Моиве само ибупрофен пијат. Парацетамол не сакаат ни да пробаат. Викаат дека горчи. Обичен ибупрофен, различни фирми, од сите го пијат.
Има некоја во Магдебург? Што е со катастрофалниве дешавки денеска? Се надевам сите сте добро и на безбедно.
Гледам филм и тешко ми е да се концентрирам.Од сабајле ме вртат коски,потечени крајници и имав малку температура. Детето донесе нешто од школо и во среда ни го пратија од сред предавање дома. Имаше класенарбеит германски во четврток,ама ми се јави екстра воспитачката да не сме се нервирале,ќе ја пишувал догодина.Да одмарал дома. Па го фати маж ми и мене.Он се држи подобро и истера на работа,јас требаше да одам трета смена преку викенд и се пишав болна. Со последните сили се влечам од соба во соба. Мм па ми дава комплименти сум била многу убава кога сум била бушава Или може би не само носот и видот му е поматен,па не гледа убаво. Болна не болна,онлине работи па се спремам за Божиќ.Се нешто порачувам.Ако не ми одговара ќе го вратам. Порачав неколку пара патики за мене- само едни планирам да задржам и врти сукај се за детето земам, а има се. За него ми требаат 4 пара 35ки,ако му се фатат овие што сум ги порачала ќе треба само уште едни да докупам. Друго што купив едни хеланки од Амазон за околу 10 еу (на намаление од 14 еу)со испорака.Абе едни мекани и еден убав материјал,па и термос.Имав едни тегет порачано на среќа и ептен ми се погодија и за до работа и за по дома и лежат перфектно и си порачав уште едни црни. Што се збореле за германците се е точно.Тивки се по природа за разлика од нас јужњаците,само што и нивото на стрес што можат да го поднесат им е далеку пониско и затоа и одма се разведуваат. Кај нив,а не им штима малку одма одјебат и делат деца и овој дел не ми се многу допаѓа.Не дека по секоја цена да се задржи брак,ама мислам дека никаде не цветаат рози и некогаш треба да се потрудат двата партнери да профункционира. Исто ладни се по природа,иако на моменти со тие што се дружам си викам овие да не се некоја мелез сорта,оти се чувствителни и имаат желба да помогнат,што искрено ме изненадува. И јас бев во дилема како @IronLady само се мислев за поклон за 1 годишно девојче.На роденден сме кај пријатели во едно кафе.Ако оздравиме до понеделник ќе отидеме. И мене ми беше мислата дали да земам нешто мало плус пари,ама во последен момент се одлучив за точоче за балансирање.
Не сум од Магдебург ама што прочитав се потресов. Маж вика ова се прави за да се забранат божиќните марктови. Претходно беше исто во Берлин. Некако се црна хроника ми излегува. Преска прочитав и за нападот во Хрватска што се случило во основно училиште. Невини деца и луѓе гинат,а се повеќе лудаци газат по земјава.
Е зашто да ги забранат? Ај цела забава да ни ја земат ако не. Не знам што би било од Германија, па и цела западна Европа на зима без божиќен маркет.. Мене баш ми е убаво. Ние редовно одиме. Деца собираат ситнеш во касичка со месеци за на каросел. Нешто ќе зобнеш, греено вино пропив на маркет. Оваа зима сум без алкохол па и ќерка ме дружи за топло чоколадо или чај, ама ми е многу убава атмосфера. Сите насмеани што ќе ги сретнеш, се чека трпеливо ред за фамозните кобасици, накитено, светкаво, трепкаат сијалички на сите страни. Нека одат нека газат политичари ако се толку јаки, што им смета народот…. Колку болен во главата треба да си да го направиш она, не ми излага видеото од глава, кај го видов кај се запустев.
Тероризам пред здрав разум. Овој овде бил и пред напливот на бегалци. Не знам што да речам и да бидам политички коректна и да не излезам полна со предрасуди. Да преќутам. Жално е само што дојчовци секогаш ќе ги изберат нив, пред на пример нас, што сме горе доле интегрирани во општеството. Што да речам, не знам ни како уште седат овде на толку црвени картони. Да не се жалиме после со аусленсери раус. Оти тоа сме ние, сите сме исти во нивни очи што е и за разбирање додуша. Видео не гледам, вести не читам, само што чујам начујам, оти не можам да поднесам.
