Понекогаш правам два дена по ред кифли. И на работа колку и да однесам сите ги јадат и се чудат колку биле вкусни. Ама џокерче само неколку работи знае да готви: кифли, палачинки, шишарки и бајадера, и гулаш де. И супа од леќа. И нешто едноставно само деца што сакаат да јадат. Инаку нешто за возрасни што јадат врска си немам.
Пак за кифли . Најдомаќинки. И мене ми се јадат, ама ме мрзи да направам. Па само ќифли не оди, треба и мајонезсалата да направам и многу работа ми е. И така одлучивме утре да одиме да видиме дали ќе е отворена балканската пекара, па да јадеме бурек за доручек. Ако не е, ќе си јадеме корнфлекс, јогурт и боровинки со путер од кикирики, ленено семе и семки од тиква. Значи држте среќа да е бурек. Гостите прашав преска и пак заборавив кога идат . Мислам недела беше. Ако не сигурно е сабота. Ама пријатели ни се, не се роднини, значи по дефиниција не морам да исполнувам никакви очекувања. Договорот е да се осеќаат како дома и да не чекаат на нас се. Маж ми и на работа ќе е некој ден, нешто дома. Ја со мадам колку ќе можам. Нема да можам ни да им зготвам, ни да ги шетам навака натака. Мало ми е дете, надвор ладно. По моливи со саати да ја носам нема смисла. И така, ќе излеземе сигурно заедно неколку пати, ама ете им клуч нека шетаат, нека се вратат. Ако има ручек арно, ако не ќе се купи, нема стрес, нема притисок дека дома мора да се зготви. И така. Вие како сте, како поминувате? Се одморивте ли?
Јас купив исто брашно како што го објавила членката. Баш да видам дали ќе ми бидат убави кифлите. Планирам да правам за Нова година. Сами ќе бидеме. Најубаво ни е така. Гостите нема да дојдат. И подобро. А на маж ми конечно му текна дека тоа е трошок. А и нема кај да спијат. За душек нема место. Мала е дневната. Тука работат само кафичи и ресторани. Ама не сите.
Желудник ме боли од една ситуација. На сабајле ми се лоши, не можам ништо да јадам. Против себеси треба да одам.
И нашиот договор е секогаш кога ќе дојдат гости осеќајте се како дома ако ви се јаде , јадите ако ви се пие пијте не чекајте се на нас. Поголем дел од нив се осеќаат како во хотел со 5* . Повторно ќе имаме гости овие ќе идат прв пат па незнам како ќе биде. Колку можеме ќе ги прошетаме . Децата ќе си поиграат и така. Во план ми е да средувам документи, алишта колку ќе успеам со малата незнам. Сакав да пробам и да ја одвукнувам од пелени сега додека е дома, но сеуште не сум почнала со процесот.
Прави и маж ми, со готови кори и со месо и со сирење и спанаќ. Профи е. Е арно ама не мрзи секогаш, па вака на доручек си одиме или на ручек, зависи како не мрзи за викенд. И не ми се седи и глави во кујна, пошто секако сум нон стоп таму со малиов хобит, што по два пати на ден доручкува само. Па и главен ручек, па ужинка, та вечера. Абе никогаш кујна не ми е средена. Важно бевме сабајле и отворено беше. Добар им е бурекот има и јогурт. Во февруари пак ќе идеме . До тогаш режим. Маж качил 2кг. Јас сум 60, а со толку бев и на пораѓај. Па симнав до 53 и пак накачив. Убаво ми стојат, ама 4кг се во стомак само. Е тие не ми стојат баш. Треба да се вежба, ама ај нека помине нова година. Нели сите со резолуции почнуваат од тогаш и низ маркети само опрема за вежбање се продава. Тамам ми треба ново мате за вежбање. После бурек нормално 10000 чекори и смрзнавме оти надвор -4 беше.
Со реферат @SanelaS пробав да ја утешам кога пиша ама избришав. И малиов е болен од вторник. Прво се изнервирав ама за секунда се сетив дека секој католички Божиќ во чекална сме па зошто се нервирам кога сосем нормално е тоа. Па денес до град бевме за друго и викам и таман во чекална ќе ѕирнеме и ако не е гужва ќе одиме на педијатар ама ајде викаме ќе почекаме до вечер да видиме како ќе биде. Сабајле мерам тт 35 мерам на нас нормална 36 свети зелено, на него никако не свети топломерот. Продолжувам да мерам 34,9 34,5 ама на мм му викам 35 покажува да не се шокира. Ми текнува дека еднаш порано му имам мерено 35 па не се тревожам до толку. За саат врем конечно светна 36 зелено. Ама ние во меѓувреме се спремавме за на итна да одиме крвта ми смрзна кога покажуваше 34,5… Напета до небо сум од други работи. Ќе цркнам. За желудникот пишав. Абе не можам да одам против себе и не можам. Ако отидам ќе се разболам. А мора заради мм. Отишла не отишла за мене завршени се. Некој да не ме цени мене и моето време и пари. Крај е за цел живот. Ќе се разболам.
