Здраво девојки. Пред скоро време и јас се преселив во Германија, па ќе ви се приклучи тука во темава. Се надевам на побрзо прилагодување на животот тука. Пробувам да фатам некој ритам на релација работа дома. Скроз различно од тоа што бев навиката во Македонија иако и таму работев, само што подруго е нели кога сме со родители а тука сама. Се надевам ќе се дружиме во темава.
Во нашата градинка ги вадат надвор после доручек. И на снег и дожд и ветер, освен ако има олуја. Една од работите што ми се допаѓа е што имаат и специјална соба во склоп на градинката каде одат да денсаат и летен и зимски базен. Кога сме кај базенот, оваа година по трет пат и губат купачи, после празнициве треба да и пратам нови. Што значи последните што ги имам дома. Си набавивте ли огномети и петарди? Многу се смеам со риловите од Лидл денеска. Абе дали од 5 сабајле на -10 се чека ред за тоа? На еден рил некој дечко си собрал огнометите, ама си ја заборавил патерицата. Дали има да се купи негде кисела зелка во тегла? И нели во мк белото брашно за леб е тип 400? Ве читам овде 500 велите… различно е?
Овде тоа што е 405 е за пици и слично А за бел леб е 550. Искрено немав појма до скоро. Баш прашував тука во групава и денеска зедов и од ко сум дојдена во германијава, ова е прв пат да испадна кифлите топ.
Колку мразам петарди што со секое пукање најлошото од мене го вадат.Децата многу ми се плашат и трчат да ме гушкаат.А јас пцујам кочијашки. Најмногу ме нервира кога ќе ме разбудат од сон па почнувам и да колнам иако не знам да колнам и не е мој стил. Ми се случи 2 год по ред да одам до лидл пред работоа да си купам нешто за јадење.Одам и се чудам што толку луѓе па на каса сфаќам дека уствари продажба на петарди. Најпозитивно ми беше напишаново за пукачите Спојлер Кисела зелка македонска сме купувале од руската маркет Мix Markt.Скоро оргинална можеш онлајн да си порачаш.Има и од турските .
И јас правев кифли пред некој ден и тоа за прв пат. 5 пати се јавив на мајка ми со прашања ама на крај супер испаднаа. Дури и два типа на брашно измешав, имав 405 започнато, не ми беше доволно па додадов и 550. Денес да се направи руска и чизкејк. Ни доаѓаат пријатели од мк за нова година, па уште тоа ми остана, и да исчистам се разбира. Вчера почнав ама помеѓу другите обврски не успеав да завршам. Од следната недела на одмор, имаме и карти за мк и се, арно ама уште немам ауфентхалт поврзан со новиот пасош. Термин добив за средина на месецот, е сега де трудам да најдам термин за да добијам барем фикцион ама сега меѓу празниците и тоа без успех. Некој дали има искуство на оваа тема. Со нов пасош иако имам важечки ауфентхалт поврзан со стариот, не смеам да патувам така?
Јас патував така двапати за Македонија. Двата пасоши ги носиш со тебе за секој случај и кажуваш дека постапката е во тек и дека чекаш за термин ако некој нешто те праша. Мене до сеа никој ништо не ме прашал. Кисела зелка јас еднаш од едека купив. Исто и во балканската продавница има. Шо убаво вака што имаме балканска продавница во градот иако цените се чувај боже.
Патуваш слободно со двата пасоши. И со стариот кој претпоставувам важечки е се уште, само заради името и со новиот пасош. Барем три пати влегов така, никој ништо не ми рече.
@јolene @Dancewere проблемот е што јас го немам стариот пасош со мене. При менување ми останаво полиција. Не знам фали заборавија да го вратат, па и јас воопшто не прашав дали може да го задржам.
Vo nasata gradinka nema loso vreme celo vreme se nadvor, od Septemvri decata sami odlucuvaat sto ke imaat obleka na niv. Nie sami za novata branot na gosti startuva posle Bozik. Kiflite gotovi, blagoto isto, ruskata utre i sme spremni.
Ако не успееш да извадиш фикцион, слободно патувај со новиот пасош и стариот ауфентал. Ниту ќе ти забранат да излезеш, ниту па да влезеш. Не се стресирај. Ако нешто ти речат, кажи им дека е процедура во тек. Ако имаш лична карта со старо име, опција е да ја покажеш ради поклопување со името. Исто така, ако прават проблем (што не би требало, оти добро ја знаат ситуацијата) потсети ги дека имаш право на 3 месеци без документација додека се среди истата. Иначе јас имам патувано и со комплетно истечен ауфентал, без фикцион. Само пасошот. Немав проблем ниту на излез, ниту на влез. Им кажав само дека е процедура во тек.
Браво што ти успеале од прв пат. Јас имам богато искуство фејлс при моите обиди за кифли и многу се нервирав оти сите ми велеа дека кифли е многу лесно да се направи. Конечно сеа скоро сфатив оти моите секогаш беа тврди. Дека ме мрзи да ги чекам да нарасне тестото. И недораснати ги печев. Конечно и јас напраив убави кифли со два пати размесување и на крај пак сролани ги чекав да нараснат, па печев и ги погодив. Во почетоците кога се обидував да напраам кифли, ќерка ми беше бебче од неколку месеци, јас возбудена спремав за празниците прв пат со поднова дома, овој период беше. Си го удрив прстот од висачите измеѓу две месења кифли. Ми отече и помодре. Ај си реков нормално е, силно го удрив. Кога спадна отокот по некој ден, а прстот остана крив, сфатив дека не е баш најнормално. Излезе дека е скршен прстот и лигаментот скинат. Си носев лонгета со месеци. Исто шишарки ми беа на мени секоја зима. Еднаш земав погрешен корнфлекс. Место спласнат, сум зела топчиња без да приметам. На шишарки не личеа воопшто, ами на гомца. Ама што да правам, ги стокмив и однесов на курс, кај што овој период секој требаше да донесе нешто и да го раскаже на јазикот што го учевме. Битно ги насмеав сите.
Корнфлекс само чоколаден, од овој тип. Правам топчиња од смесата, па после си редам дополнително корнфлексчиња околу да личи на шишарка. Во Македонија мајка ми знам земаше не беа баш топчиња туку помали и овални. А овде такви не сум сретнала, туку баш топчиња и ми личат на гомца од коза на крај. Што е сосем ок и така на вкус се исти.
Јас мислам дека џокерче прави вакви шишарки, кај нас емби ги викаме. инаку и јас вакви како @Yowannty и @Ava.84 правам ама чисто по неколку оти ми се убави на око, онака ич не ми се практични за јадење.
Овој ми е модерен и време немам за вака. Убаво изгледа на око ама не знам дали ќе го има истиот вкус како нашите емби. Јас земам мал овален од Едека и на изглед се исти како оние емби што ги знам.
Пратете дупла доза, пошто сме комшики со Џолен, ќе делиме Спојлер: Спојлер комшики сме во менталната зграда, да не помисли некој озбилно