Јас три пати прочитав и се сфатив освен што е тоа во текстов за кое што би ти суделе? И не кажа на итна што рекле. Тоа е пресудно. Ако рекле на итна се е ок, прво дете не би однела наредни 48 часа во градинка, второ 24 часа, трето би однела и четврто не би ни отишла да го земам од градинка.
Оти се возам на црно Од Итна не ми кажаа точно колку да одмара, само да ја надгледувам. Кај матичната ми рекоа ако е се ок, може утре на градинка. На писмото од болница пишува 48 часа
Носи во градинка ако си е ок детето, ти рекла и матичната. Јас синко го шверцував скоро цела година зошто од 6 се плаќа карта дури го научив дека ако некој го праша треба да каже дека има 5 и тоа само во автобус важи . Пред некој ден сакав прв пат да платам карта за него, нема смисла 7 ќе полни за некој ден, шоферот ми рече само ај оди позади, на враќање пак истиот само си кимнавме со глава.
Контролата те видела со малата и те познал дека не ти е денот, па си рекол човекот ај да не и го дорасипувам на девојчето, нека и остане во сеќавање и знае дека од срам од сега па натака нема да се шверцаш. Само да е добро малото, ич не ни мисли на друго. Ако си е добра денес веќе, нема оти утре да не го пуштиш. Евентуално ако не ти се оди на работа па да имаш изговор . Тогаш смееш да не одиш. Остави ноќта да помине и утре со разбистрена глава ќе си одлучиш, како повеќе ти одговара. Ја пред две -три недели купив фереро едни. Ќе ги јосев на гости, ама нели малата беше болна па не отидовме. И сега нигде ги нема, ни па во меморија имам кај сум ги ставила изгледа сум ги оставила на каса . Маж вели и он не ги видел. И така. Пак во пмс. Килажа на горе оди. Шеќер сигурно исто, да си купам ленти па да видам до кај сум. А и матичен лекар уште немам, да си запишам да најдам.
Не кажа дали беше барем симпатичен контролорот… Овој над нас девојка има, ја убивме од оговарање и дома и на балкон, тие балкон над нас, и ми излегува на фб сега македонско презиме од источна Македонија… Отсекогаш сакам да ви кажам ама може и ви имам. Малиов годинка и нешто и оди бавно нели и позади две девојки од Мк и една а вика “кога ќе земам ќе го шутнам малиов”!!! Абе уште ми е криво што не ја соскубав на лице место! Скоро две години поминаа ама јас не можам да заборавам. Само и реков те разбирам и избегаа одма. Се надевам ќе ја сретнам пак и соскубам. Најверојатно тука живее ама штом јас посакам сигурно ќе ја сретнам пак значи. Културата сигурно сеуште со неа си ја носи и нема шанси да ја утнам.
Работата е што јас утре секако не сум на работа… да бев секако ќе ја носев во градинка. Вака ако ја однесам цел ден ќе ме гризе совеста,си реков еден ден слободен за мене да денгубам и се подреков. Како и да е убаво беше од тебе да слушнам дека ме нарекуваш девојче, во очи на мојот 30ти роденден, кога и официјално ќе станам тетка. Џокерче, кога слушнав фаршајне бите ми се стемни и не го загледав баш, ама возрасен беше човекот .
Пффф, секако. Ни на 40 не се осеќам тетка, баш ми е гајле. Им реков исто ни стрино, ни вујно ни не ти знам со какви да не ме викаат. Може на име . Е сега во реалноста не знам кај ми е карминот, фризурата не ми ја бива, ама чоколадото што го барав вчера го најдов . Чекам да ме викнат од градинка. Денес ќе пробаат да спие таму. Сега веќе е време за успивање, може и се успале де. И ова е последен чекор, ако заспие она е секако само до 14 букирана, фактички готово . А во петок последната недела плачеше, понеделник не сакаше да оди. Не знам, нешто и кликна изгледа дека и е убаво таму. Најадена, преоблечена, изиграна па ова било мирот бе женски. Од други работи, извадив 15 кг облека ако не и повеќе, нешто канта, нешто ќе однесам у молот на тауш рауш, нешто ќе пратам на едни девојчиња. А за бебешки имам 5 вреќи. Ем не ми се даваат, со надеж дека ќе родам уште едно, ем место фаќаат. И си викам до 42 ако не родам второ, толку ќе донирам. Значи уште околу година ипол. Од вчера пазарот уште ми стои на тераса. И онака немам место во фрижидер. За фрижидер кога сме. Многу многу ми е жал што си го продадов, требаше може да си го дошлепаме, ќе најдевме за толку место кај да го ставиме. Ама ај биднало. Во следниот стан ќе има поголем сигурно.
Ау Џоки ама ме изнервира.Јас како мирен човек ќе ја задавев . Кај мене нон стоп од школо ми ѕвонеа ова и е она и е со топка ја удриле па плакала.Добро бе кој не добил баскет или топка у хлава не бил дете .Па еве не уште мрдаме. @Chanel нели е бесплатно кај вас за деца?
Погрешна членка си тагнала, од 6 се плаќа, дури и децата што одат со автобус во школо имаат месечни/годишни кои што се плаќаат со некој попуст ама сепак плаќаат.
Комшијата германец шо е во другиот влез, секоја недела става нови цвеќиња и дрвца на терасата и пред терасата во земјата. На приземје е како нас. Како не го мрзи незнам. Сега го видов, а ноќе е веќе, пак менуваше цвеќиња и германски знаменца ставаше на терасата Еднаш го видов дека и контењерите ги чистеше. Домаќин човек. Таа жена му ужива
Незнам Биље, многу ретки се овие германциве тука кај шо сум јас. Се аусландери се . Само на овој германецов му е убава терасата, сите други, а и мојата, се крш. Јас ич не сакам цвеќиња а и не ги чувам. Имам 3 алое вера и една палма, ми ги даде една македонка комшика кога се исели од тука. Ги извадив на тераса да стојат и почнаа да венат. Исто и комшииве руси горе, и они не сакаат цвеќиња. Хард кор сме ние. Ама ако сакаш ќе ти го редам германецов, 50 години секако има ако не и повеќе, слаби нозе а голем стомак, наочари носи, полу ќелав.... Битно домаќин е
Многу ми е убаво кога ќе поминам по улица и на тераса има цвеќиња. Секоја година си викам сама на себе оваа година ќе садам и јас па ете 5 години поминаа немам ни едно цвеќе на тераса. Мислам дека е голема обврска потоа .
Леле ми ја уништи замислата нели можеше да не го опишуваш .Сега и Били се разочара и пак без симпатија си остана. И мене вака ми е многу убаво кога ќе видам балкони , а ич не ме бива со цвеќиња и до сега не сум садела ништо ,а саксии имам за верверичките да си кријат ореви. Мм една година посади цвеќиња преубави, ама не стоеа ни 24ч.Кога почна едно невеме со ветриште што траеше неколку дена ,дождови, град сите цвеќиња ги уништија. Сега останавме само кромид да си садеме на пролет .Тоа ни се фаќа .
Мене голем стомак ме потсеќа на мал ***. Па плус и цвеќиња. Значи тостестерон на нула. Италијан да не е по мајка татко? Германец би чистел околу зграда и рециклирал на тераса.
Дајте идеја за поклон за 2 годишно девојче. Се мислев дел пари, дел играчка или нешто друго да и земам, ама појма немам што да и земам искрено.
Играчка. Од V-Tech нешто што прави звук кога се стиска на пример лап топ, било каква таква играчка. И да не е многу гласна (за родителите и комшиите).