Му го имаат испрано мозокот радикални или терористички ограноци, ако не е нешто друго во прашање. Не ми се верува дека целта е да се затворат маркетите за Божиќ што се монтираат, но ова ќе ја зголеми мерката за нивна безбедност и зголемување на обезбедувањето. Магијата што ја нудат е прајслес во овој период од годината, малку топлина и малку светлина во долгите студени дни-ноќи и многу забава. Ова е страшен и немил настан и заслужува најголема осуда.
@Yowannty па еденствена повитива се божиќните марктови,ама секоја година се се најдат некои психички растроени да газат луѓе. Затоа маж ми беше така одговори иако и на мене ми личи ова тешко остварливо. Само и да се зголеми безбедност ја кошта пари државата.Кудам е целиот со метални блокови обграден од кога се случи нападот.Ама за Кудам се има пари, оти таму се сите богаташи од градот собрани и кога беше енергетската криза целиот светеше-демек нашле спонзори да го осветлат не било од даночните пари.
Додека имам пауза од работа да пишам на кратко . Работам за викенди , тоест петок и сабота во Теди веќе 8 година . Имам многу поминато за ова време . Пример ако сум на каса и во моментот нема никој , местам роба или слично . И ако некој дојде и сака да плати , може да се случи да почека. Денес една ме извади од кожа , само што се тргнав од каса, да земам еден картон и се вртам гледам една на каса чека , и се дере Касеее!!! И викам што касе? И ме гледа чудно , искасирав без да бидам фина , зашто и она не беше од најфините. Ни чао ни ништо . Една странчиња, која што не знаеше ни германски . Значи се случува да се почека ама дефинитивно странците немаат нерви за чекање . Или истите тие плаќаат со цела рака ситни пари , центи . И не им се ни изброени, очекуваат јас да бројам . Една интересна цела рака ситни пари, едни евро во два центи , и одбив зашто не сме црква за да примаме толку многу ситни пари . А имаат покрупни ама сакаат да се отарасат од нив . Турците попримилие малку од овој менталитет, Украинци и руси , мислат дека јас ги разбирам и дробат на руски . Ги игнорирам кога гледам дека не разбираат дека не го зборам нивниот јазик . Србите се фини, се трудат со јазик. Бугарите се ужаш , доаѓаат секогаш пред затварање и гз не им чуе дека им викаш дека затвораме за една минута. Те игнорираат . Тоа е мојот фацит за работа со секакви луѓе . Среќа е само за викенд инаку незнам како ќе трпам ваква раја секој ден . Ги жалам колешките искрено. На работа имаме две русинки , мислат дека дуќанот е од татко им , пауза за цигара им е удар во лице. Не сакаат ни на мочање да одиш . Ете тоа е . Сега да рмбам до 18 часот и после не сакам да видам човек со очи
Цели 4 дена ми каснеше дури бев убедена дека сум трудна ама од оправдани причини викам ајде во среда тест ќе направам, планови на професионален ми пропаднаа- одложено за 3 години значи, фигура отиде у неповрат, ќе ме снема пак од фемина 3-4 месеци, пак ограничување, доење, вакцини… мислам дека психички се пореметив овие 4 дена. Среќа добив!!! Имам една колешка многу лаже па почнав да ја нервирам со моите успеси. Доброто е што како стареам се попаметна сум. Она 40 има ама нема искуство колку јас на 30. Јас се кријам ама сега почнав да и се фалам. Мислам дека не ни сака да слушне веќе за мене. Многу се нервирам за нешто абе ќе цркнам. Ама последна работа е еве во животов во која некој друг ме контролира. Нема шанси да има втор пат. А јас конечно научив да викам НЕ по цена на се! Симпатијата број 2, неколку дена број 1 беше нели па пак на 2 отиде, ми стана најдобар пријател. Ние од прв момент си бевме поврзани некако и многу е чудно тоа. Зборуваме без престан, како да продолжуваме муабет од претходниот живот. Само три месеци беше кај мене на работа па веќе не се гледаме, само пишуваме. Па и наредна недела кај нас ќе дојде. Значи пријател ми е немајте гајле, мм дома ќе биде. Симпатија број 1 игнорирам, после изгледани милион видеа на јутјуб за како он да трча по мене и богами функционира. Не знам по колку пати го изговара моето име и прв ми прозборува. Ама ако. Јас глумам недостижна. Симпатија број 3 многууууу ретко ја гледам по само неколку секунди. Ама он е најнормален и најмил и има околу 20 години. Сакам да дознаам од која држава е ама незгодно ми е ама дали некој воопшто би си помислил дека ми се свиѓа некое дете што сеуште во школо оди.