И маж ми има проблем со желудникот. Бевме на лекар во вторникот. Резултатите од крв се добри. Докторката му рече да направи гастроскопија. Ама он се однесува како мало дете. Не сака да оди. Ќе му откриеле некоја болест Во градов многу убаво е украсено. Има и многу тезги, ама цените се солени. Salbei во превод е жалфија?
И јас бурек со готови кори правам, пица бурек тој ми е омилен а во бурекџилницата доле немаат таков. Имаат со месо, сирење и компир. За килажата… јас пред бременоста бев 60/61, откако се породив на почетокот се вратив на првобитна тежина ама кратко потоа качив на 64. И сега цело време варирам меѓу 63 и 64. Кога ќе ми текне дека порано се мислев дека сум дебела со 60… @SummerGirl да жалфија е .
Мм правеше и гастритис испадна ама му помина. Сега јас сум на ред. Моиве болести од горе надоле одат, прво мигрена, па тироидна сега таман е желудник гастритис. Море кога ќе си најдам симпатија и желудник ќе ме преболи ама моментално комплицирано е. Ние не со готови кори.
Какво беше испитувањето? Тука има опција за сонда и за каша. Имаш право да бираш. Маж ми еднаш испитуваше со сонда, ама во Мк. Едвај издржал. Пред некој ден ми вика Подобро каша да пијам отколку да ми пикаат црево. Не знам како да го убедам да оди. Имаше упат, ама му помина рокот. Докторката му рече да дојде после Нова година. Ќе му прави ехо на абдомен. Не сака да оди по лекари.
Со сонда ама со некаква анестезија што се пие мислам или појма немам ама битно спиел и ништо ниту почувствувал ниту ништо. После тоа не јадеше тоа што му кажаа и му помина за брзо.
Гастроскопијата се прави со цревото со камера. Златен стандард е за откривање болести на желудникот. Ако видат нешто сомнително можат да земат примерок. Ако се плаши може да му дадат анестезија со пропофол која кратко трае. Ништо нема да примети. Испитувањето со каша не го препорачувам дека не може да се земе биопсија(примерок од желудникот). Ако има нешто сомнително на снимката пак ќе мора гастроскопија. На ехо не се гледа желудникот, тоа е за другите органи во абдомен.
Исто и мм со анестезија испитуваше и супер помина. Не памтам дали внимаваше на исхраната после испитувањето ама не смееше тој ден на вози и беше како дрогиран. Кога се разбуди јас бев на работа а тој ми звонеше едно 5-6 пати и зборуваше глупости, а и се јавил кај шефицата да ме бара.
На конец виси да се фрлам од балкон. Од 20ти е затворено школо/градинка не можам повеќе! Страв ми е да не ми се спојат жичките и да се самоубијам! Не сум јас за деца да чувам!
Ми доаѓа да избегам од дома по неколку пати на ден. Не е лесно со мали деца, ама ај никој не умрел ради тоа. Дали сте им носеле на децава од оние екстремно грди целосни скафандери или има и само како јакниче, што се 100% некаква волна, и се баш баш тенкички? Дали стварно топлат на овие ниски температури? Многу ми се грдички ама па се тенки и чинам веројатно многу покомфортни од пуфериве… Гледам ги носат доста, ај му земав на син ми денеска, само горен дел. Ама многу тенко ова некако за сега да го носи. Не знам дали можам да го остаам само по тоа. А од друга страна, ако е наменето за сега, веројатно на пролет ќе биде многу топло за него. Никако не сум.
Каков е тој целосен волнен скафандер? Волна не топли туку регулира температура и не впива вода, и се препорачува како прв слој најблиску до телото, ама прв пат слушам како скафандер да се користи. Може не те разбирам баш.
Чекај, полека. Да ти кажам дека на 10 години сами ќе месат божиќни колачи, ти треба само рерната да ја пуштиш. Ете, и тоа го дочекав. Следно ќе ја пуштам и да сука, подебело, потенко, не ме интересира Почекај, не се утепувај уште малку.
Па сеа… може и ја имам утнато и да не е баш волна. Од овој тип скафандер овде носат сега. Значи без ништо над ова. Па сеа стварно не знам. Мене ми делува претенко за ова време. А се поскапи од класични скафандери.