после за подобра работа. А ако почнеш да работиш на работно место кадешто нема да ти треба германски, верувај дека нема никогаш да го научиш како што треба а ќе тапкаш и во место со работата, т.е нема да ти се зголемат можностите за пронаоѓање на подобра работа.
Апсолутно се согласувам, сега за сега функционирам со англиски ама сакам да го учам паралелно додека работам. Имам А1 ама тоа малтене и не е ништо. Син ми во училиште оди, прво одделение е па утреден и со него ќе ми треба јазикот. Ма и општо за мене за снаоѓање во простор и време .
Да ме утешите дека и вас не ви се сите овци на број пред добивање? Уствари што ќе ме тешите треба само на лупата да пребарам мислења од @јolene она е цело време во ПМС и ќе ми олесни. Абе се ме нервира. А најмногу е што заради некој друг треба јас животот да си го менувам! Односно планирам или така нешто. Абе ќе цркнам. Па јас и да имав пријатели секако дека ќе се скарав. Некој друг да ми го контролира животот. Абе нема шанси. Ќе се изедам еве. А мора! У пм! Па си викам дај џокерче сконцетрирај се на твоите планови и цели! Не ја троши енергијата на нешто што ете едноставно мора да биде така! Не мора уствари ама заради глупи луѓе мора! Претходната недела на бебе помислив. И во истата секунда си се мавнам по глава си викам жено прибери се. Ако случајно посакам трето имам уште 5 години време до 35 години. Можеби подобро сега да го имам па кога ќе го посакам да си биде веќе 3-4 или 5 години бебето. Јас сум човек (имам еднаш за тоа случајно читано зошто е тоа така ама имам заборавено) што само во улога е нормален. Мене ми треба улога- работа од која што јас ги контролирам луѓето. Овие работи @theowndemon ги владее ако не сум грешка. И јас имам и до сега приметено дека јас сум сосем друг човек (оној што сум во себе) кога ќе ми се додели улога. Фактички преку професијата лечиш комплекси можеби ќе му дојде ама мојот карактер и комплекси се предодредени за висока плата ете. И ете тоа е мојата цел. И тука треба да се насочам. И 2025та да дојде тој ден кога ќе пишам УСПЕАВ!
. Не бе Џоки, ја по природа си мрчам. За подобро да се вклопам у општеството. Еј добра сум сега. Веќе 5-6 дена спиеме, мАлата по саат ипол во градинка, ко препородена се осеќам. На пат кон враќање во нормала. Сабајле морав рано, имав нешто термини, леле леле кој хаос го доживеав. Кај дојдов па и ја. Ме фрасна ну Јорк гужва. Нешто возови каснат, нешто сменети распореди. Ја селски дете, кај со ова темпо значи . Дали нова преселба во најава . Ама затоа на враќање сите возови ланчсно ги сменив. Сум заборавила како беше значи. Динамика динамика. А друго да ви кажам, пиџамите од Лидл супер. И после гледам, абе некоја марка било таа. Никогаш не сум ни чула за неа, ама убав памук. Имало и хасуанцуг сет од нив, ама распродадени беа, а и на нет гледам. Ако случајно налетате, вреди да се погледнат. Јас и крпи зедов, имаше и чаршави, ама тоа не ми треба сега. https://www.lidl.de/l/prospekte/akt...-10e6cf/view/product/100382728/page/27?lf=HHZ
Ретрограден Меркур е пиши на фб -unofficial astrology, девојкава што ќе напише тоа се случува. Читни си може не е само пмс
Неа да можев уште три пати ќе ја блокирав. Само лоши работи објавува. Човек лесно ќе почне се само црно да гледа со неа. Фала ти сепак
@јоlene изгледа не те тргнав сега, ама да си кажам овие имам чаршави и постелини ептен убав материјалот е генерално сите д а си знаете по потреба. Јас прво од чаршафот со ластици купив ми требаше па после до купував зошто убав материјалот. Сега и пижами да си земам
Нема врска тука сум, кафе пијам, па да зготвам. Ја беж зедов. 36/38 последни останати. Тој број и носам де. Повеќе накај 38. Долниот дел се супер, не им е многу високо седлото, убаво лежи. Горниот така малку како позалепен ми е, ама ќе пушти оти памук е, ама дебел памук. Меко и лесно. И крпите се убави, се мислев за постелнина, ама имам доволно, да не трупам само. Мене ми е криво за тренерките што не ги начекав, ме мрзеше во по неделник да излезам. Може друг пат пак ќе пуштат.
Цело време сакам да напредувам во животот и цело време се некои пречки ми се појавуваат. Од прва си велам остави се и помири се ама има еден дел во мене за среќа што вика ќе успееш. Не знам каде грешам. Или можеби едноставно така оди тоа…
Ич не сум иновативна кога се работи за честитки, кажете што да пишам по повод 50 ти роденден на шефицата? Шета албум оној со црни листови секој лепи црта по нешто плус честитка. Јас сум скрос без идеја купив некој ѕвездички лепенки ќе напишам нешто и тие до страна. Некоја лепела пердув друга нешто со цвеќиња од весници, трета нацртала чаша залепиле цевка и чадорче. Честитките не ги читав. Имам прекрасна шефица ама стварно сум труп, а не сакам да препишам нешто од Гугл. Ако има некој идеја нека пише
напиши нешто спонтано што ќе ти текне . Нешто што ти паѓа одма на памет што ќе помислиш на нејзе . @gjoker4e на кое поле сакаш да напредуваш ? Пиев кафе во 19 30 . Сега може да поднесам будна некој саат