Ве читнав последните 3-4 страници, доаѓам да ве поздравам. Сакам кафе, чај, ибупрофен, чоколада, дајте сѐ наваму. Почнува распустот ние сите скапани. Големата инхалираше, сега малиот е на ред. Среќа последниве разболувања се само кашлици, носе течење, без драми и температури, ама и тоа ме нервира. Јас се опоравувам од операција, вадев жолчка (конечно се наканив) откако последната година и пол имав веќе зачестени епизоди на болки и повраќање, и нормално, празнициве демек ќе практикувам körperliche Schonung иако требаше после операција а не после свадба тапани... Последниов период така малку турбулентен, обврски еден тон околу децата, поголемата е 4 класе, сега е моментот со следно училиште што мене ми е некако стресно бре со овој систем тука... И сѐ сме со термини, термини за посети на школи, термини за апликација, термини за формулари, термини за разговори... Ах. А малиов што се роди во септември скроз безвезе. )) Сега е "kann Kind" па од септември се мислиме да почне и тој во 1 класе. Леле уште е мал, има 5 години. Еден момент ми е супер спремен, следниот ден ми е недоквакано детиште за во Krippe да се врати. Не знам. Знам дека следниов период после празниците ќе биде доста напорен со одлуки околу школи (особено ако ќерка остане на желбата за школо за кое треба и екстра приемен испит да полага). И јас како јас, си се замарам така од внатре во душата константно со темиве. Туку, нарачав извод родени од мк за ќерката онлајн демек по пошта го праќале. Дали некој случајно има искуство? Во ист ден нарачав за двајцата - за нејзе во мк, за малиот тука. За малиот го добивме за 2 дена по пошта. Кај моите уште нема ништо стигнато за големата... Ние денес се спремаме за мјузикл. ☃️ Освен ако некој не крене температура. Плиз ноу.
Убаво ми е кога нашата @Kaetana ќе се врати со убав пост па макар било и еднаш годишно и ќе ни ги развесели срцата. Само ова не и ти требаше @јolene .Нашиот месец. Најубавиот месец е септември поубав нема иако за мене мај е најубав. Знам дека не беше пишаново за месецот али на фемина мора да се мрчи. Мојава почна на школо со 6год и 2 недели ептен мала.Таа се постига како што треба ама мислам од детството и е скратено. Побрзу закрепнување мила.
И мојата е канн кинд, родена средина на август и ова уште од сега ме мачи… Стварно е за никаде, треба или да ја одделам од другарите и да биде најстара. Или да биде најмала и цело време да се чувствувам како @Ava.84 дека и крадам од детството. Инаку вака не мислам дека ќе и биде проблем, јазикот го владее супер. Па најверојатно ќе си крене со 6 години и некоја недела во школо. Ете вчера го преживеавме и најкраткиот ден, од денес ќе се зголемува денот и ќе има некоја минута помалку мрак. Оваа зима изгледа пак без снег, барем кај нас оти сме втора најтопла зона во Дојчланд. А толку имам мерак да и покажам на ќерка ми колку убави снешковци правам, и да се маваме со топки.
