Ова го носат за надвор??? Ми нема смисла, пошо волна е и деликатен материјал, не е за да го шлапкаш по вирчиња, си бара одржување. За ладно време, прв слој волна, втор слој fleece, трет слој водоотпорен и/или скафандер отпорен на ветер. Ова за надвор. За внатре, јас би била ок само со овој “скафандер” ( ова е ко шпихозна ), ама нишо друго под него, со цел стварно да го видиш бенефитот на волната ( најлоша комбинација за дете што трча и се поти е памук, држи ладно пошо упива вода ). А волната е скапа само поради фактот што регулира температура, ама никогаш не би ја носела како трет слој за надвор.
Да. Вакви носат. Затоа и реков да прашам, дали не сфаќам нешто. Ептен ако се работи за некои други, ама налик вакви се исти, тенки се, сум ги гледала и кога им ги соблакаат по молови, немам налетано на поинакви. Еве денеска се минусни температури. Претпладнето бевме излезени, многу деца беа по вакви надвор, а 1 степен беше највисока тт денеска. Тоа што го прочитав е дека се лесни за одржавање и дека ако се извалкаат може да се зачистат со четка.
За волна би рекла дека е се освен лесна за одржување мислам лесна е во смисла дека се препорачува да не се пере често доколку нема флеки, туку само да се луфтира на воздух ( пошо е и антибактериска ). Ама кога треба да се испере, тоаш само на нежен циклус, со посебен детергент. Во спротивно се уништува материјалот, стварно е деликатен. Кај нас во градинка има стриктна полиса да не се носи памук пошо упива вода и држи ладно, а децата се цело време надвор. И фураме со волна, ама само како прв слој. Трет слој е секогаш скафандер ама класичен скафандер. Ваков скафандер како твојот носи син ми ама за спиење ( пошто спијат надвор, ама и тогаш врз него има уште еден слој што е како инсулирачки ). Ми нема смисла да се носи за надвор пошо настрана фактот што одма ќе се испрља, не е водоотпорна до тој степен за деца што шлапкаат по вирчиња. Апсолвирав на темава како почна дете во градинка
Лол! Јас имам диплома за кризен менаџмент, психологија и циркуски акробации. Али држи се, кога ќе заврши распустот ќе можеш мирно да размислуваш како да го преживееш следниот. До тогаш, земи длабоко воздух и запамти: балконот не е решение. И онака само ќе заглавиш у ограда, па после ќе треба и тоа да го решаваш.
Мене ми е премалку вака. А јас не ја трупам пблека баш многу. Кај нас сега сите носат такви пантолони и јакна за скијање, а овие се популарни во есен и пролет. Имам и јас, не и го облакам само него. Не сум ни пробала на ладново како единствен. Со јакне само и плус уште едно од горе може. Во крзно ако е во количка тогаш да. Вакви носат @Lavender13 многу и се практични за играње. Со чизми гумени, засуши затреси и терај. Ама кај нас не е толку екстремно во градинка ко кај вас. А и надвор на ладново, многу често сме единствени на игралиште.
Вака Гугл ми преведе: Wool walk is dirt-repellent, light dirt can be removed or knocked out with a hand brush! Стварно не знам, затоа и прашав. Сум ги приметила и претходни години, ама ич не ми се убави на лик па не сум се заинтересирала. Оваа зима баш се замислив, оти ги гледам се почесто надвор. Ај си велам ако не ги бендисувам на лик, ако се топли за децава што да не. Зедов денеска само горно за син ми. Вака многу убаво меко на допир делува. Ама е лито. Ми делува ко идеално за пролет/есен сезона. Не ги туткам ич со алишта, ама само по тоа не можам сега да го извадам надвор, не сум толку германизирана.
@Yowannty @јolene не знам, јас би дала грдни пари за волна ама само доколку се користи ко шо треба, како трет слој не нуди нишо, само полошо прави ако под неа има памук рецимо. Тука за пролет/есен има вакви soft shell overalls, отпорни на вода/ветер. Исто со четка се поминуваат ако се испрљаат. Спојлер
Овие се мачхозен што ги спомнуваме, ги има и како полнети малку и обични. Ги носи кога е кал. Зависи нели од температурата. Ја до кај 15 степени обични. До кај 7-8 полнети. На суво овој волна. Под 6 степени носи опрема за снег. Повеќе прави логика твоето со волна секако. Ја на мојата не можам волна како прв слој ради егземи што и се јавува и е во памук. Ама не ми била никогаш испотена до сега, а може ори тек сега почна да трча. Вака како бебиња сите се во волнени скафандери облечени и во кенгур кога ги носат. Скафандеров го добив веќе користен од братучедите, па го облекува понекогаш. Не би дала 100 евра за него сигурно, кога веќе толку многу функционална облека има. Да природно е. Се сложувам ама не е за секое време. Евентуално ако се носи нешто врз него ко кај вас. И многу бргу се израснува, се носи само една сезона. За бебе сакав да и купам и на крај купив функционален што го убивме од носење. И од ветер штити и од дожд.
