Здраво Знам дека е ова можеби веројатно дискутирано претходно или не е баш соодветна темава, но бидејќи има 700 и кусур страни, би сакала да прашам нешто околу визата за приклучување на семејство. Сопругот не е Македонец и само што се вработи пред два месеца во Германија, дали некој знае дали има одредено време кое ќе мора да живее и работи пред да аплицирам за оваа виза и да можам да дојдам кај него?