Јас си го сакам септември, ама шубо ми беше за големата - јануари родена, за kann Kind премала. Таман кога беше muss тргна, без да треба да му ја мислам. Сега некако се осеќам дека јас ја имам топката во раце и не можам да одлучам. Од градинка притискаат да оди, спремен бил (многу нестандардно од градинка, јас мислев дека тие баш спротивно ќе тераат оти демек полесно за нив), ќе му било досадно ако остане, сам ќе бил, најголем ќе бил, ... од друга страна си велам оти да не си тргне на 7, нека си поигра. Сигурно ќе е позрел и посигурен. Оти да брзаме. Ама сите негови другари одат. Исто беше и за ќерката - сите другарки тргнаа. Таа остана сама, и не сакаше да оди во градинка. Среќа во несреќа беше корона време и јас на породилно, па можев да ја оставам дома со нас. И некако се осеќам дека што и да одлучам ќе згрешам. Само од тој аспект не го сакам септември за роденден. А и искрено, и тој, и мајка ми и внука ми се во септември родени. И сите се... карактер бре. Видов дека сте пишале и за германски тивки деца а нашите (по)гласни. Јас ќе споделам дека едни комшии исселивме, за вас не знам...
Дека ќе е најголема не се сеќирај.На ќерка ми другарка и е 1 год поголема оти во гради ка ја вратиле поради проблеми со слухот.Па нема веза супер е детето.Другата пак со која најмногу се дружи се исто класе девојчето е 2 год постаро од моето оти повторувало плус.Нема веза ептен се измешани можеш да приметиш како некое мало друго една глава поголемо .Тука тоа е нормално. Во градинка и кај големата така правеа спремна е нека си оди во школо ,за да си земат помали деца.Добро она супер беше на шулартцот и она сакаше на школо да оди. Големата отиде и остана другарката пошто во феб родена ,останаа и две други машки поради не недоволно развиени за нивна возраст.Кога ја носев малата ги среќавав мајките и кажуваа колку голема грешка било што ги вратиле пошто ептен им е досадно на децата и немале желба да одат.Сите деца се помали од нив и немаат што нови глупости да учат. Одлуките за децата е секогаш најтешка оти не знаеш што е правилно.
Мојот јануари роден, немав такви маки ама затоа сите другари од градинка тргнаа година пердходно. Последната година во градинка ни беше баш тешка, досадно ми беше немаше другари ( само две машки беа таа возраст, си играше со девојчињата ама пак му требаше машко друштво). Сега знае на одмор да си игра со второоделенците - другарите од градинка. Почетокот во школо исто тежок му беше зошто никој не знаеше - девојчињта од неговата градинка беа во друг клас он во друг. Јас лично би го пуштила детето во школо кога му одат и другарчињата ( освен нели ако осеќам дека не е спремен).
Лелеле @Kaetana пишала. Дури страв ми е да се израдувам, оти може тек догодина да пише пак. Каетано мори. Кога дете ти порасна да праќаш во школо, кај мене у глава уште бебе е. А тогаш девојчето сега моме е станало. Жал ми е што не можев ни време да најдам, а и во хаосот не ти пишав да се видиме пред да се исселиме. Ама ете јавно покана, ако сакате во Минхен на шетање да дојдете. На пат сме и ние да исселиме комшија . Се надевам добри сте и нека поминува болештини поскоро. @Ava.84 и јас мај најмногу го сакам. За детево е родено во јули, ама уште сега ми е одлучено дека ќе ја праќам порано на училиште . Да си запишам, па да видам дали кога ќе дојде време ќе сменам. Друго не знам што да кажам. Преживеавме уште една недела. Да убедам маж да направи пуканки додека средам кујна и да се пушти некоја серија.
Moeto e rodeno vo Januari i bi trgnal na 6 godini i 9 meseci otprilika spored mene ni rano ni docna. Od grupata ima duri 14 deca sto se prvacinja od Septemvri, ama toj ima po eden dobar drugar od tri generacii pogolem, pomal i sto se zaedno vrsnici. Ama jas go ucam da ne se privrzuva epten so nekogo, da bide empaticen, toleranten i da ne gi deli decata spored nesto dali vozrast, pol ili od koja zemja ide. Za Germanskite i nasite deca, vospitackata od gradinka pisala deka bil dominanten i deka se borel swkogas prv da bide vo se, pa toa go istaknala kako golema negativnost. Sreka sto si zaminuva inaku ke i objasnev sto e Balkanski mentalitet.
Леле леле колку сме исти.Генерација, родени во ист месец, мај ни е омилен, не знам хороскоп дали бевме исто, ама и првото дете во јули ни е родено не знам зш вака ме копираш.