Да. Вакви кај нас се задолжителни за во градинка, таму им стојат. Обични вакви тенки за пролет/есен и полнети за зима, со гумени чизми заедно секое дете си има таму во своето шкафче.
Денес на шпилпл само 3 деца , ладно беше. Бевме малку и се вративме. Јас мојата со скафандер одоздоле хеланки/тренерки , блуза и боди на кратки. Такви волнени ги гледам повеќе во есен. Прочитав дека не се перат туку само со четка се чистат. @Lavender13 во скандинавија таков ли е начинот на градинка постојано надвор или тоа е таква градинка како овде што е валдкита, на отворено во планина?
Јас уште на моето не му имам облечено хулахопки, и со тоа ќе си имам проблем. Ко сега за косата и за капа. Ракавици облекување, борба е. Сега во последно почна по 5 мин да ги носи и после соблекува. Овие сакав да ги пофалам палталоните. Супер се за ладно. Само тренерки и нив ги облакам од горе. Не пропуштаат вода, од доле има ластик, топлината се задржува, нагоре на грбче и на гради стоплено и гајле нема. https://www.lidl.de/p/lupilu-baby-k...n&list=reco_homepage_personalization_fe_views Има и јакни за снег од Лидл. Исто се супер. Ја зедов на старо ко на шала, секој ден ја носи. Ќе купам и нова кога ќе ја израсне. Исто не пропушта ни ветер ни дожд. Со копче на половина да се фиксира, на раце ластик. Абе ко некоја премиум јакна. Една друга зедовме јакна од с.оливер тогаш. Исто не носена, ама детево ја преферира таа од Лидл. Чизми зедов од Геокс ама се зезнав, калапот е помал некако и не и се најзгодни. За поголеми деца може, ама за дете што проодува само специјални за проодување.
Во суштина во сите градинки, најмалце 50% од времето се надвор. Ама ние тука во населба имаме градинка кај што 100% од активностите се надвор, и одлучивме да го запишеме во таа, ни се свиѓаше концептот. Досега сум презадоволна. Иначе тука нема ни игротеки на затворено, сакале или не мора да сме надвор и за викенди, дома не се доседува.
Кај мене има игротеки на 30 км , нема во моето место така спонтано да отидеш и ја немаме носено овде. Баш е убав тој концепт и јас размислував за мојата , но далеко ми е. На мојата и облекувам хулахопки на фустан некој , вака не. Капа некогаш протестира еве сега има нова па ја сака таа. А многу пати ќе заборавам за во градинка, но не ги изнесуваат овде секој ден барем не под 3 год.
Atopicontol akut eucerin Hautruhe ektoakut forte od eubos Bepanthen sensiderm Сите ги имам пробано. Ок се.
Дојдов да ви се пофалам дека бевме на езеро, езерото смрзнато, ќерка заборавила како изгледа тоа. Сега е спремна за ловење риби во северно ледено море, со правење дупки во мразот, со се Студи упм, ќе поцркам уште минимум 3 месеци вака А снег нема и нема
На ред дојдоа и кифлите, зедов брашно едно од Реве 550, па ќе видиме како ќе испадна. При месење ептен беше меко брашното. После скоро два месеци без слободен ден, од денеска до 2ри сум слободна. Ама денеска од 7 часот сабајле ококорена бев без аларм. Место да одморим, да поспием ...теоретска шанса нема. Па ајде што ќе се прави и по маркети се влечев да доземам нешто што има новогодишно на пола цена, па нешто денеска зачистив по дома, нешто утре ќе остане Кифлите битно ги стокмив, сеа уште нешто благце ќе се направи и до четврток четири у вис. Буквално има да наплатим за секој ден работење
Во тек на процес Готов резултат п.с не можев да едитирам, ама во прилог испраќам слики. Пробав едно, меко ептен е, се надевам ќе остана меки и понатака. Ќе пробам уште едно Изволте
И јас правев кифли по рецепт на џоки со брашно од лидл премногу меки и вкусни. Денес и јас бев по маркети но ништо посебно не купив. Уште @gjoker4e (ако уште си жива)да ми кажеш рецепт за шишарки и во каков калап ги правиш . Со мајка ми ги правевме во мала чаша за ракија но овде немам таква.
Не се предавам Имаме мала чашка за ракија не знам од каде По правило цедалка за лимон мала Едека ја купил мм малата чашка за ракија Рецепт следи до утре